Прашања за лично размислување
Прашања за повторување и лично размислување.
Прашања за повторување и лично размислување.
Кое Исусово ветување треба да ни биде причина за радост и за прославување на нашиот небесен Отец? Наведете уште некои прекрасни ветувања за мир и радост што ни ги дал Исус. Јован 14:1–3,27; 15:11;…
Кога верникот ќе се соочи со искушение, што му е обезбедено за да може да победи во оваа духовна борба? Зошто многумина се колебаат меѓу верата и сомнежот кога се искушувани и испитувани?
Што го одликувало Христовиот живот во Неговото дело за спасение на луѓето? Во Своите страдања и искушенија, што Му дало на Исус храброст да го заврши Своето дело?
Кој е најголемиот доказ за Божјата љубов кон Неговите деца? Што докажува дека Бог сака да им даде сè на Своите деца?
Според Исусовите зборови, каква одговорност имаат Неговите ученици во овој свет? Што треба да бидат верниците за сите луѓе?
Прашања за повторување и лично размислување.
На кој чудесен начин Господ ни ја разоткрива Својата Реч сега, кога се приближува времето на крајот? Што треба да прават верниците додека го проучуваат Светото писмо?
Како можеме да направиме разлика меѓу она што е важно и она што не е важно? Кои благослови ќе ги примат понизните?
Што претставува особена опасност за верниците во овие последни денови? Што е проречено за ставот што ќе го имаат двете групи луѓе во последните денови?