Совети за животот и исхраната
Исхраната разумен лек
Лековити средства од природата
- Важно е да се спознае корисноста на исхраната во случај на болест. Сите треба да знаат што треба да направат за себе. — Manuscript 86, 1897 {СЖИ 302.1}
- Постојат многу начини да се спроведат во дело вештините на лечење; но постои само еден начин кој Небото го одобрува. Божјите лекови се едноставни, природни средства кои нема да го оптоварат или онеспособат телото со своите силни својства. Чист воздух и вода, чистота и правилна исхрана, чистота на животот и цврста доверба во Бога се лекови поради недостаток на кои мнозина умираат. Меѓутоа, овие лекови излегуваат од употреба затоа што нивната неправилна примена наметнува работа којашто луѓето не ја ценат. Свеж воздух, вежби, чиста вода и чисти, убави простории, со малку трошоци достапни се за секого, додека лековите се скапи, како заради издвојување на парични средства, така и заради влијанието што го имаат врз телото. — (1885) 5. Сведоштво 443 {СЖИ 302.2}
- Чистиот воздух, сончевата светлина, умереноста, одморот, вежбите, правилната исхрана, употребата на вода и довербата во божествената сила – се вистинските лекови. Секој треба да има извесно знаење за природните, лековити средства и нивната примена. Неопходно е како разбирање на начелото, кое се применува во лекување на болни, така и практичното обучување, коешто ќе го оспособи човекот правилно да го употребува ова знаење. {СЖИ 302.3}
Употребата на природи лекови наложува голема грижа и напор кои мнозина не се расположени да го направат. Природниот тек на лечење и закрепнување е постепен, меѓутоа за нетрпеливиот изгледа спор. Откажувањето од штетното попуштање бара жртва. Меѓутоа, на крајот ќе се покаже дека кога природата не е потисната, си ја врши својата работа мудро и добро. Оние коишто ќе истраат во послушноста на нејзините закони ќе пожнеат награда во телесното и душевното здравје. — (1905) Здравје и среќа 127 {СЖИ 302.4}
- Лекарите често им советуваат на болните да посетат некој дел од земјата, да отидат на некој извор со минерална вода или да прејдат преку океанот за да си го вратат здравјето. Кога тие во девет од десет случаи, би јаделе умерено и чинеле здрави вежби со радосен дух, би го вратиле здравјето штедејќи време и пари. Вежбите, слободно и обилно користење на воздухот и сончевата светлина – благословите кои Небото ги излеало врз сите – ќе му даде во многу случаи, живот и сила на исцрпениот болен. — (1890) христијанска умереност, 160 {СЖИ 302.5}
Нешто што можеме да направиме за себе
- Во врска со тоа што можеме да го направиме за себеси, постои една точка којашто бара грижлива и мудра анализа. {СЖИ 302.6}
Јас треба да се спознаам самиот себеси, јас секогаш треба да бидам ученик којшто учи како да води грижа за оваа зграда, за своето тело кое Бог ми го дал, да можам да го запазам во најдобра здравствена состојба. Морам да го јадам она што ќе биде најдобро за моето тело, и морам посебно да се грижам моето облекување да биде такво за да овозможи здрав крвоток. Јас нема да се лишувам себеси од вежби и воздух. Морам да добијам што повеќе сончева светлина. Морам да имам мудрост за да бидам верен чувар на своето тело. {СЖИ 302.7}
Јас ќе постапам непромислена доколку влезам испотен во студена соба; ќе се покажам како немудар чувар ако си допуштам себеси да седам на провев и така да се изложам на настинка. Нема да бидам мудар ако седам со студени нозе и раце и на тој начин ја враќам крвта од екстремитетите во мозокот или внатрешните органи. Секогаш треба да ги заштитам своите нозе од влажно време. Треба редовно да се хранам со најздрава храна којашто ќе даде крв со најздрав квалитет, нема да работам неумерено ако е во моја власт тоа да го одбегнам. А кога ќе ги прекршам законите коишто Бог ги воспоставил во моето битие, ја треба се покајам и извршам реформа, воспоставувајќи најповолна состојба под влијание на лекарите, коишто Бог ги обезбедил, како што е чистиот воздух, чистата вода, и исцелувачката и драгоцена светлина. {СЖИ 302.8}
Водата може да се користи на многу начини во олеснување на страдањата. Малку бистра, топла вода којашто се зема пред јадење (околу половина литар) нема никогаш да наштети, туку ќе придонесе за добро. — Letter 35, 1890 {СЖИ 303.1}
Вера и правилното јадење и пиење
- Нека оние коишто се болни направат се што е во нивна моќ, со правилно јадење, пиење, облекување и вршење корисни вежби да си обезбедат враќање на здравјето. „Вие сте Божја нива, Божја зграда” (1. Коринтјаните 3:9). Бог ги создал нервите и мускулите за да можат да се користат. Неактивниот човечки организам донесува страдање и болести. — Letter 5, 1904 {СЖИ 303.2}
- Оние коишто ги лекуваат болните треба да појдат напред во овој важен дел со силно потпирање во Бога, за Неговиот благослов да ги прати средствата коишто Тој милостиво ги дал и кон кои во својата милост Тој го повикал нашето внимание, како што се: чистиот воздух, чистотата, здравата исхрана, правилните временски растојанија за работа и одмор и употребата на водата. — (1867) 1. Сведоштво 561, 1867 {СЖИ 303.3}
Разумни лекови во санаториумите
- Светлината, којашто ја добив, зборува за тоа дека треба да се изгради санаториум во кој треба да се изостави лечењето со лекови, а за лечење на болести треба да се применат едноставни, разумни методи на лечење. Во овие институции народот треба да се поучува како правилно да се облекува, дише и јаде и како да се спречат болестите преку правилни животни навики. — Letter 79, 1905 {СЖИ 303.4}
- Ние во нашите санаториуми застапуваме употреба на едноставни лекови. Одвраќаме од употреба на лекови, затоа што го трујат крвотокот. Во овие институции треба да се дадат јасни упатства како да се јаде, како да се спие, како да се облекува и како да се живее така што ќе се запази здравјето. — Manuscript 49, 1908 {СЖИ 303.5}
- Прашањето за здравствената реформа не е поттикнато онака како што треба да биде. Едноставната храна, потполното отсуство на лекови и давање слобода на природата да ја обнови изгубената сила на телото, и би ги направиле нашите санаториуми многу поуспешни во враќањето на здравјето на болните. — Letter 73а, 1896 {СЖИ 304.1}
Исхраната како лек
- Попуштањето на честите земања големи количества храна, ги оптоварува органите за варење и предизвикува алармантна состојба на телото. Крвта станува нечиста и тогаш настануваат болести од разни видови. Лекарот може да биде повикан да определи некој лек со краткотрајно дејство, но којшто не ја лечи болеста. Тој може да го промени обликот на болеста, но вистинското зло десетпати ќе се зголеми. Природата направила сѐ што може да го ослободи телото од насобраната нечистотија и кога би била препуштена сама на себеси, потпомогната со општите благослови на Небото, како што се чистиот воздух и чистата вода, би било постигнато брзо и сигурно излекување. {СЖИ 304.2}
Болните во такви случаеви можат да направат сами за себе она што другите не можат да направат за нив така добро. Тие треба да започнат со ослободување на бремето кој ѝ го нанеле на природата. Тие треба да ја отстранат причината. Постете кратко време и дајте му на желудникот можност за одмор. Намалете ја лошата состојба на телото со внимателна и разумна примена на вода. Овие напори ќе и помогнат на природата во нејзината борба да го ослободи организмот од нечистотиите. Меѓутоа, воопшто земено, личностите коишто трпат болки стануваат нетрпеливи. Тие не се расположени да прифатат самооткажување и малку да трпат глад… {СЖИ 304.3}
Употребата на вода може малку да помогне, ако болниот не чувствува потреба строго да се придржува кон својата исхрана. {СЖИ 342.4}
Мнозина живеат кршејќи ги законите на здравјето, незнаејќи за односот помеѓу сопственото здравје и своите навики во јадењето, пиењето и работата. Тие нема да се издигнат до своите вистински можности сѐ додека природата се побунува против злоупотреба заради која се поднесуваат болки и телесни маки. Ако дури и тогаш, кога оние коишто се мачат, почнат правилно да постапуваат и доколку се придржуваат за едноставните средства кои ги занемариле – употреба на вода и правилна исхрана – природата ќе ја добие токму онаа помош којашто ѝ е потребна и којашто требало да ја добие многу порано. Ако овој начин на живот се прифати, болниот во повеќето случаи ќе оздравее без последици. — (1864) Spiritual Gifts 4а, 133-135 {СЖИ 304.5}
- Неумереното јадење честопати е причина за болеста, и тоа што на телото му е
најпотребно е да се ослободи од непотребното бреме коешто е ставено на него. Во многу случаеви на болест, најефикасен лек за болниот е да тој изостави оброк или два за да на преморените органи за варење им овозможи можност за одмор. На оние кои работат претежно со умот, големо олеснување честопати им донела овошна исхрана во период од неколку дена. Многу пати краток период на целосно воздржување од храна, проследена со умерено земање на едноставна храна, благодарение на напорите на самата природа довело до целосно оздравување. Намалувањето на храната којашто се јаде за месец или два би уверило многу страдалници дека патот на самооткажувањето е патот до здравјето. — (1905) Здравје и среќа 235 {СЖИ 305.1}
Строгата умереност – лек за болеста
- Кога некој лекар ќе види дека болниот се мачи од болест којашто е предизвикана од неправилно јадење и пиење или од други лоши навики, па изостави да му каже, тој му нанесува штета на својот ближен. Пијаниците, манијаците и сите оние коишто му се предале на развратот, сите ги повикуваат лекарите да изјават дека страдањата се последица на гревот. Оние коишто ги разбираат животните критериуми, треба сериозно да се трудат во борбата против причините на болестите. Како лекарот може да го запази својот мир кога гледа непрекината борба со болка и постојано работи на отстранување на истата? Дали е тој добротворец и милостив ако не поучува дека строгата умереност е лек против болестите? — (1905) Здравје и среќа 114 {СЖИ 305.2}
Потребна е најдобра храна
- Лекарите треба да стражарат на молитва, разбирајќи дека се наоѓаат во положба на голема одговорност. Тие треба да им ја препишат на своите болни храната којашто најдобро им одговара. Оваа храна би требало да ја подготвува оној којшто е свесен дека зазема најважна положба, затоа што за создавање на добра крв е потребна добра храна. — Manuscript 93, 1901 {СЖИ 305.3}
[Маслинките како лаксатив – 614, 615]
[Лекувачката вредност на јајцата – 628, 629, 631]
