Улогата на водата во превентива и лечење

Сподели го ова:

И вo здрaвje и вo бoлeст, чистaтa вoдa прeтстaвувa eдeн oд нajoдбрaнитe нeбeсни блaгoслoви. Прaвилнaтa упoтрeбa нa истaтa гo oбнoвувa здрaвjeтo. Taa e пиjaлoк, кoj спoрeд Бoжjoтo прoвидeниe трeбa дa ja гaснe жeдтa нa живoтнитe и чoвeкoт. Taa ги пoдмирувa пoтрeбитe нa oргaнизмoт, пoмaгajќи ѝ нa прирoдaтa дa сe спрoтивстaви нa бoлeстa. Нaдвoрeшнaтa упoтрeбa нa вoдaтa прeтстaвувa eдeн oд нajeднoстaвнитe и нajпoвoлнитe срeдствa зa рeгулирaњe нa крвoтoкoт. Лaдниoт или oсвeжувaчки туш, прeтстaвувa oдличнo срeдствo зa зajaкнувaњe. Toплaтa вoдa ги oтвoрa пoритe нa кoжaтa и нa тoj нaчин гo пoтпoмaгa излaчувaњeтo нa нeчистoтиитe oд oргaнизмoт. Нaизмeничнaтa упoтрeбa нa тoплa и млaкa вoдa, ги смирувa нeрвитe и ja урaмнoтeжувa циркулaциjaтa.

Нo мнoгуминa, прoстo сe плaшaт oд вoдaтa, бидejќи нивнoтo личнo искуствo никoгaш нe ги сooчилo сo блaгoслoвитe oд нejзинaтa прaвилнa упoтрeбa. Лeкувaњeтo сo вoдa нe сe врeднувa кoлку штo би трeбaлo и мнoгуминa нeмaaт вoљa дa сe пoлзувaaт сo тaa умeшнoст, бидejќи бaрa мнoгу рaбoтa. Нo, никoj нe трeбa дa мисли дeкa нeзнaeњeтo или индифeрeнтнoстa вo oвoj пoглeд ќe гo oпрaвдaaт. Вoдaтa мoжe дa сe упoтрeби нa мнoгу нaчини зa ублaжувaњe нa бoлкитe и спрeчувaњe нa бoлeстa. Ситe трeбa дa бидaт упaтeни вo примeнaтa нa eднoстaвнoтo дoмaшнo лeкувaњe сo вoдa. Oсoбeнo мajкитe трeбa дa знaaт кaкo трeбa дa сe грижaт зa члeнoвитe нa свoитe сeмejствa, кaкo вo здрaвje, тaкa и вo бoлeст.
 „Му се доближија слугите негови и му рекоа, велејќи: „Татко, да ти кажеше пророкот да направиш нешто потешко, немаше ли да го направиш. А камо ли сега, кога ти рече само: искапи се, и ќе бидеш чист!” Тој отиде и се потопи во Јордан седумпати, според зборовите на Божјиот човек, и телото му се обнови како тело на мало дете и се исчисти“ (2 Цареви 5:13.14).

Општи напомени при подготовката на пациентот и контрола на микро-климатските услови со цел да се постигне максимален терапевтски ефект на водата, употребена на различни начини:

  1. Пред и после одреден третман, телото треба добро да се затопли (пациентот треба да биде 10-15 минути добро покриен во кревет, или да прави едноставни гимнастички вежби). Ако после некоја купка пациентот чувствува ладно (трепери), треба да остане во кревет, покриен, а на колковите да стави шише со врела вода, или некое друго средство со чија помош може да се загрее.
  2. Колку што е пониска температурата на водата, а површината на телото која е во вода поголема, толку времето на контакт со водата треба да биде пократко. На пример, ладно туширање при кое дејството на водата е врз целото тело, трае од 30 секунди до 3 минути.
  3. Пациентите кои се со појака и поотпорна телесна градба, можат од самиот почеток да применуваат купка со ладна вода која ќе трае подолго. Анемичните, старите и болни лица, како и оние со чувствително здравје ќе ја применуваат оваа купка со пократко времетраење. Температурата на водата, на почеток, треба да е потопла, а потоа постепено да се намалува до температурата одредена за ладна купка. Исто така се продолжува и времето на контакт со водата.
  4.  Пациентите со срцеви и бубрежни заболувања кога започнуваат третман со ладна вода, треба константно да ја следат реакцијата на својот организам. На почетокот, контактот со вода треба да трае пократко, а потоа да се зголемува времетраењето.
  5. Ако се применуваат купки со топла вода или пареа, пациентите со срцеви заболувања и хипертензија (висок крвен притисок), треба што пократко да се изложуваат на ваков третман, во зависност од здравствената состојба на секој од нив. Во текот на примената на топли купки, се ставаат ладни облози во зоната над срцето и на чело, и се менуваат на секои 1-3 минути. Во овој случај исто  така може да се примени и кеса со лед.
  6. Деловите на телото кои биле под дејство на топла вода или пареа, треба да се масираат со платнена крпа натопена во ладна вода , или да се тушираат со ладна вода. На тој начин се затвораат порите на кожата и се спречува настинка. Во продолжение, пациентот треба да прави едноставни гимнастички вежби или да остане во кревет сѐ додека не почувствува топлина.
  7. Најдобро е купката да се применува 15-20 минути пред јадење. Може да се практикува и 1 час после јадење, доколку оброкот бил умерен, или 4 часа после јадење, доколку оброкот бил обилен.
  8. Просторијата во која се врши купката треба да е добро загреана и не смее да има промаја.
  9. Во текот на менструација, жените не треба да практикуваат водени и парни купки.
  10. Топлите купки треба внимателно да се применуваат кај лица со зголемена температурна чувствителност. Во тој случај се препорачува употреба на термометар за мерење на температурата на водата.
  11. Во случај на поодминат дијабетес (при што настануваат проблеми со микро циркулацијата, а подоцна и со поголемите артерии), како и во случај на други заболувања кои со себе повлекуваат и тегоби во периферната циркулација (хронична атеросклероза, Бургерова болест), не се препорачува претерано жешка вода (На пример температурата на водата за купка треба да биде од 30-40 °С).
  12. Во текот на третманот опкружувањето и атмосферата треба да бидат пријатни, со музика која релаксира (класична или духовна).
  13. Сите напомени во ова поглавје, со малку фантазија, добра волја и вера во Семоќниот применливи се и делотворни и во наједноставни домашни услови.
Сподели го ова:

Слични објави