ЕДНОСТАВНИ НАЧИНИ НА УПОТРЕБА НА ВОДАТА КАКО ТЕРАПЕВТСКО СРЕДСТВО
Наизменична купка на нозе
Оваа купка се применува кај бронхијална астма, хроничен бронхитис, дијабетес, епилепсија, мозочен удар, планетарна хиперхидроза (прекумерно потење на нозете), синузитис (воспаление на синуси), хипертензија (зголемен крвен притисок).
Потребни реквизити:
- Два поголеми сада од кои секој има волумен од 10l;
- Еден со жешка вода (загреана на температура која пациентот може да ја издржи)
- Еден сад со ладна вода ( температура од 5-10°С)
- Пепел од изгорено дрво (100g) или 50g во прав сомелено семе од горушица кое се додава во садот со топла вода.
Начин на примена:
Наизменично се потопуваат двете нозе:
- Во садот со жешка вода 4 минути
- Во садот со ладна вода 1 минута.
Оваа постапка се применува 4 пати последователно. Купката почнува со топла вода, а завршува со ладна.
Топла купка на раце и нозе
Оваа купка се применува кај бронхиектазија (деформација на бронхија која се карактеризира со зголемен волумен на дишните цевки), бронхитис, голема (магарешка) кашлица, грип.
Неопходни реквизити:
- Два лонци (за секоја рака по еден) чија димензија е сразмерна со должината на подлактницата (вклучувајќи го и лактот)
- Сад со топла вода за нозе. Водата која се користи за рацете и нозете треба да е загреана до онаа температура која телото може да ја поднесе.
- Шолја (250ml) чај која го поттикнува потењето.
Начин на подготовка:
-Пред третманот пациентот треба да испие ½ шолја чај;
-Пациентот треба да седне на помала столица и, додека ги држи нозете во садот со топла вода, од лева и десна страна да има по еден сад со топла вода во која ќе ги чува рацете до подлактница.
-Во текот на купката треба да го испие преостанатиот дел од чајот.
Траење на купката: 15 минути.
-После купката, деловите од телото кои биле во контакт со топла вода треба да се тријат со платнена крпа натопена со ладна вода, 30-60 секунди. После ова, пациентот се облекува и продолжува со останатите активности.
Хидротерапија – туш
Туширањето е многу ефикасна терапевтска постапка во лечење на низа заболувања. Покрај температурниот ефект тоа делува и механички поради притисокот на водениот млаз. Оваа терапевтска постапка подразбира употреба на ладна или топла вода, или наизменично и една и друга во текот на истиот третман.
Се практикува туширање на целото тело, или на поединечни делови од телото. Поради остварување на максимална ефикасност при спроведување на оваа терапија, треба да се придржувате кон општите принципи приложени на почетокот од ова поглавје.
Туширањето со ладна вода воглавном се врши само со цревото од тушот, без распрскувачот. При тоа тушот (или обично црево доколку немате туш) се држи на оддалеченост од 6-10 см од кожата.
Инхалација
Една од варијантите на парцијална парна купка е инхалација, постапка која се користи при заболувања на респираторниот тракт (дишните патишта), синуси, и др. Постапката подразбира вдишување на пареа која испарува од топол чај од камилица или некои други билки, во која има етерично масло. На садот со врела вода се поставува сито со крупна морска сол и ситно исечкан кромид. Наместо ова, кромидот и солта можат да се стават во чајот или уште поедноставно во чајот се додаваат 3-4 капки етерично масло од нане мента.
Пациентот треба да се наведне со лицето над садот со чај. Со пешкир треба да се покријат главата и садот.
Траење на постапката: 10-15 минути, после постапката, лицето треба да се истрие со крпа навлажнета со ладна вода, или да се истушира со ладна вода.
Се препорачува, после оваа терапија пациентот да избегнува 2-3 часа контакт со ладен воздух.
Клизма (чистење на дебелото црево)
Оваа постапка НЕ СЕ ПРИМЕНУВА при дијареја, дијабетес, грозница, грип, енуреза (неспособност да се задржи урината, епистаксис (течење крвта од нос), инсомнија (несоница), инфекција меѓу прстите, опаѓање на коса, камен во бубрег и бешика, исчашување, менопауза, заушки, повреди, амнезија, сипаници.
Оваа постапка има за цел чистење на дебелото црево од фекалните материи. Како средство за чистење се користи обична вода, водени раствори од разни супстанции, билно масло (рицинусово) или минерално масло (парафинско).
Зависно од намената, клизмата може да биде ниска (за празнење) или висока (за чистење). За првата потребно е 250-500 ml раствор а за втората 1500-2000ml раствор (постарите деца користат 1000ml, а помалите 250-500ml).
Неопходни реквизити:
- Иригатор (волумен 2l)
- Гумено црево
- Дел од пластика со славина
- Раствор за клизма: обична вода загреана до температурата на телото
- Вода со додаток од сапун или глицерин (2-4 супени лажици на 2l вода); инфузија или декокт од билки; билно или минерално масло.
Начин на примена:
- Пациентот треба да лежи на грб или бочно, во кревет или када.
- Иригаторот треба да се прицврсти на ѕид или статив, или да го држи друго лице на висина од 50 см од аналниот отвор.
- Пластичниот завршеток треба да се намачка со сапун или масло, а славината треба да е затворена.
- Внимателно да се вметне пластичниот завршеток во анусот (аналниот отвор)
- Полека да се отвори славината на пластичниот завршеток, со цел да се избегне нагло ширење на дебелото црево при продирање на течноста од иригаторот.
- Кај висока клизма, кога се клистира целото дебело црево, иригаторот се поставува на поголема висина (1м) од нивото на аналниот отвор.
- Кога течноста од иригаторот ќе помине низ дебелото црево, со стегање на аналниот мускул се задржува во организмот 3-5 минути. За тоа време пациентот се врти: од лежечка положба на десен колк, потоа на стомак, па на лев колк и повторно во лежечка положба. Со оваа ротација се постигнува темелно чистење на набраната слузокожа од дебелото црево, насочувајќи ја течноста кон аналниот отвор со цел елиминирање на фекалните остатоци, наталожени во наборите на слузокожата на дебелото црево.
- После 3-5 минути, течноста со чија помош се врши клистирањето се исфрла во тоалет, или ако тоа не е возможно поради здравствената состојба на пациентот, се исфрла во соодветен сад.