Ум, карактер и личност
Навики на размислување
Мислите го обликуваат карактерот. – Како што човекот „мисли во душата негова, таков е и тој“ (Изреки 23:7). Многу мисли прават непишана историја на еден ден и овие мисли се многу поврзани за обликувањето на карактерот. Нашите мисли мораат многу строго да се чуваат, зошто една нечиста мисла прави длабок впечаток врз душата. Лошата мисла остава лош впечаток на умот. Доколку мислите се чисти и свети, тоа е подобро за човекот што ги негува. Тие го забрзуваат духовниот пулс и ја зголемуваат моќта за правење на добро. И како што едната капка дожд го приготвува патот за другата во натопување на земјата, исто така едната добра мисла го подготвува патот за друга.—The Youth’s Instructor, January 17, 1901. (Messages to Young People, 144.) {2УКЛ 655.1}
Моќ на одбирање на предмети за размислување. – Во моќта на секого лежи да се одберат предмети кои ќе ги преокупираат мислите и ќе го обликуваат карактерот.—Воспитување, 127 (1903). {2УКЛ 655.2}
Потребен е личен напор. – Никој освен вас не може да ги контролира вашите мисли. Во борбата за достигнувањето на најголемиот стандард, успехот или неуспехот во голема мерка ќе зависи за карактерот и начинот на кој мислите се дисциплинираат. Ако мислите добро се запрегнат, како што Бог ќе ги упатува да бидат секој ден, тие ќе бидат на оние предмети кои ќе ни помогнат во поголемо посветување. Ако мислите се исправни, тогаш како резултат и зборовите ќе бидат исправни; постапките ќе бидат од тој карактер што ќе донесат радост, утеха и спокој на душата.—Letter 33, 1886. (HC 112.) {2УКЛ 655.3}
Мислите мораат да се увежбуваат. – Мислите мора да се увежбуваат. Запрегнете ги бедрата на својот ум за да работи во права насока и според редот на добро осмислени планови; тогаш секој чекор ќе биде пат кон напредок, и нема да се губи време или напор во следењето на неодредените и случајните (непромислените) планови. Ние мораме да ја разгледаме целта на животот, и секогаш да ги имаме во предвид вредните намери. Мислите мораат секојдневно да се вежбаат и држат во одредена насока како компас кон полот. Секоја личност треба да има своја цел и намера, а потоа да се направи секоја мисла и постапка од таков карактер да го постигне тоа што го намислила. Мислите мораат да се контролираат. Мора да постојат цврсти намери како би го спровеле тоа што сте го презеле.—Letter 33, 1886. (HC 112.) {2УКЛ 656.1}
Увежбување на мислите. – Вистинската дисциплина на животот се состои од мали работи. Увежбувањето на мислите е важна.—Manuscript 76, 1900. {2УКЛ 656.2}
Увежбувањето на срцето, контролата на мислите, во соработка со Светиот Дух, ќе даде контрола на зборовите. Ова е вистинска мудрост, и ќе обезбеди мирност на умот, задоволство и мир. Размислувањето на богатството на Божјата благодат ќе причинува радост.—Letter 10, 1894. {2УКЛ 656.3}
Исправните мисли не доаѓаат природно. – Пред секој еден од нас се наоѓа сериозна задача. Исправните мисли, чистите и свети намери, не ни доаѓаат природно. Мораме да се бориме за нив.—The Review and Herald, November 28, 1899. {2УКЛ 656.4}
Заробување на мислите. – Ако животот се предаде на нејзината контрола, силата на вистината е неограничена. Мислите се доведуваат во покорност на Исуса Христа. Од ризницата се изнесуваат пристојни и прикладни зборови. Посебно треба да се стражари на нашите зборови. Пишувајќи му на Тимотеј Павле вели: „Имај ги, како образец, здравите зборови што си ги чул од мене, со вера и љубов во Исуса Христа. Запази го добриот залог преку Светиот Дух, Кој пребива во нас“ (2. Тимотеј 1:13, 14). ).—Manuscript 130, 1897. {2УКЛ 656.5}
Умот мора силно да се контролира. – Младите треба рано да започнат да ги култивираат исправните навики во мислењето. Ние треба да го дисциплинираме умот да размислува во исправен канал и да не дозволува да се занимава со она што е лошо. Псалмистот извикува: „Зборовите на устата моја и помислите на срцето мое нека бидат благоугодни пред Тебе, Господи, помошнику мој и избаветелу мој“ (Псалм 18:14). {2УКЛ 657.1}
Додека Бог работи на срцето со својот Свети Дух, човекот мора да соработува со Него. Мислите мораат да се ограничат, зауздаат, затегнат од ширење и разгледување на работи кои само ќе ја ослабнат и осквернат душата. Мислите мораат да бидат чисти, помислите на срцето исправни, за да може зборовите на устата да бидат прифатливи за небото и од помош за нашето друштво. {2УКЛ 657.2}
Христос им рекол на фарисеите: „Породи змиини! Како можете да говорите добро, кога сте лоши? Зошто од преполнетото срце прикажува устата. Добриот човек од доброто сокровиште изнесува добро, а лошиот човек од лошото сокровиште лошо“ (Матеј 12:34, 35). ).—The Review and Herald,, June 12, 1888. {2УКЛ 657.3}
Јавните гревови ги откриваат притаените мисли. – Времето на искушение, под кој можеби некој паѓа во жалосен грев, не создава зло кое можеби се рефлектира туку само се развива или донесува сведоштво на оној кој му било скриено или притаено во срцето. Како што човекот „мисли во срцето негово, таков е и тој; зошто од него се изворите на животот“ (Изреки 23:7; 4:23).—Мисли од гората на блаженството, 60 (1896). {2УКЛ 657.4}
Обврска за контролирање на мислите. – На проповедта на Гората Христос ги изложил пред Своите ученици далекусежните начела на Божјиот закон. Тој ги учел Своите слушатели дека законот се престапува со мислите пред некоја злонамерна желба да се спроведе во вистински чин. Ние сме обврзани да ги контролираме своите мисли и да ги доведеме во покорност на Божјиот закон. Благородните сили на умот ни се дадени од Бога за да ги ангажираме во размислување на небесните работи. Бог има направено изобилна подготовка за душата да може да прави постојан напредок во божествениот живот. Тој насекаде има поставено средства за да го потпомогне нашиот развој во знаењето и способностите.—The Review and Herald, June 12, 1888. {2УКЛ 658.1}
Природно неувежбаниот ум делува без возвишени побуди. – Природниот, себичен ум, ако се препушти на сопствените злонамерни желби, ќе делува без возвишени побуди, притоа не полагајќи внимание на Божјата слава или за добронамерноста на човештвото. Мислите ќе бидат злонамерни, и секогаш злонамерни… Божјиот Дух произведува нов живот во душата, доведувајќи ги мислите и желбите во покорност на Христовата волја. —The Review and Herald, June 12, 1888. (HC 113.) {2УКЛ 658.2}
Непријателот не може да ги чита мислите. – На непријателот на душите не му е допуштено да ги чита мислите на луѓето; но тој е внимателен набљудувач, и ги забележува зборовите; тој ги зема во предвид и постапките, и вешто ги прилагодува своите искушенија кон случаите на оние кои се ставени под негова сила. Кога би се труделе да ги потиснеме грешните мисли и чувства, на давајќи им место во говорот и постапките, сатаната би бил поразен; зашто во тој случај не би можел да ги подготвува своите посебни искушенија. Но колку често оние кои тврдат дека се христијани, поради недостаток на самоконтрола, му ја отвораат вратата на непријателот на душите.—The Review and Herald, March 22, 1887. (Selected Messages 1:122, 123.) {2УКЛ 658.3}
Мнозина мачени од лошите мисли. – Постојат мнозина кои навистина се вознемирени поради ниските, понижувачки мисли кои доаѓаат во умот и не е лесно да се спречат. Сатаната има зли ангели околу нас и иако не можат да ги читаат мислите на луѓето, тие внимателно пазат на нивните зборови и постапки. Сатаната ја искористува предноста на слабоста и карактерните мани кои така се откриваат и притиска со своите искушенија каде што постои најмала моќ на отпор. Тој создава зли сугестии и инспирира световни мисли, знаејќи дека на тој начин ќе ја доведе душата под осуда и ќе ја зароби. На оние кои се себични, световни, стиснати, горди, озборувачи, или оддадени кон клеветење на сите кои одгледуваат заблуди или карактерни мани, сатаната претставува попуштање на своето јас и ја наведува душата на колосек кој Библијата го осудува, но кој тој настојува да го направи привлечен. {2УКЛ 658.4}
За секој вид на искушение постои лек. Ние не сме препуштени самите на себе да водиме војна против себе и својата грешна природа во нашата ограничена сила. Исус е моќен помошник, поддршка која никогаш не изостанува… Умот мора да се зауздува, и не смее да му се дозволи да талка”.—The Review and Herald, April 8, 1884. {2УКЛ 659.1}
Единствена сигурност е во исправното мислење. – Потребно ни е постојано чувство на облагородувачка сила на чистите мисли и штетното влијание на лошите мисли. Да ги насочиме своите мисли на она што е свето. Нека тие бидат чисти и исправни, зошто единствена сигурност за секоја душа е во исправното мислење. Ние мораме да го употребиме секое средство кое Бог го ставил во нашиот домен за управување и култивирање на нашите мисли. Ние мораме да ги доведеме своите умови во склад со Неговиот ум. Неговата вистина ќе нѐ посвети, телото, душата и духот.—Letter 123, 1904. {2УКЛ 659.2}
Занимавање со површни работи. – Ние треба да настојуваме да ги сочуваме своите умови во таква состојба за да можеме да ги примиме впечатоците од Светиот Дух. Но оние кои дозволуваат нивните мисли постојано да се занимаваат со површни работи не можат да примат поголема светлина. Умот треба да се снабди со небесно благо, храна која ќе нѐ подготви за духовен раст, и на тој начин ќе не подготви за светото небо.—Manuscript 51, 1912. (Our High Calling, 284.) {2УКЛ 660.1
Подготовка за возвишени мисли. – Бог ја направил секоја подготовка по кој пат нашите мисли треба да се прочистат, издигнат, префинат и облагородат. Тој не само што ветил дека ќе нѐ очисти од секоја неправда, туку направил вистинска подготовка за снабдување со благодат која ќе ги издигне нашите мисли кон Него и ќе нѐ оспособи да ја цениме Неговата светост. Ние можеме да разбереме дека сме Христова сопственост и дека мораме да го покажеме Неговиот карактер на светот. Подготвени со небесната благодат, ние стануваме облечени со Христовата праведност, во свадбената облека, и подесни да седнеме на свадбената вечера. Ние стануваме едно со Христа, соучесници во божествената природа, очистени, префинети, подигнати и признати како Божји деца, Божји наследници и сонаследници со Исуса Христа.—The Youth’s Instructor, October 28, 1897. {2УКЛ 660.2}
Чувајте се од маѓепсаната почва на сатаната (совет до едно егоцентрично семејство)— Треба да се чувате за да не стапите на маѓепсаната почва на сатаната и не смеете да дозволите вашите умови да бидат одвоени од верноста кон Бога. Преку Христа треба и можете да бидете среќни, а и да се научите да владеете со себеси. Вие морате дури и вашите мисли да ги потчините на Божјата волја, а своите чувства на контролата на разумот и верата. Вам не ви е дадена моќта за мечтаење за целосно да ѝ се предадете без да ја дисциплинирате и контролирате. {2УКЛ 660.3}
Ако мислите се лоши и чувствата ќе бидат негативни, а чувствата и мислите го сочинуваат моралниот карактер. Ако мислите дека како христијани не сте обврзани да владеете со своите мисли и чувства и да ги контролирате, ќе потпаднете под влијание на злите ангели кои ќе дојдат и ќе завладеат со вас. Ако им дозволите на своите мисли и впечатоци да станат канали за сомнежи и огорчувања, ќе бидете најнесреќните смртници и вашите животи ќе бидат само една загуба.—5. Сведоштво за црквата, 310 (1885). {2УКЛ 660.4}
Совет на една млада жена поврзан со опасноста за ѕидање кули во воздух. – Треба да ги контролирате своите мисли. Ова нема да биде лесна задача, и ти не можеш да ја оствариш без темелен и дури жесток напор. Сепак Бог го бара тоа од тебе; тоа е должност која лежи на секое разумно суштество. Ти си одговорна пред Бога за своите мисли. Ако се оддадеш на празното фантазирање, дозволувајќи му на својот ум да се занимава со нечисти предмети, ти си, во одредена мерка, виновна пред Бога како мислите да се спроведени на дело. Она што го спречува делото е недостаток на прилика. {2УКЛ 661.1}
Фантазирањето дење и ноќе и градењето кули во воздух се лоши и крајно опасни навики. Кога еднаш ќе се зацврстат, скоро е невозможно да се раскине со тие навики и да се насочат мислите на чисти, свети и возвишени теми. Мора да станеш верен чувар над своите очи, уши, и над сите свои сетила за да го контролираш својот ум и да ги спречиш празните и расипани мисли што ја валкаат твојата душа. Единствено силата на благодатта може да ја изврши оваа сакана задача. Ти си слаба во тој правец.—2. Сведоштво за црквата, 561 (1870). {2УКЛ 661.2}
Да се потисне злото со добро. – Родителите можат да одберат, ако сакаат, дали или не умовите на нивните деца ќе бидат исполнети со чисти и свети мисли и чувства, но нивниот вкус мора да се дисциплинира и воспитува со најголемо внимание. Тие мора рано да почнат да го отвораат Светото писмо пред детските умови кои се развиваат за да се формираат исправни навики и вкусови… Елементите на злото не можат поинаку да се искоренат освен со внесување на храна за чисти, хомогени мисли.—The Review and Herald, November 9, 1886. (HC 202.) {2УКЛ 661.3}
Да се одбегнува негативното размислување. – Бидејќи не сме свои, бидејќи сме откупени скапо, должност на сите кои исповедаат христијанство е да ги држат своите мисли под контрола на разумот и да се обврзат дека ќе бидат ведри и среќни. Било колку да е горчлива нивната причина за жалост, тој треба да култивира дух на мир и сигурност во Бога. Мирот кој е во Исуса Христа, мирот Христов, колку драгоцено, колку исцелувачко е неговото влијание, колку ја смирува обременетата душа! Колку и да се темни неговите изгледи, нека негува дух на надеж за добро. Додека со потиштеност ништо не се добива, многу се губи. Додека ведрината и тивката смиреност и мирот ќе ги направи другите среќни и здрави, тоа ќе биде значително од најголема корист за него самиот. Тагата и говорењето за непријатните работи ги охрабрува непосакуваните глетки, предизвикувајќи непосакувани ефекти. Бог сака сето ова да го заборавиме да не гледаме доле, туку горе и горе!—Letter 1, 1883. {2УКЛ 662.1}
Опасност од занимавање со земни работи. – Ако вашите мисли, вашите планови, вашите намери се насочени кон трупање на земни работи, вашата грижа, вашето проучување, вашиот интерес, ќе бидат сосема сосредоточени со светот. Небесните привлечности ќе ја изгубат својата убавина… Вашето срце ќе биде со вашето богатство… Нема да имате време да се посветите на проучување на Светото писмо и на сериозната молитва за да ги одбегнете стапиците на сатаната.—The Review and Herald, September 1, 1910. (HC 200.) {2УКЛ 662.2}
Менување на образецот на размислување. – Кога на умот ќе му се допушти долго да се занимава со земните работи, многу е тешко да се променат навиките на размислување. Она што очите го гледаат и ушите го слушаат премногу често го привлекува вниманието и го преокупира интересот. Но ако сакаме да влеземе во Божјиот град и да го видиме Исуса и Неговата слава, мораме да се навикнеме да Го набљудуваме со окото на верата уште овде. Зборовите и карактерот Христов треба да бидат често предмет на нашето размислување и разговори, и секој ден посебно да се посвети одредено време за молитвено размислување на светите теми.—The Review and Herald, May 3, 1881. (The Sanctified Life, 91, 92.) {2УКЛ 662.3}
Повозвишен степен на размислување. – Човекот се побунил против Бога и од тогаш секогаш тежнеел за правење на сопствени шеми правејќи што му се допаѓа во насока на достигнување на успех и осигурување среќа. Но кога и да настојувал својот ум да го исполни со некои други објекти спротивни од Бога, секогаш бил разочаран. Севкупно земено, мора да постои еден поголем степен на размислување, било каква студија, поголеми цели кои треба да се постигнат од оние коишто сте ги имале во минатото. Нередот и несовршенството на човечките зборови и човечкиот карактер единствено може да го обнови Господ Исус Христос. Тогаш, Тој треба да биде предмет на вашето размислување, тема на вашите разговори. Вие севкупно мора да имате повозвишено покажување на мислите и акцијата за да го разберете големиот план на откупување.—Manuscript 13, 1897. {2УКЛ 663.1}
Законот на мислите и чувствата. – Закон на природата е нашите мисли и чувства да се поттикнуваат и јакнеат ако им дадеме израз. Додека зборовите изразуваат мисли, исто така е вистина дека мислите ги следат зборовите.—Здравје и среќа, 251, 252 (1905). {2УКЛ 663.2}
Кон комплетноста на карактерот. – Животот на христијанинот ќе се открие со христијански мисли, христијански зборови и христијанско однесување. Во Христа се наоѓа божествената комплетност на карактерот.—Letter 13a, 1879. (HC 184.) {2УКЛ 663.3}
Нов прилив на сила. – Оние кои ја посветуваат душата, телото и духот на Бога, чистејќи ги своите мисли преку послушност на Божјиот за кон, постојано ќе добиваат нов дар на физичка и ментална сила. Во срцето ќе постои копнеж за Бога и сериозна молитва за јасна проникливост да се воочи службата и делото на Светиот Дух. Не е наше да го користиме Него, туку Светиот Дух да нѐ употреби нас, да ја обликува и дотера секоја сила.—Testimonies on Sabbath-School Work, 106. (Counsels on Sabbath School Work, 40.) {2УКЛ 663.4}
Тој треба да се обучува да се занимава со Светото писмо и со благородните, возвишени теми. Делови на Светото писмо, дури и цели поглавја, можат да се научат напамет, за да се повторат кога сатаната ќе влезе со своите искушенија… Кога сатаната ќе го наведе умот да се занимава со земни и сетилни работи, тој најуспешно се одбива со зборовите од Светото писмо: „Пишано е“.
