7. УПОТРЕБА НА ВОДАТА

Сподели го ова:

„Секој кој пие од водава, пак ќе ожедни. А кој пие од водата што Јас ќе му ја дадам нема да ожедни довека, туку водата што ќе му ја дадам, ќе стане во него извор на вода, извирајќи во вечен живот.” (Јован 4:13.14)

Чистата вода е благослов

И во здравје и во болест, чистата вода претставува еден од најодбраните небесни благослови. Правилната употреба на истата го обновува здравјето. Таа е пијалак, кој Бог го одредил да ја гасне жедта на животните и на човекот. Пијте ја слободно, таа ги подмирува потребите на организмот, помагајќи ѝ на природата да се спротивстави на болеста. Надворешната примена на водата е еден од наједноставните и најповолните средства за регулирање на циркулацијата на крвта. Ладната или млака купка претставува одлично средство за зајакнување. Топлата купка ги отвора порите на кожата и на тој начин помага во отстранување на нечистотиите. Наизменичната употреба на топла и млака вода ги смирува нервите и ја изедначува циркулацијата.

Неопходно е болните да се едуцираат (просветлат), така што тие ќе имаат доверба во големите Божји благослови со кои Тој ја дарил природата; затоа што најдобриот лек за болеста е чистата, мека вода… (Медицинска служба, 225)

Водата, разумно применета, претставува едно од најмоќните лековити средства. Ако се употреби со соодветно разбирање при лекувањето, тогаш нема долго да се чека на позитивен резултат. (Библиски коментари том 7, 938)

Употреба на водата за време на болест

Лекувањето со вода, ако се применува мудро и вешто, може да спаси многу животи. (Медицинска служба, 227)

Водата може да се користи на многу начини за да се олеснат страдањата. Голтки бистра топла вода, испиена пред оброците (околу половина литар, повеќе или помалку), никогаш нема да наштети, туку ќе има позитивно влијание.

Една чаша чај од нане ќе ги смири нервите.

Чајот од хмељ ќе го повика сонот. Топлите облоги од хмељ ставени на стомакот ќе ја олеснат болката.

Ако очите се слаби, ако имате воспаление или ве болат очите, облогите од мека ткаенина натопена во топла солена вода веднаш ќе донесе олеснување.

Ако чувствувате тежина во главата, олеснување може да се постигне ако ги ставите стапалата во топла вода, ставајќи малку сенф во неа, и тоа ќе ви помогне. (Одбрани пораки 2, 297)

Но многумина, просто се плашат од водата, бидејќи нивното лично искуство никогаш не ги соочило со благословите од нејзината правилна употреба. Третманите со вода не се ценат како би требало и многумина немаат волја да се ползуваат со таа умешност, бидејќи бара многу работа. Но, никој не треба да мисли дека незнаењето или рамнодушноста во овој поглед ќе го оправда. Водата може да се употреби на многу начини за ублажување на болките и спречување на болеста. Сите треба да бидат упатени во примената на едноставното домашно лекување со вода. Особено мајките треба да знаат како треба да се грижат за членовите на своите семејства, како во здравје, така и во болест. (Здравје и среќа, 237)

Илјадници кои можеле да живеат умреле од недостиг на чиста вода и чист воздух… Овие благослови им биле потребни за да можат да се чувствуваат добро. Да сакале да бидат просветлени, да се оттргнат од медицината и да се навикнат себеси на движење и свеж воздух, и на воздух во нивните домови лете и зиме, да употребуваат мека вода за пиење и капење, тие би биле неспоредливо добри и среќни наместо да се влечкаат низ бедното постоење. (Како да живеам, 56)

Ако оние кои се засегнати би биле волни да и помогнат на природата во нејзините напори за оздравување со употреба на мека, чиста вода, многу страдања ќе бидат спречени. (Мојот живот денес, 153)

Водата е најдобра можна течност за чистење на ткивата

Никогаш не пијте чај, кафе, пиво, вино или други алкохолни напитоци. Водата е најдобриот напиток, способна да ги очисти ткивата на организмот. (Преглед и гласник, 29 јули, 1884)

Во случај на треска

Мнозина не ги искусиле корисните ефекти од водата, и се плашат да го користат еден од најголемите благослови на небото. Водата не им била давана на лица заболени од горечка треска, поради страв дека ќе ги повредат. Ако во нивната трескава состојба им била давана вода слободно да ја пијат и ако однадвор го применувале нејзиното благотворно дејство, долги денови и ноќи на страдање би биле ублажени, а многу драгоцени животи поштедени. Но, илјадници починале во трескавични маки кои ги уништувале, сѐ додека горивото кое ја храни треската не изгори, и тие умираат во најголеми маки, бидејќи не им било дозволено со вода да ја изгаснат својата горечка жед. (Одбрани пораки 2, 453)

Кога би давале за пиење многу вода и би ставале надворешни облоги од истата во случај на треска, би заштеделе долги ноќи и денови на страдања и би спасиле многу драгоцени животи. Но илјадници умреле од треска, додека горивото што ја поттикнувало горело, животот се јадел, а тие умирале во најголема агонија без да им биде дозволено да се напијат вода за да ја изгаснат својата жед. Водата, која се користи за да се изгасне пожар и да се спаси некоја градба, не им се дозволува на човечките суштества за да го изгаснат огнот кој ги јаде нивните животи. (Како да живеам, 56)

Во случаите на силна треска, воздржувањето од храна за еден  краток период ќе ја намали треската и ќе ја направи по делотворна  примената на вода. Но лекарот треба да ја знае вистинската состојба  на болниот и да не дозволи тој да ги зема намалените оброци толку  долго што со тоа ќе го заслабне целиот организам. Додека треската е  во тек, храната може да ја надразни и разбранува крвта, но штом таа  ќе попушти, треба внимателно и разумно да се дава храната. Ако  храната премногу долго се скратува, желудникот ќе бара храна и ќе  предизвика треска, што може да се спречи со давање на соодветна  храна. Тоа го одржува организмот во работа. Ако болниот силно посака  да јаде дури и за време на треската, помалку ќе штети ако му се  излезе во пресрет на неговата желба со давање на умерена и  едноставна храна, отколку ако тоа му се одбие. Ако не е во состојба  да мисли на нешто друго, тогаш нема да му наштети мало количество  на едноставна храна. (2. Сведоштво, 384)

Третмани со вода

Третманите со вода, применети мудро и вешто, можат да бидат средство за спасување на многу животи. Со внимателна примена на ваквиот начин на лекување треба да се соедини и марливо проучување. (Мојот живот денес, 153)

Повеќето луѓе ќе имаат корист од студена или умерено топла купка секој ден, наутро или навечер. Наместо да ја зголемува отпорноста кон настинки, правилно применетата купка нè заштитува од нив, бидејќи ја подобрува циркулацијата на крвта; крвта излегува до површината и нејзиниот проток станува полесен и подобар. Притоа зајакнуваат и умот и телото. Мускулите стануваат пофлексибилни, а умот побистар. Купката ги смирува нервите. Капењето ја потпомага работата на цревата, желудникот и црниот дроб, давајќи им здравје и енергија и го подобрува и варењето. (Здравје и среќа, 276)

Водата може да се употреби на многу начини за да ги олесни страдањата. Неколку голтки чиста, топла вода земени пред јадење никогаш нема да наштетат, туку напротив ќе донесат добро. (Писмо 35)

Правилна и погрешна употреба на водата

Мнозина грешат пиејќи студена вода со своите оброци. Земена за време на оброкот, водата го намалува лачењето на плунката; а колку водата е постудена, толку е поштетна за желудникот. Водата или лимонадата со мраз, земена за време на оброкот, ќе го запре варењето на храната сѐ додека организмот повторно не постигне доволна топлина за да продолжи со својата работа. Топлите пијалаци заслабнуваат; а освен тоа, оние кои уживаат во нивната употреба, стануваат робови на навиката. Храната не треба да се одмива; не е потребно да се пие за време на оброкот. Јадете полека и дозволете ѝ на плунката да се измеша со храната. Колку повеќе течност ќе внесете во желудникот заедно со храната, толку нему ќе му биде потешко да ја преработи, бидејќи ќе мора прво да се апсорбира течноста. Не јадете многу сол; откажете се од киселите краставички; држете ја лутата храна надвор од вашиот желудник; јадете овошје за време на вашите оброци и дразбата која толку многу бара да се напиете нешто ќе исчезне. Но доколку сепак ви треба нешто да ја згаснете жедта, чистата вода, пиена малку време пред или по оброкот, е сѐ што ѝ треба на природата. Никогаш не пијте чај, кафе, пиво, вино или некакви алкохолни пијалаци. Водата е најдобрата можна течност за чистење на ткивата. (Преглед и Гласник, 29 јули, 1884)

Важноста на капењето со вода

Капењето никако не треба да го запоставуваат ниту оние кои се здрави. Тие на секој начин треба да се капат барем два пати седмично. Оние кои не се здрави имаат многу нечистотија во крвта и нивната кожа не е во состојба сето тоа да го излачи. Многубројните пори, кои всушност се мали усни преку кои кожата дише, стануваат запушени и потполно неупотребливи. Со често капење кожата мора  да се одржува потполно чиста за да можат порите непречено да ја вршат својата улога, ослободувајќи го телото од нечистотија; затоа   на слабите и болните благодатите на капењето им се неопходни и повеќе од два пати седмично. Капењето и на болните и на потполно здравите им овозможува полесно и послободно дишење. По капењето мускулите полесно се свиткуваат, умот и телото се поживотворни, мислата станува поведра и секоја способност посвежа. Капењето ги смирува нервите, го поттикнува потењето, го забрзува крвотокот, ги отстранува пречките во организмот и благотворно влијае на работата на бубрезите и уринарните органи. Капењето ја потпомага работата на цревата, желудникот и панкреасот, вбризгувајќи во нив нова енергија и нов живот, го поттикнува варењето и го зајакнува целиот организам. Наместо да се зголемува опасноста од настинка, капењето, ако правилно се користи, го зајакнува и штити организмот од настинки, бидејќи го подобрува крвотокот, олеснувајќи го протокот на крвта низ крвните садови и ја јакнее работата на внатрешните органи кај кои обично постои навала на крв. Крвта се насочува кон површината на телото и се постигнува полесно и порамномерно струење  на  крвта низ  крвните садови. (3. Сведоштво, 70)

Сподели го ова:

Слични објави