Проучувањето на Библијата и умот

Млада жена внимателно ја проучува Библијата, споредува стихови и запишува белешки покрај прозорец.

Ум, карактер и личност

Проучувањето на Библијата и умот

Сподели го ова:

Темел на сите студии. – Божјата Реч треба да биде темел на сите студии, а зборовите на откровението, внимателно проучени, ќе го зацврстат и зајакнат како разумот така и срцето. Потребна е култивација на интелектот за да можеме да го разбереме откровението на Божјата волја за нас. Оние кои се послушни на Неговите заповеди, нема да можат тоа да го занемарат. Бог не ни ги дал нашите способности на умот да ги посветиме на евтини и површни занимања.— Manuscript 16, 1896.{1УКЛ 89.1}

Силата на начелото. – Ако се прифатат, библиските вистини ќе ги воздигнат умот и душата. Кога Божјата реч би се вреднувала како што треба, и младите и старите би имале внатрешна чесност и цврсти принципи кои ќе им овозможат да им се спротивстават на искушенијата.—Здравје и среќа, 459 (1905). {1УКЛ 89.2}

Единствено вистински водач. – Блиското запознавање со Светото писмо ја изострува моќта на запазувањето и ја утврдува душата против сатанските напади. Библијата е духовен меч кој никогаш нема да затаи во борбата против непријателот. Таа е единствениот вистински водач во сите прашања за верата и животот. Причината зошто сатаната има толку голема контрола над човечките умови и срца е тоа што тие Божјата Реч не ја направиле свој советник и сите свои патишта не ги подложиле под нејзиниот тест. Библијата ќе ни покаже која патека треба да ја следиме за да станеме наследници на славата.—The Review and Herald, January 4, 1881. (HC 31.) {1УКЛ 89.3}

Дефинирано возвишеното образование. – Не може да се стекне повисоко образование од она кое е дадено на првите ученици и кое ни е откриено преку Божјата Реч. Да се стекне повисоко образование значи безусловно следење на таа Реч, да се оди по Христовите стапки, да се практикуваат Неговите доблести. Тоа значи да се напушти себичноста и да се посвети животот во служба на Бога. {1УКЛ 90.1}

Возвишеното образование повикува на нешто повеќе, на нешто побожествено од знаењето кое се стекнува од книгите. Тоа значи лично, искуствено познавање на Христа; значи ослободување од идеите, навиките и постапките кои се стекнати во училиштето на принцот на темнината, а кои се спротивни од верноста кон Бога. Тоа значи совладување на своеглавоста, гордоста, себичноста, световните амбиции и неверието. Тоа е порака за ослободување од гревот.—Counsels to Parents, Teachers, and Students, 11, 12 (1913). {1УКЛ 90.2}

Инспирација за умот. – Во Божјата Реч умот наоѓа предмет за најдлабоко размислување, најголеми стремежи. Тука ние можеме да имаме заедница со патријарсите и пророците и да го слушаме гласот на Вечниот додека разговара со луѓето. Овде можеме да го видиме Небесното Величество како се понижил за да стане наша замена и гаранција, сам да се избори со силата на темнината и да здобие победа во наша корист. Правилното размислување на такви теми како оваа не може, а да не го омекне, очисти и облагороди срцето и истовремено да го вдахне умот со нова сила и крепост.—Counsels to Parents, Teachers, and Students, 52, 53 (1913). {1УКЛ 90.3}

Таа ја открива причината за живот. – Она што треба да не наведува да ја цениме Библијата над сите други обѕири е тоа што во неа е откриена Божјата волја за луѓето. Тука можеме да ја научиме целта на нашето создавање и начинот на кој оваа цел може да се постигне. Ние се учиме како мудро да го унапредиме сегашниот живот и како да ја осигуриме иднината. Ниедна друга книга не е во состојба да ги задоволи прашањата на умот или желбите на срцето. Стекнувајќи знаење преку Божјата Реч и подарувајќи внимание на тоа знаење, луѓето можат да се издигнат од најниските длабочини на дегенерација и да станат Божји синови, другари на безгрешните ангели.—Counsels to Parents, Teachers, and Students, 53, 54 (1913). {1УКЛ 90.4}

Параболи кои влијаат на умовите и ги будат. – Бог замислил нашите умови да бидат под влијанието на Неговите свети параболи кои ќе го пробудат и подучат умот. Тој сака природата да се спротивстави на обидите за раздвојување на науката и библиското христијанство. Тој посакува работите во природата кои ги окупираат нашите мисли да привлечат внимание и да втиснат небесна вистина врз умот.—The Youth’s Instructor, May 6, 1897. {1УКЛ 91.1}

Библијата е без конкуренција. – Како воспитна сила Библијата е без конкуренција. Ништо не може да им даде сила на сите способности како извонредната вистина на откровението додека ја проучуваме и прифаќаме. Умот постепено се прилагодува на предметите со кои тој се занимава. Доколку е  окупиран само со површни работи, одвоен од големите и возвишени теми, ќе стане закржлавен и слаб. Ако од него никогаш не се побара да се фати во костец со тешките проблеми или да се напрегнува за да ги сфати важните вистини, по некое време ќе ја изгуби моќта на растење.—5. Сведоштво за црквата, 24 (1882). {1УКЛ 91.2}

Да се прифати со едноставна вера.  – Бог посакува човекот да ги вежба своите способности на размислување, а проучувајќи ја Библијата умот ќе се зацврсти и воздигне како преку ниедна друга студија. Тоа е најдобра ментална како и духовна вежба за човечкиот ум. Сепак треба да се чуваме од воздигнување на умот кој е подреден на слабост и немоќ на човечкиот род на ниво на божеството. {1УКЛ 91.3}

За Светите записи да не ги затемниме со нашите разбирања така што и најјасните вистини да не можат да се сфатат, мораме да имаме едноставност и вера како кај мало дете, подготвени да учиме и да го молиме за помош Светиот Дух. Чувството на Божјата сила и мудрост како и нашите способности да ја сфатиме Неговата големина, ќе ни вдахне понизност и ние ќе ги отвориме Неговите Зборови како да влегуваме во Неговата присутност, со свето стравопочитување. Кога ѝ приоѓаме на Библијата, умот мора да го признае авторитетот посупериорен од самиот себе, а срцето и разумот мораат да се поклонат на големиот Јас Сум.—5. Сведоштво за црквата, 703, 704 (1889). {1УКЛ 91.4}

Не треба да проучуваме ништо што ќе го замрачи Божјиот Збор. – Исус Христос е наше духовно мерило. Тој ни го открива Таткото. На мозокот не треба да му се дава никаква храна што ќе го доведе умот во било каква заблуда или да се замрачи во однос на Зборот Божји. Никакво непромислено невнимание не смее да се покаже во однос на негувањето на почвата на срцето. Умот мора да биде подготвен да го цени Христовото дело и зборови, затоа што Тој дошол од небото да разбуди желба и да го подари лебот на животот на сите кои копнеат за духовно знаење.— Manuscript 15, 1898. {1УКЛ 92.1}

Светото писмо го признава човечкиот морален избор. – Кога ја истражуваме Божјата Реч, до нас се ангелите кои фрлаат блескави зраци на светлина на нејзините свети страни. Светото писмо се обраќа кон човекот како на оној кој има моќ на избор помеѓу доброто и лошото; тоа му зборува нему преку предупредување, прекорување, преколнување, охрабрување. Умот мора да се вежба на возвишените вистини на Божјата Реч, или тој ќе слабее… Ние мораме да истражуваме за себеси и да ги учиме причините за нашата вера споредувајќи стих со стих. Земете ја Библијата и на колена молете се на Бога да ви го расветли умот.—The Review and Herald, March 4, 1884. {1УКЛ 92.2}

Најблагороден развој на умот. – Кога Библијата би се проучувала како што треба, луѓето би биле интелектуално појаки. Предметите кои се изложени во Божјата Реч, облагородената едноставност во нејзините изрази, благородните теми кои се претставуваат до умот, развиваат способности кај човекот кои на друг начин не би се развиле. Во Библијата е отворено неограничено поле за фантазијата. Ученикот ќе излезе од размислувањето за тие големи теми, од заедницата со нејзините возвишени замисли, почист и повоздигнат во мислите и чувствата отколку да помине време во читање на некое дело од човечко потекло, а да не зборуваме за оние со безвреден карактер. {1УКЛ 92.3}

Младите умови пропуштаат да достигнат најблагороден развој кога ќе го занемарат најголемиот извор на мудроста – Речта Божја. Причината зошто имаме толку малку луѓе со толку добар ум, стабилна и цврста вредност е во недостатокот на Божјиот страв, љубовта кон Бога и заради тоа што начелата на верата не се внесени во животот онака како што би требало.—Christian Temperance and Bible Hygiene, 126, 1890. (Fundamentals of Christian Education, 165.) {1УКЛ 93.1}

Во потрага по нејзиното скриено богатство. – Библијата, онаква каква што е, треба да биде наш водач. Ништо не може така да го прошири умот и да го зајакне разумот како што тоа ќе го направи проучувањето на Библијата правилно го насочува животот. Целата Библија е  откровение на Божјата слава во Христа. Кога ќе ја примиме, кога ќе поверуваме во неа и ќе ѝ се покориме, таа е силно орудие за преобразување на карактерот. Таа е голем поттик, сила што принудува, која ги заживува физичките, менталните и духовните сили и го насочува животот во правилни текови. {1УКЛ 93.2}

Причина зошто младите, па дури и оние на зрела возраст, толку лесно се наведуваат на грев е тоа што не ја проучуваат Божјата реч и не размислуваат за неа како што би требало. Недостигот од цврста, одлучна сила на волјата, кој се огледува во животот и карактерот, е последица од запоставувањето на светите упатства дадени во Божјата Реч. Тие не го насочуваат својот ум со искрени напори кон она што ќе инспирира чисти, свети мисли и не го одвратуваат од она што е нечисто и невистинито.—The Review and Herald, September 28, 1897. {1УКЛ 93.3}

Библијата правилно го насочува животот. – Целата Библија е откровение на Божјата слава во Христа. Кога ќе ја примиме, кога ќе поверуваме во неа и ќе се покориме, таа е силно орудие за преобразување на нашиот карактер. Таа е големиот стимул, силата што принудува, која ги забрзува физичките, менталните и духовните сили и го насочува живот во правилен тек. {1MCP 93.4}

Причината зошто младите, па дури и оние на зрела возраст толку лесно се наведуваат на грев е тоа што не ја проучуваат Божјата Реч и не размислуваат за неа како што би требале. Недостигот од цврста, одлучна сила на волјата што се манифестира во животот и карактерот е последица од запоставувањето на светите упатства дадени во Божјата Реч. Тие не го насочуваат својот ум со искрени напори кон она што ќе инспирира чисти, свети мисли и не го одвратуваат од она што е нечисто и невистинито.—Здравје и среќа, 458 (1905). {1MCP 94.1}

Таа ги открива правилата за свето живеење. – Господ, во Својата голема милост, ни ги открил во Светото писмо Неговите правила на свето живеење, Неговите заповеди и Неговите закони. Тој ни зборува да се држиме настрана од гревот; Тој ни го објаснува планот на спасение и ни го покажува патот кон Небото. Кога би се покорувале на Неговата налог „истражувајте ги писмата,“ никој не би бил неупатен во тие работи. {1УКЛ 94.2}

Вистински напредок на душата во доблеста и божественото знаење се постигнува по пат на план на додавање – постојано додавање на благодатите со кои Христос нѐ обезбедил со Својата бесконечна жртва за да го донесе тоа богатство на сите. Ние сме ограничени, но треба да имаме чувство на неограниченост. {1УКЛ 94.3}

Умот мора да се оптовари, да размислува за Бог и Неговиот чудесен план за нашето спасение. Така душата ќе се воздигне над безвредните работи и ќе се задржи на оние работи кои се вечни. {1УКЛ 94.4}

Мислата дека сме во Божјиот свет и во присуство на Големиот Создател на вселената, кој го создал човекот по сопствен облик, ќе го воздигне  умот на пошироки, поголеми полиња за размислување отколку некоја измислена приказна. Мислата дека нѐ набљудува Божјото око, дека Тој нѐ љуби и толку многу се грижи за паднатиот човек давајќи го Својот сакан Син да нѐ откупи за да не загинеме е голема, и кој го отвора срцето за да ги прими и да ги посматра овие големи теми, никогаш нема да се задоволи со безначајни, возбудливи предмети.—The Review and Herald, November 9, 1886. {1УКЛ 94.5}

Ново срце значи и нов ум. – Зборовите „ќе ви дадам ново срце“ значат „ќе ви дадам нов ум”. Оваа промена на срцето отсекогаш е пратена со јасна концепција на христијанска должност, разбирање на вистината. Јасноста на нашето согледување на вистината ќе биде пропорционална со нашето разбирање на Божјиот Збор. Оној кој на Светото писмо му посветува големо внимание, низ молитва, ќе стекне јасно разбирање и здрав суд, а свртувајќи се кон Бога ќе достигне и поголем степен на интелигенција. The Review and Herald, November 10, 1904. {1УКЛ 95.1}

Не треба несериозно да се чита. – Не сме на сигурно ако на Светото писмо му пристапуваме со несериозно и плитко читање на неговите страници… Задржете го умот на големата задача која е поставена пред него и проучувајте со одлучно интересирање за да можете да ја сфатите божествената вистина. Оние кои вака работат ќе бидат изненадени кога ќе откријат до каде може умот да достигне.—The Youth’s Instructor, June 29, 1893. (HC 35.) {1УКЛ 95.2}

Противотров за отровните инсинуации. – Кога умот ќе се складира со библиска вистина, нејзините начела зафаќаат длабоки корени во душата, афинитетите и вкусовите стануваат венчани со вистина и нема желба за понижувачката, возбудлива литература која ги ослабнува моралните способности и ги разрушува способностите кои Бог ги дал на користење. Библиското знаење дава противотров за отровните инсинуации примени преку невнимателното читање.—The Review and Herald, November 9, 1886. (HC 202.) {1УКЛ 96.2}

Вежбање на помнењето му помага на умот. – Умот мора да се контролира и не треба да му се дозволи да талка. Треба да се вежба да пребива на Светите Списи и на благородни, возвишени теми. Делови од Писмото, дури и цело поглавје, можат да се оддадат на паметење и тоа да се повторува кога сатаната доаѓа со своите искушенија. Педесет и осмото поглавје од книгата на пророкот Исаија е многу корисна за оваа намена. Опколете ја душата со ѕид на ограничување и упатства кои се дадени преку вдахновение на Божјиот Дух. {1УКЛ 95.3}

Кога Сатаната го наведува умот да се занимава со земното и сетилното, најефикасно е да го одбиеш со она „пишано е”. … Кога тој сугерира сомнеж, за тоа дали навистина сме народ кој Бог го води и кој преку неволји и испити Тој го подготвува да опстане во оној ден, бидете спремни да ги дочекате неговите инсинуации со излагање на јасни докази од Божјата Реч дека ова е остатокот кој ги држи Божјите заповеди и Исусовата вера.—The Review and Herald, April 8, 1884. {1УКЛ 95.4}

Проучувањето на Библијата произведува добро урамнотежени умови. – Оние кои се под обука на Светиот Дух ќе бидат способни интелигентно да ја проучуваат Речта. Кога се пристапува кон проучување со сериозна молитва за водство на Светиот Дух и со целосно предавање на срцето кое треба да се посвети низ вистината, ќе се исполни со сето она што Христос го ветил. {1УКЛ 95.5}

Резултатот на таквото библиско проучување ќе доведе до добро урамнотежени умови; затоа што физичките, менталните и моралните сили ќе бидат складно развиени. Нема да има фатеност во духовното спознавање. Разбирањето ќе биде побрзо, чувствителноста ќе биде пробудена, совеста чувствителна, афинитетите и чувствата прочистени, ќе се создаде подобра морална атмосфера и ќе се стекне нова сила за одбивање на искушенијата.—Special Testimonies On Education, 26, 27, June 12, 1896. (Fundamentals of Christian Education, 433, 434.) {1УКЛ 96.1}

Таа ги подобрува способностите за резонирање. – Ако умот се окупира со задача за проучување на Библијата поради информирање, способностите за резонирање ќе се подобрат. Кога се проучуваат Светите Списи умот се шири и станува поурамнотежен од оној кој е окупиран со стекнување на општи информации од книгите кои се користат и кои немаат никаква врска со Библијата. Ниту едно знаење не е толку цврсто, толку доследно и далекусежно како она што е стекнато со проучување на Божјата Реч. Тоа е темел на секое вистинско знаење.—The Review and Herald, November 9, 1886. (HC 202.) {1УКЛ 96.2}

Заштита од празноверие. – Кога учењето на Светото писмо би вршело владејачко влијание во нашите животи, кога умот и срцето би се подредиле на нејзината контролирачка сила, злата кои сега постојат во црквите и семејствата не би нашле место… Учењата на Божјата Реч мора да го контролира умот и срцето, за семејниот живот да може ја демонстрира силата на Божјата благодат… {1УКЛ 96.3}

Без Библија би биле збунети со лажни теории. Умот би бил подреден на тиранијата на празноверието и лагите. Поради тоа што поседуваме автентична историја за почетокот на светот, не треба да се оптоваруваме со човечките претпоставки и нереални теории.—The Review and Herald, November 10, 1904. {1УКЛ 96.4}

Библијата е како извор. – Колку повеќе го гледате тој изгледа сѐ подлабок. Големите вистини на светата историја поседуваат восхитувачка сила и убавина и далекусежни се како вечноста. Ниту една наука не е рамна на науката која го открива Божјиот карактер. {1УКЛ 97.2}

Мојсеј, кој бил научен на сета египетска мудрост, сепак рекол: „Еве, ве учев на уредбите и законите, како што ми заповеда мојот Господ Бог, да ги творите во земјата по која одите за да ја наследите. Држете ги и извршувајте ги, затоа што тоа е ваша мудрост и ваш разум пред народностите, кои кога ќе ги слушнат сите овие наредби и зборови ќе речат само овој голем народ е мудар и разумен“ (Второзаконие 4:4, 6)”.—The Review and Herald, February 25, 1896. (Fundamentals of Christian Education, 393.) {1УКЛ 97.3}

Ги обдарува способностите со сила. – Зошто оваа книга – тоа драгоцено богатство – не се воздигнува и цени како верен пријател? Таа е наша мапа на бурното море на животот. Таа е наш водач која ни го покажува патот до вечните станови и карактерот кој мораме да го имаме за да ги населиме. Нема книга за читање која толку ќе го воздигне и зацврсти умот како што е проучувањето на Библијата. Умот тука ќе открие теми од највозвишен карактер кои ќе ги поттикне неговите способности. Не постои ништо што би подарило сила на сите наши способности како кога ќе ги доведеме во контакт со извонредната вистина на откровението. Напорот за да ги сфатиме и процениме тие големи мисли го развиваат умот. Ние можеме длабоко да копаме во рудникот на вистината и да го собереме драгоценото богатство кое ќе ни ја збогати душата. Тука можеме да се научиме на вистинскиот пат во животот како и на сигурниот пат до смртта.—The Review and Herald, January 4, 1881. (HC 31.) {1УКЛ 97.4}

Проучувањето на Библијата го проширува умот. – Библијата е наш водач на сигурните патеки кои водат до вечен живот. Бог ги инспирирал луѓето да го запишат она што за нас ќе претставува вистина, што ќе привлече, и што, ако се практикува, ќе му овозможи на примателот да стекне морална сила во рангот со најобразованите умови. Умовите на сите кои Божјата Реч го прават предмет на проучување ќе се прошируваат. Далеку повеќе од било кои други студии нејзиното влијание може да ја зголеми способноста на разбирање и да ја надари секоја способност со нова сила. Таа го доведува умот во контакт со широките, благородни начела на вистината. Таа го доведува целото небо во блиска врска со човечките умови, давајќи им мудрост, знаење и разбирање.—The Youth’s Instructor, October 13, 1898, (Sons and Daughters of God, 70.) {1УКЛ 98.1}

Библијата, откровение на Јехова. – Низ сето ова време оваа книга стои како Јеховино откровение. На човечките суштества им се доверени божествените пророштва за да бидат Божја сила. Вистините на Божјата Реч не се само мислења, туку изрази на Највозвишениот. Оној кои тие вистини ќе ги внесе во својот живот станува во секој поглед ново создание. Но не му се дадени само нови ментални способности, туку отстранета е  и темнината која преку незнаење и грев го замрачувала разбирањето.—The Review and Herald, November 10, 1904. {1УКЛ 98.2}

Сподели го ова:

Поврзани статии

  • Индивидуалност

    Ум, карактер и личностИндивидуалност← Претходно поглавјеСите поглавјаСледно поглавје →Индивидуалноста е сила. – Секое човечко суштество, создадено според Божјиот лик е надарено со моќ слична на таа на Создателот  индивидуалност, моќ да размислува и да дејствува. Луѓето во кои оваа моќ е развиена се луѓе кои носат одговорност, кои се водачи во потфатите и чиј карактер…

  • Ментална хигиена

    Ум, карактер и личностМентална хигиена← Претходно поглавјеСите поглавјаСледно поглавје →[Види Глава 42, „Умот и здравјето”.] Менталните можности зависат од здравјето. – Здравјето е  благослов кој малку се цени; сепак од него многу зависи продуктивноста на нашите ментални и физички можности. Нашите нагони и страсти имаат свое седиште во телото, и тоа мора да се чува…

  • Сигурност во домот

    Ум, карактер и личностСигурност во домот← Претходно поглавјеСите поглавјаСледно поглавје →Човечката љубов треба да црпи од божествената љубов. –  Брачната заедница може да биде безбедно формирана единствено во Христа. Човечката љубов треба да ги влече своите најблиски врски од божествената. Длабока, искрена и несебична наклонетост може да има само онаму каде што владее Христос.—Здравје и…

  • Критика

    Ум, карактер и личностКритика← Претходно поглавјеСите поглавјаСледно поглавје →Последици на критиката. – Нашите тела се изградуваат од она што го јадеме и пиеме, а карактерот на нашето духовно искуство зависи од тоа со што нашите умови се хранат и што примаат. Со постојано занимавање со грешките и маните на другите, мнозина стануваат религиозни диспептичари. {2УКЛ…

  • Хипнотизмот и неговите опасности

    Ум, карактер и личностХипнотизмот и неговите опасности← Претходно поглавјеСите поглавјаСледно поглавје →[Види Глава 78, „Контрола на умот над умот”.] Бидете внимателни. – Во овие денови кога скептицизмот и неверството толку често се појавуваат под плаштот на науката, мораме да внимаваме на сите страни. Преку овие средства нашиот голем непријател прелажува илјадници и ги заробува и…

  • Гнев

    Ум, карактер и личностГнев← Претходно поглавјеСите поглавјаСледно поглавје →Гневот го отвора срцето на сатаната. – Оние кои во некоја претпоставена провокативна ситуација чувствуваат слобода да се препуштат на гневот или лутината, го отвораат срцето на сатаната. Горчината и омразата морат да се оттргнат од душата ако сакаме да бидеме во склад со небото.—Копнежот на вековите,…