Христовите поуки — 10. Мрежа

Христовите поуки

10. Мрежа

Сподели го ова:

(Ова поглавје се темели на Матеј 13:47-50)

„Царството небесно прилега, исто така, и на мрежа, која се фрла во морето и уловува секакви риби; и кога ќе се наполни, ја извлекуваат на брегот и седнуваат, па добрите риби ги собираат во садови, а лошите ги фрлаат.Така ќе биде и при крајот на светот: ќе излезат ангелите и ќе ги одделат лошите од праведните, и ќе ги фрлат во вжарена печка: таму ќе има плач и крцкање со заби”. {ХП 122.1}

Фрлањето на мрежа го претставува проповедањето на Евангелието. Така и во црквата се собираат и добри и зли. Кога мисијата на Евангелието ќе биде завршена, разделувањето на злите од добрите ќе биде извршено со одлука на судот. Христос видел дека присуството на лажните браќа во црквата ќе придонесе да се зборува лошо за патот на вистината. Светот ќе го критикува Евангелието поради недоследниот живот на лажните учители. Дури и христијаните можат да потклекнат кога ќе видат дека мнозина што го носат Христовото име не се потчинуваат на силата на Светиот Дух. Бидејќи во црквата се наоѓаат и грешници, луѓето се во опасност да помислат дека Бог ги оправдува нивните гревови. Токму затоа Христос го подига овој превез од иднината и ги повикува сите да видат дека карактерот, а не положбата, одлучува за судбината на човекот. {ХП 122.2}

И параболата за каколот, и оваа за мрежата, јасно учат дека никогаш нема да дојде време кога беззакониците ќе се свртат кон Бога. Пченицата и каколот растат заедно до жетвата. И добрите и лошите риби заедно се извлекуваат на брегот до конечното раздвојување. {ХП 123.1}

Понатаму, овие параболи учат дека, откако ќе заврши судот, ќе нема ново време на милост. Кога ќе се доврши делото на Евангелието, веднаш следи поделба на добрите и злите, и со тоа судбината на двете групи засекогаш ќе биде одредена. {ХП 123.2}

Бог не сака никого да го уништи. „Кажи им, жив сум Јас, вели Господ Бог: Јас не ја посакувам смртта на грешникот, туку грешникот да се одврати од својот пат и да остане жив. Вратете се, вратете се од вашите лоши патишта; зошто да умирате вие, доме Израелов?“ (Езекиел 33:11). Во текот на целиот пробен период, Неговиот Дух ги повикувал луѓето да го прифатат дарот на животот. Само тие што ќе ги одбијат Неговите повици, ќе бидат оставени да пропаднат. Бог објавил дека гревот мора да биде уништен како зло опасно за целата вселена. Оние што ќе се држат до гревот ќе загинат при неговото уништување. {ХП 123.3}

Сподели го ова:

Поврзани статии

  • 4. Какол

    Христовите поуки4. Какол← Претходно поглавјеСите поглавјаСледно поглавје →(Ова поглавје се темели на Матеј 13:24-30,37-43) „И друга парабола им кажа, велејќи: Царството небесно прилега на човек што посеал добро семе на својата нива.Но, додека спиеја луѓето, дојде неговиот непријател и посеја меѓу житото какол, па си отиде.А кога израсна растението и донесе плод, тогаш се појави…

  • 20. Добивка што претставува загуба

    Христовите поуки20. Добивка што претставува загуба← Претходно поглавјеСите поглавјаСледно поглавје →(Ова поглавје се темели на Лука 12:13-21) Додека Христос поучувал, како и обично, околу Него покрај учениците, се собирале и многу други слушатели. Тој им зборувал на учениците за сцените во кои наскоро и тие ќе учествуваат. Вистините што им ги доверил требало да ги…

  • 7. „Прилега на квас“

    Христовите поуки7. „Прилега на квас“← Претходно поглавјеСите поглавјаСледно поглавје →(Ова поглавје се темели на Матеј 13:33 и Лука 13:20,21) Многу образовани и влијателни луѓе доаѓале да го слушаат пророкот од Галилеја. Некои од нив љубопитно и со интерес го гледале мноштвото што се собрало околу Христа додека поучувал покрај езерото. Среде тоа големо мноштво се…

  • 22. Зборови и дела

    Христовите поуки22. Зборови и дела← Претходно поглавјеСите поглавјаСледно поглавје →(Ова поглавје се темели на Матеј 21:23-32) „Еден човек имаше два сина; па отиде кај првиот и му рече: ‘Сине, оди денес да работиш во моето лозје!’ Тој одговори и рече: ‘Не сакам!’ но потоа се покаја и отиде.  Дојде и кај вториот, и му го…

  • 27. „Кој е мојот ближен“

    Христовите поуки27. „Кој е мојот ближен“← Претходно поглавјеСите поглавјаСледно поглавје →(Ова поглавје се темели на Лука 10:25-37) Меѓу Евреите прашањето: „Кој е мојот ближен?“ предизвикувало бесконечни расправии. Во врска со незнабошците и Самарјаните немало никакво сомнение. Тие за нив секогаш биле туѓинци и непријатели. Но како да се утврди границата меѓу припадниците на нивниот народ…

  • Предговор

    Христовите поукиПредговорСите поглавјаСледно поглавје →Христос, Големиот учител, голем дел од Своите поуки ги дал додека одел со Своите ученици по ритчињата и долините на Палестина, или додека одморал покрај езеро или река. Во Своите параболи, Тој ја поврзувал божествената вистина со обичните нешта и случки, што можат да се најдат во искуствата на пастирот, градителот,…