8. ВЕРА ВО БОЖЈАТА СИЛА

Сподели го ова:

„Дојдете кај Мене сите вие кои сте изморени и натоварени со тешки бремиња, Јас ќе ве одморам.“ (Матеј 11:28)

Toj нeжнo им зaпoвeдaл нa измaчeнитe луѓe: „Зeмeтe гo Mojoт jaрeм нa сeбe и пoучeтe сe oд Meнe, бидejќи сум крoтoк и смирeн пo срцe, и ќe нajдeтe мир зa вaшитe души.” (Maтej 11:29)

Сo oвиe збoрoви Исус сe oбрaтил дo сeкoe чoвeчкo суштeствo. Бeз oглeд нa тoa дaли сe тиe свeсни или нe, ситe сe измoрeни и oбрeмeнeти. Ситe сe прeoптoвaрeни сo тeшки брeмињa, кoи сaмo Исус мoжe дa ги oтстрaни. Нajтeшкoтo брeмe штo гo нoсимe e брeмeтo нa грeвoт. Кoгa би билe прeпуштeни дa гo нoсимe сaми, тoa би нé урнaлo. Нo Бeзгрeшниoт гo зeмaл нaшeтo мeстo. „Гoспoд ги нaтoвaри врз Нeгo грeвoвитe нa ситe нaс.” (Исaиja 53:6)

Toj гo пoнeл тoвaрoт нa нaшaтa винa. Toj ќe гo зeмe тoвaрoт oд нaшитe истoштeни плeќи. Toj ќe ни дaдe oдмoр. Toj ќe гo пoнeсe и тoвaрoт нa нaшитe грижи и мaки. Toj нé пoвикувa дa Mу ги прeфрлимe ситe нaши грижи; зaштo Toj, нé нoси вo Свoeтo срцe.

Пoстaриoт Брaт oд нaшиoт рoд стoи пoкрaj Бoжjиoт прeстoл. Toj глeдa кoн сeкoja душa штo сe врти кoн Нeгo, кaкo кoн свoj Спaситeл. Toj oд искуствo ги пoзнaвa слaбoститe нa нaшaтa чoвeчкa прирoдa, нaшитe пoтрeби, нo и кaдe сe криe силaтa нa нaшитe искушeниja; зaштo Toj „вo сé бeшe искушaн кaкo и ниe, сaмo нe вкуси грeв.” (Eврeитe 4:15) Toj бдee нaд тeбe, рaстрeпeрeнo Бoжjo дeтe. Дaли си вo искушeниe? Toj ќe тe oслoбoди. Дaли си слaб? Toj ќe тe зaсили. Дaли си вo нeзнaeњe? Toj ќe тe прoсвeтли. Дaли си рaнeт? Toj ќe тe исцeли. Гoспoд „гo oпрeдeлувa брojoт нa yвeздитe”, a сeпaк „ги исцeлувa oниe штo сe сo скрушeнo срцe и ги прeврзувa нивнитe рaни.” (Псaлм 147:4, 3)

Кaкви и дa сe твoитe стрaвoви и мaки, дoвeри му ги нa Гoспoдa. Toгaш, твojoт дух ќe бидe зaсилeн зa дa мoжeш дa издржиш. Прeд тeбe ќe сe oтвoри пaт, зa дa излeзeш oд збунeтoстa и мaкaтa. Кoлку мислиш дeкa си пoслaб и сo пoмaлку силa, тoлку пoсилeн ќe стaнeш вo Нeгoвaтa силa.

Oкoлнoститe мoжaт дa нé рaздeлaт oд приjaтeлитe; нeумoрнитe вoди нa ширoкoтo мoрe, мoжaт дa сe брaнувaaт пoмeѓу нaс и нив. Нo никaкви oкoлнoсти, никaквa дaлeчинa, нe мoжe дa нé рaздeли oд Спaситeлoт. Кaдe и дa сe нaoѓaмe, Toj e сeкoгaш oд нaшaтa дeснa стрaнa зa дa нé пoддржи, пoткрeпи, oхрaбри и рaзвeсeли. Христoвaтa љубoв кoн oткупeнитe e пoгoлeмa oд љубoвтa нa мajкaтa кoн нejзинoтo дeтe. Ниe имaмe привилeгиja дa мoжeмe дa сe oдмoримe вo Нeгoвaтa љубoв, дa вoскликнeмe: „Jaс ќe сe нaдeвaм и пoтпирaм нa Нeгo, зaтoa штo Toj гo дaдe Свojoт живoт зa мeнe!”

Чoвeчкaтa љубoв мoжe дa сe смeни, нo Христoвaтa љубoв нe знae зa прoмeни. Кoгa ќe пoвикaмe кoн Нeгo зa пoмoш, Нeгoвaтa рaкa e вeќe пoдaдeнa дa спaси. (Здравје и среќа, 71.72)

Наш пример

Нашиот Господ Исус Христос дошол на овој свет како неуморен слуга на човечката потреба. За да може да послужи на секоја потреба на човештвото, „Тој ги зеде врз Себе нашата немоќ и ги понесе болестите.“ (Матеј 8:17) Дошол да го отстрани бремето на болестите, јадот, неволјите и гревот. Неговата мисија била да им донесе на луѓето целосно обновување; Тој дошол да им даде здравје, мир и совршенство на карактерот.

Околностите и потребите на оние, кои ја барале Неговата помош, многу се разликувале, но ниту еден, кој дошол кај Него, не заминувал без да му се помогне. Од Него течел поток на исцелувачка сила, која го враќала здравјето не само на телото, туку и на умот и душата на луѓето.

Делото на Спасителот не било ограничено на некое одредено време или место. Неговото сочувство не знаело за граници. Неговото дело на исцелување и поучување било толку големо по својот обем, што во Палестина не постоела толку голема градба, во која би можело да се смести мноштвото што се туркало околу Него. Неговата болница се наоѓала на зелените падини на Галилејските ритчиња, на патиштата, на езерскиот брег, по синагогите и на секое место на кое можеле да ги донесат болните кај Него. Тој ги полагал Своите раце на оние што страдале и ги лекувал во секој град, во секоја населба низ која поминувал. Секаде, каде што имало срца подготвени да ја прифатат Неговата порака, Тој ги утешувал со уверувањето за љубовта на нивниот Небесен Татко. Во текот на целиот ден, Исус им служел на оние што доаѓале кај Него, а навечер, им обрнувал внимание на оние, кои морале да ги поминуваат деновите во тешка работа, за да заработат мала сума пари за издржување на своето семејство.

Исус носел огромен товар на одговорност за спасение на човештвото. Тој знаел дека, доколку не дојде до одлучна промена во принципите и целите на човечкиот род, сите ќе бидат изгубени. Тоа бил товарот на Неговата душа и никој не можел да ја согледа тежината на бремето што почивало врз Него. Иако чекорел сам, низ детството, младоста и периодот на зрелоста, сепак да се биде во Негово присуство, значело да се почувствува Небото. Секојдневно се соочувал со проби и искушенија; секојдневно доаѓал во допир со злото и бил сведок на неговата сила, врз оние, кои Тој копнеел да ги благослови и спаси. Па сепак, ниту потклекнал, ниту се обесхрабрил.

Своите желби, Исус во секој поглед строго ѝ ги подредувал на Својата мисија. Тој го прославил Својот живот, со тоа што целосно му го потчинил на волјата на Својот Татко. Кога мајка му, откако во Неговата младост го нашла во рабинското училиште, му рекла: “Синко, зошто ни направи така?” Тој одговорил – а тој одговор го претставува основниот тон на Неговата животна мисија: „Што сте ме барале? Зар не знаете дека Јас треба да бидам во она што е на Мојот Татко?” (Лука 2:48, 49).

Неговиот живот, бил живот на постојано самопожртвување. Тој немал дом на овој свет, освен оној, кој пријателите поради својата добрина, ќе му го понуделе Нему, како на патник. Тој за наше добро дошол да го живее животот на најсиромашните и да се движи и работи меѓу бедните и страдалниците. Непризнаен и без никакви почести, се движел меѓу луѓето за кои толку многу сторил.

Секогаш бил трпелив и пријатно расположен; и сите што имале некаква мака, го поздравувале како весник на животот и мирот. Тој ги видел потребите на мажите и жените, на децата и младите и на сите им го упатил повикот: „Дојдете кај Мене.“

Во текот на Својата мисија, Исус посветил повеќе време во исцелување на болните, отколку во проповедање. Неговите чуда сведочат за вистинитоста на Неговите зборови, дека Тој не дошол да погуби, туку да спаси. Каде и да тргнал, пред Него оделе вестите за Неговата милост. Онаму, каде што поминал, сите што биле предмет на Неговото сочувство, се радувале на здравјето и ги испробувале своите ново добиени сили. Околу нив се собирале толпи, за од нивните усни да ги слушнат делата што Господ ги извршил. Неговиот глас, за многумина бил првиот звук што некогаш го слушнале; Неговото Име, првиот збор што го изговориле; Неговото лице, првото нешто што го виделе во животот. Како тогаш да не го сакаат Исуса и да не ја разгласуваат Неговата слава? Поминувајќи низ градовите и селата, Тој бил како животворна река, која насекаде шири живот и радост. (Здравје и среќа, 17-19)

„Земјата Завулонова и земјата Нефталимова, на пат кон морето, отаде Јордан, е незнабожечка Галилеја. Народот што седеше во мрак, виде голема светлина и на оние, што седеа во место на смртна сенка, им изгреа светлина.“ (Матеј 4:15)

Допирот на верата

„Само ако се допрам до Неговата облека, ќе оздравам.“ (Матеј 9:21) Овие зборови ги изговорила една сиромашна жена – жена, која дванаесет години страдала од болест што направила товар од нејзиниот живот. Таа потрошила сѐ  што имала за лекари и лекови, само за да биде прогласена за неизлечива. Но кога слушнала за Големиот Исцелител, нејзините надежи оживеале. Помислила: „Кога само би можела да му се приближам доволно близу, за да зборувам со Него, би била исцелена.“

Христос бил тргнат кон домот на Јаир, Еврејски рабин, кој Го преколнувал да дојде кај него и да му ја излекува ќерката. Молбата од срцето коешто страда; „ќерка ми е на умирање, дојди и положи ги рацете над неа, за да оздрави и да биде жива.“ (Марко 5:23), го допрела нежното, сочувствително Христово срце, и Тој веднаш тргнал со него кон неговиот дом.

Но тие напредувале полека, зашто мноштвото го притискало Христа од сите страни. Пробивајќи се низ мноштвото, Спасителот се приближил до местото на кое стоела кутрата жена. Таа многупати се обидувала да Му се приближи, но залудно. А сега ѝ се укажала можност за тоа. Но таа не можела да најде начин да зборува со Него. Таа не сакала да го попречи Неговото бавно движење. Но  слушнала дека може да оздрави, само ако се допре до Неговата облека; и, плашејќи се да не ја изгуби нејзината единствена шанса за исцелување, таа се потиснала нанапред, велејќи си, „Само ако се допрам до Неговата облека, ќе оздравам.

Исус ја знаел секоја помисла на нејзиното срце, и се упатил кон неа. Тој ја согледал нејзината голема потреба, и ѝ помогнал да ја искаже својата вера.

Додека Тој поминувал, таа посегнала нанапред и успеала да се допре до работ на Неговата облека. Во истиот миг знаела дека е исцелена. Во тој еден допир била сконцентрирана верата на нејзиниот живот, и нејзините болки и слабости веднаш исчезнале. Во истиот миг почувствувала возбуда, како електричен удар, кој допрел до секое влакно на нејзиното битие. „Таа почувствува во своето тело дека е излекувана од болеста.“ (Стих 29).

Благодарната жена копнеела да ја изрази својата благодарност на Моќниот Исцелител, Кој со еден допир направил повеќе за неа, отколку лекарите за дванаесет долги години; но не се осмелувала. Со благодарно срце се обидела да се повлече од мноштвото. Одеднаш Исус застанал и гледајќи наоколу запрашал, „Кој се допре до мојата облека?“ (Здравје и среќа, 60.3)

Гледајќи во Него со чудење, Петар одговорил: „Учителе, народот Те опколил и те притиска, а  прашуваш: „Кој се допре до Мене?” (Лука 8:45).

„Некој се допре до Мене,” рекол Исус, „зашто почувствував дека излезе сила од Мене.” (Стих 46) Тој можел да го разликува допирот на верата, од случајните допири на невнимателното мноштво. Некој го допрел со длабока причина и примил одговор.

Исус не го поставил прашањето заради Себе. Тој имал поука за народот, за Своите ученици и за жената. Тој сакал да им вдахне надеж на немоќните. Сакал да покаже дека верата е таа што донесува исцелување. Верата на жената не смеела да помине незабележана. Бог морал да се прослави преку нејзиното благодарно признание. Исус посакувал  таа да разбере дека Тој го одобрил нејзиниот чин на вера. Не сакал да ја отпушти само со половина благослов. Таа не требала да остане во незнаење за тоа дека Тој ја знае нејзината мака или за Неговата сочувствителна љубов и за Неговото одобрување на нејзината вера во Неговата Моќ да ги спаси на крајот сите, што доаѓаат кај Него.

Гледајќи кон жената, Исус инсистирал да дознае кој Го допрел. Согледувајќи дека е залудно да се прикрива, таа треперејќи истапила нанапред и паднала пред Неговите нозе. Со благодарни солзи таа, пред целиот народ, му кажала зошто ја допрела Неговата облека и дека веднаш била излекувана. Таа се плашела дека допирајќи се до Неговата облека ја пречекорила границата на верата; но од Христовите усни не излегол никаков прекор. Тој искажал само одобрување. Неговите зборови дошле од срце, кое љуби и биле полни со сочувство за човечката неволја. „Ќерко”, рекол Тој љубезно, „твојата вера те спаси; оди си во мир.“ (Стих 48) Колку охрабрувачки биле тие зборови за неа. Нејзината радост повеќе не ја поматувал никаков страв дека Го навредила.

До љубопитното мноштво што се туркало околу Христа не била дадена никаква животодавна сила. Но кутрата жена, која го допрела со вера, примила исцелување. Во духовните работи, случајниот контакт се разликува од допирот на верата. Да се верува во Христа само како во Спасител на светот, никогаш нема да донесе исцелување на душата. Верата која спасува, не значи само согласување со вистинитоста на Евангелието. Вистинска вера е само онаа, која Го прифаќа Христа како свој личен Спасител. Бог го дал Својот Единороден Син, за јас, верувајќи во Него, „да не загинам, туку да имам вечен живот.“ (Јован 3:16) Кога ќе дојдам кај Христа, според Неговата Реч, јас треба да верувам дека ја примам  Неговата спасителна благодат. Животот што сега го живеам, треба да го „живеам со верата во Божјиот Син, Кој ме возљуби и Себе се предаде за мене.“ (Галатјаните 2:20).

Многу луѓе ја сметаат верата за начин на размислување. Спасоносната вера е спогодба, преку која оние коишто Го примаат Христа, стапуваат во заветна врска со Бога. Живата вера, значи напредок во животната сила и цврста надеж, со која преку Христовата благодат душата станува победоносна сила.

Верата е посилен победник од смртта. Кога болните би можеле да се наведат да ги насочат со вера своите очи кон моќниот Исцелител, би виделе чудесни резултати. Тоа би донело живот, како на телото, така и на душата.

Кога се залагате за оние, кои станале жртви на лошите навики, наместо да им укажувате на очајувањето и пропаста кон која тие забрзано одат, свртете ги нивните погледи кон Христа. Насочувајте ги  кон Величествената Слава на Небото. Тоа ќе влијае повеќе за спасување на телото и душата, отколку сиот страв од гробот, којшто честопати се предочува пред беспомошните и наизглед безнадежните. (Здравје и среќа, 59-62)

Исцелување на душата

Многумина од оние што доаѓале кај Христа за помош, биле самите виновни за својата болест, па сепак, Тој не одбил да ги излекува. А кога во нивните души ќе проникнала сила од Него, тие станувале осведочени за гревот и многу луѓе биле исцелени и од духовните болести, како и од физичките.

Меѓу нив бил и парализираниот од Капернаум. Како лепрозниот и овој човек изгубил секаква надеж дека ќе оздрави. Неговата болест била последица на грешен живот, а страдањата направени погорки заради грижата на совеста. Тој залудно им се обраќал на фарисеите и лекарите барајќи олеснување; тие го прогласиле за неизлечив, го жигосале како грешник и изјавиле дека ќе умре под проклетството на Божјиот гнев.

Парализираниот човек потонал во очајание. А тогаш слушнал за Христовите дела. Други, исто толку грешни и беспомошни како него биле исцелени и тој се охрабрил да верува дека и тој, исто така може да биде исцелен, кога некој би го однел кај Спасителот. Но надежта избледувала, кога ќе се сетел на причината за својата болест. А сепак не можел да ја отфрли можноста за исцелување.

Неговата најголема желба била да се ослободи од бремето на гревот. Тој копнеел да Го види Христа и да прими уверување дека му е простено и дека е помирен со Бога. Тогаш би бил задоволен, без оглед дали ќе живее или ќе умре, според Божјата волја.

Немало веќе време за губење; на неговото тело веќе се покажале знаците на смртта. Најсрдечно ги замолил пријателите да го однесат со постелата кај Христа и тие со задоволство го сториле тоа. Но толпата во и околу куќата во која се наоѓал Исус, била толку голема што болниот и неговите пријатели не можеле да дојдат до Него, па дури ни да Му го слушнат Неговиот глас. Исус поучувал во домот на Петар. Според својот обичај, Неговите ученици седеле во Негова непосредна близина, а „таму седеа фарисеи и законоучители, кои беа дошле од сите села на Галилеја и Јудеја, и од Ерусалим.“ (Лука 5:17) Многумина од нив биле дојдени како шпиони, барајќи нешто за да Го обвинат Христа. Зад нив се туркало разновидно мноштво од ревносни, љубопитни и неверни луѓе. Во толпата биле застапени различни националности и сите општествени слоеви „и Господовата сила ги исцелуваше.“ (Стих 17) Духот на Животот лебдел над собирот, но фарисеите и законоучителите не го забележувале Неговото присуство. Тие не чувствувале никаква потреба и за нив немало исцелување. „Гладните ги исполни со добра, а богатите ги отпушти празни.“ (Лука 1:53).

Носачите на парализираниот упорно се обидувале да се пробијат низ мноштвото, но залудно. Болниот човек гледал во нив со неискажлива болка. Како да отстапи од надежта, кога долго очекуваната помош била толку блиску? Затоа им предложил на пријателите да го качат на куќата и пробивајќи го покривот, да го спуштат пред  Христовите нозе.

Проповедта била прекината. Спасителот го погледнал тажниот израз на неговото лице и ја видел молбата во очите вперени кон Него. Тој добро го познавал копнежот на оваа обременета душа. Токму Христос ја разбудил неговата совест, уште додека тој лежел во својот дом. Милоста на Спасителот го благословила неговото срце, кога тој се покајал за своите гревови и поверувал дека Христовата сила може да го исцели. Исус гледал како првиот зрак на вера прераснува во убедување дека единствено Тој може да му помогне на грешникот и видел, како тоа се зацврстува со секој напор да дојде во Негово присуство. Токму Христос го привлекол страдалникот кон Себе. И сега со зборови што биле како музика за слушателите, Спасителот рекол: „Не плаши се чедо, ти се простуваат твоите гревови.“ (Матеј 9:2).

Товарот на вината паднал од душата на болниот. Тој повеќе не можел да се сомнева. Христовите зборови ја откриле Неговата моќ да ги чита срцата. Кој може да ја оспори Неговата моќ да простува гревови? Очајот се сменил со надеж, а потиштеноста со радост. Физичката болка на човекот исчезнала, а целото негово битие се преобразило. Не барајќи ништо повеќе, тој лежел во спокојна тишина, премногу среќен да зборува.

Многумина, со најголем интерес и без здив го следеле ова необично дело. Многу од нив, почувствувале дека Христовите зборови се покана за нив. Зарем не биле и нивните души болни од гревот? Зарем и тие не сакаат да се ослободат од тоа мачно бреме?

Но фарисеите, во страв да не го изгубат влијанието, помислиле: „Што хули Овој на Бога? Кој може да простува гревови, освен единиот Бог?” (Марко 2:7).

 Вперувајќи во нив поглед, пред кој тие исплашено се повлекле, Исус рекол: „Зошто мислите лошо во вашите срца? Или, што е полесно? Да кажам: ‘Ти се простуваат твоите гревови!’ Или да кажам: ‘Стани и оди!?’ Но да знаете дека Синот Човечки има власт на земјата да простува гревови” Тогаш му рече на фатениот: „Стани земи си ја постелата и оди си дома.“ (Матеј 9:4-6).

Тогаш донесениот на носилка, застана на нозе со еластичност и сила својствени за младоста и веднаш, „штом ја зеде постелата, се појави пред сите – така што сите се восхитуваа и Го славеа Бога, велејќи: ‘Никогаш вакво нешто не сме виделе’.“ (Марко 2:12).

Тоа тело, кое се распаѓало, не можело да го излекува ништо помало од Силата што создава. Оној ист глас, Кој вдахнал живот во човекот, создаден од правот на земјата, вдахнал живот и во овој човек на умирање. И истата онаа сила, која му дала живот на телото, го обновила и неговото срце. Оној што при создавањето „рече – и тие настанаа”, Кој „заповеда – и се создадоа.“ (Псалм 33:9), вдахнал живот во оваа душа мртва во престапи и гревови. Исцелувањето на телото било доказ за силата што го обновила срцето. Христос му заповедал на парализираниот да стане и да оди, „за да знаете,” рекол Тој, „дека Синот Човечки има власт на земјата да простува гревови.“

Парализираниот, во Христа нашол исцелување за душата и телото. Нему му било потребно духовно здравје, за да може да го вреднува здравјето на телото. Пред да може да биде излекувана телесната болест, Христос мора да донесе ослободување на умот и да ја исчисти душата од гревот. Оваа поука не смее да се изгуби од вид. Денес има Илјадници, кои страдаат од некоја физичка болест, кои како парализираниот  копнеат за пораката: „Ти се простуваат гревовите.“ Токму товарот на гревот, со својот немир и незадоволени желби е темел на нивните болести. Тие не можат да најдат олеснување, сѐ  додека не дојдат кај Лекарот на душите. Само мирот што Тој може да го даде, ќе ги обнови силата на умот и здравјето на телото.

Исцелувањето на парализираниот, врз луѓето имало ист ефект како да се отворило небото, откривајќи ја славата на еден подобар свет. Додека исцелениот човек поминувал низ мноштвото, благословувајќи го Бога при секој чекор и носејќи ја постелата како да е пердув, народот се повлекувал правејќи му место. Тие го гледале со стравопочит и тивко си дошепнувале: „Чудни работи видовме денес!” (Лука 5:26).

Кога парализираниот се вратил кај семејството со леснотија носејќи ја постелата, на која пред кратко време бил полека изнесен, во неговиот дом настанала голема радост. Тие се собрале околу него со солзи радосници, не осмелувајќи се да поверуваат во она што го гледаат. Тој стоел пред нив во сета своја мажественост. Оние безживотни раце, сега брзо се покорувале на неговата волја. Сувата и испукана кожа, сега била свежа и румена. Тој чекорел цврсто и слободно. Од секоја црта на неговото лице се читале радост и надеж, а трагите од гревот и страдањата биле заменети со израз на чистота и спокој. Од тој дом се издигала радосна благодарност и Бог бил прославен преку Својот Син, Кој ја обновил надежта на безнадежниот, и силата на ранетиот. Овој човек и неговото семејство биле подготвени да умрат за Христа. Никаков сомнеж не ја помрачувал нивната вера, никакво неверие не ја валкало нивната преданост кон Оној, Кој донел светлина во нивниот мрачен дом.

„Благословувај Го, душо моја, Господа, и целата моја внатрешност да го благословува Неговото Свето Име!  Благословувај Го, душо моја, Господа и не заборавај ги сите Негови добрини, на Оној, Кој ги исчистува сите твои беззаконија, Кој ги исцелува сите твои болести; Кој го избавува од пропаст твојот живот. Како на орел ти ја обновува твојата младост. Господ им дава милост и правда на сите угнетени. Тој не постапува со нас според нашите беззаконија и не ни плаќа според нашите беззаконија. Како таткото што ги милува синовите, така и Господ ги милува оние, кои се бојат од Него. Зашто Тој го знае нашиот состав, помни дека сме прав.“ (Псалм 103:1-14). (Здравје и среќа, 73-79)

Молитва за болните

Светите списи велат дека „луѓето треба да се молат и да не паѓаат со духот.“ (Лука 18:1), и доколку воопшто постои време, кога тие чувствуваат потреба од молитва, тоа е токму тогаш, кога силата им опаѓа и им се чини дека и животот ги напушта. Оние што се здрави, честопати забораваат на чудотворната милост што ја уживаат од ден во ден, од година во година и никогаш не ја изразуваат благодарноста што Му ја должат на Бога за тие благослови. Но кога ќе ги снајде болест, се сеќаваат на Него. Луѓето чувствуваат потреба од Божја помош, кога човечката сила откажува, а нашиот Милостив Бог, никогаш не го одвраќа Своето лице од душата која, барајќи помош, искрено доаѓа кај Него. Тој е наше прибежиште и во болест и во здравје.

„Како таткото што ги милува своите деца, така и Господ ги милува оние, кои се бојат од Него. Затоа што Тој го знае нашиот состав, помни дека сме земја.“ (Псалм 103:13.14).

„Неразумните страдаа поради своите лоши патишта и поради своите неправди! Од секоја храна им се одвраќаше душата, и се приближија до вратата на смртта.“ (Псалм 107:17.18).

„Но во својата тага повикаа кон Господа, и Тој ги спаси од нивните неволји. Го испрати Своето слово и ги излекува и ги спаси од пропаст.“ (Псалм 107:19.20).

Бог и денес е подготвен да му го поврати здравјето на болниот исто, како кога Светиот Дух ги изговорил овие зборови преку псалмистот Давид. Христос и денес е истиот сочувствителен Лекар како што бил за време на Својата служба на земјата. Во Него се наоѓа ислецувачки мелем за секоја болест, обновувачка сила за секоја немоќ. Неговите следбеници и денес треба да се молат за болните, исто како што се молеле првите ученици. И исцелувањето ќе дојде, затоа што „молитвата од вера ќе го спаси болниот.“ Со силата што ни ја дава Светиот Дух и мирното уверение што ни го пружа верата, ние можеме да се повикаме на Божјите ветувања. Божјото ветување, „на болни ќе полагаат раце и тие ќе оздравуваат.“ (Марко 16:18), е исто толку верно и денес, колку што било во времето на апостолите. Тоа е предимството на Божјите деца и нашата вера треба да се фати за сѐ  што е опфатено со тоа предимство. Христовите слуги се само орудија и посредници преку кои Тој делува и копнее да ја пројави Својата исцелувачка моќ преку нив. Наша задача е, на рацете на нашата вера да ги донесеме пред Бога болните и страдалниците. Ние треба да ги поучуваме да веруваат во Големиот Исцелител.

Спасителот сака и очекува од нас да ги охрабриме болните, безнадежните и немоќните да се фатат за Неговата сила. Болничката соба, преку вера и молитва може да се претвори во Бетел. „Бог е во ова место” за да спаси, а не да уништи – тоа треба лекарите и болничарите да го кажат толку јасно, со зборови и дела, што нема да може да биде погрешно разбрано. Христос има желба да го манифестира Своето присуство во болничката соба, исполнувајќи ги срцата на лекарите и болничарите со пријатноста на Својата љубов. Доколку животот на оние што ги негуваат болните е таков, така што Христос заедно со нив приоѓа до болничката постела, пациентот ќе биде осведочен дека тука навистина е присутен Спасител полн со сомилост, а таквото осведочување само по себе во многу придонесува за исцелување на душата и телото.

Бог е подготвен да ги слушне и исполни молитвите. Христос рекол: „Ако посакате нешто во Мое Име, Јас ќе направам.” Тој исто така рекол: „Кој Ми служи Мене. него ќе го уважува Мојот Татко.“ (Јован 14:14; 12:26) Доколку живееме во согласност со Неговиот збор, секое скапоцено ветување што Тој го дал ќе биде исполнето во нас. Ние не ја заслужуваме Неговата милост, но доколку Му се предадеме, Тој ќе нѐ прими. Тој има волја да се застапува за оние што Го следат и да делува преку нив.

Само доколку живееме во послушност кон Неговиот збор, ние можеме да полагаме право за исполнување на Неговите ветувања. Псалмистот вели: „Ако негував беззаконие во своето срце, Господ немаше да ме услиши.“ (Псалм 66:18) Доколку му се покоруваме само делумно и со половина срце, Неговите ветувања нема да се исполнат на нас.

Во Божјиот збор наоѓаме одредени упатства во поглед на молитвата, која посебно се упатува за исцелување на болните. Но упатувањето на таквата молитва претставува најсериозен чекор, кој не треба да биде преземан без грижливо испитување. Во молитвата за исцелување на болниот многу често, она што се нарекува вера, не е ништо друго освен обична дрскост.

Многумина се изложуваат себеси на болест, угодувајќи им на своите желби и апетити. Тие не живееле во согласност со природните закони или со принципите на строгата чистота. Други ги престапувале здравствените закони со своите навики во јадење и пиење, облекување или работење. Слабоста на телото, честопати е предизвикана со оддавање на некој порок. Кога таквите повторно би го добиле благословот на здравјето, многу од нив и понатаму би продолжиле по истиот пат од безгрижно кршење на Божјите природни и духовни закони. Тие сметаат дека, затоа што Бог ги исцелил како одговор на молитвата, можат слободно да продолжат со своите нездрави навики и неограниченото попуштање на својот изопачен апетит. Кога Бог би направил чудо, враќајќи го здравјето на таквите луѓе, Тој би ги охрабрил да продолжат да грешат.

Залудна работа е да се учат луѓето да очекуваат исцелување и спас од своите болести и својата немоќ од Бога, ако притоа не ги научиме да ги отфрлат своите нездрави навики. За да го примат Неговиот благослов како одговор на својата молитва, тие мора да престанат да прават зло и да научат да прават добро. Нивната околина мора да биде здрава, а нивните животни навики исправни. Тие мора да живеат во согласност со Божјиот закон, како во физички, така и во духовен поглед. (Здравје и среќа, 225-227)

Сподели го ова:

Слични објави