Контрола на умот над умот

Ум, карактер и личност — 78. Контрола на умот над умот

Ум, карактер и личност

Контрола на умот над умот

Сподели го ова:

[Види Глава 79, „Хипнотизмот и неговите опасности”.]

Фактори кои можат да го заробат умот. – Ќе дојде до расипаност од секој вид слични на оние кои постоеле помеѓу луѓето од претпотопниот свет, кој ќе ги заробува умовите. Воздигнувањето на природата како Бог, неограничената слобода на човечката волја, безбожните собири, сето тоа сатаната го користи како средства за да постигне одредени цели. Тој ќе ја користи моќта на умот врз ум за да ги спроведе своите замисли. Најжалосно е што под неговото лажливо влијание луѓето ќе имаат обличје на побожност притоа немајќи вистинска врска со Бога. Исто како Адам и Ева кои јадеа од плодот на дрвото запознавање на доброто и злото, мнозина и сега се хранат со лажни парчиња на заблуди.—6. Сведоштво за црквата, 293, 294 (1904). {2УКЛ 704.1}

Опасна наука. – Јасно имам говорено за таа опасна наука која вели дека една личност треба да го препушти својот ум на контрола на друга. Оваа наука е од ѓаволот.—Letter 130 1/2, 1901. {2УКЛ 704.2}

Ментално влијание во  третирање на болните. – Во третманот на болните ефектот на менталното влијание не треба да се превиди. Кога правилно се користи, ова влијание станува едно од најделотворните средства во спречување на болеста. {2УКЛ 704.3}

Меѓутоа, постои еден облик на лечење на умот кој е едно од најефикасните средства за злото. Преку оваа таканаречена наука, еден ум се доведува под контрола на друг на тој начин што индивидуалноста на послабата личност се претопува во индивидуалноста на посилниот ум. Една личност ја спроведува волјата на друга. Се тврди дека на тој начин текот на мислите се менува, дека може да се пренесат животодавни импулси и пациентите да се оспособат да ја одбијат и совладаат болеста. {2УКЛ 705.1}

Оваа метода на лечење ја користеле личности кои не биле упатени во нејзината вистинска природа и тенденција и кои верувале дека тоа ќе биде од корист на болните. Но оваа таканаречена наука се заснова на лажни начела. Таа е туѓа на природата и на Христовиот Дух. Таа нѐ доведува кон Оној Кој е живот и спасение. Оној кој ги привлекува умовите кон себе ги наведува да се одвојат од Вистинскиот Извор на нивната сила. {2УКЛ 705.2}

Не е Божја намера било кое човечко суштество да ја предаде својата волја и ум под контрола на друг, станувајќи пасивно орудие во неговите раце. Никој не смее да ја преточува својата индивидуалност во индивидуалноста на другиот. Не смее да се гледа на некое човечко суштество како извор на исцелување. Зависноста мора да биде од Бога. Во своето достоинство на од Бога дадената мажевност, човекот треба да биде под контрола на самиот Бог, а не на човечкиот разум. {2УКЛ 705.3}

Бог сака да ги доведе луѓето во директен однос со себе. Во сите свои постапки со човечките суштества Тој го признава начелото на сопствена одговорност. Тој настојува да го охрабри чувството на сопствена зависност и да ја втисне потребата за сопствено водство. Тој сака луѓето да ги доведе во заедница со божественоста за тие да можат да се преобразат во божественото обличје. Сатаната настојува да ја расипе ова намера. Тој настојува да ја охрабри зависност врз човек. Кога умовите ќе се одвратат од Бога, искушителот може да ги потчини под себе. Тој може да го контролира човештвото.—Здравје и среќа, 241-243 (1905). {2УКЛ 705.4}

Привремено олеснување, но трајно оштетување на умот. – Ниту еден поединец не смее да дозволи да го контролира ум на друга личност, мислејќи дека така ќе му причини голема корист. Лечењето со умот е една од најопасните измами која може да се врши на друга личност. Може да се почувствува привремено олеснување, но умот на оној кој е така контролиран никогаш нема одново да биде толку јак и самоуверен. Ние можеме да бидеме слаби како жената која се допрела до работ од Христовата облека, но ако ја користиме од Бога дадената прилика да Му дојдеме во вера, тој брзо ќе одговори како што направил со допирот на верата. {2УКЛ 706.1}

Не е  Божја замисла за било кое човечко суштество да го предаде својот ум на друго човечко суштество. Воскреснатиот Христос, кој сега седи од десната страна на престолот на Таткото, е Моќен Исцелител. Барајте од Него исцелителска сила. Само преку Него грешниците може да дојдат кон Бога онакви какви што се. Никогаш тоа не може да го направат преку некој човечки ум. Човечкиот посредник никогаш не смее да се вмеша помеѓу небесните орудија и оние кои страдаат.—Manuscript 105, 1901. (Medical Ministry, 115, 116). {2УКЛ 706.2}

Поглед од човечкото кон божественото. – Има нешто подобро за нас во што треба да се ангажираме отколку во контролата на човекот од човек. Лекарот треба да ги воспитува луѓето да гледаат од човечкото кон божественото. Наместо да го учи болните да зависат од човечките суштества за излекување на душата и телото, тој треба да ги упатува на Оној Кој може потполно да ги спаси оние кои доаѓаат кај Него. Оној кој го направил човечкиот ум знае што му е потребно. Бог е единствениот Кој може да исцели. Оние чии умови и тела се болни мораат обновителот да го гледаат во Христа. „Затоа што јас живеам,“ вели Тој, „и вие ќе живеете”. {2УКЛ 706.3}

Ова е животот кој мораме да го предочиме на болните, говорејќи им дека ако имаат вера во Христа како обновител, ако соработуваат со Него, придржувајќи се на законите на здравјето, и тежнеат на совршена светост во Неговиот страв, Тој ќе им го даде ним Својот живот. Кога им го претставуваме Христа на овој начин ние даваме моќ, сила, која е вредна, зошто доаѓа одозгора. Ова е вистинската наука за исцелување на душата и телото.—Здравје и среќа, 243, 244 (1905). {2УКЛ 706.4}

Силата и постојаноста спроти доминацијата над умот. – Дисциплинирањето на човечките суштества кои влегле во разумни години треба да се разликуваат од обучувањето на немите животни. Животните се учат единствено на покорност кон господарот. За животните, господарот е умот, судот и волја. Оваа метода која понекогаш се применува во воспитување на децата, ги прави нешто подобри од автоматите. Умот, волјата и совеста се под контрола на некој друг. {2УКЛ 707.1}

Не е Божја намера на тој начин да се владее со било кој ум. Оние кои ја слабеат или ја уништуваат индивидуалноста, преземаат одговорност која може да има само лоши последици. Додека се под власта, децата може да изгледаат како добро обучени војници; но кога ќе ја снема контролата, ќе се открие дека на карактерот му недостасува сила и цврстина. Бидејќи никогаш не научиле да управуваат со себе, младите не познаваат никакви ограничувања освен барањата на родителите и учителите. Кога нив ќе ги снема, тие не знаат како да се служат со својата слобода и честопати се предаваат на попустливоста која се покажува како пропаст.—Воспитување, 288 (1903). {2УКЛ 707.2}

Совеста и индивидуалноста не смеат да се гушат. – Во прашање на совеста душата не смее да се попречува (ограничува). Никој не смее да го контролира умот на некој друг, да расудува за друг, или да ја пропише неговата должност. Бог на секоја душа и дава слобода да мисли и да ги следи сопствените убедувања. ‚И така секој од нас ќе одговара пред Бога за себе“ (Римјаните 14:12). Никој нема право да ја претопи својата индивидуалност во индивидуалноста на другиот. Во сите прашања е вклучено начелото „секој нека остане уверен во својата мисла“ (Римјаните 14:5). Во Христовото царство нема угнетување, ниту присилно однесување. Небесните ангели не доаѓаат на земјата да владеат и бараат почитување, туку како гласници на милоста, да соработуваат со луѓето во издигање на човештвото.—Копнежот на вековите, 550, 551 (1898). {2УКЛ 707.3}

Човечките умови не смеат да се попречуваат, подјармат и водат со човечка рака.—Manuscript 43, 1895. {2УКЛ 708.1}

Индивидуалноста треба да се покаже. – Бог ѝ дозволува на секоја душа да ја покаже својата индивидуалност. Ниту еден човечки ум не треба да се претопува во друг човечки ум… Ако го имитираме примерот на било кој човек па дури и на личноста која според нашето човечко расудување ја сметаме речиси за совршена во карактерот, тоа би значело дека ја подаруваме нашата доверба на несовршен, не беспрекорно човечко суштество кое не може да му даде ниту една јота или црта на совршенството на некое друго човечко суштество.—Letter 20, 1902. (HC 108.) {2УКЛ 708.2}

Единство без преточен идентитет. – Ние сега треба да се соединиме… Но да запомниме дека христијанското единство не значи идентитетот на едната личност да се претопи во идентитетот на другата, ниту тоа значи умот дека едниот треба да го води и контролира умот на другиот човек. Бог не му дал моќ на ниту еден човек на која некои, со збор и дело, полагаат право. Бог бара од секој човек да остане слободен и да ги следи упатствата на Речта.—6. Сведоштво за црквата, 212 (1904). {2УКЛ 708.3}

Предаденоста кон Бога наспроти предаденоста кон луѓето. [Види Глава 29, „Зависност и независност”.] – Вие му припаѓате на Бога, со душа, тело и дух. Вашиот ум му припаѓа на Бога, и исто така му припаѓаат вашите таленти. Никој нема право да го контролира умот на другиот, да расудува за другиот, да му припишува што му е должност. Постојат одредени права што му припаѓаат на секој поединец во извршување на Божјата служба. Ниту еден човек нема ништо поголема слобода да ги присвои тие права од нас отколку да го земе самиот живот. Бог ни дал слобода да мислиме, и наша предност е  да ги следиме нашите чувства и должности. Ние сме само човечки суштества и ниедно човечко суштество нема надлежност над совеста на друго човечко суштество… Секој од нас има своја индивидуалност и идентитет кој не може да се подреди на некое друго човечко суштество. Ние поединечно сме Божјо мајсторство.—Letter 92, 1895. {2УКЛ 708.4}

Проповедниците мораат да го упатуваат стадото кон Бога. – Единствено Бог треба да биде водач на човечката совест. Вистината треба да се проповеда секаде каде ќе се најде простор за тоа. Божјата Реч мора да им се објасни на оние кои не ја познаваат вистината. Ова е задачата на Божјите проповедници. Тие не треба да ги учат луѓето да гледаат на нив, или да тежнеат да ја контролираат совеста на другите. „Ако некому од вас му недостига мудрост, нека ја моли од Бога, Кој на сите им дава изобилно и без укор и ќе му се даде. Но да моли со вера и никако да не се сомнева; оти оној, кој се сомнева, прилега на морски бран, кој ветрот го издига и растура; таков човек нека не моли дека ќе добие нешто од Господа. Човек што се двоуми во сите свои патишта е непостојан“ (Јаков 1:5-8 ).—Letter 26, 1907. {2УКЛ 709.1}

Потпирање на човек за сила. – Ние сме навикнати од своите ближни да очекуваме сочувство и поддршка наместо да гледаме на Исуса. Во својата милост и верност Бог честопати допушта на оние во кои полагаме доверба да не изневерат за да се научиме на безумноста во довербата на човекот и сметањето на телото за своја мишка. Да веруваме потполно, понизно и несебично во Бога.—Здравје и среќа, 486 (1905). {2УКЛ 709.2}

Сатаната го контролира умот кој врши контрола над умовите на другите. – Да се застапува науката за лечење со ум значи да се отвори вратата низ кој ќе влезе сатаната да го потчини умот и срцето. Сатаната го контролира умот кој се предал во контрола на другиот и умот кој го контролира. Бог нека ни помогне вистински да ја разбереме науката на надоградување во Христа, на нашиот Спасител и Откупител.—Letter 130, 1901. (HC 109.) {2УКЛ 709.3}

Сатаната не може да го допре умот кој не му е потчинет. – За вас е од посебно животно значење да се чувате. Никој не може да ве оштети без ваша согласност. Сите сатански лаги не може да ве повредат доколку не ја отворите својата душа на лукавствата и стрелите на сатаната. Никогаш нема да ви се случи пропаст доколку доброволно не се согласите. Доколку нема осквернувања на умот во вас самите, сета таа нечистотија која ве опкружува не може да ве расипе ниту оскверни.—Letter 14, 1885. (HC 94.) {2УКЛ 710.1}

Сатаната не може да го допре умот или интелектот доколку не му го предадеме.—Manuscript 17, 1893. (The S.D.A. Bible Commentary 6:1105.) {2УКЛ 710.2}

Не е верата Исусова. – Прифаќањето на вистините од небесно потекло го доведуваат умот во покорност на Христа. Тогаш здравјето на душата кое произлегува од примањето и следењето на чистите начела се открива во зборовите и делата на праведноста. Верата која го води кон ова не е вера која верува во контрола на умот додека едната личност не ја покаже волјата на другата. Членовите на црквата кои веруваат во оваа наука може да се викаат здрави во верата, но тоа не е верата на Исуса Христа. Нивната вера е во делото кое сатаната го извршува. Тој презентира огромни заблуди и чуда кои ги прави за да прелаже мнозина. Тој ова се повеќе ќе го прави. Здравата црква се состои од здрави членови, од мажи и жени кои имаат лично искуство во вистинската побожност.—Letter 130, 1901. {2УКЛ 710.3}

Сподели го ова:

Поврзани статии