Совети за животот и исхраната
Маслинки и маслиново масло
- Соодветно приготвени, маслинките, како и зрнестите плодови, го заменуваат путерот и месото. Маслото кое го внесуваме јадејќи ја маслинката е далеку подобро од животинските маснотии. Тоа служи како лаксатив. Маслинката е добра за лицата заболени од туберкулоза како и за оние со заболен и воспален желудник. — (1905) Здравје и среќа 298 {СЖИ 35.4}
- Маслинките можат да бидат приготвени за секој оброк затоа што се корисни. Придобивките стекнати со употребата на путерот можат да бидат постигнати преку јадењето на соодветно приготвени маслинки. Маслото во маслинката ја намалува опстипацијата; а за туберкулозните и оние со воспален и надразнет желудник, е подобро од секој лек. Како храна е подобро од секој вид маснотија која од втора рака би ја добиле од животните. — (1902) 7. Сведоштво 134 {СЖИ 359.5}
- Маслото во маслинката е лек за опстипација и бубрежни заболувања. — Letter 14, 1901 {СЖИ 360.1}
