ПРИЛОГ

Сподели го ова:

УПОТРЕБА НА ЈАГЛЕНОТ И ГЛИНАТА ВО ПРИРОДНАТА ТЕРАПИЈА

ДРВЕНИОТ ЈАГЛЕН – ПРИРОДЕН ЛЕК ОД ГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ ВО ТЕРАПИЈАТА

„Едно од најефикасните лековити средства е јагленот во прав, подготвен како облог. На овој начин се постигнуваат најдобри резултати, а ако облогот е подготвен со чај од лута алова пиперка е уште по делотворен.“ (Одбрани пораки 2, 296)

Распространет насекаде, овој така познат производ добиен од согорување на дрвото, достапен му е на секого.

Јагленот како лек против многу болести одамна се вбројува во средствата со кои се служи природната медицина. Лековитите својства на јагленот се базираат на извонредната способност на неговите честички да ги апсорбираат бактериските токсини, отровни супстанции кои се внесени во организмот или се производ на метаболички процеси.

Начин на преработка

Билниот јаглен се добива со согорување на различни дрвенести материи при што процесот на согорување се прекинува во фазата на жар. Ова може да се изведе со ставање на жарот во сад, кој може херметички да се затвори (како не би продрел воздух кој го подржува горењето), или на тој начин што вжареното дрво ќе се покрие со лимена плоча (табла) преку која се истура земја. На тој начин се добива таканаречен активен јаглен, кој понатаму се преработува во прав со помош на аван, електрична или рачна машина за мелење кафе.

Јагленот во прав е по делотворен, ако е поситно преработен. Се чува во платнена или книжна амбалажа.

Како суровина за добивање на јаглен, може да се користи дрво од еукалиптус, стебло од овошки (јаболкница, орев, цреша), липа, или некое друго дрво.

Начин на подготовка

Интерно: При проблеми со системот за варење, непријатен здив од устата, чир на желудник, акутен и хроничен ентеритис (воспаление на црева), колитис (воспаление на дебелото црево), при ферментација, труење, жолтица, рак, труење со медикаменти (лекови) или други хемиски супстанции, или намерно труење – обид за самоубиство, и слично.

Да се зема 1-2 супени лажици јаглен во прав изматен во малку вода, 2-3 пати дневно, пред јадење. Кај акутно труење се зема поголема доза и во што пократок рок од внесувањето на отровната материја во организмот. Се препорачува, ако е возможно, веднаш по внесувањето на отровот во организмот, да се изврши плакнење на желудникот со вода и јагленов прав.

Деца и лица со осетлив систем за варење можат да употребуваат јагленов прав на следниот начин: јагленовиот прав да се помеша со вода и да се остави да стои преку ноќ. Да се пие течноста која се издвојува над талогот во чашата. 

Кај новороденчиња со зголемена вредност на билирубин, терапијата се применува орално (на уста) со раствор на јагленов прав во вода, во комбинација со хелиотерапија (сончање) со ултравиолетови зраци.

Надворешно: Кај рани, убоди од инсекти, каснување од змија, целулитис (воспаление на поткожно ткиво), поткожен чир, стомачни или други заболувања, воспаление на очите и други воспаленија, повреда на зглобови, егзем, и т.н.

Се применува во облик на обична катаплазма (облога) – јаглен во прав со топла или ладна вода, или со чај од лута алова пиперка (или лута пиперка) – или како катаплазма подготвена од мешавина на јагленов прав и ленено семе или некоја друга билка.

Облога од јагленов прав

Во зависност од димензијата на заболената зона на која се применува облогата, се мешаат 5-10 лажици јагленов прав во обична вода, топла или ладна, или во чај од лута алова пиперка (против повреда на зглобови, артритис – воспаление на зглобови, реуматизам и т.н.), да се добие малку поретка еднолична маса. Оваа маса се става помеѓу два тенки слоја газа, така да дебелината на смесата да биде 0,5-0,6 цм. Оваа прва фаза на подготовка може да се изврши така што ќе се направи вреќа од газа (чија величина ќе одговара на димензиите на заболената зона) и да се наполни со јагленов прав, а потоа да се замота во топла или ладна вода, или чај од лута алова пиперка.

Преку газата се обложува пластична фолија (најлонска фолија во ролна која служи за складирање храна), а преку неа дебел волнен материјал. Повеќеслојната облога треба да се фиксира за кожата со завој, или да се завитка со пешкир кој може да се зацврсти со безопасни игли. Ако е ставена топла облога, преку неа треба да се држи нешто топло (шише со топла вода), термофор или електрично перниче. Облогата да се чува на болното место 1-8 часа. Откако ќе се отстрани облогата, треба да се трла заболената зона со парче крпа потопено во ладен алкохолен раствор (на пр. шпиритус) или нешто слично.

Оваа облога може да се примени во кратки наизменични интервали (по принципот топло – ладно), на пример : 8 минути топло – 4 минути ладно, и така 4-6 пати едно по друго.

Облога од јагленов прав и ленено брашно

Да се сомеле семето од лен (може и во апарат за мелење кафе) така да се добие брашно кое потоа се меша со јагленов прав во размер 1:1 ( на пример 1 лажица мелен лен, 1 лажица јагленов прав). Да се тури вода во размер 1:3 ( на една лажица од гореспоменатата мешавина да и се додаде 3 лажици вода). Да се вари со постојано мешање, се додека не се добие леплива маса. Понатаму да се постапи како и на претходно опишаниот начин.

Во облик на вискозна паста (се користи повеќе јагленов прав и ленено брашно, а помалку вода)

Се применува интравагинално кај леукореа („бело прање“) со непријатен мирис, трихомонијаза (вагинална инфекција), вагинална кандида, се држи интравагинално (внатре), 1-3 часа во текот на денот, или во текот на ноќта.

Напомена: Кај отворени рани кои зафатиле и подлабоки слоеви од кожата (дерм, хиподерм), постои ризик од последиците при тетовирање  (боење на кожата) кое може да се јави по примената на јагленов прав врз таа зона.

Во продолжение, цитираме неколку извадоци од вдахновените списи на Елен Г. Вајт, кои ги опишуваат нејзините искуства во примената на природни лекови во терапија и нѐ поттикнуваат на преиспитување на ставовите, како кон советите на Големиот Исцелител – Исус Христос – така и кон потребите на нашите ближни кои страдаат од различни болести.

„Едно од најефикасните лековити средства е јагленов прав, подготвен како облога. На овој начин се постигнуваат најдобри резултати, а ако е облогата подготвена со чај од лута алова пиперка, тогаш е уште по делотворен. Јас тоа го применував во ситуации кога болните чувствуваа големи болови, и кога лекарите ќе ги пратеа кај мене давајќи им на тој начин последна шанса.

Јас тогаш предлагав дрвен јаглен, после кој пациентот заспиваше и после критичната фаза следеше закрепнување. На студентите кои имаа контузија или страдаа од воспаление, им советував да го  користат ова едноставно лековито средство, кое даваше совршени резултати. Отровите кои се последица на воспаленијата се неутрализираат, болката не се чувствува, а заздравувањето е на повидок. Најтешките воспаленија на очите можат да се излечат со катаплазма од јагленов прав, кој се става во вреќичка од газа и се потопува во топла или ладна вода зависно од случајот. Овој лек има чудесно дејство.“

„Претпоставувам дека ќе се насмеете на ова што го пишувам, но кога на ова лековито средство би му се дало некое странско име, а при тоа само јас да знам на кој препарат се однесува, верувам дека тоа би оставило појак впечаток… Но и наједноставните лековити средства можат да му помогнат на организмот, бидејќи не оставаат штетни последици после употребата.”

„Во четврток сестра Сара Мек Интерфер беше повикана да го прегледа синот на брат Б. Кој имал осумнаесет месеци старост. Веќе неколку дена детето имало болен оток на коленото за кој се претпоставувало дека е последица од убод на некој отровен инсект. На отокот е ставен  јагленов прав помешан со ленено семе, и овој облог на малото дете за кратко време му донесе олеснување. Пред тоа детето врескаше од болки во текот на ноќта, меѓутоа, кога се примени облогот, детето заспа. Денес таа беше да го посети малечкиот два пати. Го боцнала отокот на две места, и од него истекла голема количина на жолтеникава течност и крв. Детето е ослободено од големо страдање. Му се заблагодаруваме на Бога што нѐ упати на користење едноставни средства кои ни се на дофат на раката како би ги ублажиле болките и успешно би ги елиминирале нивните причинители…

„Постојат многу едноставни билки кои при лекувањето би се покажале многу едноставни и кои би можеле да го заземат местото на лековите, кога нашите медицински сестри би знаеле да ја ценат нивната вредност. Повеќе пати бев доведена во ситуација да бидам прашана за совет што треба да направам во случај на извесни заболувања или несреќни случаи, и јас тогаш препорачував некои од овие едноставни лековити средства, кои се покажаа од голема корист и помош.

„Во една прилика ме посети лекар кој беше поприлично возбуден и вознемирен. Тој бил повикан да посети една млада жена која била сериозно болна. Младата пациентка добила треска со грчеви додека престојувала во кампот, така што веднаш ја префрлиле во нашата училишна зграда, која се наоѓаше во близина на Мелбурн (Австралија). Меѓутоа нејзината состојба толку се влоши, така што се уплашивме дека нема да преживее. Лекарот, д-р Мерит Келог дојде до мене и ме праша: „Сестра Вајт, дали имате некоја светлина за мене во овој случај? Ако нашата сестра не го добие вистинскиот лек, таа може да живее само уште неколку часа.“ Му одговорив: Одете кај ковачот и набавете јагленов прав; направете од него облога која ќе ја ставите на нејзиниот стомак и на колковите. Докторот не се двоумеше да ги послуша моите упатства. Штом се врати ми рече: Олеснување настана за помалку од половина час по применетата облога. Сега прв пат нормално спие после неколку дена.“

„Сличен третман им препорачував и на другите кои страдаа од големи болки; тој третман им носеше олеснување и претставуваше средство кое им го спаси животот. Мојата мајка ми зборуваше дека каснувањето од змија и убодите од отровни инсекти можат успешно да се излечат со примена на облога од јагленов прав. Додека работеа на земјиштето во Ејвондејл (Австралија), работниците често си ги повредуваа рацете или нозете, така што во многу ситуации тоа можеше да доведе до тешки воспаленија при што работникот мораше да ја напушти работата на одредено време. Еден од нив дојде придржувајќи ја раката која му беше прицврстена со завој. Тој беше загрижен, затоа што знаеше дека неговата помош е неопходна при расчистување на земјиштето. Му реков: Оди до местото каде што ја горевте дрвената граѓа и донеси јагленов прав од дрво од еукалиптус, и јас ќе ти ја преврзам раката. Тоа го направивме, а следното утро работникот ме извести дека болката му поминала. Наскоро беше подготвен  да се врати на работа.

Сето ова ви го пишувам за да знаете дека Господ не нѐ оставил во незнаење во поглед на примената на едноставни средства, кои не го оставаат организмот во слаба и болна состојба, како што тоа е случај после употреба на медикаментите. Потребно е да имаме добро обучени медицински сестри кои ќе знаат да ги користат едноставните средства кои природата ни ги обезбедува за обновување на здравјето, и кои ќе ги поучуваат оние кои не ги познаваат здравствените закони како да ги користат овие едноставни, но ефикасни средства.“

Искуство со дрвениот јаглен

Еден брат се разболе од цревна инфекција и дизентерија придружена со крварење. Тој не беше некој посветен здравствен реформатор. Тој му попушташе на својот апетит. Ние само што се подготвувавме да го напуштиме Тексас, каде што работевме неколку месеци. Ги подготвивме кочиите да го одвеземе тој брат со неговото семејство и уште неколкумина други кои страдаа од маларична треска. Мојот сопруг и јас сметавме дека е подобро да го поднесеме овој трошок отколку да дозволиме неколку семејства да останат без сопрузи и татковци, што би значело да се остават децата и жените без никаква заштита.

Двајца или тројца од нив беа префрлени во големиот вагон и беа поставени на големи душеци со пружини. Но, овој човек кој страдаше од воспаление на цревата, испрати луѓе да ме повикаат да дојдам кај него. Мојот сопруг и јас одлучивме дека не би било добро да го преселуваме. Се плашевме дека настапило изумирање на ткивото. Тогаш одненадеж ми дојде мислата, како објава од Господ, да земам дрвен јаглен сомелен во прав и да го пролеам со вода и да му ја дадам водата на болниот да ја испие. Истовремено му ја ставив облогата од дрвениот јаглен преку подрачјето на стомакот. Бевме околу километар и пол оддалечени од градот Денисон, но синот на болниот човек отиде до една ковачка работилница, донесе јаглен, го иситни во прав, а потоа го употреби во склад со упатствата што му ги дадов. Како последица на тоа, беше видлива промена на подобро за половина час. Моравме да тргнеме на нашиот пат и да се разделиме со ова семејство, но како се изненадивме кога видовме следниот ден дека нивната запрега нѐ претекува. Болниот човек лежеше на креветот во колата. Божјиот благослов дојде со посредство на едноставни средства кои ги употребивме. (Писмо 182, 1899) 

Дрвениот јаглен и билката Polygonum hydropiperoides

Еден од најкорисните лековити е прашокот од дрвен јаглен во вреќичка, кој се нанесува како облог (обично топол). Ова е едно од најуспешните природни средства за лекување. Ако се помеша со чај од сварената билка Polygonum hydropiperoides, тогаш делува уште подобро. Ова го препорачував во случаи кога болните страдаа од силни болки и кога лекарите ќе ми потврдат дека болниот е пред крајот на животот. Во такви случаи препорачував дрвен јаглен и подобрувањето честопати се случуваше додека пациентот спиеше. Закрепнувањето можеше веднаш да се забележи. Кога студентите ќе ги повредеа рацете за време на работата, при што доаѓаше до воспаление, јас го препорачував овој едноставен лек, кој делуваше со совршен успех. Отровните воспаленија беа совладани, болката се отстрануваше, а лекувањето бргу напредуваше. Најтешките воспаленија на очите ќе бидат олеснети со каша од дрвен јаглен, која е ставена во вреќичка и потопена во топла или студена вода, во зависност од случајот. Ова чудесно делува. (Писмо 182, 1899)

Очекувам дека ќе се смееш на ова; но ако можам на овој лек да му дадам некое чудно име, кое никој не го знае освен мене, тогаш овој лек би имал далеку поголемо влијание (би бил многу повеќе попопуларен меѓу луѓето). (Писмо 182, 1897)

Дрвениот јаглен и маслиновото масло

Ќе ти кажам нешто за моето искуство со јагленот како лек. Во некои случаи на лошо варење тој е поефикасен од медикаментите. Малку маслиново масло во кое исто така се става малку од овој прав и се промеша, и како резултат на тоа настанува чистење и исцелување на цревата. Јас открив дека ова е извонредно средство.

Секогаш изучувај и подучувај за употребата на наједноставните лекови и можеш да очекуваш посебен Божји благослов кој ќе ја прати употребата на овие средства, кои се на дофат на обичните луѓе. (Писмо 100, 1903)

Употребата на дрвениот јаглен од каснување на инсекти и слично

Во една прилика дојде кај мене еден лекар кој беше во голема неволја. Тој бил повикан да посети една млада жена која била тешко болна. Додека беше во кампот, таа имаше треска и беше однесена во нашата училишна зграда, во близина на Мелбурн, Австралија. Во меѓувреме состојбата толку се влоши така што се уплашивме дека нема долго да живее. Доктор Мерит Келог дојде кај мене и ми рече: „Сестра Вајт, дали имате некоја светлина за мене во овој случај? Ако нашата сестра не го добие вистинскиот лек, таа може да живее само уште неколку часа.“ Му одговорив: „Испрати некого во ковачка работилница да земе јаглен во прав; направи од тоа каша и постави го на стомакот и колковите.“ Докторот побрза да го послуша мојот совет. Набргу се врати, велејќи: „За помалку од половина час дојде олеснување по примената на кашата. Сега прв пат нормално спие после неколку дена.“ 

Истата терапија им ја препорачав и на другите кои страдаа од големи болки, и тоа им донесе олеснување и беше средство за спасување на животот. Мојата мајка ми раскажуваше како последиците од каснување на змија, влекачи и отровни инсекти честопати можат да се сведат на безопасно ниво со употреба на каша од дрвен јаглен. Кога ја обработуваа земјата во Авондејл, Австралија, работниците честопати добиваа повреди на рацете и нозете, а тоа многупати резултираше со такво сериозно воспаление па некои од нив мораа да отсуствуваат од работата за подолго време. Еден дојде еден ден  кај мене во слична состојба, со преврзана рака. Тој беше мошне вознемирен затоа што не може да помогне околу  расчистување на земјата. Му реков; „Оди на местото каде запали стебло од еукалиптус и собери малку јаглен. Сомели го а јас ќе ти направам облога за раката.“ Така и направи а следното утро ми рече дека болките исчезнале. Наскоро беше подготвен да се врати на работа.

Ги пишувам овие работи за да знаете дека Господ не нѐ оставил без употреба на едноставни лековити средства кои после употребата не го оставаат организмот во ослабена состојба, како што тоа обично се случува кога се користат медикаменти. Потребни ни се добро обучени сестри кои ќе знаат како да ги користат едноставните лекови кои природата ги обезбедува за обновување на здравјето, и кои ќе можат да ги научат оние кои не ги познаваат законите на здравјето како да ги користат овие едноставни, но ефикасни лекови. (Писмо 90, 1908)

Наскоро, ниедна друга работа во проповедање нема да може да се користи освен медицинско мисионерската работа. (Совети за здравјето, 533)

Вистината за ова време, третата ангелска порака, треба да биде објавена со силен глас додека се приближуваме кон големиот финален тест. Овој тест мораат да го поминат црквите кои се поврзани со вистинската здравствено-мисионерска работа. Кажано ни е дека во времето на неволја ‘ќе има болни, мнозина на кои ќе им биде потребна помош.’ Значи, поради големата потреба но и поради ‘сопственото добро, тие треба, додека сѐ уште имаат можност, да добијат мудрост во поглед на разбирање на болеста, нејзините причини, превенција и лекување, а оние кои така прават, ќе најдат големо поле на работа насекаде околу себе’. (Совети за здравјето, 506)

Сподели го ова:

Слични објави