Ум, карактер и личност
Умот и духовното здравје
Плодови на духовниот живот. – Духовниот живот на имателот му донесува она што целиот свет го бара, а што никогаш нема да го стекне без потполно потчинување кон Бога.—Letter 121, 1904. {2УКЛ 404.1}
Телото, умот и душата профитираат од заедницата со Бога. – Во знаењето за Бога секое вистинско знаење и вистински развој има свој извор. Каде и да се свртиме, кон физичкото, менталното или духовното подрачје; во што и да гледаме, освен разорувањето на гревот, се открива ова знаење. Било какво истражување да преземеме, со искрена намера да дојдеме до вистината, доаѓаме во допир со таа невидлива, моќна Интелигенција која дејствува во сѐ и низ сѐ. Човековиот ум доаѓа во заедница со Божјиот ум, ограничениот со Неограничениот. Резултатот од таквата заедница на телото и умот и душата е немерлив.—Воспитување, 14 (1903). {2УКЛ 404.2}
Љубовта кон Бога е важна за здравјето. – Бог е голем чувар на човечката машинерија. Во грижа за своето тело ние мораме да соработуваме со Него. Љубовта кон Бога е суштинска за животот и здравјето.—Special Testimonies, Seria A 15:18, 3 aprilie, 1900. (Counsels on Health, 587.) {2УКЛ 404.3}
Здравјето на телото е важно за здравјето на душата. – Бог треба да го признаеме како Автор на нашето битие. Со животот кој ни го дал не треба да си играме. Непромисленоста во телесните навики ја открива непромисленоста на моралниот карактер. Здравјето на телото мораме да го сметаме за важно во напредувањето на растот во благодатта и смирениот темперамент.—Manuscript 113, 1898. {2УКЛ 405.1}
Добрите дела го унапредуваат здравјето. – Добрите дела се двоен благослов, тие се корисни и за дарителот и за примателот на љубезноста. Свеста за правилното постапување е еден од најдобрите лекови за заболените тела и умови. Кога умот е слободен и среќен заради чувство на добро извршена должност и задоволство заради донесување на среќа на другите, веселото, подигнувачко влијание носи нов живот на целото битие.—Здравје и среќа, 257 (1905). {2УКЛ 405.2}
Побожноста во хармонија со законите на здравјето. – Оние кои чекорат по патеката на мудроста и светоста откриваат дека „побожноста е корисна за сите, зашто има ветување за сегашниот живот и идниот живот“ (1. Тимотеј 4:8). Тие можат да ги уживаат вистинските животни задоволства и не се вознемируваат со празно жалење за погрешно поминати часови ниту мрачни претчувства, како што често се случува кај световните луѓе кои не се преокупирани со возбудливи забави. Побожноста не се судира со законите на здравјето туку е во склад со нив. Стравот Господов е темел на секој вистински просперитет.—Christian Temperance and Bible Hygiene, 14, 1890. (Counsels on Health, 29.) {2УКЛ 405.3}
Постојаната борба против злите мечтаења. – Секој кој сака да биде соучесник во божествената природа нека го цени фактот дека мора да и побегне на расипаноста која е во светот преку похота. Мора да постои непрекината, сериозна борба против злите мечтаења на умот. Мора постојано да постои одлучно одбивање на искушенијата за грев во мислите или делата. Душата мора да се чува од секоја дамка, низ верата во Оној Кој може да ве сочува од паѓање. {2УКЛ 405.4}
Ние треба да размислуваме за Светото писмо, трезвено и отворено да размислуваме за она што е врзано за нашето спасение. Исусовата бесконечна милост и љубов, жртвата поднесена во наша корист, повикува на најсериозно и најсвечено размислување. Ние треба да се занимаваме со карактерот на нашиот драг Откупител и Посредник. Треба да настојуваме да го сфатиме значењето на планот на спасението. Треба да размислуваме за мисијата на Оној Кој дојде да го спаси Својот народ од неговите гревови. Постојаното размислување за небесните теми ќе направи нашата вера и љубов да растат и зајакнуваат.—The Review and Herald, June 12, 1888, {2УКЛ 406.1}
Штетата причинета на здравјето ја слабее моралната сила. – Сето она што му штети на здравјето не само што ја намалува физичката крепост туку тежнее и кон слабеење на менталната и моралната сила.—Здравје и среќа, 128 (1905). {2УКЛ 406.2}
Бидејќи умот и душата доаѓаат до израз преку телото, и менталната и духовната крепост во голема мера зависат од физичката сила и активност; и сето она што го унапредува физичкото здравје го унапредува и развојот на силниот ум и добро урамнотежениот карактер.—Воспитување, 195 (1903). {2УКЛ 406.3}
Телото посредник за умот и душата. – Телото е најважен медиум преку кој се развиваат умот и душата во изградбата на карактерот. Затоа тука непријателот на душите ги насочува своите искушенија за да ја ослаби и деградира физичката сила. Неговиот успех овде често значи предавање на целото битие на злото. Склоностите на физичката природа, доколку не се под управа на возвишените сили, сигурно ќе произведат пропаст и смрт. Телото мора да се подреди под управа на возвишените сили на битието. Страстите мора да се контролираат од волјата, која самата мора да биде под Божја контрола. Царската сила на разумот, посветена преку Божјата благодат, треба да владее во животот. {2УКЛ 406.4}
Интелектуалната моќ, физичката издржливост и должината на животот, зависат од непроменливите закони. Преку послушноста на овие закони, човекот може да стане победник над себе, победник над своите склоности, победник над царството и силата, „управителите на темнината на овој свет и духовната пакост под небото“ (Ефесјаните 6:12).—Пророци и цареви, 488, 489 (1917). {2УКЛ 406.5}
Животната енергија се пренесува на умот преку мозокот. – Господ би сакал умовите да бидат бистри и изострени, способни да ја воочат суштината на Неговата реч и служба, вршејќи ја Неговата волја, зависејќи од Неговата благодат, внесувајќи во Неговото дело чиста совест и благодарен ум. Ваквата радост ја подобрува циркулацијата на крвта. Животната енергија се пренесува на умот преку мозокот; заради тоа мозокот никогаш не треба да затапува со употреба на наркотици или да се возбудува со користење на стимуланси. Мозокот, коските и мускулите мора да бидат доведени во хармонична активност за сите да можат да работат како добро подесена машина, каде секој дел ќе дејствува хармонично и ниеден нема да биде преоптоварен.—Letter 100, 1898. {2УКЛ 407.1}
Лошото варење го прави верскиот живот неизвесен. – Начелата на здравствената реформа треба да се воведат во животот на секој христијанин. Мажите и жените кои не ги почитуваат овие правила не можат да му понудат на Бога чиста, енергична посветеност бидејќи желудникот со лошо варење или млитавиот црн дроб го прават верскиот живот неизвесен. {2УКЛ 407.2}
Јадењето месо од мртви животни има штетна последица по духовноста. Кога месото ќе стане главен продукт во исхраната, возвишените способности стануваат надвладеани од ниските страсти. Ова е соблазна за Бога и причина за опаѓање на духовниот живот.—Letter 69, 1896. {2УКЛ 407.3}
Правилното дејствување е најдобар лек. – Свеста за чинењето на она што е право е најдобар лек за болните тела и умови. На примателот почива посебен Божји благослов во здравје и сила. Личноста чиј ум е спокоен и задоволен во Бога е на пат кон здравје… {2УКЛ 407.4}
Има и такви кои не чувствуваат дека верска должност им е да го дисциплинираат умот да се занимава со ведри предмети, за да можат да одразуваат светлина, а не мрак и темнина. Оваа класа на умови ќе биде вклучена во барање на сопствено задоволство, во површни разговори, смеење и шегување, и умот постојано ќе се воодушевува со круг на забави; или ќе бидат потиштени, имајќи големи неволји и ментални конфликти, за кои тие мислат дека малкумина ги имаат пробано или можат да ги разберат. Овие лица можат да исповедаат христијанство, но тие ги ма мат сопствените души. Тие ја немаат вистинската компонента.—The Health Reformer, March, 1872. {2УКЛ 407.5}
Работете како за душата така и за телото. – Нашите здравствени работници треба да прават сѐ што е во нивна моќ во лечењето на болестите на телото а исто така и болестите на умот. Тие мораат да стражарат и да се молат и работат, донесувајќи како духовни, така и физички предности на оние за кои работат. Докторот во еден од нашите санаториуми кој е вистински Божји слуга има многу интересна задача која треба да ја направи за секое човечко суштество кое страда, со кое тој доаѓа во контакт. Тој не смее да пропушти ниту една прилика на душите да им укаже на Христа, Големиот Исцелител на телото и умот. Секој доктор треба да биде вешт работник во Христовите методи на работа. Не треба да слабее интересот за духовното, или силата со која умот го држи насочен кон Големиот Лекар ќе се одврати.—Letter 223, 1905. {2УКЛ 408.1}
Лекар кој се занимава со пореметени умови и срца. – На лекарот му е потребно повеќе од човечка мудрост да знае како да им служи и како да се однесува кон бројните сложени случаи на болести на умот и срцето за кои е повикан да се занимава. Ако ја занемари силата на Божјата благодат, тој не може да им помогне на несреќните, но ќе го зголеми проблемот; но ако цврсто се потпре на Бога, ќе биде во состојба да му помогне на болниот, пореметен ум. Тој ќе биде во состојба да ги упати своите пациенти кон Христа и да ги научи сите свои грижи и потешкотии да му ги предадат на Големиот Носител на Бремето.—5. Сведоштво за црквата, 444 (1885). {2УКЛ 408.2}
Христос го просветлува умот. – Лекарот никогаш не смее да ги наведе своите пациенти да го насочуваат своето внимание на него. Тој мора да ги научи да се фатат со трепеливата рака на верата за Спасителовата испружена рака. Тогаш умот ќе биде просветлен со светлина која зрачи од Светлината на светот.—Letter 120, 1901. {2УКЛ 409.1}
Вистината има смирувачка моќ. – Смирувачката моќ на чистата вистина која се запазува, дејствува и се одржува во сите свои односи има вредност која ниеден јазик не може да ја изрази кон луѓето кои страдаат од некоја болест. Пред болниот кој пати секогаш држете го Христовото сочувство и нежност, и пробудете ја нивната совест на вера во Неговата сила да го олесни страдањето, и водете ги кон вера и доверба во Него, Големиот Исцелител, и сте ја здобиле душата, а честопати и животот.—Letter 69, 1898. (Medical Ministry, 234, 235). {2УКЛ 409.2}
Вистинската вера помага во обновување на здравјето (зборови упатени на гостите во санаториумот присутни на службата во локалната црква). – Христос е нашиот Голем Лекар. Многу мажи и жени доаѓаат во оваа здравствена установа, (санаториумот Св. Елена) со надеж дека ќе примат третман кој ќе го продолжи нивниот живот. Тие се изложуваат на големи страдања за да дојдат ваму. {2УКЛ 409.3}
Зошто секој кој дошол во санатариумот за физичка помош не дојде и кај Христа за духовна помош? Зошто не би можеле вие, браќа и сестри мои, да ја потхранувате надежта дека ако го прифатите Христос, Тој ќе ги додаде Своите благослови на орудијата кои би се активирале за обновување на вашето здравје? Зошто да немате вера дека Тој ќе соработува со вашите напори за оздравување, затоа што Тој сака да оздравите? Тој сака да имате бистар мозок за да можете да ги цените небесните стварности; Тој сака вие да имате здрави тетиви и мускули за да можете да го прославите Неговото име, користејќи ја својата сила во Неговата служба.—Manuscript 80, 1903. {2УКЛ 409.4}
Совет од една личност која била склона на меланхолични чувства. – Твоја должност е да се бориш против тешките мисли и меланхолични чувства, исто како што ти е должност да се молиш. Должност ти е да им пружиш отпор на непријателските орудија, цврсто да го зауздаш својот јазик како и своите мисли. Од сите моменти во твојот живот кога ти е потребна мера на благодат, тоа е кога чувствителните, воспалени органи за варење се на работа, а ти си загрижен и уморен. {2УКЛ 409.5}
Може ова ќе те изненади, но да бидеш постојано раздразлив и да ги раздразнуваш другите со своето изнаоѓање на мани и жалосно размислување тоа е како еден вид на користење на лош јазик во гнев (еден вид на пцуење). Овие напади на лошо варење создаваат неволји, но цврсто држи ги уздите дека нема да користиш лош јазик во гнев кон оние кои ти се најдобри пријатели или оние кои ти се непријатели.—Letter 11, 1897. {2УКЛ 410.1}
Уверување во Божјото одобрување. – Уверувањето за Божјото одобрување ќе го подобри физичкото здравје. Тоа ја утврдува душата против сомнежот, збрканоста и претераната болка која толку често ја поткопува животната сила и донесува нервни болести од најослабувачки и најпотресен карактер. Господ го дал Својот сигурен збор дека Неговото око ќе биде над праведните и Неговото уво ќе биде отворено за нивните молитви. —Life Sketches of Ellen G. White, 270, 271 (1915). {2УКЛ 410.2}
Врска помеѓу гревот и болеста. – Постои божествено одредена врска помеѓу гревот и болеста. Ниеден лекар не може да работи ниту еден месец, а да не го види ова илустрирано. Тој може да го игнорира тој факт; неговиот ум може да биде толку преокупиран со други работи и да не обрне внимание на тоа; но доколку набљудува и е чесен, тој нема да може, а да не признае дека гревот и болеста меѓусебно се однесуваат како причина и последица. Лекарот ова треба веднаш да го забележи и да постапи во склад со тоа сознание. {2УКЛ 410.3}
Кога ќе ја стекне довербата на несреќните, олеснувајќи им ги страдањата и враќајќи ги од работ на смртта, може да ги поучува дека болеста е последица од гревот и да настојува дека непријателот е оној кој сака да ги намами на дела кои се погубни за здравјето и душата. Тој може да ги импресионира нивните умови со потребата за откажување од себеси и за послушност на законите на животот и здравјето. Тој особено може да вметне правилни начела во умовите на младите. {2УКЛ 410.4}
Бог ги сака Своите созданија со љубов која е и нежна и силна. Тој ги востановил природните закони, но Неговите закони не се закони на самоволно изнудување. Секое „Немој,“ било во физичкиот или моралниот закон, содржи или имплицира ветување. Ако човекот му се покорува, благослови ќе ги пратат неговите чекори; ако не, последица од тоа ќе биде опасност и несреќност. Божјите закони се осмислени за да го доведат Неговиот народ поблиску до Него. Тој ќе ги спаси од зло и ќе ги води кон добро ако сакаат да бидат водени, но никогаш нема да ги присилува. Ние не можеме да ги сфатиме Божјите планови, но мораме да му веруваме и да ја покажуваме својата вера преку нашите дела.—5. Сведоштво за црквата, 444, 445 (1885). {2УКЛ 411.1}
Евангелието е лек за болести чија причина е гревот. – Кога евангелието се прима во неговата чистота и сила, тоа е лек за болеста која произлегува од гревот. Сонцето на праведноста се појавува „со исцелување во Неговите крилја“ (Малахија 4:2). Даровите на овој свет воопшто не можат да излечат едно скршено срце, или да дадат мир на умот или да ја отстранат грижата, или да ја изгонат болеста. Славата, генијалноста, талентот – сѐ е тоа немоќно да го зарадува тажното срце или пак да го обнови потрошениот живот. Животот од Бога во душата е единствената надеж за човекот.—Здравје и среќа, 115 (1905). {2УКЛ 411.2}
Целото небо е полно со здравје. – Гледиштето кои многумина го застапуваат дека духовноста е штетна по здравјето претставува вешто лукавство на сатаната. Библиската религија не е штетна ниту за здравјето на телото ниту за здравјето на умот. Влијанието на Божјиот Дух воглавном е и најдобриот лек за болеста. Целото небо е полно со здравје; и колку подлабоко ќе се сфати небесното влијание, толку посигурно ќе биде оздравувањето на инвалидите кои веруваат. Вистинските христијански начела отвораат пред сите извор на непроценлива среќа. Религијата е постојан извор од кој секој христијанин може да пие до мила волја и кој никогаш нема да пресуши.—Christian Temperance and Bible Hygiene, 13, 1890. (Counsels on Health, 28.) {2УКЛ 411.3}
Религијата е вистинската наука за исцелување. – Религијата е начело на срцето, а не магичен збор или трик на умот. Гледајте само на Исуса. Тоа е твоја единствена надеж и единствена надеж за твојот сопруг за да се здобиете со вечен живот. Ова е вистинската наука за исцелување на телото и душата. Умот не смее да биде насочен кон кое и да било човечко суштество, туку само кон Бога.—Letter 117, 1901. {2УКЛ 412.1}
Љубовта кон Откупителот чисти од загадената атмосфера. – Умот е замаглен од телесната маларија. Потребно е да се исчистат мислите. Што би биле мажите и жените кога би сфатиле дека третирањето на телото има многу заедничко со крепоста и чистотата на ум и срцето. {2УКЛ 412.2}
Вистинскиот христијанин стекнува искуство кое донесува светост. Тој е без никакви дамки на вина врз совеста или дамка на расипаноста врз душата. Тој ја внесува во својот живот духовноста на Божјиот закон, со неговите ограничувачки начела. Светлината на вистината го осветлува неговото разбирање. Пламенот на совршената љубов кон Откупителот ја чисти загадената атмосфера која се поставила меѓу неговата душа и Бога. Божјата волја станува и негова волја – чиста, воздигната, префинета и посветена. Неговиот израз на лицето ја открива небесната светлина. Неговото тело е погоден храм за Светиот Дух. Светоста го краси неговиот карактер. Бог може да општи со него, затоа што душата и телото се во хармонија со Бога. .—Letter 39, 1898. (The S.D.A. Bible Commentary 7:909.) {2УКЛ 412.3}
Христовата љубов е животворна сила. – Љубовта која Христос ја шири низ целото битие е животворна сила. Секој витален дел мозокот, срцето, нервите – ги допира со исцелување. Преку неа најголемата животна енергија се пробудува на активност. Таа ја ослободува душата од вина и тага, загриженост и грижа, кои ја кршат животната сила. Со неа доаѓа мирот и спокојството. Таа всадува во душата радост која ништо земно не може да ја разруши радост во Светиот Дух радост која дава здравје и живот.—Здравје и среќа, 115 (1905). {2УКЛ 412.4}
