Безбедна терапија на умот

Ум, карактер и личност — 81. Безбедна терапија на умот

Ум, карактер и личност

Безбедна терапија на умот

Сподели го ова:

[Забелешка: Правилниот пристап кон менталните ставови и „терапијата на умот“ јасно се истакнува во оваа компилација преку позитивните постапки што се нагласуваат низ целото дело, често во јасен контраст со нездрави поими. Да се вклучат на ова место сите такви изјави би резултирало со големо, непотребно повторување. Неколку корисни опомени, некои свежи по својот пристап, нека го претставуваат целото во оваа глава. — Составувачите. Види глава 42, „Умот и здравјето“.]

Правила на употреба на менталното влијание. – Во третманот на болниот, менталните влијанија не треба да се превидат. Кога правилно се користи, ова влијание е еден од најдобрите фактори за борба против болеста.—Здравје и среќа, 241 (1905). {2УКЛ 730.1}

Совет до еден лекар. – На тие бедни, нажалени души со кои сте доаѓале во контакт им било потребно поголемо внимание отколку што го примале. Во ваша моќ е да ги охрабрите да гледаат на Исуса и со гледање да се променат во Негово обличје.—Letter 121, 1901. (Medical Ministry, 112). {2УКЛ 731.1}

Сигурност во постојана борба против лошите замисли. – Секој кој сака да биде соучесник во божествената природа нека го цени фактот дека мора да ја одбегне расипаноста која е на светот низ страстите. Мора да постои непрестана, сериозна борба на душата против лошите замисли на умот. Мора да постои цврстина во одбивањето на искушението за грев во мислите или делата. Душата мора да се чува од секоја нечистотија, преку вера во Оној Кој може да ве сочува од пад. {2УКЛ 731.2}

Ние треба да размислуваме за Светите Списи, трезвено и отворено да размислуваме за работи кои се однесуваат на нашето вечно спасение. Бесконечната милост и љубовта Исусова, жртвата поднесена во наша корист, повикуваат на најсериозни и најсвечени мисли. Ние треба да се занимаваме со карактерот на нашиот мил Откупител и Посредник. Ние треба да настојуваме да го разбереме значењето на планот на спасение. Треба да размислуваме за мисијата на Оној кој дошол да го избави Својот народ од неговите гревови. {2УКЛ 732.1}

Со непрестано размислување на небесните теми, нашата вера и љубов јакнеат. Нашите молитви ќе бидат сѐ поприфатливи за Бога затоа што сѐ повеќе и повеќе ќе се мешаат со вера и љубов. Тие ќе бидат сѐ поразумни и поогнени. Ќе постои постојана доверба во Исуса, и вие ќе имате секојдневно, живо искуство во волјата и моќта Христова во целост да ги спаси сите кои преку Него доаѓаат кон Бога.—The Review and Herald, June 12, 1888. (HC 113.) {2УКЛ 732.2}

Душите освежени од контактот со Бесконечниот. – Ние треба да го набљудуваме Бога во природата  да го проучуваме Неговиот карактер во делата на Неговите раце. Умот јакнее со запознавањето со Бога, Неговите особини во работите кои ги создал. Додека ја набљудуваме убавината и големината во делата на природата, нашата приврзаност тежнее кон Бога; и иако душите ни се исполнети со стравопочитување а духот потчинет, нашата душа е освежена со доаѓањето во контакт со божественоста преку Неговите чудесни дела. Заедницата со Бога преку понизна молитва ги развива и јакнее менталните и моралните способности, а духовната моќ расте со задржување на мислите на духовните работи.—The Youth’s Instructor, July 13, 1893. {2УКЛ 732.3}

Да се чуваат пристапите кон душата. – Апостолот настојувал да ги поучи верниците колку е важно да се чува умот од талкање во забранетите теми или трошењето на неговата енергија на ништожни предмети. Оние кои не сакаат да паднат како жртви на сатанските заблуди мораат добро да ги чуваат пристапите кон душата; мораат да одбегнуваат читање, гледање и слично на тоа што ќе сугерира нечисти мисли. На умот не треба да му се дозволи несомнено занимавање со секакви предмети кои непријателот на душата може да ги предложи. {2УКЛ 732.4}

Срцето мора верно да се чува, или надворешните зла ќе ги разбудат внатрешните, и душата ќе талка во темнина.—Делата на апостолите, 518 (1911). {2УКЛ 733.1}

Ефект на лична атмосфера. – Влијанието на мислите и делата го опкружуваат секој човек исто како невидливата атмосфера, која несвесно ја вдишуваат сите кои доаѓаат во контакт со неа. Оваа атмосфера честопати е презаситена со отровно влијание, и кога се вдишува, моралната изопаченост е сигурна последица.—5. Сведоштво за црквата, 111 (1882). {2УКЛ 733.2}

Опкружени со атмосфера на светлина и мир. – Христос направил сѐ за Неговата црква да биде преобразено тело, осветлена со Светлината на светот, поседувајќи ја славата на Емануел. Негова намера е секој христијанин да биде опкружен со духовна атмосфера на светлина и мир. Тој сака да ја откриеме Неговата радост во своите животи. {2УКЛ 733.3}

Пребивањето на Духот ќе се покаже со излевање на небесната љубов. Божествената полнина ќе протечува низ посветените човечки орудија, за да се пренесе на другите.—Христовите очигледни поуки, 419 (1900). {2УКЛ 733.4}

Постојана зависност од Бога. – Мнозина се неспособни да направат одредени планови за иднината. Нивниот живот е непостојан. Тие не можат да го согледаат исходот на работите, и тоа честопати ги исполнува со загриженост и немир. Да запомниме дека животот на Божјите деца на овој свет е живот на патник . Ние немаме мудрост да ги планираме своите животи. Не е наше да ја обликуваме иднината. „Со вера Аврам, кога бил повикан да излезе во место кое подоцна ќе го прими за наследство, послуша; и излезе, незнаејќи каде оди“ (Евреите 11:8) {2УКЛ 733.5}

Христос во Својот живот на земјата не правел планови за Себе. Тој ги прифатил Божјите планови за Себе, и ден по ден Таткото ги откривал Своите планови. Така и ние треба да зависиме од Бога за нашиот живот да може да биде едноставен израз на Неговата волја. Кога ќе му ги предадеме своите патишта, Тој ќе ги насочува нашите чекори.—Здравје и среќа, 478, 479 (1905). {2УКЛ 734.1}

Вредноста на стручната терапија. – Покажано ми е дека би се покажало како корисно за најголем број на пациенти вклучувањето во полесна работа, и дури поттикнувањето на тоа, отколку да ги охрабруваме на неактивност и бесполезност. Ако моќта на волјата се одржи активна да ги разбуди заспаните способности, тоа ќе биде од најголема помош во обновувањето на здравјето. Отстранете ја сета онаа работа со која биле оптоварени целиот свој живот, и од девет од десет случаи таа промена ќе биде штетна. {2УКЛ 734.2}

Ова се покажало како точно во случајот на мојот сопруг. Покажано ми е дека физичката активност на отворено е многу покорисна од активноста во затворен простор; но ова ако не може да се оствари, лесното вработување во домот би го преокупирал и одвратил умот и спречил да се занимава со симптомите и малите неугодности, и исто така би го превенирал копнежот за дома (носталгијата).—1. Сведоштво за црквата, 567 568 (1867). [Забелешка: Види Selected Messages 2:306-308, for an account of her successful participation in James White’s recovery.] {2УКЛ 734.3}

Добро осмислена физичка вежба. – Кога инвалидите немаат ништо што би им го преокупирало времето и вниманието, мислите се насочуваат на нив самите, и тие стануваат морбидни и надразливи. Многу пати се занимаваат со своите лоши чувства додека не почнат да мислат многу полошо за себе отколку што навистина се и стануваат потполно неспособни да направат било што. {2УКЛ 734.4}

Во сите овие случаи добро осмислената физичка вежба би се покажала како делотворно средство за лечење. Во некои случаи таа е  неопходна за обновувањето на здравјето. Волјата ја следи работата на рацете; и она што на овие инвалиди им е  потребно е  пробудување на волјата. Кога волјата е заспана, имагинацијата станува ненормална, и болеста е невозможно да се спречи.—Здравје и среќа, 239 (1905). {2УКЛ 734.5}

Тешењето на другите му донесува утеха на утешителот. – Честопати се сугерира посредничка молитва за неволниот, за нажалениот, за обесправениот; и тоа е исправно. Ние треба да се молиме Бог да внесе светлина во затемнетиот ум и да го утеши ожалостеното срце. Но Бог одговара на молитвите на оние кои се ставаат во каналот на Неговите благослови. Додека принесуваме молитва за нажалените, треба да ги охрабруваме да се обидат да им помогнат на оние кои се во поголема неволја од нив самите. Темнината ќе ја снема од нивните сопствени срца додека се обидуваат да помогнат на другите. Додека настојуваме да ги утешиме другите со утеха со која самите сме утешени, благословот се враќа на нас.—Здравје и среќа, 256 (1905). {2УКЛ 735.1}

Одмор и обнова (совет на авторот до нејзиниот син). – Имам збор за тебе. Зар нема да се обврзеш дека нема повеќе да слабееш и да го нарушуваш Господовиот храм работејќи кога ти е потребен одмор? За да имаш исправни мисли и за да говориш исправни зборови мораш да го одмориш мозокот. Не се одмараш доволно. Уморниот мозок и нерви би се освежиле кога би направил промена во тој поглед… {2УКЛ 735.2}

Мораме да учиме внимателно да се дисциплинираме себеси, одбивајќи да го направиме она што би ја ослабнало физичката, менталната и моралната сила. Потребен ти е јасен, и трпелив ум, кој ќе поднесе сѐ што ќе излезе. Практикувај ја верата, а последиците препушти му ги на Бога. Кога ќе дадеш сѐ од себе, биди храбар. Верувај, верувај, и цврсто држи се. Непријателот ќе се обиде да те наведе да направиш некое движење кое значи пораз, но немој тоа себеси да си го дозволиш. Не можеш да си дозволиш правење на неодредени движења. Потребно ти е влијание кое ќе го стекнеш со откривање на мудроста и дискрецијата.—Letter 121, 1904. {2УКЛ 735.3}

Релаксацијата и одморот се неопходни. – Ми беше покажано дека празнувачите на саботата како народ работат премногу без да си дозволат себеси промена или период за одмор. Рекреацијата им е потребна на оние кои се вклучени во физичка работа, а уште побитна на оние чија цела работа воглавном е ментална. Не е неопходно за нашето спасение или за Божјата слава умот непрекинато и претерано да работи, дури и на верските теми. {2УКЛ 735.4}

Постојат разоноди како играњето, играње карти, шах, табла итн. кои ние не можеме да ги одобриме затоа што Небото ги осудува. Овие забави отвораат врата за големо зло. Тие не служат на корист, туку имаат возбудувачко влијание, продуцирајќи во некои умови страсти за оние игри кои водат кон коцкање и расипништво. Христијаните треба да ги осудат сите такви игри и треба да ги заменат со нешто совршено безопасно.—1. Сведоштво за црквата, 514 (1867). {2УКЛ 736.1}

Кога зависиме од Бога, ние одбиваме да се обесхрабруваме (совет од еден презафатен раководител – управител) – Бог милостиво ви го подарил животот за да работите за Неговото дело. Тој не сака да работите за себе, независно од единствената сила која може успешно да работи на остварување на Неговата замисла. Затоа не вознемирувајте се, туку верувајте, гледајќи на Исуса, Авторот и Завршителот на вашата вера. Не брзајте многу. Она што можете да го правите без преголемо оптоварување на своите физички и ментални сили, направете го, но не мислете дека на себе морате да понесете толкав товар од грижи па да не можете да ја сочувате сопствената душа во Божја љубов. {2УКЛ 736.2}

Лозјето е Господово; работата во секое поле е Негова, и Тој би сакал да работите на тој начин што ќе ги сочувате своите физички, ментални и морални сили. Имајте на ум дека соработувате со Небесните орудија. Не му дозволувате на непријателот ни најмало партнерство во вашата работа. Примајте наредби од Бога, и за ништо не се обесхрабрувајте затоа што морате да ја завршите работата со ограничено оружје. Бесконечниот ќе работи со својата сила за да ви даде делотворност. {2УКЛ 736.3}

Не мислете дека ви е дадено да го направите невозможното. Не очекувајте го невозможното од другите. Павле засадувал, Аполос полевал, но Бог правел да расте (види 1. Коринтјаните 3:6). „Во почетокот Ти, Господи, ја основа Земјата, небесата се дело на Твоите раце; тие ќе пропаднат, а Ти ќе пребиваш; сите тие – како облека ќе оветвеат, и како наметка Ти ги менуваш и тие исчезнуваат“ (Псалм 102:25,26). „тие ќе загинат, Ти остануваш; сите ќе изветвеат како облека; ќе ги свиткаш како наметка, како облекло, и тие ќе бидат променети; но Ти си секогаш истиот, и Твоите години нема да се свршат“ (Евреите 1:11,12).—Letter 86a, 1893. {2УКЛ 736.4}

Неопходни се индивидуални напори. – Кај жртвите на лошите навики мора да се разбуди свеста од неопходност да вложат напори за самите себе. Други можат да вложуваат најсериозни напори да ги подигнат, Божјата благодат може да им биде богато понудена, Христос може да се моли и да се залага кај Таткото за нив, Неговите ангели можат да ја вршат својата служба штитејќи ги, но сето тоа ќе биде напразно доколку самите не се разбудат и не поведат борба за себеси… {2УКЛ 737.1}

Чувствувајќи ја ужасната сила на искушението, привлечноста на желбата која бара да биде задоволена, многу луѓе извикуваат во очај: „Јас не можам да се спротивставам на злото”. Кажете му дека може и мора да му се спротивстави. Може да се случи да биде повторно и повторно совладан, но не мора секогаш да биде така. Неговата морална сила е слаба, контролирана од навиките на животот во грев. Неговите ветувања и одлуки се како јаже од песок. Свеста за неисполнетите ветувања и прекршените завети ја ослабнува неговата доверба во својата сопствена искреност и заради тоа чувствува дека Бог не може да го прифати ниту да ги потпомогне неговите напори. Но не треба да очајува.—Здравје и среќа, 174, 175 (1905). {2УКЛ 737.2}

Целта е неопходна. – Успех во било кој правец бара одредена цел. Оној кој сака да постигне вистински успех во животот мора постојано да ја има во вид целта која е вредна за неговиот труд. Таква цел е поставена пред денешната младина.—Воспитување, 262 (1903). {2УКЛ 737.3}

Најголема култура на умот. – Знаењето за Бога се стекнува од Неговата Реч. Есперименталното знаење за вистинската побожност во секојдневната посветеност и служба на Бога, осигурува најголема култура на умот, душата и телото; а оваа посветеност на сите наши сили на Бога го спречува самовоздигнувањето. Таа додела на божествената сила го наградува нашето искрено тежнеење за мудрост за свесно користење на нашите најголеми способности да го прославиме Бога и да ги благословиме своите ближни. Кога овие способности се црпат од Бога, и не се создаваат сами, треба да ги цениме како таленти од Бога за употреба во Неговата служба.—Manuscript 16, 1896. {2УКЛ 737.4}

Позитивните доблести го унапредуваат здравјето. – Храброста, надежта, верата, сочувството и љубовта го унапредуваат здравјето и го продолжуваат животот. Задоволниот ум и бодриот дух се здравје за телото и сила за душата. „Веселото срце дејствува како лек“ (Изреки 17:22).—Здравје и среќа, 241 (1905). {2УКЛ 738.1}

Сподели го ова:

Поврзани статии