АГРИЛОТЕРАПИЈА (ГЛИНА)

Сподели го ова:

„Штом го рече тоа, плукна на земја, направи кал со плунката и ги намачка со неа очите на слепиот,  и му рече: ‘Отиди и измиј се во бањата Силоам!’, што значи: ‘Испратен’. Тој отиде, се изми и дојде гледајќи.“ ( Јован 9:6.7)

Позната од најстарите времиња, користена како лековито средство кај Инките, Грците, Римјаните, африканските и азиските народи, глината му одолеала на забот на времето, зачувувајќи значајното место како терапевтско средство.

Во Библијата, Во Првата Книга Мојсеева наречена Создавање 2:7 пишува: „И Господ Бог го создаде човекот од земен прав и му дувна во лицето дух животен; и човекот стана жива душа.“

Земјата претставува извор на храна, храна која подоцна се преработува во совршената лабораторија на природата.

Според логичниот редослед, растителниот свет обезбедува храна за животинскиот свет и за човекот.

Крајот на животниот век, како за растенијата и животните, така и за човекот, е обележан со враќањето во земјата: „Зашто си земја, и во земја ќе се вратиш!” (Создавање 3:19)

Човекот од дамнешни времиња ја чувствувал терапевтската вредност на глината настојувајќи да го тестира нејзиното лековито дејство и да ја користи на различни начини во борба против различни болести. Во текот на повеќевековната пракса, дошол до еден интересен заклучок: независно од начинот на користење, интерно или надворешно, оваа чудотворна материја – глина – се насочува, како да е теледиригирана, кон зоната каде што се одвива борба помеѓу напаѓачот (микробите) и одбранбениот систем на организмот.

Она што го условува ова движење кон заболената зона останува тајна која најверојатно иднината ќе ја расветли.

Фактот дека сме настанале од земја (прав), дека по земјата се движиме и живееме, дека од неа растенијата црпат храна (од што зависи животот на животните и човекот), како и фактот дека земјата ги прима изумрените растенија, посмртните остатоци на животните и човекот, сите овие појави заедно, во еден совршен биолошки  циклус, делумно го објаснува ефектот на делувањето на глината.

Дури иако сѐ уште не постои јасно втемелен научен доказ за делотворноста на глината, самиот факт за нејзината ефикасност во лечењето на различни заболувања, го заслужува нашето внимание.

Терапевтските својства на глината се потврдени со нејзиниот хемиски состав во кој влегуваат: силикати, соли на алуминиумот, каолин, олигоелементи итн. Ваквата сложена хемиска композиција делумно ја објаснува терапевтската моќ на глината: антитоксична, антисептична, бактерицидна, антиинфламаторна (против воспалителни процеси), цикатризантска (помага при зараснување на рани), апсорбирачка (ги апсорбира токсините од организмот) и реминерализитантна.

Парцијална купка со глина (кал)

Купка на нозете:

Во сад (може и кофа) со волумен од 10л, да се раствори глината во вода во размер 1:1 (половина сад глина, половина сад жешка вода и са се измеша за да биде смесата хомогена).

Ставете ги нозете во садот до колена.

Купката трае 30 минути.

После купката треба да се истушираат долните екстремитети, а потоа да се избришат со пешкир.

Лежете во кревет 30 минути или правете гимнастика.

Купка на рацете:

Реквизитите и начинот на подготовка на купката се исти како во претходно опишаната купка. Во сад со топла вода измешан со глина, да се стават рацете до лактите.

Напомена: Да се избегнуваат купки со глина кај пациенти со повисока седиментација во крвта.

Лумбална-абдоменална катаплазма од глина

(Терапија на слабинскиот и стомачниот дел)

Неопходни реквизити:

  1. Пластична фолија со која се покрива креветот од хигиенски причини, чии димензии треба да бидат поголеми од димензиите на слоевите кои следат;
  2. Еден чаршав;
  3. Топла ткаенина;
  4. Лист хартија;
  5. Крпа од памук;
  6. Хомогена паста од глина со дебелина од 2цм.

Глината се зема од места кои се најмалку загадени, со дебелина од 50-100цм. Се користи без разлика на боја (црвена, жолта, црна и др.) и тоа само онаа глина која, откако ќе се измеша, е леплива под прстите.

За катаплазма, глината се потопува во ладна вода и да се остави да отстои 1-2 часа. Потоа се меша со вода додека не се добие хомогена маса, налик на путер, а потоа се распоредува на последниот слој од катаплазмата (памучна крпа).

Споменатиот материјал во точките 2-5 се редат така што долниот дел од работ на катаплазмата да биде 3-4 цм над зоната прекриена со влакна, а горниот раб во висина на ксифоидните коски (испупчување на градниот кош).

Слоевите на катаплазмата се редат според споменатиот редослед, освен пластичната фолија (бр.1) која останува на креветот од хигиенски причини, катаплазмата се замотува околу телото на пациентот кој се наоѓа во лежечка положба. Откако ќе се стави катаплазмата, болниот треба да се покрие со ќебе, или ако просторијата е доволно загреана може да лежи и откриен.

Под стапалата се става шише со топла вода, термофор или загреани цигли.

Катаплазмата се држи 3 часа, а кај тешки заболувања и до 8 часа. Ако се загрее, катаплазмата треба да се замени со нова. Еднаш искористената глина не треба да се употребува повеќе.

Маската од глина која се става на глава, или катаплазмата од глина за другите делови на телото, се подготвуваат на ист начин како и лумбо-абдоминалната катаплазма, со извесно прилагодување на особеностите на оној дел од телото за кој станува збор.

За примена на маската од глина, препорачливо е да косата биде сосема кратка, или дури да се избричи косата на главата.

Лечење со глина (интерно)

Успешно се применува кај заболувања на дигестивниот тракт (органите за варење).

За една доза потребно е 100мл ладна вода во која се додава 1 лажичка глина. Се остава да стои 3-4 часа или преку ноќ.

Да се зема по една доза дневно (наутро), 30 минути пред јадење или 3 часа после оброк.

Во првата седмица се пие само водата над наталожената глина. Потоа во наредниот период (до 40 дена), се пие целата содржина на чашата, откако претходно добро ќе се измеша со лажичка.

За време на терапијата се препорачува:

  1. Да не се консумира млеко и млечните производи, како и надразнувачки пијалаци (алкохол, кафе, руски чај, кока – кола);
  2. Вегетаријански начин на исхрана;
  3. Намалена употреба на масло, шеќер и сол.
Сподели го ова:

Слични објави