Учесници во благодатта

Сподели го ова:

2. УЧЕСНИЦИ ВО БЛАГОДАТТА

Понеделник, 24 август 2026

а. Кога ќе Го прифатиме Исуса како наш Спасител, која наша потреба се исполнува?

Јован 1:12,13; 1 Коринтјаните 1:4,5; Римјаните 5:1,2.

„Така и оние кои се соучесници во Христовата благодат ќе бидат подготвени да принесат секаква жртва и за другите, за кои Тој умрел, за да можат да го примат небесниот дар. Тие ќе сторат сè што е во нивна моќ со своето живеење во светот да го направат истиот што подобар. Овој дух е плод на вистински преобразената душа. Кога некој ќе дојде кај Христа, во неговото срце се раѓа желба да им каже на другите каков скапоцен пријател стекнал во Христа: спасоносната и посветена вистина не може да остане затворена во неговото срце. Ако сме облечени во Христовата праведност, ако сме исполнети со радоста на Неговиот Дух кој живее во нас, не ќе можеме да останеме мирни. Ако сме вкусиле и сме виделе дека Господ е добар, ќе имаме за што да говориме. Како и Филип, кога го нашол Спасителот, ќе ги повикаме и другите кај Него.“

Извор: Патот кон Христа, стр. 77.

б. Каков совет ни дава апостол Павле кога се соочуваме со проблеми и тешкотии?

Евреите 4:16.

„Исус ги познава потребите на Своите деца и со радост ги слуша нивните молитви. Нека Неговите деца се одделат од светот и од сè што би можело да ги одвлече нивните мисли од Бога, и нека почувствуваат дека се сами со Бога, дека Неговото око продира во најскриените длабочини на срцето, дека ја чита желбата на душата, и дека можат да разговараат со Бога.“

Извор: Sons and Daughters of God, p. 121.

в. Откако ќе станеме Божји деца, што им должиме на нашите ближни?

Римјаните 1:14,15.

„Во која смисла Павле им бил должник и на Евреите и на Грците? Нему, како и на секој Христов ученик, му била доверена задачата: ’Одете и научете ги сите народи, крштавајќи ги во името на Отецот и Синот и Светиот Дух, учејќи ги да пазат сè што ви заповедав; и ете, Јас сум со вас во сите денови до крајот на светот’ (Матеј 28:19,20). Прифаќајќи Го Христос, Павле ја прифатил и оваа задача. Тој разбрал дека врз него лежи обврска да работи за сите луѓе — за Евреите и за незнабошците, за учените и неуките, за оние што заземале високи положби и за оние што живееле во најскромни услови.“

Извор: The SDA Bible Commentary [E. G. White Comments], vol. 6, p. 1067.

Сподели го ова:

Поврзани статии