Љубов и сексуалност во човечкото искуство

Ум, карактер и личност

Љубов и сексуалност во човечкото искуство

Сподели го ова:

ЉУБОВ И СЕКСУАЛНОСТ ВО ЧОВЕЧКОТО ИСКУСТВО

Напомена: Елена Вајт живеела и работела во времето кога владеела голема воздржаност во јавните говори или во пишувањето за сексот и сексуалните односи помеѓу мажот и жената. {1УКЛ 218.1}

А. ПОЗИТИВНО

(Зборови на охрабрување и совети)

Исус и семејниот однос. – Исус не го наметнал целибатот на било која класа на луѓе. Тој не дошол да го разори светиот брачен однос туку да го воздигне и обнови до неговата првобитна светост. Тој со задоволство гледал на семејниот однос каде што владее света и несебична љубов.— Manuscript 126, 1899. (Адвентен дом, 121.) {1УКЛ 220.4}

Тој (Христос) одредил мажите и жените да живеат заедно во свет брак, да подигнуваат семејства чии членови, крунисани со чесност, ќе бидат препознавани како членови на небесното семејство.—Здравје и среќа, 356 (1905). {1УКЛ 220.5}

Божјата цел остварена во бракот. – сите кои ќе влезат во брачна заедница со света цел – сопругот да се здобие со чистата љубов на женското срце, жената да го омекне, подобри и да му даде комплетност на карактерот на својот сопруг – ја исполнуваат Божјата цел за себе.— Manuscript 16, 1899. (Адвентен дом, 99.) {1УКЛ 220.6}

Предноста на брачниот однос. – Тие (христијаните кои се во брак) треба сериозно да го разгледаат исходот на секоја привилегија во брачниот однос, и посветеното начело треба да биде основа на сите постапки.—2. Сведоштво за црквата, 380 (1870). {1УКЛ 221.1}

[She wrote of] “the fortifications preserving sacred the privacy and privileges of the family relation”.—2. Сведоштво за црквата, 90 (1868). {1УКЛ 221.2}

Време кога склоностите можат да бидат ослободени. – Склоностите на младоста треба да бидат воздржани до доаѓањето на периодот кога доволната зрелост и искуство ќе овозможат достоинство и сигурност во нивното ослободување.—AM 8, 1864. (Messages to Young People, 452.) {1УКЛ 221.3}

Опасност од премин од дозволено во  претерано. – Нема ништо погрешно во самото јадење или пиење или во бракот и стапувањето во брак. Беше дозволено да се стапува во брак во Ноево време, дозволено е стапувањето во брак и денес, ако сето она што е дозволено исправно се третира и не преминува во грешна неумереност… {1УКЛ 221.4}

Во Ноево време непосветената, неумерена љубов која самата по себе е дозволена доколку правилно се искажува, беше токму она што го направи бракот да биде грешен пред Бога. Во денешно време во светот постојат многумина кои ги губат своите души станувајќи задлабочени, размислувајќи за бракот и за самиот брачен однос… {1УКЛ 221.5}

Бог ги создаде луѓето во светот, и нивна предност е да се хранат, пијат, тргуваат, живеат во брак и да се венчаваат; но сето ова е сигурно ако се прави во Божји страв. Ние треба да живееме на овој свет сметајќи на вечниот живот.—The Review and Herald, September 25, 1888. {1УКЛ 221.6}

Бракот не преставува дозвола за ослободување на похотните страсти. – Сосема малку се оние кои чувствуваат верска должност да владеат со своите страсти. Тие склучуваат брак со предметот на својот избор и затоа сметаат дека бракот го одобрува оддавањето на ниските страсти. Дури и мажите и жените кои исповедаат побожност им даваат слобода на блудните страсти не ни помислувајќи дека Бог ги смета одговорни за злоупотребување на животната енергија, што ја слабее нивната животна потпора и го исцрпува целиот систем. {1УКЛ 221.7}

Брачниот завет ги покрива и најцрните гревови. – Мажите и жените кои исповедаат побожност ги уништуваат своите тела препуштајќи им се на ниските страсти понижувајќи се на тој начин под нивото на животните. Тие ги злоупотребуваат силите што Бог им ги дал за да ги чуваат во светост и достоинство. Здравјето и животот се жртвуваат на олтарот на ниските страсти. Повозвишените, благородни сили им се подредуваат на животинските склоности. Оние што грешат на тој начин не се запознати со исходот на својот пат.—2. Сведоштво за црквата, 472 (1870). {1УКЛ 222.1}

Чувствителна рамнотежа помеѓу љубовта и похотните страсти. – Она што го поттикнува човекот да направи од жената орудие во служба на своите страсти не е чиста љубов. Животинските страсти се оние кои гласно бараат попуштање. {1УКЛ 222.2}

Колку малку луѓе ја покажуваат својата љубов на начин што го опишува апостол Павле: „Како што и Христос ја возљуби црквата и се предаде Сам Себеси за неа, за да ја освети и очисти; … за да биде света и непорочна“ (Ефесјаните 5:2527). Ова е особина на љубовта во брачните односи која Бог ја признава за света. {1УКЛ 222.3}

Љубовта е  чисто и свето начело, но похотната страст не дозволува ограничувања, не слуша наредби и не дозволува да биде под контрола на разумот. Таа е слепа за последиците; таа не размислува од причината кон последицата. {1УКЛ 222.4}

Многу жени страдаат од големи слабости и постојани болести заради непочитување на законите на нивното битие; природните закони се погазуваат. Мажите и жените ја трошат нервната сила на мозокот предизвикувајќи го на неприродна акција на задоволување на ниските страсти; а овој скриен монструм  ниската страст  го присвојува нежното име на љубовта.—2. Сведоштво за црквата, 473, 474 (1870). {1УКЛ 222.5}

Љубовта наспроти страстите на природното човечко срце. – Љубовта… не е неразумна; таа не е слепа. Таа е чиста и света. Но страста на телесното срце е нешто сосема друго. Додека чистата љубов го вклучува Бога во сите свои планови и е во совршен склад со Божјиот Дух, страста е своеглава, нагла, неразумна, непокорна на секакво ограничување, и од предметот на својот избор прави идол. Во севкупното однесување на оние кои имаат вистинска љубов, ќе се покаже Божјата благодат.—The Review and Herald, September 25, 1888. (Адвентен дом, 50.) {1УКЛ 223.1}

Под контрола на наредбите на разумот. – Оние кои брачниот однос го сметаат за света Божја установа, чувана со Неговиот свет пропис, ќе се контролираат според наредбите на разумот.—Healthful Living, No 2, 48, 1865. (Selected Messages 2:440.) {1УКЛ 223.2}

Да се сочува довербата во семејниот круг. – Околу секое семејство постои свет круг кој треба да се чува да не се прекине. Во овој круг нема право да влезе ниедна друга личност. Ниту мажот ниту жената нека не им дозволат на другите да ја делат довербата која им припаѓа само на нив.—Здравје и среќа, 361 (1905). {1УКЛ 223.3}

Б. НЕГАТИВНО

(Зборови на воздржување и предупредување)

Бракот не е замислен да ги покрива сензуланоста и понижувачките навики. – Бог никогаш не замислувал дека бракот треба да ги покрива мноштвото на гревови кои се практикуваат. Сензуалноста и понижувачките навики во брачниот однос го воспитуваат умот и моралниот вкус за неморални навики надвор од брачниот однос.—The Review and Herald, May 24, 1887. {1УКЛ 223.4}

Сексуалните претерувања ги доведуваат здравјето и животот во опасност. – Чистата и света љубов не е таа која ја наведува жената да ги задоволува животинските потреби на својот маж и по цена на своето здравје и живот… {1УКЛ 223.5}

Понекогаш е неопходно понизно и нежно да се инсистира, дури и по ризик на негово незадоволство, дека таа не може да го понижува своето тело оддавајќи се на сексуално претерување. Таа треба, на нежен и љубезен начин да го потсети дека Бог има примарно и најголемо право на целото нејзино суштество и дека не може да го занемари тоа право, затоа што ќе одговара на големиот и суден Божји ден.—2. Сведоштво за црквата, 475 (1870). {1УКЛ 224.1}

Сексуалното претерување со сигурност ќе ја уништи љубовта кон побожните постапки, ќе ја одземе од мозокот супстанцијата потребна за хранење на системот, и најуспешно ќе ја исцрпи виталноста.—2. Сведоштво за црквата, 477 (1870). {1УКЛ 224.2}

Изопаченост на светата установа. – Многумина мислат дека со стапување во брачен однос можат да си дозволат да бидат контролирани од животинските страсти. Нив ги предводи сатаната, кој ги лаже и ги наведува да ја изопачуваат таа света установа. Тој е многу задоволен од ниското ниво кои го заземаат нивните умови; затоа што тој добива многу со ваквата нивна насоченост. {1УКЛ 224.3}

Тој знае дека доколку ги разбуди ниските страсти и ги одржи на власт, нема никаква причина за грижа во врска со нивното христијанско искуство; затоа што моралните и интелектуалните способности ќе бидат подредени, додека животинските потреби ќе бидат предоминантни и ќе го држат приматот; и овие ниски страсти ќе јакнат преку нивното користење, додека благородните особини ќе стануваат сѐ послаби и послаби.—2. Сведоштво за црквата, 480 (1870). {1УКЛ 224.4}

Злоупотреба на сексуалните привилегии во бракот. – Кога се негуваат и кога им се попушта, животинските страсти стануваат многу силни, што е случај и денес, а неискажливи зла во брачниот живот се сигурни последици. Наместо да се унапредува разумот и наместо тој да ја има силата на контролата, животинските склоности владеат над повисоките и поблагородните сили додека не се доведат во подреденост на тие животински склоности. Што е последицата? Чувствителните женски органи се оштетуваат и заболуваат; бременоста повеќе не е сигурна; сексуалните привилегии се злоупотребуваат. {1УКЛ 224.5}

Мажите ги расипуваат сопствените тела, а жената станува валкана слугинка во нивните неумерени, ниски страсти доколку во нивните очи нема Божји страв. Попуштањето на импулсот кој го понижува и телото и душата е одлика на брачниот живот.— Manuscript 14, 1888. {1УКЛ 225.1}

Преднатални влијанија. – Сатаната настојува да ги изопачи умовите на оние кои се соединуваат во брак за да може да го всади сопствениот злобен лик кај нивните деца… {1УКЛ 225.2}

Тој може да го обликува нивното потомство многу полесно отколку што го можел тоа со нивните родители, затоа што може да ги контролира умовите на родителите и преку нив да го даде сопствениот карактерен печат врз нивните деца. На тој начин многу деца се раѓаат со многу силни животински нагони, додека пак моралните способности се само незначително развиени. На тие деца им е потребна највнимателна нега да ги искажат, зацврстат и да ги развијат моралните и интелектуалните сили, за да можат тие да го преземат водството.—2. Сведоштво за црквата, 480 (1870). {1УКЛ 225.3}

Процес на деградација. – Умот на мажите и жените не поминува во еден момент од чистота и светост во изопаченост, расипаност и престап. Потребно е време за преобразување на човечкото во божествено или за деградација на она што е формирано по Божји облик во окрутно и сатанско. {1УКЛ 225.4}

Со гледање ние се менуваме. – Иако е оформен по Божје обличје, човекот може така да го воспита својот ум што гревот кој некогаш му бил толку одвратен сега да му стане мил. Кога ќе престане со молитвите и стражарењето, тој престанува да ја чува тврдината, срцето, и се втурнува во грев и зло. Умот се понижува, и невозможно е да се воздигне од расипаноста додека се воспитува да ги поробува моралните и интелектуалните сили и ги доведува во потчинетост на нечистите страсти. {1УКЛ 225.5}

Мора да се води постојана борба против телесниот ум; и мораме да бидеме потпомогнати од префинетото влијание на Божјата благодат, кое ќе го привлече умот повисоко и ќе го навикне да размислува за чисти и свети работи.—2. Сведоштво за црквата, 478, 479 (1870). {1УКЛ 225.6}

Совет за жените. – Со тешко срце пишувам за жените во овој век, мажени и немажени, дека премногу често не ја чуваат својата резервираност која е неопходна. Тие постапуваат како кокети. Го привлекуваат вниманието на самците и оженетите луѓе, и оние кои се слаби во морална сила лесно ќе бидат фатени во замка. {1УКЛ 226.1}

Ако се дозволат вакви нешта, тие ги умртвуваат моралните чувства и го заслепуваат умот така што престапот не им изгледа грешен. Се будат мисли кои не би се појавиле доколку жената го чувала своето место во сета скромност и трезвеност. Таа самата можеби немала нечиста намера или побуда, но им дала повод на мажите кои се склони на искушенија и на кои им е потребна сета помош што можат да ја добијат од оние кои се дружат со нив. {1УКЛ 226.2}

Со внимателност, резервираност, не оддавајќи се премногу на слобода, со отфрлање на недозволени вниманија, со чување на висока морална свест и природно достоинство, би се одбегнале многу зла.— Manuscript 4a, 1885. (Адвентен дом, 331, 332.){1УКЛ 226.3}

Жените како искушувачи. – Нема ли жените кои ја исповедаат вистината стриктно да пазат на себе за да не дадат никаков повод на недозволена близина? Тие можат да затворат многу врати на искушението ако цело време се држат строго резервирано и доколку пристојно се однесуваат.—5. Сведоштво за црквата, 602 (1889). {1УКЛ 226.4}

Жените се чести искушувачи. Прикривајќи се на овој или на оној начин, тие го привлекуваат вниманието на мажите, женети или неженети, и ги наведуваат да го прекршат Божјиот закон, да ја упропастат својата корисност и да ги доведат душите во опасност.—5. Сведоштво за црквата, 596 (1889). {1УКЛ 226.5}

Сочувствителен пастир. – Бидете Божји луѓе, бидете на победничката страна. Знаењето е достапно за сите оние кои го сакаат. Бог го осмислил умот да јакне, да размислува подлабоко, попотполно и појасно. Одете со Бога исто како што одел Енох: направете од Бога свој советник и напредокот нема да изостане… {1УКЛ 226.6}

Постојат луѓе кои тврдат дека ги држат Божјите заповеди, кои го ставаат стадото под свое старателство и ги наведуваат невнимателните души да размислуваат во правец кој ќе резултира со бесрамна слобода и претерана блискост… {1УКЛ 227.1}

Тој (проповедникот), додека ги посетува семејствата, почнува да ги испитува тајните на нивниот брачен живот. Дали живеат среќно со своите мажи? Дали се чувствуваат како неценети? Дали постои хармонија во нивниот брачен живот? И така жената која во ништо не се сомнева со помош на таквите лукаво поставени прашања се наведува да го отвори својот таен живот, своите разочарувања, своите ситни потешкотии и незадоволства, пред еден странец исто како што тоа го прават католиците пред своите свештеници. {1УКЛ 227.2}

Потоа овој сочувствителен пастир го отвора поглавјето на своето сопствено искуство; дека неговата сопруга не била жена на неговиот избор; дека нема вистинска сродност меѓу нив. Тој не ја сака својата жена. Таа не ги исполнила неговите очекувања. На тој начин бариерата се руши, и жените се заведени. Тие веруваат дека животот им е едно големо разочарување, а овој пастир има големо сочувство за своето стадо. Се поттикнува болен сентиментализам, а умот и душата се лишуваат од својата чистота, во случај ако овој начин на работа не резултира со кршење на седмата Божја заповед. {1УКЛ 227.3}

Скриените нечисти мисли стануваат навика, а душата станува ранлива и извалкана. Со еден чин на погрешна акција се нанесува дамка која ништо не може да ја исчисти освен Христовата крв; и ако не се одвикне од таа навика со цврста одлучност, душата се расипува а потоците кои течат од тој загаден извор ги расипуваат и другите. Неговото влијание е  проклето. Бог ќе ги уништи сите оние кои ќе продолжат со ова дело… {1УКЛ 227.4}

Ние мораме да бидеме воздигнати, благородни, и посветени. – Ние можеме да имаме сила во Исуса да надвладееме; но кога има недостаток од чистота во карактерот, и кога гревот ќе стане дел од карактерот, тој има магична сила која е иста како чаша со алкохол. Моќта на самоконтролата и разумот е надвладеана од навиките кои го валкаат целото битие; и доколку се продолжи со оваа грешна пракса, мозокот слабее, заболува и ја губи својата рамнотежа.— Letter 26d, 1887. {1УКЛ 227.5}

Мажите, жените и младите вовлечени во морална изопаченост. – Моралните опасности на кои се изложени сите, и старите и младите, постојано се зголемуваат. Моралната пореметеност, која ја нарекуваме изопаченост, е многу распространета, и мажите, жените и младината кои исповедаат христијанство вршат влијание кое е  ниско, телесно и ѓаволско.— Letter 26d, 1887. {1УКЛ 228.1}

Сатаната вложува мајсторски напори да ги вовлече женетите мажи и жени, децата и младите во нечисти навики. Неговите искушенија наоѓаат место во многу срца, затоа што не се воздигнати, прочистени, префинети и облагородени со светата вистина во која тврдат дека веруваат. Не е мал бројот од оние кои се подли и зли во мислите и прости во разговорот и однесувањето, така што кога ќе наидат искушенијата на сатаната, тие немаат морална сила да ги одбијат и паѓаат како многу лесен плен.— Letter 26d, 1887. (In Heavenly Places, 199.) {1УКЛ 228.2}

Надолни чекори.  – Постојаните сатански искушенија се осмислени да ја ослабнат човечката власт над срцето, да ја поткопаат неговата моќ на самоконтрола. Тој го наведува човекот да ги раскине сите врски кои го спојуваат во света, среќна заедница со неговиот Творец. {1УКЛ 228.3}

Потоа кога ќе се оддели од Бога, страста ја презема контролата над разумот, нагонот над начелата, и тој станува грешен во мислите и делата, неговиот суд е изопачен, разумот ослабен, и потребна му е обнова која се постигнува само со обновување во Бога со правилно согледување на самиот себе во светлината на Божјата Реч.— Letter 24, 1890. {1УКЛ 228.4}

Избегнувајте читање, гледање и слушање на нечисти работи. – Оние кои не сакаат да западнат во стапицата на лукавството на сатаната мора да внимаваат на приодите кон својата душа и да се трудат да не читаат, да не гледаат и да не го слушаат она што наведува на нечисти мисли. Не смее да им се дозволи на мислите да се запираат на секое прашање што би можел да го дошепне непријателот на душите. Срцето мора верно да се чува; инаку надворешното зло буди склоност кон злото што постои внатре и душата талка во мрак.—Делата на апостолите, 518 (1911). {1УКЛ 228.5}

Морате да бидете верни чувари на своите очи, уши, и на сите свои сетила ако сакате да го контролирате својот ум и да спречите празни и расипани мисли да ја извалкаат вашата душа. Само силата на благодатта може да ја заврши оваа најпосакувана задача.—2. Сведоштво за црквата, 561 (1870). {1УКЛ 229.1}

Евтини романи и порнографија. – Нечистите слики имаат штетно влијание. Романите, кои многумина страсно ги читаат, како последица носат извалкана фантазија. {1УКЛ 229.2}

По вагоните (во тоа време), често се нудат на продажба фотографии од разголени жени. Ваквите одвратни слики исто така можат да се најдат и во салоните на доселениците кои имаат фотографски студија, и кои се прикачуваат и на ѕидовите кај оние кои се бават со резба. Ова е време кога расипаноста пламти насекаде. {1УКЛ 229.3}

Желбата на окото и расипаните страсти се поттикнуваат со гледање и читање… Умот наоѓа задоволство во гледање на призори кои поттикнуваат ниски страсти. Овие лоши призори, кои се гледаат преку извалканата фантазија, го расипуваат моралот и ги подготвуваат измамените, залудени души да ја предадат слободата под власта на блудните страсти. Потоа следуваат гревови и престапи кои ги повлекуваат суштествата кои имаат Божје обличје сѐ пониско и пониско до ниво на ѕверови, туркајќи ги на крајот во самата пропаст. Избегнувајте читање и гледање на она што сугерира нечисти мисли. Култивирајте морални и интелектуални способности.—2. Сведоштво за црквата, 410 (1870). {1УКЛ 229.4}

Умот како одлучувачки фактор. – Павле рекол: „Со својот ум му служам на Божјиот Закон“. Ако го затемните овој ум оддавајќи им се на животинските потреби и страсти, моралните способности слабеат така што светото и обичното се ставаат на исто рамниште.— Letter 2, 1873. {1УКЛ 229.5}

Мастурбација. – Младите и децата од двата пола се обземени од моралната гадост (мастурбацијата) и ја практикуваат оваа одвратна, по душата и телото погубна навика. {1УКЛ 230.1}

Многу христијани по име толку многу се парализирани со оваа иста навика што нивните сетила не можат да се поттикнат да сфатат дека тоа е  грев, и доколку се продолжи со тоа сигурно ќе резултира со целосен бродолом на телото и умот. Човекот, најблагородното суштество на земјата, создаден според Божјиот облик, се преобразува во ѕвер! Тој себеси се прави прост и расипан. {1УКЛ 230.2}

Секој христијанин мора да научи да ги воздржува своите страсти и да се контролира според принципите. Доколку не прави така, тој не е доследен да носи христијанско име. {1УКЛ 230.3}

Некои истакнати христијани не го разбираат гревот на мастурбација и нејзините сигурни последици. Долго утврдуваната навика го ослепила нивното размислување. Тие не ја разбираат големата грешност на овој понижувачки грев кој го ослабува системот и ја разорува нервната способност на мозокот. {1УКЛ 230.4}

Моралниот принцип е многу слаб кога ќе дојде во судир со застарената навика. Свечените пораки од небото не можат со поголема сила да влијаат на срцето кое не е утврдено против попуштањето на оваа понижувачка навика. Чувствителните мозочни нерви ја губат својата здрава обоеност низ патолошките возбудувања да се задоволи неприродната желба за сетилна попустливост. Нервите на мозокот кои сообраќаат со целиот систем се единственото средство преку кое Небото може да комуницира со човекот и да го допре неговиот внатрешен живот. {1УКЛ 230.5}

Што и да ја попречува циркулацијата на електричните струи во нервниот систем, ја намалува силата на виталните способности, а последицата е одумирање на сензибилитетот на умот. {1УКЛ 230.6}

Некои деца почнуваат со мастурбација уште во детството; и како годините си одминуваат така нивните блудни страсти се зголемуваат со нивниот раст и се зајакнуваат со нивната сила. Нивните умови се немирни. Девојчињата сакаат да се дружат со момчињата, а момчињата сакат да се дружат со девојчињата. Нивното однесување не е воздржано и скромно. Тие се дрски и наметливи и си дозволуваат непристојна слобода. Навиката за мастурбација ги унижила нивните умови и ја извалкала нивната душа.—2. Сведоштво за црквата, 481 (1870).{1УКЛ 231.1}

Сексуална активност пред склопување на брак (совет до младите адвентисти на седмиот ден). – Мал број искушенија се поопасни и по фатални за младите луѓе од искушенијата на сладострастие, и ништо толку одредено нема да се покаже попогубно за душата и телото, ако му се попушта, за време и за вечност… {1УКЛ 231.2}

Ми беше покажан во нејзино (Н) друштво во ноќните часови; ти најдобро знаеш како и на кој начин се поминати тие часови. Се повика на мене да ти кажам дали си ги прекршил Божјите заповеди. Те прашувам, зар не си ги прекршил? {1УКЛ 231.3}

Како го поминувавте времето заедно ноќ за ноќ? Дали твојот став, твојот однос, твоите склоности беа такви што би посакал да бидат забележани во небесните книги? Видов и чув работи од кои и ангелите би поцрвенеле… Ниеден млад човек не треба да го прави она што ти ѝ го направи на (Н), доколку не е женет со неа; а бев и многу изненадена кога видов дека ова прашање го немаш добро разбрано. {1УКЛ 231.4}

Причината поради којашто сега ти пишувам е  молба заради својата душа да не му попушташ повеќе на искушението. Прекини го тоа волшепството кое како ноќен кошмар се надвило над тебе. Оттргни се сега и засекогаш, доколку воопшто имаш некаква желба за Божја наклоност… {1УКЛ 231.5}

Таа ноќ си поминал часови во нејзино друштво затоа што и двајцата сте биле залудени. Во името на Господа, престани да ѝ се додворуваш на Н или ожени се со неа… Си можел да се ожениш со неа исто како што си бил во нејзино друштво и си се однесувал онака како што само маж и жена треба да се однесуваат еден кон друг… {1УКЛ 231.6}

Ако во својот живот сакаш да уживаш во друштво на Н, како што тоа сега изгледа, и да бидеш фасциниран со тоа, зошто не истапиш чекор подалеку од оној кој веќе си го направил и себеси да се прогласиш за нејзин законски заштитник и да стекнеш неспорно право на посветување часови во нејзино друштво? Твоите постапки и разговори се навредливи за Бога. — Letter 3, 1879. {1УКЛ 231.7}

Хомосексуалноста  посебен грев на Содом. – Ние не сме неупатени за падот на Содом поради расипаноста на неговите жители. Пророкот овде (Езекиел 16:49) укажува на одредени зла кои довеле до деградирање на моралот. Ние гледаме дека истите гревови постојат и денес во светот какви што биле и во Содом кои го навлекле врз него Божјиот гнев, сѐ до неговото конечно уништување.—The Review and Herald, July, 1873. (The S.D.A. Bible Commentary 4:1161.) {1УКЛ 232.1}

Гревовите на претпотопната генерација и Содом во пораст. – Насекаде се гледаат човечки рушевини, занемарени семејни олтари, разделени семејства. Присутно е чудно напуштање на начелата, снижување на моралните стандарди; гревовите што довеле до излевање на Божјите судови на земјата со потопот и уништувањето на Содом со оган се во постојан раст.—5. Сведоштво за црквата, 601 (1889). {1УКЛ 232.2}

Освојување на денешната црква. – Нечистотијата денеска е многу распространета, дуру и помеѓу оние кои се нарекуваат Божји следбеници. Страста не се воздржува; животинските склоности добиваат сила преку нивно задоволување, додека моралните сили постојано слабеат… {1УКЛ 232.3}

Гревовите кои што ја уништиле претпотопната генерација и градовите од таа рамнина постојат и денес и тоа не само во незнабожечките земји, ниту пак исклучиво помеѓу популарните заговорници на христијанството туку и кај некои кои се изјаснуваат како чекатели на доаѓањето на Синот Човечки. Кога Бог би ви ги покажал овие гревови онака како што тие изгледаат во Неговите очи, вие би биле исполнети со срам и ужас.—5. Сведоштво за црквата, 218 (1882). {1УКЛ 232.4}

Затворање на очи пред светлината. – Попуштањето на ниските страсти ќе наведе многумина да ги затворат очите пред светлината, затоа што се плашат дека ќе ги видат гревовите кои не сакаат да ги напуштат. Сите можат да видат ако сакаат. Ако повеќе ја изберат темнината отколку светлината, нивниот престап нема да биде ништо помал. {1УКЛ 232.5}

Зошто мажите и жените не читаат и не се запознаваат со она што толку многу се однесува за нивните физички, интелектуални и морални сили? Бог ви дал живот да се грижите за него и да го одржувате во најдобра состојба за Негова служба и слава. Вашите тела не се ваша сопственост.—2. Сведоштво за црквата, 352 (1885). {1УКЛ 233.1}

В. РАМНОТЕЖА И ПОБЕДА

(Зборови на ветување и надеж)

Искреното покајание и одлучниот напор се неопходни. – Оние кои ги расипуваат сопствените тела не можат да уживаат во Божјата наклоност додека искрено не се покајат, не спроведат целосна реформа, и не покажат совршена светост во Божји страв.—An Appeal to Mothers, 29 (1864). {1УКЛ 233.2}

Единствена надеж за оние кои поседуваат зли навики е засекогаш да ги остават ако му придаваат каква и да е  вредност на моменталното здравје и идното спасение. Кога на овие навики им се попушта долго време, потребен е одлучен напор да се одбие искушението и да се отфрли расипаната попустливост.—An Appeal to Mothers, 27 (1864). {1УКЛ 233.3}

Контролирање на фантазијата. – Фантазијата мора одлучно и постојано да се контролира за страстите и склоностите да му бидат потчинети на разумот, совеста и карактерот.—2. Сведоштво за црквата, 562 (1870). {1УКЛ 233.4}

Потчинети на Божјата волја. – Секој кој има какво и да е вистинско чувство за тоа што значи да си христијанин, знае дека сите Христови следбеници како Негови ученици се обврзани да ги доведат сите свои страсти, сите физички сили и ментални способности во совршена покорност на Неговата волја. Оние со кои господарат страстите не можат да бидат Христови следбеници. Тие премногу и се посветиле на службата на својот господар, зачетникот на секое зло, за да ги напуштат своите расипани навики и да ја изберат Христовата Служба.—An Appeal to Mothers, 9, 10 (1864). (Совети за детето, 445, 446.) {1УКЛ 233.5}

Мислите пресуден фактор. – Нечистите мисли водат кон нечисти дела. Ако Христос е тема на размислување, мислите ќе бидат целосно одвоени од секакви нешта кои би воделе кон нечисти дела. Умот ќе зајакне бавејќи се со возвишени нешта. Ако се вежба да се одржи во каналот на чистотата и светоста, ќе стане здрав и свеж. Ако се вежба да се бави со духовни теми, природно ќе се стреми во тој правец. Но оваа приврзаност на мислите кон небесните нешта не може да се стекне без покажување вера во Бога и сериозно, понизно потпирање на Него за сила и благодат кои ќе бидат доволни за сите потреби.—2. Сведоштво за црквата, 408 (1870). {1УКЛ 234.1}

Гревот на мечтаење. – Вие сте одговорни пред Бога за своите мисли. Кога му се предавате на празното мечтаење, дозволувајќи му на умот да се занимава со нечисти работи, вие, во извесна мера, сте виновни пред Бога како вашите мисли да се веќе спроведени на дело. Сѐ што го спречува тоа дело е недостаток на соодветна можност.—2. Сведоштво за црквата, 561 (1870). {1УКЛ 234.2}

Доведување на мислите под контрола. – Вие треба да ги контролирате своите мисли. Тоа нема да биде лесна задача; вие не можете да ја извршите без темелен и сериозен напор… {1УКЛ 234.3}

Не само што Бог бара да ги контролирате своите мисли, туку исто така и своите страсти и склоности. Вашето спасение зависи од тоа како се управувате спрема тие нешта. Страста и склоноста се моќни фактори. Кога погрешно ќе се применат, кога делуваат преку погрешни побуди, кога ќе се стават на погрешно место, во состојба се да ја произведат вашата пропаст и да ве остават како бедна рушевина, без Бога и без надеж. —2. Сведоштво за црквата, 561 (1870). {1УКЛ 234.4}

Прикриените мисли стануваат навика. – Прикриените нечисти мисли стануваат навика, а душата се ранува и валка. Со еден чин на погрешна акција нанесена е дамка која ништо не може да ја исчисти освен Христовата крв; и ако таа навика не се напушти со цврста одлучност, душата се расипува, а потоците кои течат од тој загаден извор ги расипуваат и другите.— Letter 26d, 1887. (In Heavenly Places, 197.) {1УКЛ 235.1}

Правилно контролирани мисли. – Ние мораме да му придадеме голема важност на исправното контролирање на своите мисли, затоа што таквата контрола ги подготвува умот и душата да работат складно за Творецот. Неопходно е заради мирот и среќата во овој живот своите мисли да ги насочиме кон Христос. Човекот е она што мисли за себе. Нашиот напредок во моралната чистота зависи од правилното мислење и исправното постапување… {1УКЛ 235.2}

Лошите мисли ја разоруваат душата. Божјата преобразувачка сила го менува срцето, ги разубавува и ги прочистува мислите. Доколку не се направи одличен напор да се задржат мислите насочени кон Христос, благодатта не може да се открие во животот. Умот мора да се вклучи во духовната благодат. Секоја мисла мора да се доведе во послушност на Христа. Секоја навика мора да се доведе под Божја контрола. {1УКЛ 235.3}

Нам ни е  потребно постојано чувство на облагородена сила, чисти мисли и свесност за штетното влијание од лошите мисли. Да ги насочиме своите мисли кон она што е свето. Нека тие бидат чисти и искрени, зошто единствената сигурност за душата е исправното размислување. Ние мораме да го користиме секое средство кое Бог ни го оставил достапно за владеење и култивација на своите мисли. Мораме да ги доведеме своите умови во склад со Неговиот ум. Неговата вистина ќе ги посвети телото, душата и духот, и ќе бидеме оспособени да се издигнеме над искушението.— Letter 123, 1904 (In Heavenly Places, 164.) {1УКЛ 235.4}

Исхраната важен фактор. – Не може премногу да се нагласи тоа дека што и да се внесе во нашиот желудник не влијае само на телото туку исто така влијае и на умот. Тешката и надразнувачка храна ја возбудува крвта, го надразнува нервниот систем и често ја затапува моралната чувствителност така што разумот и совеста се преоптоваруваат со телесни нагони. Тешко е, и често невозможно, за оној кој е неумерен во исхраната да покаже трпение и самоконтрола.—Christian Temperance and Bible Hygiene, 134, 1890. (Совети за детето, 461.) {1УКЛ 235.5}

Месото ги поттикнува и зајакнува ниските страсти. – Месо не треба да се става пред нашите деца. Неговото влијание ги поттикнува и зајакнува ниските страсти, и има тенденција на умртвување на моралните сили. Житарките и овошјето приготвени без маснотии и колку што е можно во поприродна состојба треба да бидат храна на сите трпези на оние кои тврдат дека се подготват за преобразување за небото. Колку што храната е помалку надразлива, страстите можат полесно да се контролираат. Задоволувањето на вкусот не треба да се смета како независно од физичкото, интелектуалното или моралното здравје.—2. Сведоштво за црквата, 352 (1869). {1УКЛ 236.1}

Умртвете го искушението. – Ниските страсти имаат свое седиште во телото и делуваат преку него. Зборовите тело или телесно или блудни страсти ја подразбираат ниската, расипана природа; телото само по себе не може да делува наспроти Божјата волја. Наредено ни е да го распнеме телото, со склоностите и страстите. Како да го направиме тоа? Дали ќе го измачуваме телото? Не; туку да го умртвиме искушението на грев. {1УКЛ 236.2}

Расипаните мисли треба да се исклучат. – Секоја мисла треба да се доведе во покорност на Исус Христос. Животинските склоности треба да се потчинат на возвишените сили на душата. Божјата љубов мора надмоќно да владее; Христос мора да го заземе престолот неподелен. На нашите тела мора да се гледа како на Негова сопственост. Членовите на телото мораат да станат оружје на праведноста.— Manuscript 1, 1888. (Адвентен дом, 127, 128.) {1УКЛ 236.3}

Да се заменат нечистите сугестии со чисти, возвишени мисли. – Умот мора да се задржува во размислување за чисти и свети нешта. Нечистите сугестии мораат веднаш да се истераат, а на нивно место треба се примаат чисти, возвишени мисли, свето размислување, стекнувајќи притоа се повеќе знаења за Бога вежбајќи го умот да размислува за небесното. Бог има едноставни средства отворени за секој поединечен случај, доволни за да ја осигурат големата цел, спасението на душите. {1УКЛ 236.4}

Решете се да достигнете голем и свет стандард; поставете ја високо својата цел; работете со сериозна намера, како што тоа го правел Даниел, постојано, одлучно, и ништо што непријателот може да го направи нема да го спречи вашиот напредок. И покрај неприликите, промените, потешкотиите, можете постојано да напредувате во менталната свежина и моралната сила.— Letter 26d, 1887. (In Heavenly Places, 197.) {1УКЛ 237.1}

Не создавајте опасност. – Секоја несвета страст мора да се држи под контрола на посветениот разум преку благодатта која Бог во изобилство ја дава за секоја потреба. Но нека не се прави никаква подготовка во создавањето на потребата, нека не се става доброволно во положба каде може да се биде нападнат со искушение, и нека не им се дава ни најмала можност на другите да мислат дека сме виновни за непромисленост. — Letter 18, 1891. {1УКЛ 237.2}

Држете се подалеку од работ на бездната. – Не гледајте колку блиску можете да дојдете до работ на бездната и да останете безбедни. Избегнете го првото приближување на опасноста. Не можеме да си играме со интересите на душата. Вашиот капитал е  вашиот карактер. Чувајте го како златна ризница. Моралната чистота, самопочитувањето, големата сила на отпор, мораат одлучно и постојано да се пазат… {1УКЛ 237.3}

Нека никој не мисли дека може да победи без Божја помош. – Вие мора да имате енергија, сила, моќ на внатрешен живот развиен во себе. Тогаш ќе донесете плодови на побожност и силно противење против порокот. Мора постојано да се трудите да избегнувате земски, евтин разговор, од сѐ што е  телесно, и да тежнеете кон облагородување на душата и кон чист и неизвалкан карактер. Вашето име може да се сочува толку чисто што ќе биде невозможно да се поврзе со нешто што е нечесно или неправедно туку ќе почитува сѐ што е добро и чисто, и ќе може да биде напишано во Јагнетовата книга на животот.— Manuscript 4a, 1885.(.) {1УКЛ 237.4}

Умот под контрола на сатаната или Христос. – Кога умот не е под директно влијание на Божјиот Дух, сатаната може да го обликува по своја желба. Сите сили на разумот кои ги контролира тој ќе ги обесчести. Тој му е директно спротивставен на Бога во своите вкусови, погледи, предности, симпатии и антипатии, во изборот на работите и целите; нема љубов кон она што Бог го сака или одобрува, туку ужива во она што Тој го презира… {1УКЛ 238.1}

Ако Христос живее во срцето, Тој ќе биде присутен во сите наши мисли. Нашите најдлабоки размислувања ќе се однесуваат на Него, Неговата љубов, Неговата чистота. Тој ќе ги исполни сите делови од умот. Нашите склоности ќе се групираат околу Исус. Сите наши надежи и очекувања ќе бидат здружени со Него. Животот кој ние сега го живееме го живееме со верата во Божјиот Син, чекајќи и копнеејќи по Неговата појава, и тоа ќе биде најголема радост за душата. Тој ќе биде круна на нашата радост.— Letter 8, 1891 (In Heavenly Places, 163.) {1УКЛ 238.2}

Доживотна будност. – Сѐ додека животот трае постои потреба за стражарење над склоностите и страстите со силна намера. Постои внатрешна расипаност, постојат надворешни искушенија, и таму каде што Божјото дело напредува, сатаната така ги поставува околностите да искушението дојде со надмоќна сила на душата. Ние може да бидеме сигурни во секој момент само кога се потпираме на Бога, додека животот е сокриен со Христа во Бога.— Letter 8b, 1891 (The S.D.A. Bible Commentary 2:1032.) {1УКЛ 238.3}

Бог подготвува еден народ. – Божјиот народ не само што мора да ја познава Неговата волја, туку треба и да ја твори. Мнозина такви кои ја знаат вистината ќе бидат изрешетани затоа што не биле посветени со неа. Вистината мора да се всели во нивните срца, посветувајќи ги и чистејќи ги од секоја световност и телесност во најинтимниот живот. Храмот на душата мора да биде очистен. Секој таен акт е како да сме во присуство на Бога и светите ангели, како да е се отворено пред Бога, и од Него ништо не може да биде сокриено… {1УКЛ 238.4}

Бог прочистува еден народ за да има чисти раце и чисти срца кога ќе застане пред Него на судот. Стандардот мора да се воздигне, мечтата да се прочисти, залуденоста натискана околу понижувачките навики мора да се напушти, а душата да се воздигне кон чисти мисли и свети навики. Сите оние кои ќе ја издржат пробата која е непосредно пред нас ќе бидат учесници во божествената природа, бегајќи, а не учествувајќи во, расипаноста која што е во светот преку похота.—The Review and Herald, May 24, 1887. {1УКЛ 239.1}

Сподели го ова:

Поврзани статии