3. ПЛОДОТ НА ОБРАТУВАЊЕТО
Вторник, 25 август 2026
а. Ако Светиот Дух пребива во нашето срце, кое ќе биде едно од нашите први дела?
„Ќе се трудиме да им ја прикажеме сета Христова привлечност, како и невидливата вистинитост на светот што ќе дојде. Во нас ќе гори желбата да одиме по патот по кој поминал Исус. Длабоко ќе копнееме и другите околу нас да го ’видат Божјото јагне, кое ги зема на себе гревовите на светот’ (Јован 1:29). Напорите да им бидеме на благослов на другите и нам ќе ни донесат благослов. Токму затоа Бог и ни дал можност да учествуваме во планот на спасението. Тој на луѓето им осигурил предимство да добијат дел во божествената природа и од своја страна да ги шират благословите врз своите ближни. Тоа е најголема чест, најголема радост што можел Бог да им ја даде на луѓето. Оние што на овој начин стануваат учесници во делото на љубовта, доаѓаат во најголема близина на својот Творец. Веста на Евангелието и целото дело на службата на љубовта, Бог можел да им ја довери на небесните ангели. Можел да се послужи и со други средства за да ја исполни својата намера. Но во Својата неограничена љубов Тој решил да нè направи свои соработници, Христови и ангелски соработници, за да можеме да ги уживаме благословите, радоста и духовната поткрепа, плодовите на таа несебична служба. Ние подобро ќе се разбереме со Христа, ако имаме заедница со Него и неговите маки. Секоја жртва која се принесува за доброто на други, го јакне духот на добродетелство во срцето на дарителот, сè повеќе го доближува до Откупителот на светот кој, ’иако богат, заради вас осиромаши, за вие да се збогатите со Неговото сиромаштво’ (2 Коринтјаните 8:9). Ако само на тој начин ја исполнуваме намерата со која Бог нè создал, животот ќе биде благослов за нас..“
Извор: Патот кон Христа, стр. 78,79.
б. Кој Христов пример треба да нè води во нашиот однос со роднините и соседите?
Галатјаните 6:9,10; Јован 9:4.
„Ако почнете да работите онака како што Христос им кажал на своите ученици, ако придобивате души за Него, ќе почувствувате потреба за подлабоко духовно искуство и поголемо духовно знаење и ќе бидете гладни и жедни за праведност. Вие во молитва ќе се борите со Бога, вашата вера ќе зајакне и вие сè пообилно ќе пиете од изворот на спасението. Противењето и неволјите на кои ќе наидувате, ќе ве гонат кон Библијата и молитвата. Вие ќе растете во благодатта и познавањето на Христа, и ќе стекнувате богато искуство.“
Извор: Патот кон Христа, стр. 80.
