6. ПРАВИЛНА ИСХРАНА

Сподели го ова:

Блазе тебе, земјо, кога царот ти е од род благороден, и кнезовите твои јадат навреме, за поткрепа, а не за преситување! (Проповедник 10:17)

Нашите тела се изградуваат од она што го јадеме. Ткивата на организмот постојано се трошат; секое движење на секој орган предизвикува трошење, а потрошеното се надоместува од нашата храна. Секој орган во телото го бара својот дел од хранливите материи. Мозокот мора да го добие својот дел; коските, мускулите и нервите го бараат својот. Прекрасен е процесот што ја претвора храната во крв и ја користи крвта за изградба на разни делови од телото; тој процес се одвива постојано, внесувајќи храна и живот до секој нерв, мускул и ткиво.

Избор на храна

Треба да ја избереме онаа храна што најдобро ги обезбедува потребните елементи за изградба на телото. Во овој избор, апетитот не е сигурен водич. Тој е изопачен од лошите навики во исхраната. Често бара храна која го нарушува здравјето и наместо сила, предизвикува слабост. Ниту навиките на општеството не можат да бидат сигурен водич. Голем причинител на болестите и страдањата што преовладуваат насекаде, се токму популарно прифатените заблуди во врска со исхраната.

За да дознаеме која храна е најдобра, мораме да го проучиме првичниот Божји план за исхраната на луѓето. Оној, Кој го создал човекот и Кој ги разбира неговите потреби, му ја одредил храната на Адам. „Еве” – рекол Бог, „Ви дадов секаков вид растение, што дава семе. и секакви дрвја, што во себе имаат семе според својот род и вид. Тоа да ви биде за храна!“ (Создавање 1:20) Кога го напуштил Едем и тргнал да си обезбеди живот, обработувајќи ја земјата под проклетството на гревот, на човекот му било дозволено да јаде и „полска трева.“ (Создавање 3:18).

Житарките, овошките, зеленчукот и зрнестите плодови ја претставуваат исхраната што Творецот ја избрал за нас. Оваа храна, подготвена на наједноставен и најприроден можен начин, е најздрава и најхранлива. Таа ја зголемува силата, издржливоста и острината на умот, што не може да се постигне со посложена и постимулативна исхрана.

Но, се случува храната, која инаку е здрава, да не одговара секогаш на нашите потреби. Треба да се води грижа за изборот на храната. Нашата исхрана треба да биде во согласност со годишното време, климатските услови во кои живееме и професијата со која се занимаваме. Некоја храна е погодна за употреба во едно годишно време или климатско поднебје, но не одговара на друго. Исто така, за луѓе од различни професии најдобро одговара различен вид храна. Храната која е многу корисна за оние што се занимаваат со тешка физичка работа е несоодветна за луѓето што работат седејќи или со големи умствени напори. Бог ни дал широка разновидност на здрава храна и секој треба да го избере од неа она за кое искуството и здравиот разум покажале дека најмногу одговараат на неговите потреби.

Природата обилно ни дарува овошје, зрнести плодови и житарки и со развојот на транспортните средства, тие од година во година се разнесуваат сѐ  подалеку. Како резултат на тоа, денес во секојдневната исхрана можеме да си дозволиме многу прехранбени продукти, кои до пред неколку години се сметаа за скап луксуз. Ова е особено точно, кога станува збор за сувото и конзервирано овошје.

Зрнестите плодови и храната направена од нив сѐ  повеќе се користат како замена за месото. Но, за нашата храна да биде здрава и богата со нив, треба да комбинираме житарки, овошје и некои корења. Сепак треба да се води сметка да не се употребуваат премногу зрнести плодови. Оние, кои се свесни за опасностите од зрнестата храна, можат да ја отстранат оваа опасност, така што ќе бидат умерени со неа. Треба да се запомни дека некои зрнести плодови не се толку хранливи како другите. Бадемите се подобри од кикиритките, но кикиритките, консумирани во ограничени количини и во комбинација со житарки, се хранливи и сварливи.

Маслинките, слично на зрнестите плодови, соодветно подготвени, можат да го заменат путерот и животинското месо. Маслото што го внесуваме при јадење на маслинката е далеку подобро од животинското масло и салото. Тоа служи како лаксатив. Благотворно е и за болните од туберкулоза како и за оние со заболен или воспален желудник.

Лицата навикнати на тешка, високо стимулативна исхрана, имаат неприродно сетило за вкус и не можат одеднаш да се префрлат на едноставна исхрана. Потребно е време вкусот да стане природен и желудникот да закрепне од злоупотребата што ја поднесувал. Но, оние што ќе истраат, по некое време ќе откријат дека оваа храна е сосема вкусна. Тие ќе научат да ги вреднуваат нејзините фини и пријатни мириси и ќе ја јадат со поголемо задоволство од штетните деликатеси, а желудникот ќе може добро да ја извршува својата задача, бидејќи нема да биде ниту вознемирен ниту преоптоварен.

За да се задржи здравјето, потребно е доволно количество на здрави, хранливи производи.

Со мудро планирање, речиси во секоја земја можеме да го обезбедиме она што е најдобро за нашето здравје. Насекаде се распространети разновидни начини на подготвување ориз, пченица, пченка и овес, како и грав, грашок и леќа. Овие, заедно со домашни или увезени овошки и разновидниот зеленчук што расте на секое подрачје, ни даваат можност да составиме комплетен режим на исхрана без употреба на месо.

Онаму, каде што може да се одгледува овошје, тоа треба да се суши или конзервира за зимница. Ситното овошје, како рибизлите, огроздот, јагодите, малините и капините, можат успешно да се одгледуваат на многу места на кои сега се запоставени и малку се употребуваат.

Секогаш кога е можно при домашното конзервирање, треба да се употребуваат стаклени тегли, а не лимени конзерви. Особено е важно, овошјето што го конзервираме да биде во добра состојба. Користете малку шеќер и варете го овошјето само колку што е потребно за конзервирање и за одржување во зимските периоди. Приготвено на ваков начин, тоа ќе биде одлична замена за свежото овошје.

Секаде каде по умерени цени може да се добие суво овошје, како што се сувото грозје, сливите, јаболката, крушите, праските и кајсиите, треба многу повеќе од вообичаено, да се употребува како главна намирница во исхраната, а тоа ќе даде најдобри резултати за здравјето и виталноста на работниците од секоја класа.

Не смее да постои голема разновидност во еден оброк, бидејќи тоа поттикнува на прејадување и предизвикува проблеми со варењето.

Не е добро да се јаде овошје и зеленчук во ист оброк. Ако варењето е слабо, мешањето на зеленчукот и овошјето, често ќе предизвика неволја и ќе ги оневозможи менталните способности. Подобро е да се земе овошје во еден, а зеленчук во друг оброк.

Оброците треба да бидат разновидни. На масата не треба постојано да се ставаат исти јадења, приготвени на истиот начин. Кога е разновидна храната, се јаде со поголемо задоволство и организмот подобро се храни.

Храна и пијалаци корисни за нашето здравјеХрана од која треба да апстинираме
Леб и житарки од цело зрно (јачмен, пченица, рж, просо, хељда…)Бел леб и бели печива
Овошје и зеленчук (свежо и во сушена и конзервирана форма преку зима)Рафиниран шеќер и преработки на шеќер (чоколади, бонбони, и разни индустриски преработки со шеќер)
Мешункасти растенија (боранија, леќа, грав, соја, грашок,…)Месо, и месни преработки, морски плодови и риба
Семиња и ладно цедени масла добиени од нив (сусам, лен, сончоглед, семки од тиква, чиа семе,…)Путер, маргарин, секакви видови на млечни преработки, стари превриени сирења
Ладно цедено маслиново масло и маслинкиРафинирани масла и животинска маст
Урми, агава сируп, јаворов сируп и мед (во мали количини)Слатки, торти и колачи со шеќер, млеко и јајца
Јаткасти плодови (во мали – умерени количини – ореви, бадеми, лешници, кикирики)Секакви форми на грицки, чипс, чоколадиран корнфлекс и слично
Млеко и јајца (добиени од здрави крави или кози и кокошки одгледувани во еколошка средина) – органскиСода, прашок за печиво
Свежо цедени сокови од овошје и зеленчук, смутиПастеризирани сокови со шеќер, газирани сокови
Вода – изворска ниско минералнаЧај, кафе, алкохолни пијалаци
Домашни сушени зачини (рузмарин, нане, магдонос, морков, копар, пашканат, лук)Зачини и слични стимулирачки форми (бибер, цимет, вегета со НАТРИУМ ГЛУТАМИНАТ), како  и сол во големи количини
Компоти и домашни сокови направени од чисто зрело овошје, пастеризирани и конзервирани во стаклени тегли со мала количина на шеќерТуршија и оцет

Подготовка на храната

Погрешно е да се јаде само за да се задоволи апетитот, но не смееме да бидеме рамнодушни кон квалитетот на храната или начинот на нејзината подготовка. Ако храната што ја јадеме не е вкусна, ни телото нема да биде добро нахрането. Храната треба да биде внимателно одбрана и разумно и умешно подготвена.

Најфиното бело брашно не е најдобро за правење леб. Неговата употреба не е ниту здрава, ниту економична. На белиот леб му недостасуваат хранливи состојки што можат да се најдат во лебот приготвен од брашно од цело зрно. Белиот леб е честа причина за тврда столица и други нездрави состојби.

Прашокот за печиво и содата се штетни и непотребни при подготвување на лебот. Содата предизвикува воспаление на желудникот и често го труе целиот организам. Многу домаќинки мислат дека не можат да направат добар леб без сода, но тоа е заблуда. Кога би се потрудиле да научат подобри методи, нивниот леб би бил поздрав и со попријатен природен вкус.

При подготвување леб од кисело тесто, односно леб со квасец, не треба да се употребува млеко наместо вода. Млекото е дополнителен трошок, а му го одзема полезното дејство на лебот. Лебот подготвен со млеко, не трае толку долго како оној замесен со вода и многу полесно ферментира во желудникот.

Лебот треба да биде лесен и сладок. Не смее да има никаков киселкаст вкус. Векните треба да бидат мали и толку темелно печени, со цел да се уништат габите на квасецот. Кога е топол и свеж пресниот леб, од било кој вид, е тежок за варење. Тој  никогаш не треба да се појави на масата. Ова правило, сепак, не важи за бесквасниот леб. Свежите бесквасни пченични лепчиња, испечени во добро загреана рерна, се здрави и вкусни.

Житарките кои се употребуваат за каша треба да се варат неколку часа. Но меката или течната храна е помалку здрава од сувата храна, која бара темелно џвакање. Двопекот е еден од најлесно сварливите и највкусни производи. Исечете го лебот на кришки, а потоа сушете го во топла рерна, додека од него не исчезне сета влажност. Потоа оставете го малку да порумени. Овој леб може да се чува многу подолго од обичниот леб, а доколку пред употреба го подгреете, тој ќе биде еднакво свеж, како да е денешен.

Во храната обично се употребува премногу шеќер. Колачите, слатките пудинзи, тортите, мармаладите, и џемовите го отежнуваат варењето. Особено се штетни колачите и пудинзите, чии основни состојки се млекото, шеќерот и јајцата. Треба да се избегнува неумерената употребата на млекото со шеќерот.

Млекото кое го употребуваме треба да биде целосно стерилизирано. Со ваквата претпазливост се намалува опасноста да добиете некое заболување од него. Путерот е помалку штетен, кога се јаде намачкан на студен леб, отколку кога се употребува за готвење; но, по правило, најдобро е воопшто да не се употребува. Сирењето е уште поштетно; тоа е сосема несоодветно за исхрана.

Скудната и лошо приготвена храна ја расипува крвта со тоа што ги ослабнува органите што ја создаваат. Таа ја попречува работата на целиот организам и донесува болести, како и раздразливост и лошо расположение. Илјадници и десетици илјади денес се жртви на лошото готвење. На многу гробови би можело да се напише: „Умрел од лошо готвење!”; „Умрел од злоупотребен желудник.”

Света должност за оние што готват е да научат како да подготват здрава храна. Многу души се изгубени токму поради лошото готвење. За да се направи добар леб, потребни се внимателност и грижа; а во една векна добар леб, има многу повеќе религија, отколку што се мисли. Има многу малку навистина добри готвачи. Младите жени мислат дека готвењето е понижувачка работа, па извршуваат други домашни обврски; затоа многу мажени девојки се грижат за своето семејство без добра претстава за вистинските задачи на една сопруга и мајка.

Готвењето не е некаква безначајна умешност, туку една од најсуштествените во практичниот живот. Тоа е умешност што треба да ја научат сите девојки и тоа така што и најсиромашните слоеви ќе имаат полза од неа. Потребна е умешност за да се подготви вкусна, а истовремено едноставна  храна со голема хранлива вредност. Меѓутоа, тоа може и да се постигне. Готвачките треба да знаат како да подготват едноставна храна на едноставен и здрав начин, а таа ќе биде повкусна и поздрава, токму поради својата едноставност.

Секоја жена што води домаќинство, а не ја познава вештината на здравото готвење, треба да донесе одлука да го научи она што е толку важно за добро на нејзиниот дом. Во многу места постојат курсеви за готвење, кои поучуваат во овој поглед. Онаа жена, која не може да оди на ваков курс, треба да учи од некоја добра готвачка и да истрае во своите напори, сѐ  додека и самата не стане мајстор во готварската вештина.

Редовноста во јадењето е од витална важност. Треба да постои одредено време за секој оброк. Во тоа време, секој треба да јаде онолку колку што бара неговиот организам, а потоа да не јаде ништо до следниот оброк. Многумина јадат и тогаш, кога организмот нема потреба од храна, во неправилни интервали и помеѓу оброци, бидејќи немаат доволно сила и волја да му се спротивстават на апетитот. Некои постојано грицкаат, кога имаат нешто на дофат додека патуваат. Тоа е многу штетно. Кога патниците би јаделе едноставни и хранливи производи во редовни интервали, не би имале толкави тешкотии и помалку би се разболувале.

Друга погубна навика е јадењето пред спиење. Иако се земени сите редовни оброци, луѓето повторно јадат пред спиење, затоа што чувствуваат слабост. Ваквото попуштање создава толку силна навика, што некои дури мислат дека ако не јадат воопшто, нема да можат да заспијат. Како резултат на ова јадење премногу доцна, органите за варење продолжуваат да работат додека спиеме. Но, иако постојано работи, желудникот не може правилно да ја изврши својата задача. Тогаш, често се јавуваат непријатни соништа, а човекот наутро се буди неосвежен и без желба за појадок. Кога одиме на починка, желудникот треба да биде готов со својата работа и да ужива одмор како и другите органи во нашето тело. Оваа навика на вечерно јадење е особено штетна за оние што многу седат. Ваквата неуредност, честопати предизвикува болест, која завршува со смрт.

Ако навечер почувствуваш силна потреба за јадење, напиј се чаша студена вода и изутрина ќе се чувствуваш многу подобро токму затоа што не си јадел. (4. Сведоштво, 501)

Во многу случаи, слабоста што ја толкуваме како желба за јадење е предизвикана од прекумерната оптовареност на органите за варење во текот на денот. По варењето на еден оброк, органите за варење имаат потреба од одмор. Растојанието меѓу оброците треба да биде најмалку пет или шест часа и повеќето луѓе, кои ќе се обидат да го спроведат овој план, ќе воочат дека е подобро да имаат два, отколку три оброка. (Здравје и среќа, 295-304)

Лоши навики во исхраната

Храната не треба да се јаде ниту премногу топла ниту премногу студена. Доколку е студена, виталните сили на желудникот се трошат на нејзино загревање, пред да може да започне варењето. Студените пијалаци се штетни поради истата причина, додека употребата на жешки пијалаци го ослабнува желудникот. Всушност, колку повеќе течности земаме при јадење, толку потешко ќе се преработи храната, бидејќи течностите мораат да бидат апсорбирани пред да започне процесот на варење. Не јадете многу сол, избегнувајте туршија и зачинета храна, јадете многу овошје и ќе исчезне желбата да се напиете нешто додека јадете.

Храната треба да се јаде полека и темелно да се џвака. Ова е важно за да може плунката добро да се измеша со храната и да се поттикнат органите за варење да работат.

Друго сериозно зло е јадењето во погрешно време, како на пример по тешко и исцрпувачко вежбање, кога сме премногу истоштени и загреани. Веднаш по јадењето, доаѓа до силно напрегање на нервниот систем и, ако умот или телото биле многу напрегнати пред, или веднаш по јадењето, варењето на храната е отежнато. Ако сме возбудени, исплашени, или кога брзаме, најдобро е да не јадеме додека не се опуштиме или одмориме.

Стомакот е во тесна врска со мозокот; и кога стомакот е заболен, нервната енергија од мозокот доаѓа да им помогне на ослабнатите органи за варење. Ако ова се случува премногу често, мозокот се преоптоварува. Дури и здравата храна треба да се јаде умерено, кога мозокот е постојано преоптоварен, а телото не се рекреира. За време на оброкот, заборавете на грижите и црните мисли; не брзајте, туку јадете полека и расположено, со срце полно со благодарност кон Бога за сите Негови благослови.

Многумина, кои го исфрлиле месото и другите тешки и штетни производи, мислат дека затоа што нивната храна е едноставна и здрава, можат безгранично да му попуштаат на апетитот, па јадат прекумерно, дури и ненаситно. Тоа е погрешно. Системот за варење не треба да се преоптоварува и да се принудува на прекумерна работа ниту со количеството, ниту со квалитетот на храната.

Вообичаено е на маса да не се изнесува сета храна одеднаш. Бидејќи не знае што ќе биде следното јадење, некој може да изеде повеќе од храната што можеби не е најдобра за него. А кога ќе биде изнесено и последното јадење, тој често се труди да ги пречекори сопствените можности и да го изеде привлечниот десерт кој за него е се, само не добар. Кога целата храна за тој оброк би била веднаш изнесена на масата, луѓето би имале можност да го направат најдобриот избор.

Некогаш последиците од прејадувањето се чувствуваат веднаш. Во други случаи не се јавува никаква болка; но органите за варење сепак ја губат својата сила и се поткопуваат темелите на физичката сила.

Вишокот храна го оптоварува организмот и предизвикува нездрави, трескавични состојби. Во желудникот се влева повеќе крв, поради што екстремитетите брзо се ладат. Таа им наметнува тешка задача на органите за варење, и кога овие органи ќе ја завршат својата задача, настапува чувство на слабост и малаксаност. Оние што постојано се прејадуваат, го нарекуваат ова чувство глад; но тоа чувство е предизвикано од прекумерната работа на органите за варење. Понекогаш се јавува нечувствителност на мозокот, па човекот станува неспособен како за умствени, така и за физички напори.

Овие непријатни симптоми се чувствуваат затоа што природата троши непотребно многу животна сила во извршувањето на својата работа и е целосно исцрпена. Желудникот вели: „Дај ми одмор!” Но, многу луѓе оваа слабост ја толкуваат како барање на повеќе храна; затоа, наместо да му овозможат одмор на желудникот, тие на него ставаат друг товар. Како резултат на тоа, органите за варење често се истрошени и неспособни за добра работа.

За сабота не треба да подготвуваме побогати или поразновидни јадења, отколку за другите денови. Наместо тоа, храната треба да биде поедноставна и треба помалку да се јаде, за умот да може да биде остар и да ги разбере духовните нешта. Претоварен стомак значи претоварен мозок. Можеби ќе слушнеме најскапоцени зборови, а нема да бидеме во состојба правилно да ги вреднуваме, затоа што мозокот ни е збркан заради несоодветна храна. Прејадувајќи се во сабота, многумина си наштетуваат повеќе отколку што мислат, онеспособувајќи се себеси за светите придобивки што таа ни ги нуди.

Треба да се избегнува готвење во сабота; но тоа не значи дека треба да јадеме студена храна. Кога времето е студено, треба да ја стоплиме храната што сме ја подготвиле претходниот ден. И оброците, колку и да се едноставни, треба да бидат вкусни и привлечни. Особено во семејствата каде што има деца, добро е во сабота да се обезбеди нешто што се смета за честење, нешто што семејството не го јаде секој ден.

Реформата не треба да се одложува онаму, каде што се поттикнуваат лошите навики во исхраната. Треба да се вложат внимателни напори да се зачува преостанатата сила кога, поради преоптоварувањето на желудникот, ќе се јават проблеми со дигестивниот тракт; затоа треба да се отстрани сѐ  што претставува дополнителен товар. Желудникот можеби никогаш нема сосема да се опорави од долгорочната злоупотреба; но соодветната исхрана ќе го заштити од натамошно слабеење и многумина повеќе или помалку целосно ќе заздрават. Не е лесно да се пропишат правила, кои ќе бидат соодветни за секого; но, може да се направи голема реформа, доколку се внимава на правилните принципи во исхраната, а готвачката нема да мора постојано да се грижи како да го поттикне апетитот.

Умереноста во исхраната ќе биде наградена со ментална и морална сила и ќе придонесе за контролирање на страстите. Прејадувањето е особено штетно за оние со бавен темперамент; тие треба да јадат умерено и да се рекреираат. Постојат мажи и жени со извонредни природни способности, кои не постигнуваат ни половина од она што би можеле, кога би имале контрола над апетитот.

Тука паѓаат многу писатели и говорници. Тие, по обилното јадење се фрлаат на работа која бара седечка положба – читање, проучување или пишување – не одделувајќи време за рекреација. Како последица на тоа, се попречува слободниот тек на мислата и зборовите. Тие не можат да пишуваат или зборуваат со сила која е потребна да го трогне срцето; нивните напори се млитави и бесплодни.

Оние врз кои почиваат сериозни одговорности, а најмногу чуварите на духовните интереси, треба да имаат изострени чувства и брзо запазување. Тие треба да бидат умерени во јадењето повеќе од другите. На нивните трпези не смее да има место за богата и обилна храна.

Луѓето на одговорни места, секојдневно треба да донесуваат важни одлуки од кои зависат резултатите кои се од големо значење. Честопати тие мораат брзо да мислат, а тоа можат да го постигнат само оние што практикуваат строга умереност. Умот се зајакнува со правилен третман на физичките и менталните сили. Доколку не се претерува, со секој нов напор ќе се добива и нова сила. Но, честопати, работата на оние, кои треба да разгледаат значајни планови и донесат важни одлуки е погодена од нивната неправилна исхрана. Несредениот желудник доведува до растроена, несигурна состојба на умот. Тоа често предизвикува раздразливост, нетолеранција и неправедност. Многу планови што можеле да бидат благослов за светот, биле оставени настрана и преземени многу неправедни, сурови и угнетувачки мерки, токму поради погрешните навики во исхраната. 

Еве еден предлог за сите чијашто работа е седечка или воглавном умствена; нека оние кои имаат доволно морална храброст и самоконтрола се обидат да го спроведат ова: при секој оброк земете само два или три вида едноставна храна и не јадете повеќе отколку што е потребно да го задоволите гладот. Вежбајте активно секој ден и проверете дали ќе имате придобивки.

На силните мажи, изложени на тешка физичка работа, не им се препорачува да бидат толку внимателни во врска со квантитетот и квалитетот на храната како оние што работат седејќи; но и нивното здравје ќе биде подобро, доколку имаат самоконтрола во јадењето и пиењето.

Некои сакаат да им се пропишат точно одредени правила во врска со нивната исхрана. Тие се прејадуваат, па се каат поради тоа и постојано мислат на она што го јадат и пијат. Не треба да биде така. Никој не може да пропише точно правило за некој друг. Секој треба да јакне во здраво расудување и самоконтрола и да се раководи според принципи.

Нашите тела се Христова откупена сопственост и ние не сме слободни да правиме со нив што сакаме. Сите што ги разбираат здравствените закони, треба да ја согледаат својата одговорност да им се покорат на овие од Бога поставени закони во нашето битие. Послушноста на здравствените закони треба да биде наша лична должност. Самите ние ќе треба да ги сносиме последиците од нивното прекршување. Секој за себе мора да одговара пред Бога за своите навики и дела. Затоа не треба да се прашуваме: „Што прави светот?”, туку „Како јас, како единка, треба да постапувам со престојувалиштето што Бог ми го дал?“ (Здравје и среќа, 305-310)

Месото како храна

Исхраната, која при создавањето му била дадена на човекот не вклучувала храна од животинско потекло. Човекот добил дозвола да јаде месо дури по потопот, кога било уништено сето зеленило на Земјата.

При изборот на храната за човекот во Едем, Господ покажал која храна е најдобра; истата поука ни ја покажал и кога го направил изборот за Израелскиот народ. Тој ги извел Израелците од Египет и почнал да ги обучува за да бидат Негов народ. Преку нив Тој сакал да го благослови и поучи светот. Тој им ја овозможил најдобрата храна за оваа намена, но не месо, туку мана, „небесен леб.“ Им била дадена храна од животинско потекло, единствено, поради нивното незадоволство и мрморењето по египетските лонци, но и тоа само за кратко време. Неговата употреба довела до смрт на илјадници луѓе. Сепак, ограничувањето на безмесна исхрана никогаш не било искрено прифатено. Тоа и понатаму претставувало причина за незадоволство и мрморење, отворено или тајно, и тоа ограничување не останало трајно.

При населувањето во Ханан, на Израелците им било дозволено да користат животинска храна, но со внимателни ограничувања, кои имале за цел да ги намалат лошите последици од неа. Била забранета употребата на свинско месо, како и на месото од некои други животни, риби и птици кои биле прогласени за нечисти. Исто така била строго забранета и употребата на салото и крвта од месата дозволени за јадење.

За храна можеле да се употребуваат само здрави животни. Животните што умирале, биле растргнувани, или оние од кои крвта не била внимателно исцедена, не смееле да се употребуваат како храна.

Израелците претрпеле големи загуби оддалечувајќи се од планот за исхрана на кој им укажал Бог. Тие копнееле по месна исхрана, па ги жнееле и последиците од неа. Тие не го достигнале Божјиот идеал за карактерот, ниту ја исполниле Неговата намера. Господ „го исполни нивното барање, но прати пораз за нивните души.” (Псалм 106:15) Тие, земното го вреднувале повеќе од духовното и затоа не го добиле светото предимство што Бог сакал да им го подари.

Причини за отфрлање на месната храна

Оние што јадат месо, не јадат ништо друго освен житарки и зеленчук од втора рака; зашто животните од овие работи ги примаат хранливите состојки, кои им овозможуваат да растат. Животот кој бил во житарките и зеленчукот преминува во животното што ги јаде. Ние тоа го примаме јадејќи го животинското месо. Колку е подобро да го земаме тоа директно, јадејќи ја храната што Бог ја предвидел за наша употреба!

Месото никогаш не било најдобра храна; но сега имаме двојно повеќе причини против неговата употреба, бидејќи болестите кај животните брзо се зголемуваат. Оние што употребуваат месна храна, малку знаат што јадат. Често, кога би можеле да ги видат животните додека биле живи, и кога би го дознале квалитетот на месото што го јадат, тие со одвратност би го оставиле. Луѓето постојано јадат месо полно со туберкулозни и канцерогени бактерии. На тој начин, туберкулозата, ракот и другите смртоносни болести се пренесуваат.

Свинското ткиво е преполно со паразити. Бог за свињата рекол: „Таа е нечиста за вас; месото нивно не јадете го и до труповите нивни не се допирајте.” (Повторени закони 14:8) Оваа заповед била дадена, бидејќи свинското месо не е погодно за храна. Свињите се чистачи, и ова е единствената намена за која треба да служат. Никогаш, под никакви околности, луѓето не треба да го јадат нивното месо. Месото на ниедно живо суштество не може да остане здраво, кога негова природна состојка е нечистотијата и кога се храни со одвратни нешта.

Честопати, се изнесуваат на продажба животни што се толку болни, што нивниот стопан се плаши да ги задржи подолго. И некои процеси на гоење предизвикуваат болести. Нивните тела брзо стануваат потполно заразени, кога оттргнати од светлината и чистиот воздух, ја дишат атмосферата на задушливите штали и можеби се гојат со расипана храна.

Честопати, животните се транспортираат на големи растојанија и многу страдаат пред да стасаат до пазарот. Одведени од зелените пасишта, изложени на километри и километри жежок, правлив пат, или збиени во нечисти вагони, вознемирени и исцрпени од многу часови поминати без храна и вода, кутрите животни одат кон својата смрт, само за да можат човечките суштества да се нагостат со нивното месо.

На многу места рибите станале толку затруени од храната што ја јадат, што можат да предизвикаат болест. Ова особено важи за местата на кои рибите доаѓаат во допир со отпадните води од големите градови. Рибите што се хранат со она што се наоѓа во овие води, можат да преминат во далечни води и да бидат фатени во чиста вода. Употребени како храна, тие носат болест и смрт за оние, кои воопшто не се посомневале на опасност од нив.

Последиците од месната исхрана, можеби нема да се забележат веднаш; но тоа не значи дека таа не е штетна. Малкумина можат да се натераат да поверуваат дека месото што го јаделе ја затруло нивната крв и го предизвикало нивното страдање. Многу луѓе умираат од болести, кои исклучиво се предизвикани од јадење месо, не сомневајќи се за вистинската причина.

Лошите морални последици од јадењето месо се исто толку забележливи, како и физичките болести. Месната исхрана е штетна за здравјето и секој нејзин ефект има свој соодветен одраз врз умот и душата. Помислете на суровоста кон животните, која е вклучена во јадењето месо и на последиците од неа кај оние што ги колат и оние, кои тоа го гледаат. Колку тоа ја уништува нежноста со која треба да се однесуваме кон овие Божји созданија!

Разумноста прикажана од многу неми животни, толку многу се приближува до човечката разумност, така што тоа останува тајна. Животните гледаат и слушаат, сакаат, се плашат и страдаат. Тие ги користат нивните органи далеку поверно, од многу човечки битија. Тие покажуваат сочувство и нежност кон оние што страдаат со нив. Многу животни покажуваат љубов кон оние што се грижат за нив; која е многу повозвишена од љубовта која ја покажуваат некои припадници на човечкиот род. Тие толку се приврзуваат за човекот, што не можат да се одделат од нив без големо страдање.

Кој човек со хумано срце, кој некогаш се грижел за домашни животни, може да погледне во нивните очи, толку полни со доверба и љубов, и доброволно да ги предаде на ножот на месарот? Како може да го проголта нивното месо како сладок залак?

Погрешно е мислењето дека силата на мускулите зависи од храната од животинско потекло. Потребите на организмот можат да бидат подобро задоволени и може да се ужива во подобро здравје без нејзина употреба. Житарките, во комбинација со овошје, зрнести плодови и зеленчук ги содржат сите прехранбени состојки потребни за создавање добра крв. Овие состојки не можат толку добро или во целост да се внесат преку месната храна. Кога употребата на месо би била толку суштествена за здравјето и силата, храната од животинско потекло би била вклучена во исхраната која на самиот почеток била одредена за човекот.

Кога ќе се престане со употребата на месо, често се јавува чувство на слабост и недостиг на сила. Многумина ова го сметаат како доказ дека месната исхрана е неопходна; но тоа се случува бидејќи оваа храна е стимулативна, која предизвикува трескавичност во крвта и ги надразнува нервите, па чувствуваме дека ни недостига. Некои ќе се уверат дека да се остави месото е исто толку тешко, колку што на пијаницата му е тешко да го остави алкохолот; но токму за таквите, оваа промена ќе биде од голема корист.

За да имаме хранлива и вкусна храна, кога ќе го оставиме месото, неговото место треба да биде пополнето со разновидна корисна и вкусна храна од житарки, зрнести плодови, зеленчук и овошје. Ова особено важи за оние што се слаби, или постојано преоптоварени со работа. Во некои земји во кои владее сиромаштија, месото е најевтина храна. Под вакви околности е потешко да се направи промена; но таа може да се постигне. Сепак, треба да ја имаме во предвид ситуацијата на луѓето и силата на навиките создавани во текот на целиот живот и да внимаваме да не ги наметнуваме прекумерно, дури ни добрите идеи. Никој не смее да биде поттикнуван да ја изврши промената одеднаш. Местото на месото треба да биде пополнето со здрава, но евтина храна. Ова многу зависи од готвачката. Со грижа и умешност, можат да се подготват јадења што ќе бидат и хранливи и вкусни и кои, во голема мерка, ќе го заменат месото.

Во сите случаеви обучувајте ја совеста, зајакнете ја волјата, подгответе добра, здрава храна и промената ќе биде лесно направена, а потребата од месо набргу ќе престане.

Зарем не е време, кога сите треба да се стремат да го исфрлат месото од својата исхрана? Како можат оние што сакаат да бидат чисти, благородни и свети за да уживаат во друштвото на небесните ангели да продолжат да употребуваат нешто што е толку штетно и за душата и за телото? Како можат да убиваат Божји созданија за да го консумираат нивното месо како деликатес? Наместо тоа, нека се вратат кон здравата и вкусна храна, која му била дадена на човекот на почетокот и нека бидат милостиви кон немите суштества што Бог ги создал и ги поставил под наше владеење, поучувајќи ги своите деца да го прават истото. (Здравје и среќа, 311-317)

Крajнoсти вo исхрaнaтa

Нe ситe штo тврдaт дeкa вeрувaaт вo рeфoрмaтa вo исхрaнaтa сe вистински рeфoрмaтoри. Кaj мнoгу луѓe рeфoрмaтa сe сoстoи сaмo вo отфрлaњe нa некоја нeздрaва храна. Tиe нe ги рaзбирaaт вo цeлoст здрaвствeнитe принципи и нивнитe трпeзи, кои сé уштe се преполни сo штeтни дeликaтeси, сe дaлeку oд тoa дa бидaт примeр зa христиjaнскa умeрeнoст и дoслeднoст.

Пoстojaт и тaкви, кoи вo свojaтa жeлбa дa бидaт дoбaр примeр, oдaт вo спротивна крajнoст. Нeкoи нe сe вo мoжнoст дa ja купaт нajпoжeлнaтa хрaнa и нaмeстo дa кoристaт прoизвoди штo нajдoбрo ќe гo надоместат тoj нeдoстиг, усвојуваат осирoмaшенa исхрaнa. Нивнaтa хрaнa ги нeмa ситe сoстojки пoтрeбни зa сoздaвaњe дoбрa крв. Нивнoтo здрaвje стрaдa, спoсoбнoститe сe нaмaлувaaт и нивниoт примeр збoрувa прoтив, a нe во корист на рeфoрмaтa вo исхрaнaтa.

Други мислaт дeкa, бидejќи здрaвjeтo бaрa eднoстaвнa хрaнa, нe трeбa дa сe пoсвeтувa гoлeмo внимaниe нa пoдгoтoвкaтa и избoрoт нa хрaнaтa. Нeкoи сe oгрaничувaaт сeбeси нa мнoгу скуднa исхрaнa, бeз дoвoлнa рaзнoвиднoст дa ги зaдoвoли пoтрeбитe нa oргaнизмoт и зaтoa стрaдaaт, кaкo пoслeдицa oд тoa.

Oниe штo сaмo дeлумнo ги рaзбирaaт принципитe нa рeфoрмaтa, нajчeстo сe и нajкрути, нe сaмo вo личнoтo спрoвeдувaњe нa свoитe стaвoви, туку и вo нивнoтo нaмeтнувaњe нa свoитe сeмejствa и сoсeди. Пoслeдицитe oд нивнaтa пoгрeшнa рeфoрмa, кoи мoжaт дa сe видaт вo нивнoтo слaбo здрaвje и нивнитe нaпoри дa ги нaмeтнaт свoитe стaвoви нa другитe, нa мнoгуминa им дaвaaт пoгрeшнa прeтстaвa зa рeфoрмaтa вo исхрaнaтa и ги нaвeдувaaт сoсeмa дa ja oтфрлaт.

Oниe кои ги рaзбирaaт здрaвствeнитe зaкoни и кoи сe рaкoвoдaт спoрeд приципитe, ќe избeгнувaaт крajнoсти, кaкo вo пoпуштaњeтo, тaкa и вo oгрaничувaњeтo. Tиe oдбирaaт хрaнa, кoja нeмa сaмo дa му угoди нa aпeтитoт, туку ќe гo изгрaди и тeлoтo. Сe трудaт дa ги зaчувaaт свoитe живoтни сили зa пoвoзвишeнa службa нa Бoгa и луѓeтo. Нивниoт aпeтит e пoд кoнтрoлa нa рaзумoт и сoвeстa, a нивнa нaгрaдa e тeлeснo и мeнтaлно здрaвje. Иaкo нe ги нaмeтнувaaт свoитe стaвoви нa другитe, нивниoт примeр e свeдoштвo вo корист нa дoбритe принципи. Вaквитe луѓe имaaт гoлeмo влиjaниe вo пoлзa нa дoбрoтo.

Нaвистинa имa мнoгу здрaв рaзум вo рeфoрмaтa нa исхрaнaтa. Предметот трeбa внимaтeлнo и тeмeлнo дa сe прoучувa и никoj нe смee дa ги критикувa другитe, бидejќи нивнитe нaвики нe сe вo пoтпoлнa хaрмoниja сo нeгoвитe. Невозможно е дa сe дoнeсe нeкoe непроменливо прaвилo сo кoe би сe рeгулирaлe нaвикитe нa ситe, и никoj нe смee дa сe смeтa сeбeси кaкo критeриум зa сите. Нe мoжaт ситe дa jaдaт истa хрaнa. Oнaa хрaнa штo e вкуснa и здрaвa зa eдeн, мoжe дa бидe нeвкуснa, пa дури и штeтнa зa друг. Нeкoи нe мoжaт дa упoтрeбувaaт млeкo, a други oд нeгo рaстaт; нeкoи нe мoжaт дa пoднeсaт грашок или грaв; зa други тиe сe здрaви. Зa нeкoи јадењата пoдгoтвeни од цело зрно сe дoбрa хрaнa, дoдeкa други нe мoжaт дa ги користат.

Нa oниe, кoи живeaт вo нoви зeмjи или вo сирoмaшни области, кaдe штo oвoшjeтo и зрнeститe плoдoви сe рeтки, нe трeбa дa им сe нaмeтнувa дa ги oтфлрaт млeкoтo и jajцaтa oд нивната исхрaнa. Вистинa e дeкa дeбeлитe луѓe и oниe сo кoи влaдeaт нискитe стрaсти, трeбa дa избeгнувaaт упoтрeбa нa стимулaтивнa хрaнa. Jajцaтa нe трeбa дa сe упoтрeбувaaт oсoбeнo вo oниe сeмejствa вo кoи дeцaтa сe oддaвaaт нa тeлeсни зaдoвoлствa. Нo, вo случaj нa луѓe чии oргaни зa сoздaвaњe крв се слаби – oсoбeнo aкo нe мoжaт дa нaбaвaт хрaнa кoja ќe ги зaдoвoли пoтрeбнитe eлeмeнти – млeкoтo и jajцaтa нe трeбa дa бидaт целосно отфрлени. Меѓутоа, трeбa дa сe вoди гoлeмa грижa дa сe добие млeкo oд здрaви крaви и jajцa oд здрaви кoкoшки, кoи дoбрo сe хрaнат и зa кoи дoбрo сe грижeлe. Јajцaтa трeбa дa бидaт така зготвени, тaкa штo oргaнизмoт нajлeснo ќe ги прeрaбoти.

Рeфoрмaтa вo исхрaнaтa трeбa да биде прогресивна. Како што се згoлeмувa бoлeста кaj живoтнитe, упoтрeбaтa нa млeкoтo и jajцaтa ќe стане сé понебезбедна. Tрeбa дa сe вложат нaпoри нивнoтo мeстo дa сe пoпoлни сo други прoизвoди кои се здрaви и eвтини. Луѓeтo нaсeкaдe трeбa дa бидaт пoучeни кaкo дa гoтвaт бeз млeкo и jajцa, кoлку e тoa мoжнo, a сeпaк дa имaaт здрaвa и вкуснa хрaнa.

Нaвикaтa дa сe jaдaт сaмo двa oбрoкa днeвнo, гeнeрaлнo, сe пoкaжaлa кaкo дoбрa зa здрaвjeтo; сепак, пoд нeкoи oкoлнoсти, луѓeтo мoжaт дa имaaт пoтрeбa oд трeт oбрoк. Сeпaк, дoкoлку сe зeмa, тoj трeбa дa бидe мнoгу лeсeн и сoстaвeн oд нajлeснo свaрливa хрaнa. „Крeкeри.“ (aнглиски бисквити) или двoпeк и oвoшje, или кaфe oд житaрки, сe храна која најсоодветно одговара зa вечерниот oбрoк.

Нeкoи пoстojaнo сe плaшaт дeкa нивнaтa хрaнa мoжe дa им нaштeти бeз oглeд кoлку e eднoстaвнa и здрaвa. Дoзвoлeтe дa им кaжaм нa тaквитe: „Нe мислeтe дeкa вaшaтa хрaнa ќe ви нaштeти; вooпштo нe мислeтe нa тoa. Jaдeтe вo сoглaснoст сo вaшитe нajдoбри прoцeнки; и кoгa стe пoбaрaлe oд Бoгa дa ja блaгoслoви хрaнaтa зa зajaкнувaњe нa вaшeтo тeлo, вeрувajтe дeкa Toj ja слушa вaшaтa мoлитвa и бидeтe спoкojни.

Бидejќи принципитe бaрaaт oд нaс дa ги oтфрлимe oниe прoизвoди штo гo иритирaaт желудникот и гo нaрушувaaт здрaвjeтo, трeбa дa зaпoмнимe дeкa и осиромашената исхрaнa прoизвeдувa осирoмaшенa крв. Пoрaди оваа причина сe jaвувaaт бoлeсти кои нajтeшкo сe лeкувaaт. Oргaнизмoт нe e дoвoлнo ухрaнeт и кaкo рeзултaт нa тoa сe jaвувaaт диспeпсиja и oпштa слaбoст. Oниe штo сe хрaнaт вaкa, нe сe сeкoгaш принудeни oд сирoмaштиja дa гo прaвaт тoa, туку пoрaди незнаење или нeбрeжнoст,  или кaкo пoслeдицa нa сoпствeнитe пoгрeшни сфaќaњa зa рeфoрмaтa.

Бoг нeмa дa сe прoслaви, aкo гo зaпoстaвувaмe или злoупoтрeбувaмe нaшeтo тeлo и нa тoj нaчин гo oнeспoсoбувaмe зa Нeгoвa службa. Eднa oд првитe дoлжнoсти нa дoмaќинкaтa e дa сe грижи зa тeлoтo, тaкa штo ќe му oбeзбeди хрaнa штo e вкуснa и кoja гo зajaкнувa oргaнизмoт. Дaлeку e пoдoбрo дa сe имaaт пoмaлку скaпи aлиштa и мeбeл, oткoлку дa сe штeди нa хрaнa.

Нeкoи домаќинства ja oгрaничувaaт сeмejнaтa трпeзa зa дa oвoзмoжaт скaпа зaбaва зa гoститe. Ова нe e мудрo. Пoтрeбнa e пoгoлeмa eднoстaвнoст вo забавата нa гoститe. Нa првo мeстo трeбa дa ни бидaт пoтрeбитe нa сeмejствoтo.

Нeрaзумнoтo штeдeњe и извeштaчeнитe обичаи чeстoпaти го спречуваат гостопримството oнaму кaдe штo e потребно и кaдe штo би било вистински блaгoслoв. Редовното снабдување со храна нa нашите мaси трeбa дa биде такво, штo ќe мoжeмe дa прeчeкaмe нeoчeкувaн гoстин бeз дoпoлнитeлна пoдгoтoвка.

Ситe трeбa дa нaучaт штo дa jaдaт и кaкo тоа дa го подготват. Maжитe, кaкo и жeнитe, трeбa дa гo рaзбeрaт нaчинoт нa пригoтвувaњe eднoстaвнa, здрaвa хрaнa. Нивната работа често ќе ги одведе таму каде нема да можат да добијат здрава храна, тoгaш, дoкoлку имaaт пoзнaвaњa oд гoтвeњe, мoжaт дa гo искoристaт тoa зa дoбрa намена.

Внимaтeлнo рaзглeдajтe гo нaчинoт нa кoj сe хрaнитe. Прoучувajтe ги причинитe и пoслeдицитe. Нeгувajтe сaмoкoнтрoлa. Држeтe гo aпeтитoт пoд кoнтрoлa нa рaзумoт. Никoгaш нe гo oптoвaрувajтe стoмaкoт сo прejaдувaњe, нo нe сe лишувajтe oд здрaвa, вкуснa хрaнa штo му e пoтрeбнa нa здрaвjeтo.

Teснoгрaдитe идeи нa нeкoи сaмoнaрeчeни здрaвствeни рeфoрмaтoри, му нaнeлe голема штeтa нa здрaвствeнoтo дeлo. Здрaвствeнитe рeфoрмaтoри трeбa дa зaпoмнaт дeкa рeфoрмaтa вo исхрaнaтa ќe бидe вo гoлeмa мeркa oцeнувaнa спoрeд oнa штo гo изнeсувaaт нa трпeзитe; и нaмeстo дa зaзeмaт стaв штo ќe дoвeдe дo гoлeмa нeдoвeрбa вo пoглeд нa нea, тиe трeбa дa ги примeнувaaт нejзинитe принципи, тaкa штo ќe ги нaпрaвaт привлeчни зa искрените умoви. Пoстoи eднa гoлeмa групa, кoja ќe им сe спрoтивстaвувa нa ситe рeфoрмaтoрски движeњa, кoи дoнeсувaaт oгрaничувaњa вo пoглeд нa aпeтитoт, бeз oглeд нa нивнaтa рaзумнoст. Tиe му сe пoкoрувaaт нa вкусoт, нaмeстo нa рaзумoт или здрaвствeнитe зaкoни. Oвaa клaсa ќe ги смeтa зa рaдикaлни ситe oниe штo ja пoбeдилe пaтeкaтa нa нaвикитe и сe зaстaпувaaт зa рeфoрмa бeз oглeд нa нивнaтa дoслeднoст. Зa дa нe им сe oстaви прoстoр зa критикувaњe нa тaквитe, здрaвствeнитe рeфoрмaтoри нe трeбa дa сe oбидувaaт дa видaт кoлку мoжaт дa сe рaзликувaaт oд другитe, туку дa им сe приближaт кoлку штo e мoжнo пoвeќe, бeз дa ги жртвувaaт принципитe.

Кoгa oниe, кoи сe зaстaпувaaт зa здрaвствeнaтa рeфoрмa oдaт вo крajнoст, нe трeбa дa нé чуди тoa штo мнозина кoи ги посматраат како претставници нa здравствената реформа, целосно ja oтфрлaaт рeфoрмaта. Eкстрeмиститe чeстoпaти, зa крaткo врeмe, мoжaт дa нaпрaвaт пoвeќe штeтa, oткoлку штo мoжe дa се поправи во текот на животниот век на доследно живеење.

Здрaвствeнaтa рeфoрмa e втeмeлeнa нa ширoки и далекусежни принципи и нe трeбa дa ja омаловажуваме сo тесногради ставови и практики. Meѓутoa, никoj нe смee дa дoзвoли дa бидe oдврaтeн oд вистинскитe принципи или нeбрeжeн вo oднoс нa нив пoрaди спрoтивстaвувaњeтo, пoтсмeвaњeтo или жeлбaтa дa ги зaдoвoли другитe и дa влиjae врз нив. Oниe, кoи сe рaкoвoдaт спoрeд принципитe, ќe бидaт цврсти и одлучни вo зaстaпувaњeтo зa вистинaтa; сeпaк, вo дружeњeтo сo другите ќe пoкaжувaaт блaгoрoдeн дух, сличeн нa Христoвиoт и вистинскa умeрeнoст. (Здравје и среќа, 318-324)

Добив светлина дека му нанесуваш штета на своето тело со премногу сиромашна исхрана… Недостатокот на соодветна храна предизвикал толку страдање. Не си ја земал храната која е неопходна за одржување на твојата кревка телесна сила. Не смееш да закинуваш од добрата, здрава храна… Набави јајца од здрави кокошки. Користете ги тие јајца варени или сирови. Додадете ги во најдоброто непревриено вино кое можеш да го најдеш. Тоа ќе му го даде на вашиот организам она што му е нужно потребно… Јајцата содржат состојки кои лековито делуваат против отровните супстанции. (Совети за исхраната, 203.204; Упатено до ДР. Д.Х. Кресс)

Стимуланси и наркотици

Под името стимуланси и наркотици е класифицирано големо мноштво артикли кои, земени како храна или пијалак, го иритираат стомакот, ја трујат крвта и ги растројуваат нервите. Нивната употреба е сигурно зло. Луѓето ја сакаат возбудата предизвикана од стимулансите, бидејќи таа дава пријатни привремени резултати. Но, секогаш постои реакција. Употребата на неприродни стимуланси секогаш води кон претерување и е активен причинител за физичката дегенерација и распаѓање. (Здравје и среќа, 325)

Влијанието на стимулансите и наркотиците ја намалува физичката сила и сето она што влијае врз телото влијае и врз умот. Стимулансот може за кратко време да ја подигне силата и да предизвика умствена и физичка активност; но кога ќе го снема тоа стимулирачно дејство, и умот и телото ќе бидат во полоша состојба отколку претходно. Алкохолните пијалаци и тутунот се имаат покажано како ужасно проклетство за нашата раса, не само во ослабувањето на телото и збунувањето на умот, туку во снижувањето на моралот. Кога контролата на разумот е поставена настрана, животинските страсти земаат превласт. Колку повеќе се користат тие отрови, посурова ќе биде природата на човекот. (Совети за детето, 279)

Зачини

Во ова брзо темпо на живот, доколку храната е помалку надразлива, дотолку е подобро. Зачините се штетни по својата природа. Сенфот, биберот, мирудиите, киселите краставички и другите производи со сличен карактер, го иритираат желудникот и ја прават крвта трескавична и нечиста. Воспалениот желудник на пијаниците често се употребува како илустрација за последиците од алкохолот. Но и употребата на иритирачки зачини доведува до слично воспаление. Набргу, обичната храна не го задоволува апетитот. Организмот чувствува желба, копнеж за нешто постимулативно. (Здравје и среќа, 325)

Чајот и кафето

Со употребата на чајот и кафето, се создава желба за тутун, а тој пак ја поттикнува желбата за жесток пијалак. (Совети за исхраната, 351)

Чајот има стимулативно дејство, и до одреден степен предизвикува опиеност. Слично дејство имаат и кафето и некои други популарни пијалаци. Првиот ефект од нив е освежување. Стомачните нерви се возбудуваат; тие ја пренесува дразбата до мозокот, а тој за возврат предизвикува забрзана работа на срцето и краткотрајна енергија за целиот организам. Заморот се заборава; се чини дека силата се зголемува. Интелектот се буди, а имагинацијата станува пожива.

Поради овие резултати, многумина претпоставуваат дека чајот или кафето им прават добро. Но тоа е грешка. Чајот и кафето не го хранат организмот. Нивниот ефект се чувствува пред тие да можат да бидат сварени и асимилирани и она што изгледа како сила, всушност е само надразнување на нервите. Кога ќе исчезне ефектот на стимулансот, неприродната сила се намалува, а како резултат на тоа се јавува соодветен степен на изнемоштеност и слабост.

Постојаната употреба на овие нервни надразнувачи е проследена со главоболка, несоница, биење на срцето, слабо варење, треперење и многу други зла, бидејќи тие ги уништуваат животните сили. На уморните нерви им треба одмор и мир наместо стимулација и прекумерна работа. На природата ѝ е потребно време да ги обнови исцрпените енергии. Кога нејзините сили се поттикнати со употреба на стимуланси, ефектот ќе биде привремено поголем; но, како што системот слабее поради нивната постојана употреба, ќе станува потешко да се постигне саканата енергија. Потребата од стимуланси сѐ  потешко ќе се контролира, сѐ  додека волјата толку не ослабне, така што ќе ни се чини дека немаме сили да ѝ се спротивставиме на неприродната желба. Потребни се сѐ  посилни и уште посилни стимуланси, сѐ  додека нашата истоштена природа не може повеќе да им удоволи. (Здравје и среќа, 326)

Дејството на чајот и кафето, како што е веќе покажано, е слично на дејството на виното, ликерот, алкохолните пијалаци и тутунот. (Христијанска умереност, 39)

Неумереноста започнува со употреба на нездрава храна на нашата трпеза. Така продолжувајќи со постојано попуштање во тој поглед, органите за варење по извесно време заслабуваат и храната веќе не го задоволува апетитот. Така создадената нездрава состојба во желудникот предизвикува силна желба за посилна, надразнувачка храна. Чајот, кафето и месото создаваат впечаток на моментално подобрување. Под влијание на овие отрови, нервниот систем се придвижува и во некои случаи, привремено изгледа како умот да е закрепнат, а фантазијата пожива. Овие надразнувачки средства моментално делуваат пријатно и поттикнувачки, па многумина заклучуваат дека тие навистина им се потребни и продолжуваат со употреба на истите. Меѓутоа, секогаш се јавува и реакција. Нервниот систем, насилно поттикнат, позајмува сила за моментална употреба  од своите идни извори на сила. По ова привремено освежување на организмот настапува депресија. Во ист сооднос во кој овие надразнувачки средства привремено го освежуваат телото, доаѓа до опаѓање на моќта на надразнетите органи, кога надразнувачкото средство ќе ја изгуби својата сила. Апетитот се навикнува секогаш да бара нешто посилно со желба да го одржи и зголеми ова пријатно чувство, сè додека попуштањето не премине во навика која се одразува во постојана желба за сè посилни стимуланси, како што се: тутунот, виното и жестоките пијалаци. Доколку повеќе му се попушта на апетитот, дотолку се почести неговите барања и дотолку е потешко   да се зауздаат. Доколку организмот стане послаб и помалку способен да живее без тие неприродни стимуланси, желбата за нив сè повеќе  се зголемува, сè додека волјата не ослаби и се создаде впечаток  дека веќе нема сила со која би можеле да се отфрлат неприродно силните желби за ова   попуштање. Што се однесува до чајот, кафето, виното, тутунот, опиумот и алкохолните пијалаци, најсигурен пат е: не земај, не вкусувај, не допирај. Луѓето на денешната генерација имаат двојно поголема потреба отколку оние од претходните генерации, во борбата против сатанските искушенија, во спротивставување и на најмалото попуштање на изопачениот апетит да ја повикаат на помош сета сила на волјата, зајакната со Божјата благодат. Но луѓето од денешната генерација имаат многу помала сила да владеат со себеси отколку оние кои живееле порано. Оние кои попуштаат на апетитот и желбата за надразнувачки средства ги пренесуваат своите лоши навики и страсти и на своите деца, и затоа денес е потребна многу поголема морална сила за луѓето да се спротивстават на неумереноста во секој поглед. Единствен сигурен пат е цврсто да се држиме за умереноста, не  ризикувајќи  ниту  најмало застранување. (3. Сведоштво, 487)

Чајот ги возбудува нервите, а кафето го затапува мозокот; земањето на едното и другото е  штетно. (4. Сведоштво, 364)

Кога пријателите добронамерно ќе подготват богата трпеза, тие паѓаат во големо искушение да ги занемарат начелата: но одбивајќи ги привлечните јадења, слатките, богатите зачини, чајот и кафето, тие би докажале дека навистина се здравствени реформатори. (4. Сведоштво, 416)

Употребата на кафето, исто така, е штетна навика. Таа привремено го поттикнува умот на невообичаена активност, но подоцна настапуваат исцрпеност, скршеност, умртвеност на умните, моралните и физичките сили. Умот станува послаб и ако не се вложи решителен напор да се победи оваа навика, активноста на мозокот постојано се намалува и ослабнува.

Сѐ што ги надразнува нервите ги приведува кон крај животните сили и со постојана активност доведува до нервен слом, нетрпеливост и умствена немоќ, а го спречува и духовното напредување. Оние што пијат чај, кафе, опиум и алкохол понекогаш можат да доживеат длабока старост, но тоа не е никаков аргумент во корист на употребата на овие надразнувачки средства. Што сѐ таквите можеле да постигнат, но го пропуштиле тоа поради својата неумереност, ќе се покаже единствено во оној голем ден „кога Бог ќе суди.“

Кога оние што употребуваат чај или кафе ќе дојдат на некој прием или на гости, дејството на нивната убиствена навика се манифестира јавно. Тие без никакво воздржување го пијат својот омилен напиток и кога надразнувачкото влијание на напитокот ќе ги развесели, јазикот им се разврзува и почнуваат да зборуваат лошо за другите. Зборуваат многу и не бираат зборови. На сите страни се слушаат безначајни новости, прикажувања, озборување и клевета.

Кога луѓето би биле умерени во сѐ, кога не би го вкусиле чајот, кафето, опиумот, тутунот и било какви алкохолни пијалаци, ниту воопшто би се допирале до нив, разумот би ја преземал власта во свои раце, а желбите и страстите би ги потчинил под своја контрола. (Христијанска умереност, 42.43)

Чајот употребен како лек, но не како напиток

Не можам да бидам обвинета за пиење на било каков чај, освен чај од црвена детелина, и ако би сакала вино, чај или кафе, не би ги употребувала овие стимулативни средства кои го уништуваат здравјето, бидејќи многу го ценам здравјето и здравиот пример во сѐ. Сакам на другите да им станам пример во умереност и добри дела. (Писмо 12, 1888)

Лично не користам чај, ниту зелен ниту црн. Немам испиено ниту една лажица освен при патувањето преку океан, и во една прилика на овој брег кога го зедов како лек бидејќи бев болна и повраќав. Во такви околности може да се покаже како достапно средство за ублажување на проблемите.

Со години немам потрошено ниту пара за купување на чај. Го познавам неговото влијание, и затоа не се осмелувам да го употребувам освен во случај на сериозно повраќање, кога го земам како лек, но не како напиток. (Одбрани пораки 2, 302)

Кафето како лек

Во текот на изминативе дваесет години немам испиено ниту една шолја вистинско кафе освен кога, како што наведов, во текот на мојата болест – за лек – испив шолја кафе, многу силно, во кое беше изматено сирово јајце. (Писмо 20, 1882; Одбрани пораки 2, 302.)

Навика на пушење тутун

Тутунот е бавен, подмолен, но најпогубен отров. Во каква форма и да се користи, тој му наштетува на организмот; неговата опасност е уште поголема, бидејќи последиците од него се бавни и на почетокот едвај забележливи. Тој прво ги надразнува, а потоа ги парализира нервите. Го ослабнува и замрачува умот. Често влијае на нервите на посилен начин од алкохолните пијалаци. Посуптилен е и последиците од него тешко се искоренуваат од организмот. Неговата употреба предизвикува желба за жесток пијалак и во многу случаи ги поставува темелите на пијанството.

Употребата на тутунот е непријатна, скапа и нечиста навика, која е понижувачка за оној што го користи и навредлива за другите. Неговите поклоници ги има насекаде. Тешко можете да поминете низ некоја толпа луѓе, а да не бидеме заплиснати со нивниот отровен здив. Многу е непријатно и опасно да се престојува во железнички вагон или во некоја затворена просторија, каде што воздухот е преполн со алкохолни испарувања и тутунски чад. Ако е некој истраен во тоа да се труе себеси, кој му дал право да го загадува воздухот што другите мораат да го дишат?

Употребата на тутунот направила неискажлива штета меѓу децата и младите. Денешните деца и младинци се погодени од нездравите навики на минатите генерации. Наследството што овие родители им го пренесуваат на своите деца, се ментална неспособност, физичка слабост, растроени нерви и неприродни желби. И децата продолжуваат со истата практика, која, кај нив ги зголемува веќе постоечките резултати. Токму тука се кријат голем дел од причините за физичкото, менталното и моралното пропаѓање, кое веќе зазема алармантни размери.

Момчињата почнуваат да употребуваат тутун на многу млада возраст. Создавањето на ваква навика на возраст, кога телото и умот се особено подложни на последиците од него, ја поткопува физичката сила, го закржлавува телото, го зашеметува умот и го изопачува моралот.

Но што може да се стори децата и младите да бидат поучени за штетните последици од навиката за која пример им се родителите, наставниците и проповедниците? Можат да се видат мали момчиња, кои одвај излегле од пелени, како пушат цигара. Ако им кажете нешто во врска со тоа, тие ќе ви одговорат: „Толку луѓе пушат! Кога тие можат, зошто тоа би било штетно за мене?” Многу луѓе што се залагаат за умереност, се зависни од тутунот. Каква моќ можат да имаат овие луѓе да застанат на патот на неумереноста?

Апелирам до оние што тврдат дека веруваат во Бога и се покоруваат на Неговиот Збор: „Можете ли вие, како христијани да се впуштате во навика, која го парализира вашиот интелект и ви ја одзема силата правилно да ги процените вечните нешта? Можете ли секојдневно да Му ја одземате на Бога службата што Му ја должите, а на своите ближни да им ги одземате и службата што би можеле да ја извршите за нив и примерот, кој можете да им го дадете?

Сте размислиле ли за одговорноста за средствата што ви се дадени како на Божји повереници? Колку од Божјите пари трошите за тутун? Пресметајте колку сте потрошиле за него во текот на животот. Што ќе се случи, кога ќе ја споредите оваа сума потрошена на оваа валкана навика, со она што сте го дале за помош на сиромашните и ширење на Евангелието?“

Ниту едно човечко суштество нема потреба од тутун; и бидејќи многумина немаат ниту основни средства за живот, пушењето е повеќе од обично расфрлање пари. Зарем не ги злоупотребувате Божјите добра? Зарем не сте виновни за крадење од Бога и своите ближни? „Или не знаете. дека не припаѓате само на себеси? Скапо сте купени. Затоа прославете Го Бога во своите тела и во своите души, кои се Божји.“ (1. Коринтјаните 6:19.20). (Здравје и среќа, 327-330)

Алкохолни пијалаци

„Виното е потсмевнувач, жестокиот пијалак буен;  и секој, кој им е потчинет, не е разумен.”  Кому – ах, кому – ­­­ох, кому – кавга, кому жал, кому рани без причина, кому зацрвенети очи? На оние, што заседнуваат околу вино, кои одат да бараат вино со ароми.Не го гледај виното како се црвенее, кога се прелива светликаво во чашата; како убаво се лее; отпосле тоа ќе касне како змија и ќе жилне како отровница.“(Изреки 20:1; 23:29-32)

Човечкото перо никогаш не забележало пожив приказ на пониженоста и робувањето на жртвите на алкохолот. Подјармени и понижени, дури и ако се освестат и ја согледаат својата мизерија, тие веќе немаат сили да ги раскинат прангите, тој „пак ќе го бара истото.” (Изреки 23:35).

Не се потребни никакви докази за да се прикажат лошите последици на алкохолот врз пијаниците. Насекаде можеме да сретнеме такви зашеметени луѓе со матен поглед – луѓе за кои Христос умрел и над кои ангелите плачат. Тие се дамка на нашата разметлива цивилизација. Тие се срам, проклетство и опасност за секоја земја.

Кој може да ги замисли несреќата, агонијата и очајот што се кријат во домот на пијаницата? Помислете на сопругата, честопати внимателно воспитана, чувствителна, културна и префинета, врзана за некој кого пиењето го претворило во некој вид демон. Помислете на децата, лишени од удобен дом, образование и воспитување – како живеат измачувани од оној што треба да биде нивна гордост и заштита, како се пробиваат низ светот носејќи жиг на срам, а често и проклетството на наследената жед за пијалак.

Помислете на страшните несреќи што секојдневно се случуваат како последица од лица под дејство на алкохол. Некој службеник на железница, нема да обрне внимание на дадениот сигнал или погрешно ќе го разбере. Возот продолжува; доаѓа до судир и многу животи се изгубени. Или ќе потоне бродот, а многу патници и членови на екипажот наоѓаат свој гроб во водата. Кога ќе се испитаат причините за несреќата, ќе се види дека некој на одговорното место бил под дејство на алкохол. До каде може човекот да оди со пиењето, а сепак да можат со сигурност да му се доверуваат човечки животи? Ваква доверба може да се има само во некој што воопшто не пие.

Каде и да се свртиме наидуваме на пијанство со сите негови тешки последици. И Покрај благородните напори на оние што се залагаат за умереност, ова зло зема сѐ поголем замав. Се пропишуваат официјални закони, но со законски прописи и одредби не може да се запре неговото ширење, освен на релативно ограничени територии. Се прават напори да се основаат заводи кои на жртвите на неумереноста ќе можат да им пружат помош да ги совладаат своите ужасни желби. Тоа е благороден потфат, но колку помудро и поуспешно би било да се отстрани причината за неволјите на тие страдалници! Да ја земеме во предвид само финансиската страна на ова прашање, колку е бесмислено да се одобрува нешто со што ќе се осиромашат илјадници луѓе! Законите ја одобруваат трговијата со алкохолни пијалаци со што, практично, се создаваат пијаници, а потоа толкави издатоци се вложуваат во институти кои овие несреќници треба повторно да ги преобратат во среќни луѓе! Зарем законодавците не се во состојба да најдат некое подобро решение за спречување на пијанството?

Сѐ додека се дозволува трговија со алкохолни пијалаци, на жртвите на оваа желба од многу мала корист ќе им биде лекувањето во домовите за алкохоличари. Тие не можат засекогаш да останат таму, туку треба повторно да го заземат своето место во општеството. Желбата за отровни пијалаци, иако можеби придушена, не е потполно уништена; и кога искушенијата кои се јавуваат на секој чекор ќе ги нападнат, тие најчесто паѓаат како лесен плен.

Што може да се стори за да се запре сѐ поголемата поплава на ова зло? Би требало да се озакони и најстрого применува забраната за тргување со алкохолот како пијалак. Да ги вложиме сите напори да ги вратиме пијаниците кон умереност и доблест. Но, повеќе од сѐ друго, би требало да го протераме и искорениме проклетството на пијанството од својата земја. Да ја задушиме желбата за отровен пијалак и одлучно да бараме да му се застане на крајот на тоа.

Во законодавните установи и судниците би требало да претседаваат и имаат место само строго умерени и чесни луѓе. Не само имотот и угледот, туку и самиот живот не е сигурен ако судот им се препушти на луѓе кои се неумерени и неморални. Колку невини се осудени на смрт и колкумина се лишени од своите земни имоти и права поради неправдата на поротниците, правниците, сведоците па дури и самите судии кои биле под дејство на алкохол!

Поблаги опојни пијалаци

Луѓето што ја наследиле желбата за неприродни стимуланси, во никој случај не треба да имаат на дофат вино, пиво или ликер; тоа постојано ќе ги држи во искушение. Сметајќи го слаткиот ликер за безопасен, многумина го употребуваат без никакви ограничувања. Но, тој останува сладок само за кратко време; потоа почнува да ферментира. Остриот вкус што притоа се јавува, го прави уште попривлечен за вкусот на многу непца, а корисникот неволно признава дека пијалакот станал тежок или ферментирал.

Дури и употребата на ликерот, онака како што вообичаено се произведува е опасна за здравјето. Кога луѓето би можеле да видат што покажува микроскопот за ликерот што го купуваат, малкумина би сакале да го пијат. Честопати, оние што го произведуваат овој пијалак за продажба, не внимаваат на состојбата на овошјето што го користат и во него се исцедува сок од скапани и црвливи јаболка. Оние, кои не би ни помислиле да употребуваат вакви јаболка, го пијат пијалакот направен од нив и велат дека е прекрасен; но микроскопот покажува дека дури и веднаш штом ќе излезе од цедалката, овој пријатен напиток е сосема непогоден за употреба.

Од виното, пивото или ликерот, можете да се опиете исто, како и од жестоките пијалаци. Употребата на овие пијалаци го разбудува вкусот за посилните и поставува темели на навиката за пиење алкохол. Умереното пиење е училиште во кое луѓето се учат да станат пијаници. Сепак, дејството на овие умерени стимуланси е толку подмолно, што ги води луѓето до патот кон алкохолизмот, пред воопшто да се посомневаат во опасноста.

Некои, кои никогаш не биле вистински сметани за пијаници, се постојано под дејство на слабите алкохолни пијалаци. Тие се во трескавична состојба, со нестабилен ум, неурамнотежени. Замислувајќи си дека се безбедни, тие одат сѐ  подалеку и подалеку, додека не ги преминат сите граници и не ги жртвуваат сите принципи. Најцврстите одлуки се поткопани и дури ни најсилните напори не можат да го задржат понижениот апетит под контрола на разумот.

Библијата не ја одобрува употребата на алкохолни пијалаци. Виното што Христос го направил од вода на свадбата во Кана, било чист гроздов сок. Тоа е „сокот од гроздот.“ (Исаија 65: 8; превод Др. Костантинов).

Токму Христос ги предупредил Израелците во Стариот Завет: „Виното е потсмевка, ракијата – бунтовник; и секој, кој им е потчинет, не е разумен.“ (Изреки 20:1) Тој не направил таков пијалак. Сатаната ги наведува луѓето на попуштања што ќе го замрачат разумот и ќе ја  умртват свеста за духовните нешта, но Христос нѐ учи да ги држиме ниските страсти во покорност. Тој никогаш не става пред луѓето нешто што би можело да биде искушение. Целиот Негов живот бил пример на самооткажување. Тој во оние четириесет дена во пустината, ги поднел најголемите страдања што еден човек може да ги издржи, со цел да ја скрши моќта на апетитот. Христос бил Тој што наложил дека Јован Крстител не треба да пие ниту вино, ниту жестоки пијалаци. Тој ѝ наложил слично воздржување и на сопругата на Маној. Христос не работел во спротивност со Своето учење. Неферментираното вино што го направил за свадбарите, бил здрав и освежителен пијалак. Такво вино користеле Спасителот и Неговите ученици на првата света вечера. Тоа е виното што треба секогаш да се користи на масата за света вечера, како симбол на Христовата крв. Оваа света служба треба да биде освежување за душата и да даде живот. Не смее да се поврзува со ништо што може да му послужи на злото.

Во светлината на она што Писмото, природата и разумот го велат за употребата на алкохолот, како можат христијаните да одгледуваат хмељ за производство на пиво, или пак да произведуваат вино или ликер за продажба? Ако ги сакаат ближните како самите себеси, како можат да учествуваат во нешто што за нив може да биде стапица?

Неумереноста честопати започнува во домот. Со употреба на богата, нездрава храна ослабнуваат органите за варење и се создава желба за уште пораздразлива храна. На тој начин се учи апетитот постојано да копнее за нешто посилно. Потребата од стимуланси станува сѐ  посилна и сѐ потешко можеме да ѝ се спротивставиме. Организмот е повеќе или помалку полн со отрови и колку што е послаб, толку е поголема неговата желба за овие нешта. Еден чекор во погрешна насока, го подготвува патот за друг. Многумина, кои нема да бидат виновни за изнесување вино или друг алкохолен пијалак на своите трпези, ќе бидат виновни, бидејќи ги преполнуваат трпезите со храна, која буди толку силна желба за жесток пијалак, што е речиси невозможно да ѝ се спротивстави. Лошите навики во јадењето и пиењето го уништуваат здравјето и го подготвуваат патот кон алкохолизмот.

Кога во младите што го креираат изгледот на светот, би можеле да се вградат вистинските принципи на умереност, наскоро не би имало потреба од евангелизации во поглед на умереноста. Нека родителите започнат една ваква евангелизација во сопствените домови; нека ги учат своите деца да ги следат овие принципи од најрана возраст и ќе можат да се надеваат на успех.

Должност на мајките е да им помогнат на своите деца да формираат правилни навики и чист вкус. Привикнувајте го апетитот; учете ги децата да мразат стимуланси. Воспитајте ги вашите деца да имаат морална сила да му се спротивстават на злото што ги опкружува. Учете ги да не се претопуваат во масата, да не потклекнуваат под силни влијанија, туку да влијаат добро врз другите.

Иако се направени големи напори за совладување на неумереноста, многу од нив не биле насочени во вистинската насока. Застапниците на реформата за умереност, треба да бидат свесни за штетните влијанија на нездравата храна, зачините, чајот и кафето. Им посакуваме Божји благослов на сите работници во полето на умереноста; но ги повикуваме да погледнат подлабоко во коренот на злото против кое се борат и да бидат сигурни дека се доследни во реформата.

На луѓето треба да им се предочи дека урамнотеженоста на менталните и моралните сили многу зависи од добрата состојба на физичкиот организам. Сите наркотици и неприродни стимуланси, кои го ослабнуваат и понижуваат телото, водат кон намалување на интелектуалните способности и моралот. Токму неумереноста лежи во коренот на моралната изопаченост на светот. Попуштајќи му на изопачениот апетит, човекот ја губи силата да му се спротивстави на искушението.

Пред реформаторите на умереноста стои голема работа да ги поучат луѓето на овие нешта. Учете ги дека употребата на стимуланси, кои ја поттикнуваат веќе исцрпената сила на неприродна и претерана активност, ги загрозува здравјето, карактерот, па дури и животот.

Во врска со чајот, кафето, тутунот и алкохолните пијалаци, единствен сигурен начин е да не се допираме до нив, да не ги пробуваме, да не ги допираме. Чајот, кафето и сличните пијалаци водат во иста насока како алкохолните пијалаци и тутунот и во некои случаи, со нив е исто толку тешко да се прекине, како со алкохолот. Оние што сакаат да ги остават овие стимуланси, извесно време ќе чувствуваат недостиг од нив и ќе страдаат. Но ако бидат упорни, желбата ќе престане и тие веќе нема да чувствуваат потреба од нив. Природата можеби ќе бара малку време да закрепне од претрпената злоупотреба; но дајте ѝ шанса и таа повторно ќе заздрави и ќе работи добро и верно. (Здравје и среќа, 330-335)

Исхраната u умствениот развој

На проблемот на влијанието на исхраната врз умствениот развој мора да му се посвети далеку поголемо внимание отколку што беше случај до сега. Умната несреденост и тромост се чести последици од грешките во исхраната.

Често се тврди дека апетитот е сигурен водич при изборот на храната. Тоа би можело да биде вистина кога секогаш би се слушале законите на здравјето. Но, со лошите навики кои се пренесувале од генерација во генерација, апетитот толку се изопачил што постојано копнее за некои штетни уживања. И затоа сега не може да му се верува како на водич.

При проучувањето на хигиената, учениците мораат да се запознаат со хранливата вредност на различните продукти. Мора да им се објаснат последиците од засилената и стимулативна исхрана, како и од употребата на продукти на кои им недостасуваат некои хранливи состојки. Чајот и кафето, белиот леб, киселите краставички во оцет, зеленчукот со лош квалитет, слатките, зачините и колачите од лиснато мрсно тесто не нѐ снабдуваат со потребните хранливи состојки. Многу ученици доживеале слом поради употреба на ваква храна. Многу слаби деца, неспособни за силен напор на умот и телото, се жртви на осиромашена исхрана. Житариците, овошјето, зрнестите плодови и зеленчукот, во правилна комбинација, ги содржат сите прехранбени елементи; и кога ќе се подготват на соодветен начин, ја сочинуваат исхраната која најдобро ги развива и физичката и умствената сила.

Треба да се имаат предвид не само својствата на храната туку и потребите на оној што ја зема. Храната што слободно можат да ја земаат луѓе кои се занимаваат со физичка работа, често пати мораат да ја одбегнуваат оние чија работа е претежно од умствена природа. Исто така, треба да се посвети внимание и на правилната комбинација на продуктите. Умствените работници и оние кои својата работа ја извршуваат седејќи, не би смееле да земаат многу различни видови јадење во текот на еден оброк.

Треба да се чуваме од прекумерно јадење дури и на најздравата храна. Природата не може да употреби повеќе отколку што е потребно за изградбата на различни телесни органи, а претерувањето го оптоварува организмот. За многу ученици се мислело дека доживеале слом поради прекумерно учење, додека вистинската причина била прекумерното јадење. Кога на законите на здравјето им се подарува соодветно внимание, нема многу опасности дека умот ќе се преоптовари; меѓутоа, многу случаи на таканаречено „откажување” на умот можат да му се припишат на преоптоварувањето на желудникот кое го заморило телото и го ослабнало умот.

Во најголем број случаеви е подобро да се земаат два, наместо три оброка. Ако вечерата се земе порано, се попречува варењето на претходниот оброк. Ако се земе подоцна, ни самата нема да биде сварена пред заминувањето во постела. Така на желудникот не му се овозможува потребниот одмор. Сонот се нарушува, мозокот и нервите се заморуваат, апетитот за време на појадокот е ослабнат, а целиот организам е неосвежен и неподготвен за дневните обврски.

Не смее да се занемари важноста на редовноста во времето одредено за јадење и спиење. Бидејќи изградувањето на телото се извршува во текот на часовите за одмор, многу е важно, особено за младите, сонот да биде редовен и изобилен.

Колку е тоа можно, треба да се одбегнува нагло внесување на храната. Колку е покусо времето за јадење, толку помало количество храна треба да се земе. Подобро е да се испушти оброк, отколку недоволно да се соџвака храната.

Времето за јадење треба да биде можност за взаемно дружење и освежување. Сѐ што би можело да оптовари или раздразни, треба да биде отстрането. Треба да се негува доверба, љубезност и благодарност кон Давателот на сѐ што е добро, па и разговорот ќе биде радосна, пријатна размена на мисли која ќе подигнува, наместо да заморува.

Умереноста и редовноста во сѐ имаат прекрасна сила и тие повеќе ќе придонесат за развивање на пријатно и ведро расположение, кое толку вреди во разубавувањето на нашата животна патека, отколку околностите или вродената талентираност. Истовремено, така добиената способност на самосовладување ќе се покаже како најскапоцено орудие за успешно соочување со непријатните должности и факти на кои наидува секое човечко суштество.

Патиштата на мудроста се „пријатни и сите нејзини патеки се полни со мир” (Изреки 3:17). Секое момче во нашата земја, на кое му се укажува можност да постигне повеќе од крунисаните глави, треба да размислува за поуката што се крие во зборовите на мудриот човек: „Блазе ти, земјо, кога… твоите кнезови јадат на време, за да се поткрепат, а не за преситување!” (Проповедник 10:17). (Воспитување, 204-206)

Сподели го ова:

Слични објави