Совети за животот и исхраната — Сало и животинска маст

Совети за животот и исхраната

Сало и животинска маст

Сподели го ова:
  1. Мнозина не чувствуваат дека се работи за должност, па затоа не се трудат соодветно да ја приготват храната. Тоа може да се направи на едноставен, здрав и лесен начин, без употреба на сало, путер или месо. Умешноста мора да биде обединета со едноставноста. За да се направи тоа, жените мораат да читаат, а потоа трпеливо да го применуваат во пракса она што го прочитале. — (1909) 9. Сведоштво 162 {СЖИ 353.4}

[Салото исклучено како принцип – 317]

  1. Овошјето, житарките и зеленчукот, подготвени на едноставен начин, без зачини и било какви маснотии, заедно со млекото или павлаката претставуваат најздрава исхрана. — (1890) Counsels on Health, 115 {СЖИ 354.1}
  2. Храната треба да биде приготвена едноставно, а сепак со убавина која ќе отвора апетит. Треба да ги исфрлите маснотиите од вашата исхрана. Тие го уништуваат секое приготвување на храната. — (1868) 2. Сведоштво 63 {СЖИ 354.2}
  3. Многу мајки поставуваат трпези кои се стапица за нивните семејства. Меса, путер, сирење, богати колачи, зачинета храна и разни додатоци слободно се трошат како од постарите така и од младите. Овие нешта учествуваат во заслабнувањето на желудникот, ги надразнуваат нервите и го заслабнуваат интелектот. Органите коишто ја произведуваат крвта не можат овие нешта да ги преработат во добра крв. Маснотиите од животинско потекло со коишто се подготвува храната ја прават истата тешка за варење. — (1890) Counsels on Health, 114 {СЖИ 354.3}
  4. Ние не мислиме дека пржените компири се здрави, бидејќи за нивна подготовка се употребува повеќе или помалку маснотија или путер. Добро печените или сварени компири, сервирани со павлака и малку сол се најздрави. Остатоците од белиот или обичниот компир подготвени со малку павлака и сол и повторно запечени, а не пржени, се извонредни. — Letter 322, 1905 {СЖИ 354.4}
  5. Сите кои ќе седнат на вашата трпеза треба да видат добро зготвена, хигиенска и вкусна храна. Бидете многу внимателни во врска со вашето јадење и пиење, брате ______, за да не продолжите да имате болно тело. Јадете редовно и само храна ослободена од маснотии. — Letter 297, 1904 {СЖИ 354.5}
  6. Едноставната храна, без зачини, месо и маснотија од било каков вид, ќе биде благослов за вас, а вашата сопруга ќе ја ослободи од многу страдања, жалост и обесхрабрување. — (1868) 2. Сведоштво 45 {СЖИ 354.6}
  7. Житарките и овошјето приготвени без маснотии и на најприроден можен начин, треба да бидат храна на трпезите на сите коишто тврдат дека се подготвуваат за преобразување на Небото. — (1869) 2. Сведоштво 352 {СЖИ 355.1}

[Маста не беше користена во домот на Вајтови – Додаток 1:4]

[Храната на соборите да биде едноставна и без маснотии – 124]

[Мрсните смеси не беа користени во домот на Вајтови – Додаток 1:21]

Сподели го ова:

Поврзани статии

  • Училишта за готвење

    Совети за животот и исхранатаУчилишта за готвење← Претходно поглавјеСите поглавјаСледно поглавје →Дело со најголемо значење 804. Во нашите големи градови во кои се извршува здравствено-мисионска дејност треба да се одржуваат училишта за готвење; и секаде каде што воспитно-мисионското дело силно напредува треба да се формира некој вид здравствен ресторан, кој ќе ја даде вистинската слика…

  • Соодветна исхрана

    Совети за животот и исхранатаСоодветна исхрана← Претходно поглавјеСите поглавјаСледно поглавје →Да не бидеме рамнодушни Затоа што не е добро да јадеме само за да му угодуваме на изопачениот вкус, тоа не значи дека треба да бидеме рамнодушни во поглед на својата храна. Тоа е предмет од најголема важност. Никој не треба да прифати осиромашена исхрана….

  • Додаток

    Совети за животот и исхранатаДодаток← Претходно поглавјеСите поглавјаДодаток 1 Лично искуство на сестра Вајт како поддржувач на здравствената реформа (При читањето на излагањата на сестра Вајт за нејзиниот однос кон исхраната, внимателниот читател ќе ги препознае следните начела: {СЖИ 481.1} Прво: » Реформата во исхраната треба да биде постепена. « (параграф 807). Светлината на почетокот…

  • Крајности во исхраната

    Совети за животот и исхранатаКрајности во исхраната← Претходно поглавјеСите поглавјаСледно поглавје →Вредноста на доследниот став Многу од гледиштата коишто се застапувани од адвентистите на седмиот ден нашироко се разликуваат од оние коишто се застапувани од светот воопшто. Оние коишто ја застапуваат непопуларната вистината, над сите други, треба да се трудат таа да биде во согласност…

  • Протеини

    Совети за животот и исхранатаПротеини← Претходно поглавјеСите поглавјаСледно поглавје →Дел 1 – Зрнести плодови и храна од нив Дел од добрата исхрана Житарките, овошјето, зрнестите плодови и зеленчукот ја сочинуваат храната која за нас ја одбра нашиот Создател. Оваа храна, подготвена на што е можно поедноставен и поприроден начин, е најздрава и најхранлива. Таа ги…

  • Зеленчук

    Совети за животот и исхранатаЗеленчук← Претходно поглавјеСите поглавјаСледно поглавје →Свеж зеленчук, едноставно подготвен 509. Сите треба да се запознаат со посебната вредност на свежото овошје и зеленчукот од овоштарниците и градините. — Manuscript 13, 1911 {СЖИ 321.4} [Нагласете употреба на овошје – 490] [Нема повеќе наслади – 503] Овошје, житарки и зеленчук, подготвени едноставно, без…