1. ЖИВОТОТ И СВЕТЛИНАТА
Недела, 23 август 2026
а. Што природното срце занемарува и какви се последиците од тоа?
„Бог е извор на животот, светлината и радоста на целата вселена. Како светлосните зраци од Сонцето, како водената струја што избива од живиот извор, од Него се излеваат благослови на сите Негови созданија. И секаде каде што има живот од Бога во срцата на луѓето, таа ќе се излева врз другите во вид на љубов и благослов.“
Извор: Патот кон Христа, стр. 77.
б. Кога Христовата љубов се негува во срцето, што ќе биде видливо во животот?
„Кога Христовата љубов го исполнува срцето, таа не може да се скрие, како што не може да се скрие слаткиот мирис. Нејзиното свето влијание ќе го чувствуваат сите оние што ќе ги среќаваме. Христовиот дух во срцето е сличен на извор во пустина кој тече да ги освежи сите, а на оние кои се блиску до смртта да им ја разбуди желбата да се напијат од водата на животот.“
Извор: Патот кон Христа, стр. 77.
„Светот треба да види дека ние не сме себично обземени со сопствените интереси, туку дека сакаме и други да учествуваат во нашите благослови и предности. Светот треба да види дека нашата вера не нѐ прави нечувствителни или луѓе што бараат многу. Сите што тврдат дека го нашле Христа, треба да се залагаат за доброто на луѓето, онака, како што правел Тој.“
Извор: Копнежот на вековите, стр. 152.
