2. БОЖЈИТЕ СОЗДАДЕНИ ДЕЛА
Понеделник, 31 август 2026
а. Каква поука можеме да научиме од природата — на пример од цвеќињата, птиците и ѕвездите?
„Сознание за Творецот треба да се стекнува и со изучување на науките. Секоја вистинска наука всушност е толкување на Божјиот ракопис во материјалниот свет. Науката со своите истражувања донесува уште повеќе докази за Божјата мудрост и моќ . И пишаната Реч и книгата на природата, ако правилно се сфатат, нè запознаваат со Бога, откривајќи ни некои од законите преку кои Тој дејствува.“
Извор: Патријарси и пророци, стр. 599.
„Само кога би сакале да слушаме, Божјите творечки дела би ни пружиле скапоцени поуки за послушност и доверба. Од ѕвездите, кои по своите невидливи патеки низ просторот од век во век патуваат во одреден правец, па сè до најмалите атоми – сè во природата се покорува на волјата на својот Творец. А Бог се грижи за сè и одржува сè што создал.“
Извор: Патот кон Христа, стр. 85.
б. Кога ја набљудуваме убавината и мирот на недопрената природа, на што треба да се потсетиме за ветената нова земја?
1 Коринтјаните 2:9; Откровение 21:1.
„Обидете се да го замислете домот на спасените, но имајте на ум дека тој ќе биде многу пославен од сè што би можело да го наслика дури и најразиграната мечта. Во разновидните Божји дарови во природата го гледаме најслабиот отсјај на Неговата слава.“
Извор: Патот кон Христа, стр. 86.
„Божјата црква добивала откровенија за вечната Божја цел. На Неговиот народ му било овозможено да фрли поглед преку искушенијата на сегашноста кон победата на иднината, кога борбата ќе биде завршена и искупените ќе ја наследат ветената земја. Тие визии за идната слава сцени кои што ги исцртала Божјата рака треба да биде драг на неговата црква денес, кога вековната борба брзо се ближи кон крајот и кога наскоро треба во потполност да се оствари ветениот благослов.“
Извор: Пророци и цареви, стр. 722.
„Во Библијата наследството на спасените се нарекува татковина (Евреите 11:14-16). Таму небесниот Пастир го води Своето стадо на извори на жива вода. Дрвото на животот дава плод секој месец, а неговите лисја служат за здравје на народот. Таму течат потоци кои вечно жуборкаат, чисти како кристал, на чиишто брегови се нишаат дрвја кои ги фрлаат своите сенки врз патеките што Господ им ги подготвил на откупените. Таму пространите рамнини прераснуваат во прекрасни ритчиња, а Божјите гори ги издигнуваат своите возвишени врвови. Во овие тивки рамнини, покрај овие живи потоци, Божјиот народ, кој толку долго патувал и скитал, ќе го најде својот дом.“
Извор: Големата борба, стр. 675.
