Божјото откровение
Каде Христос ги сместил најјасните откровенија на Божјиот план за спасението на човекот? Што треба секојдневно да прават сите што сакаат да растат во Божјата сила и моќ?
Каде Христос ги сместил најјасните откровенија на Божјиот план за спасението на човекот? Што треба секојдневно да прават сите што сакаат да растат во Божјата сила и моќ?
Кои драгоцени поуки можеме да ги научиме од пророците, кои ќе нè охрабрат во време на обесхрабрување и искушенија? Ако Бог се грижи за природата, колку повеќе се грижи за Своите деца?
Каква поука можеме да научиме од природата — на пример од цвеќињата, птиците и ѕвездите? Кога ја набљудуваме убавината и мирот на недопрената природа, на што треба да се потсетиме за ветената нова земја?
Преку кои работи во овој свет Господ настојува да ги привлече луѓето кон Себе? Со што се послужил Исус за да ја втисне оваа вистина во умот на Своите слушатели?
Прашања за повторување и лично размислување.
Што се очекува од сите на кои им е доверено евангелието — а особено од работниците? Каков пример им оставил Даниел на денешните млади?
Наведете една голема опасност што денес нè загрозува како членови на црквата. Малахија 3:8–10. Кои христијански доблести им помагаат на верниците да растат во благодатта и во познавањето на Господ Исус Христос?
Ако Светиот Дух пребива во нашето срце, кое ќе биде едно од нашите први дела? Кој Христов пример треба да нè води во нашиот однос со роднините и соседите?
Кога ќе Го прифатиме Исуса како наш Спасител, која наша потреба се исполнува? Каков совет ни дава апостол Павле кога се соочуваме со проблеми и тешкотии?
Што природното срце занемарува и какви се последиците од тоа? Кога Христовата љубов се негува во срцето, што ќе биде видливо во животот?