Совети за животот и исхраната
Млеко и шеќер
- Сега во врска со млекото и шеќерот: познавам личности коишто се исплашиле од здравствената реформа и рекле дека не сакаат да имаат ништо заедничко со неа затоа што таа говори против употребата на овие намирници. Промените треба грижливо да се извршат; и ние треба трезвено и мудро да работиме. Ние сакаме да одиме по оној пат којшто сам по себе ќе се препорача на интелигентни луѓе и жени. Големото количество на млеко и шеќер се штетни кога се јадат заедно. Тие создаваат нечистотија во телото. Животните од кои се добива млекото честопати не се здрави. Тие можат да бидат болни. Кравата наизглед може да биде здрава наутро, но вечерта може да угине. Ако е така тогаш таа била болна утрото, па и нејзиното млеко било болно, но вие тоа не го знаете. Животинскиот свет е болен. Месото е болно. Кога би знаеле дека животните се беспрекорно здрави, јас би му препорачала на народот попрво да јаде месо, отколку големо количество на млеко и шеќер. Тоа не би наштетило толку многу колку што му штетат млекото и шеќерот. Шеќерот му пречи на телото. Тој ја попречува работата на организмот. — (1870) 2. Сведоштво 368, 369 {СЖИ 330.3}
- Честопати седам на трпеза со браќа и сестри и гледам дека тие употребуваат големи количества на млеко и шеќер. Тоа му пречи на телото, ги надразнува органите за варење и му штети на мозокот. — (1870) 2. Сведоштво 370 {СЖИ 331.1}
[За контекст види – 527]
- Некои употребуваат млеко и големи количества шеќер со качамак, мислејќи дека спроведуваат здравствена реформа. Меѓутоа, помешаните шеќер и млеко предизвикуваат вриење во стомакот па заради тоа се штетни. — (1890) Counsels on Health, 154 {СЖИ 331.2}
- Посебно се штетни преливите и пудинзите во коишто главни состојки се млекото, јајцата и шеќерот. Обилно употребување на млеко и шеќер заедно, треба да се одбегнува. — (1905) Здравје и среќа, 302 {СЖИ 331.3}
[Сладолед – 530, 540]
[Колачи коишто се јадат со млеко или павлака – 552]
Дел 3 – Пити, торти, колачи, пудинзи
- Многу слатки, кои одземаат толку многу време за подготовка, се штетни по здравјето. — (1893) Fundamentals of Christian Education, 227 {СЖИ 331.4}
Попуштање на искушението
- На многу маси дури и тогаш, кога желудникот го примил сето она што му е потребно правилно да го исполни својот дел во исхраната на телото, се изнесува друго јадење коешто се состои од пита, пудинг и многу омилени сосови… Мнозина иако доволно јаделе, ги преминуваат границите и јадат слатки кои доведуваат во искушение, и коишто за нив претставуваат сѐ друго само не добро… Ако сосема се ослободиме од посебните додатоци кои го подразбираат десертот, тогаш тоа би било на благослов. — Letter 73а, 1896 {СЖИ 331.5}
- Затоа што е тоа мода, во согласност со болниот апетит, во желудникот се трупаат богати колачи, пити, пудинзи и сѐ она што е штетно. Масата мора да биде преполна со разновидна храна затоа што изопачениот апетит ќе остане незадоволен. Наутро овие робови на апетитот честопати имаат непријатен здив и сув јазик. Тие не се здрави и се чудат зошто поднесуваат болки, главоболки и разни болести. — Spiritual Gifts 4a, 130, 1864 {СЖИ 332.1}
- Човечкото семејство ѝ попушта на зголемената желба за храна, сѐ додека не станало мода да се трупаат во желудникот сите можни слатки. Особено на седенките неограничено се попушта на апетитот. Се служат богати ручеци и доцни вечери коишто се состојат од многу зачинето месо, со богати сосови, богати колачи, пити, сладоледи и слично. — (1865) How to Live ch.1, pp. 53 {СЖИ 332.2}
- Затоа што е тоа модерно, мнозина сиромашни и оние коишто зависат од својата секојдневна заработувачка, се изложуваат на трошоци подготвувајќи разновидни, богати колачи, компоти, пити и многу друга модерна храна за гостите, која само им штети на оние кои се послужуваат. Парите коишто вака се трошат во исто време им се потребни за набавка на облека за себе и своите деца. Времето кое се троши за подготовка на храна, за да се задоволи вкусот на штета на желудникот, треба да се посвети на морално и верско поучување на нивните деца. — (1865) How to Live ch.1, pp. 54 {СЖИ 332.3}
[За контекст види – 128]
[богатата храна создава желба за надразнувачки средства – 203]
Не преставува дел од здравата и корисна храна
- Мнозина знаат да направат разни видови на колачи, но колачите не се најдобрата храна којашто треба да се изнесува на маса. Благите колачи и пудинзи и преливи ќе ги нарушат органите за варење. Зошто тогаш би ги искушувале оние кои се собрале и седат на трпеза со изнесување на ваквите јадења пред нив? — The Youth’s Instructor,, May 31, 1894 {СЖИ 332.4}
- Месо, богати колачи и пити подготвени со разновидни зачини, не се најздрава и најкорисна храна. — (1870) 2. Сведоштво 400 {СЖИ 333.1}
- Слатките коишто се земаат во вид на преливи прават многу повеќе штета отколку добро. Овошјето, ако може да се добие, е најдобра намирница. — Letter 91, 1898 {СЖИ 333.2}
- Вообичаено во храната се употребува премногу шеќер. Тортите, слатките пудинзи, печивата, слаткото и џемовите, се активни причинители за слабото варење. Посебно се штетни преливите и пудинзите во кои главни состојки се млекото, јајцата и шеќерот. Обилно употребување на млеко и шеќер заедно, треба да се одбегнува. — (1905) Здравје и среќа 302 {СЖИ 333.3}
- Нека оние коишто ја застапуваат здравствената реформа, сериозно се трудат да ја издигнат така што во се да бидат она што тврдат дека се. Нека го отфрлат сето она што им штети на здравјето. Користете едноставна, здрава храна. Овошјето е прекрасно и штеди многу варење. Отфрлете ги богатите торти, колачи, наслади и други јадења подготвени да го искушуваат апетитот. Јадете помалку видови на храна за еден оброк и јадете со благодарност. — Letter 135, 1902 {СЖИ 333.4}
Едноставните десерти не се забранети
- Едноставната пита може да се служи како десерт, но кога некој би земал две или три парчиња само за да му удоволи на неумерениот апетит, тогаш таквиот сам себеси се онеспособува за Божјата служба. Некои, бидејќи добро си се послужиле со друга храна, си го земаат десертот не затоа што им е потребен, туку затоа што убаво им доаѓа. Ако бидат понудени да земат и второ парче, искушението е многу големо за да можат да му одолеат, и така уште две или три парчиња му се додаваат врз бремето кое е веќе ставено во преоптоварениот желудник. Оној кој го прави ова никогаш не се воспитувал себеси во самоодречување. Жртвата на апетитот е така соединета со својот начин на живот и не може да ја види штетата која ја нанесува самата на себеси. — Letter 17, 1895 {СЖИ 333.5}
- Тогаш кога ѝ било потребно посебна храна и посебна облека, едноставна но со добар квалитет, тоа не и било дозволено. Нејзиното тело ѝ барало материјал за да го претвори во крв; но не го добило. Умерените количества на млеко и шеќер, малку сол, бел леб направен со квасец, за промена, црно грахам-брашно подготовено на разни начини со други раце, а не со нејзините, едноставен колач со суво грозје, пудинг од ориз со суво грозје, суви сливи и смокви од време на време, и многу други јадења кои би можела да ги наведам, би одговарале на барањата на апетитот. — (1870) 2. Сведоштво 383, 384 {СЖИ 334.1}
- Храната којашто се изнесува пред болните би требало да биде таква за да може да влијае поволно врз нив. Јајцата можат да се подготват на разни начини. Питата од лимон не треба да се забрани. — Letter 127, 1904 {СЖИ 334.2}
[Пита од лимони во исхраната на Елена Вајт – Додаток 1:22]
- Десертите треба да се изнесат на трпеза и да се служат заедно со останатата храна; затоа што честопати, кога стомакот добил се што му било потребно, се внесуваат десертите, тие се тогаш навистина непотребни. — Letter 53, 1898 {СЖИ 334.3}
За бистар ум и силно тело
- Би сакала сите да ја прифатиме здравствената реформа. Се противам на употребата на колачи. Овие мешавини се нездрави. Никој којшто јаде многу благи колачи, колачи со кремови и сите видови на пити со разни јадења за еден оброк, не може да има добри органи за варење и бистар ум. Кога така работиме и потоа ќе настинеме, целото тело е така парализирано и ослабено што не е во состојба да се бори против болести. Јас повеќе би сакала месна исхрана отколку колачи и торти коишто така често се употребуваат. — Letter 10, 1891 {СЖИ 334.4}
- Нека поборниците на здравствената реформа мислат на тоа дека можат да направат многу штета со тоа што ќе објават рецепти коишто не ја препорачуваат здравствената реформа. Големо внимание треба да им се посвети на давањето рецепти за колачи со преливи. Ако како слатка се јаде торта со млеко и павлака, во стомакот ќе настане вриење и тогаш чувствителните делови на телото први ќе бидат нападнати. Мозокот ќе биде под влијание на нарушувањето на желудникот. Ова би можело лесно да се излечи кога луѓето би ги проучувале причините и последиците, изоставувајќи од својата исхрана сѐ што им штети на органите за варење и предизвикува главоболка. Со неразумното јадење луѓето се онеспособуваат за работа којашто би можеле да ја вршат, за разлика од едноставната храна, којашто може да им наштети. — Letter 142, 1900 {СЖИ 334.5}
- Јас сум убедена дека никој не треба да се разболи подготвувајќи се за под шаторите, ако води сметка за законите на здравјето при готвењето. Ако не прават колачи и пити, туку печат обичен црн, грахам-леб и ако се хранат со овошје, конзервирано или суво, тие не треба да бидат болни од подготовувањето за состанок. — (1871) 2. Сведоштво 602 {СЖИ 335.1}
- Најдобро е да се остават слатките. Немојте да ги допирате оние слатки коишто се изнесуваат на трпезата. На вас не ви се потребни. На вас ви е потребен бистар ум да размислувате за Божјиот налог. Ние сега треба да се изедначиме со начелата на здравствената реформа. — The Review and Herald, January 7, 1902 {СЖИ 335.2}
[Колачи, пити, сладолед, послужени со богати ручеци и доцни вечери – 233]
[Подготовки за модерни седенки – 128]
[Воспитување на апетитот да ја прифати едноставната храна – 245]
[Пост – помош за совладување на изопачениот апетит – 312]
[Иако се одфрлени месните пити, зачини и слично, храната треба грижливо да се подготви – 389]
[Колачи или пити не треба да се подготвуваат за состаноците под шаторот – 57, 74]
[Во домот на Вајтови не беше послучувана богата храна и десерти – Додаток 1:4, 13]
[Колку помалку зачини и слатки, толку подобро – 193]
[богати слатки служени со зеленчук – 722]
[богатите колачи го пореметуваат желудникот и ги надразнуваат нервите – 356]
[Опасното влијание на слатките во исхраната кај децата – 288, 350, 355, 360]
[богатата храна не е најдобра за работниците коишто работат седејќи – 225]
[Заветување на Бога за напуштање на богатата храна – 41]
