Влијание на телото врз умот

Ум, карактер и личност

Влијание на телото врз умот

Сподели го ова:

Близок однос помеѓу умот и телото. – Постои близок однос помеѓу умот и телото, и за да постигнеме висок стандард на морално и интелектуално достигнување, мора да се обрне внимание на законите кои го контролираат нашето физичкото битие.—Патријарси и пророци, 601 (1890). {2УКЛ 380.1}

Менталниот напор под влијание на физичката крепост. – Ние треба да настојуваме да ја сочуваме целата крепост на сите свои сили за да можеме да го извршиме делото кое е пред нас. Сето она што ја намалува физичката способност го слабее и менталниот напор. Затоа секоја навика која му штети на здравјето на телото треба одлучно да се избегнува. {2УКЛ 380.2}

Големиот апостол рекол: „Туку го совладувам своето тело и го потчинувам, та јас кој им проповедав на другите, да не бидам самиот отфрлен”. Ние не можеме да ја сочуваме посветеноста на Бога, а сепак да го нарушиме здравјето преку своеволно попуштање на лошите навики. Самоодрекувањето е  еден од условите, не само за влегување во служба на Христа туку и за опстанокот во неа. Самиот Христос ги објавил, на непогрешлив јазик, условите да се биде Негов ученик: „Ако некој сака да оди по Мене, нека се откаже од себеси, нека го земе својот крст, и нека оди по Мене”. {2УКЛ 380.3}

Сепак, колку многу од оние кои се нарекуваат христијани се без волја да манифестираат самоодрекување, дури и поради Христа. Колку често е посилна љубовта кон некоја погубна попустливост од желбата за здрав ум и здраво тело. Драгоцените часови на проба (милост) и од Бога дадените средства се потрошени, за да му се угоди на окото или да се задоволи апетитот. Обичајот држи илјадници во ропство на земното и телесното. Многумина се робови по своја волја; тие не посакуваат подобар дел во животот.—The Signs of the Times, June 1, 1882. {2УКЛ 381.1}

Моќ за правење разлика помеѓу правилното и грешното. – Сѐ она што ја намалува физичката сила, го слабее умот и го прави помалку способен да прави разлика помеѓу правилното и грешното.—Христовите очигледни поуки, 346 (1900). {2УКЛ 381.2}

Лошите навики донесуваат изобличени замисли. – Брате ____, премногу си зафатен сам со себе. Ти многу работи ги гледаш во изопачена светлина. Се сомневаш во луѓето, имаш голема недоверба и љубомора, и нагодуваш зло. Ти мислиш дека секој еден е решен да те упропасти. Многу од овие искушенија потекнуваат од тебе. Исконструира многу работи како однапред смислени да ти наштетат, додека тоа е далеку од реалната вистина. Ти си правиш самиот на себе најголема штета со сопствениот погрешен правец. {2УКЛ 381.3}

Самиот за себе си најголем непријател. Твоите лоши навики создаваат нарамномерна циркулација на крвта и ја насочуваат крвта кон мозокот, и тогаш сѐ гледаш во изопачена светлина. Ти си брз и избувлив, и немаш негувано самоконтрола. Твојата волја и твојот пат ти изгледаат исправни. Но доколку не ги согледаш овие дефекти во твојот карактер и не ја измиеш својата облека и ја обелиш во крвта на Јагнето, сигурно нема да го достигнеш вечниот живот. Ти ја сакаш теоријата на вистината, но не дозволуваш таа да ти го посвети животот. Во своето секојдневно однесување ти не ги спроведуваш начелата на вистината која ја исповедаш.—Letter 27, 1872. {2УКЛ 381.4}

Физичките навики влијаат на мозокот. – Мозокот е тврдина на битието. Лошите физички навики влијаат на мозокот и спречуваат постигнување на она што го посакуваат учениците  добра ментална дисциплина. Доколку младите не се упатат на тоа како да се грижат за своето тело и ум, нема да бидат успешни ученици. Учењето не е примарна причина за падот на менталната моќ. Главната причина е  неправилна исхрана, нередовни оброци, недостаток на физички вежби и безгрижно невнимание кон другите аспекти на законите на здравјето. Кога правиме сѐ што можеме да го сочуваме здравјето, тогаш можеме да побараме со вера од Бога да ги благослови нашите напори.—Counsels to Parents, Teachers, and Students, 299 (1913). {2УКЛ 381.5}

Петар и односот меѓу телото и умот. – Апостол Петар го разбрал односот помеѓу телото и умот и го подигнал својот глас да ги предупреди браќата: „Возљубени, ве молам, како туѓинци и придојденици, да се воздржувате од телесните похоти, кои војуваат против душата”. Многумина гледаат на овој текст само како предупредување против разузданоста; но тој има пошироко значење. Тој забранува секакво штетно задоволување на апетитот или страстите. Секоја изопачена желба за јадење станува желба која војува против душата. Апетитот ни е даден за добро, а не за да стане служител на смртта, станувајќи изопачен, дегенерирајќи се така во „похот која војува против душата”. [Види следна глава, „Исхраната и умот”.]—Christian Temperance and Bible Hygiene, 53, 54, 1890. (Совети за животот и исхраната, 166, 167.) {2УКЛ 382.1}

Злоупотребата на физичките сили доведува до неурамнотеженост на нервниот систем.  – Злоупотребата на нашите физички сили го скратува времето во кое нашите животи можат да се користат за слава на Бога. Тоа нѐ онеспособува да ја извршиме задачата која Бог ни ја дал. Дозволувајќи си себеси да формираме лоши навики, останувајќи до доцни часови, задоволувајќи го апетитот по цена на здравјето, ние поставуваме темел за слабост. Занемарувајќи ги физичките вежби, преоптоварувајќи го телото или умот, ние придонесуваме за неурамнотеженост на нервниот систем. {2УКЛ 382.2}

Оние кои така ги скратуваат своите животи и се онеспособуваат за служба со запоставување на природните закони виновни се за кражба кон Бога. Исто така тие ги крадат и своите ближни. Шансата да бидат благослов на другите, одредената задача за која Бог ги пратил на овој свет, преку нивниот сопствен начин на постапување е скратена. – Тие се онеспособени да го направат дури и она што можеле да го направат за пократок временски период. Господ нѐ смета за виновни кога на тој начин со своите лоши навики го лишуваме светот од добро.—Христовите очигледни поуки, 346, 347 (1900). {2УКЛ 382.3}

Безделничењето ја слабее силата на мозокот. – Причина зошто младите имаат толку мала сила на мозокот и мускулите е тоа што премалку се зафатени со корисна работа. „Еве ги беззаконијата на твојата сестра Содом: горделивост, изобилство на леб и премногу безделништво имаше кај неа и ќерките нејзини, а не помагаа на сиромашните и бедните. Се возгордеаја и правеа гнасотии пред Мене, затоа ги сотрев како што виде“ (Езекиел 16:49, 50).—4. Сведоштво за црквата, 96 (1876). {2УКЛ 383.1}

Физичката работа го релаксира умот. – На целиот систем му треба освежителното влијание на вежбите на свеж воздух. Неколку часови на физичка работа секој ден ќе тежнее кон обновување на крепоста на телото, ќе го одмори и релексира умот.—4. Сведоштво за црквата, 264, 265 (1896). {2УКЛ 383.2}

Капењето го освежува телото и умот. – Било човек да е болен или здрав, дишењето е послободно и полесно ако човекот се бања. Со тоа мускулите стануваат пофлексибилни, умот и телото подеднакво освежени, разумот побистар и секоја способност пожива.—3. Сведоштво за црквата,  70 (1872). {2УКЛ 383.3}

Одморот наспроти стимулансите. – Лошите физички навики му штетат на мозокот, и целиот систем станува растроен. Може да се стори напор во смисла на поттикнување на уморните нерви со земање на стимуланси, но тоа нема да го реши проблемот. {2УКЛ 383.4}

Доколку не се направи одлучна промена, доколку не дојде до разумно спознавање на потребата за давање одмор на мозокот наместо стимуланси, човекот ќе ја изгуби самоконтролата и ќе го обесчести Божјото дело.—Letter 205, 1904.{2УКЛ 383.5}

Мирен одмор на умот. – Ние би требало повеќе време да посветиме на понизна, сериозна молитва кон Бога за мудрост своите деца да ги воспитаме во грижата и науката Господова. Здравјето на умот зависи од здравјето на телото. Како христијански родители, должни сме да ги обучиме своите деца во согласност со законите на животот. {2УКЛ 384.1}

Во Христа тие ќе стекнат сила и надеж, и нема да ги мачи незгаслива желба за нешто што го одвратува умот и го задоволува срцето. Тие го нашле Скапоцениот Бисер и умот спокојно им почива. Нивните задоволства се од чист, воздигнат, небесен карактер. Тие немаат болни мисли, немаат грижа на совеста. Таквите задоволства не го слабеат телото или го исцрпуваат умот, туку им даваат здравје и сила… {2УКЛ 384.2}

Жителите на небото се совршени, бидејќи Божјата волја е нивна радост и најголемо уживање.—Недатирано Manuscript 93. {2УКЛ 384.3}

Сподели го ова:

Поврзани статии