БИБЛИЈАТА ЗА БЕСМРТНОСТА НА ДУШАТА

Сподели го ова:

Денешната тема е библиски одговор до оние верници кои се сигурни дека Библијата учи како за бесмртноста на човечката душа така и за вечното мачење на грешниците во пеколниот оган. Нормално, притоа се повикуваат на некои текстови од Библијата кои, според нивно мислење, ги потврдуваат нивните ставови за гореспоменатото учење. Зошто денес со една и иста Библија имаме толку огромен број на различни христијански деноминации? Дали е проблемот во Библијата? Во тоа што е напишано во неа? Не. Проблемот е во толкувањето на она што е напишано во Божјата реч.

Во минатата тема се запознавме со еден од најопасните отрови на Вавилон, со кој го опива целиот свет — учењето за природната бесмртност на човечката душа. Учењето за бесмртноста на човечката душа доаѓа во судир со таквите непоколебливи столбови на христијанската вистина како што се судот, Божјата казна, второто доаѓање и воскресението од мртвите. Ова учење било измислено од сатаната во Еден. Го вовел во паганството, од таму влегло во католицизмот, а од католицизмот преминало и во протестантизмот. Ова учење нема никаква врска со Божјата реч.

Содржина прикажи
ЗОШТО ХРИСТОС НЕ ГО ПОСЛУШАЛ САТАНАТА КОГА ЈА ЦИТИРАЛ БИБЛИЈАТА?

Да се цитира Библијата — тоа сѐ уште не значи да се каже она што Бог го кажува во Библијата. Сатаната не ја цитирал Божјата реч при второто Христово искушение за да му каже на Христа која е Божјата волја. Тој ја употребил Божјата реч, извадена од контекст и погрешно протолкувана, за да го натера Христа да ја изврши Неговата волја, која била погубна и за Христа и за целото човештво:

Тогаш ѓаволот Го одведе во Светиот град и Го постави на стреата од храмоти Му рече: ‘Ако си Син Божји, скокни долу, зашто напишано е: ‘На ангелите Свои ќе им заповеда за Тебе да Те запазат и на раце ќе Те земат за да не Си ја сопнеш ногата од камен.’ А Исус му рече: ‘Напишано е исто така – Не искушувај Го Господ, Твојот Бог’“ (Матеј 4:5-7).

Зошто Христос не го послушал ѓаволот, кога ја цитирал Божјата реч, Псалм 91? Дали Христос бил против Библијата? Против Божјата реч? Се разбира дека не. Неговото животно дело било да живее според Божјата волја и да ја држи речта Божја:

Тогаш реков; еве, идам; во свитокот на книгата за мене е напишано; со задоволство ќе ја исполнам волјата Твоја, Боже мој; Твојот Закон е во срцето мое“ (Псалм 39:7,8).

Тогаш Исус му рече: ‘Врати го ножот во ножницата. Зашто сите што се фаќаат за нож, од нож ќе загинат; или мислиш дека не можам да Го помолам сега Својот Отец да Ми прати повеќе од дванаесет легиони ангели? Но, како ќе се исполнат Писмата, ако ова не стане?’“ (Матеј 26:52-54).

Христос цврсто стоел на позицијата на целосна послушност на Божјата реч, и секогаш тоа го правел:

Оној што Ме прати е со Мене; Отецот не Ме остави Сам, зашто секогаш го вршам она што Му е угодно“ (Јован 8:29).

Затоа, не можеме да го обвинуваме Христа за непослушност на Божјата реч. Но, што е тогаш со цитатот на ѓаволот од Светото Писмо и Христовата непослушност во овој случај?

ПОТРЕБНО Е ПРАВИЛНО, ЗАКОНСКИ ДА СЕ ЦИТИРА БОЖЈАТА РЕЧ

Како што претпоставувате, Божјата реч може да престане да биде Божја реч и да стане човечка, па дури и реч на сатаната, доколку погрешно се протолкува.

Во Библијата постои Божји апел упатен преку апостол Павле до оние кои ја носат Божјата реч.

Погрижи се пред Бога да се докажеш како работник кој нема од што да се срами кога верно го проповеда словото на вистината“ (2 Тимотеј 2:15).

А ние знаеме дека Законот е добар, ако некој законски го применува“ (1 Тимотеј 1:8).

Гледате дека цитирањето на Библијата сè уште не ја објавува Божјата вистина. Цитирањето на Светото Писмо треба да биде точно, законско, а не противзаконско, притоа вклучувајќи го Бога во своите лажни теории и прилагодувајќи ги библиските текстови со учењата на Вавилон, односно ѓаволот, како што тој самиот го направил при второто Христово искушение.

Ѓаволот ги извадил Божјите зборови од еден контекст и ги ставил во друг контекст. Како резултат на оваа манипулација, доколку Христос се согласил со овој пристап кон Божјата реч, Тој не би ја исполнил Божјата волја, туку волјата на сатаната, иако сатаната ја цитирал Божјата реч.

СЛОЖЕНИТЕ И ДВОСМИСЛЕНИТЕ ТЕКСТОВИ ТРЕБА ДА СЕ РАЗГЛЕДУВААТ САМО ВО СВЕТЛИНАТА НА ЕДНОСТАВНИТЕ И НЕДВОСМИСЛЕНИ ТЕКСТОВИ

Христовиот одговор на сатаната ни го покажал клучот на победата над ѓаволот, кога тој ја злоупотребувал Божјата реч. Кога сатаната, цитирајќи го Писмото извадено од контекст, се обидел да го убеди Христа да скокне од стреата на храмот, Христос цитирал друг пасус од Писмото до ѓаволот, едноставен текст што се коси со начинот на кој сатаната ја користел Божјата реч. Односно, Божјата вистина не смее да си противречи на самата себе. Еден текст од Светото Писмо не треба да противречи на друг текст на Светото Писмо. И ако едноставниот текст на Библијата вели: „Не искушувај Го Господ, Твојот Бог“, тогаш зборовите од друг текст за тоа дека Бог нѐ штити на нашите патишта треба да бидат во склад со вистината дека не треба да го искушуваме Бога.

Сложените и двосмислени текстови треба да се разгледуваат во светлината на едноставните и недвосмислените текстови, бидејќи само на тој начин ќе постигнете хармонично разбирање на Божјата реч и вистински ќе ја разберете Божјата волја, наместо да ги толкувате библиските текстови според вашите сопствени ставови. Само така можете да го разберете животворниот дух на Светото Писмо, а не буквата која може да ве уништи вас и другите кога погрешно е разбрана.

ЕДНОСТАВНИ И НЕДВОСМИСЛЕНИ ТЕКСТОВИ ЗА ЧОВЕЧКАТА ПРИРОДА

Што ни кажува Библијата во едноставните и недвосмислените текстови за човечката природа?

И Господ Бог го создаде човекот од земен прав и му дувна во лицето дух животен; и човекот стана жива душа“ (Создавање 2:7).

Човекот, кој се состои од тело, во кое Бог вдахнал живот од Себе, е жива душа, впрочем, како и сите други живи суштества:

Тогаш Господ Бог ги создаде од земјата сите полски животни, и сите небески птици, и ги доведе кај човекот за да види како ќе ги нарече тој, па, како што човекот ќе го нарече секое живо суштество, така да му биде  и името“ (Создавање 2:19).

При смртта на секое живо суштество, духот животен, животната енергија, се враќа кај изворот на животот, односно кај Бога, а телото станува безживотен труп и се распаѓа:

„Зашто сè што се случува со синовите човечки, се случува и со животните; крајот им е ист: како умираат едните, така умираат и другите, и едно е дишењето кај сите, и човекот нема предимство пред добитокот, зашто – сè е суета! Сè оди на едно место: сè произлегува од земјата, и сè ќе се врати во земјата“ (Проповедник 3:19,20).

Најдобрата илустрација за да ја објасни човечката состојба по смртта, Бог го сметал спиењето, несвесното постоење на мртвите, по што ќе има будење во денот кога Бог ќе ги воскресне мртвите:

И многумина од оние што спијат во земниот прав ќе се разбудат – едни за живот вечен, а други за вечен срам“ (Даниел 12:2).

Дури тогаш, на последниот ден, човекот ќе го добие делот кој му бил одреден на  Божјиот истражен суд, кој се одвива сега и кој започнал од 1844 година:

А ти оди кон својот крај, и отпочини. И ќе останеш да го добиеш својот дел на крајот од времето“ (Даниел 12:13).

Овде зборуваме за библиската вистина за човечката природа, откриена во едноставни и недвосмислени текстови кои не се во спротивност ниту со вистината за Божјиот суд, ниту со вистината за воскресението на мртвите на денот на Христовото доаѓање. Човекот е мртов, се претвора во прав, на истражниот суд ќе го испитаат неговиот живот и ќе донесат пресуда која ќе се открие при второто Христово доаѓање.

ОД СЛОЖЕНИТЕ ТЕКСТОВИ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ЗАКЛУЧИ ШТО Е ВО СПРОТИВНОСТ СО ЕДНОСТАВНИТЕ И РАЗБИРЛИВИ ТЕКСТОВИ

Но, сè уште има голем број текстови во Библијата кои не се едноставни и јасни кога станува збор за човечката природа и состојбата на мртвите.

Овие текстови се малку посложени од едноставните и недвосмислените текстови, но тие исто така стануваат едноставни и недвосмислени ако се разгледуваат во светлината на едноставните и недвосмислените текстови. Но, многу верници не го прават тоа и почнуваат да изведуваат од овие сложени текстови такви теории кои целосно ја отфрлаат Божјата вистина откриена во едноставните текстови.

Овие толкувачи на Библијата го прават Писмото контрадикторно, несварливо. Наместо да ги учи луѓето на вистината, Светото Писмо станува глина во рацете на овие толкувачи и тие, по своја волја, му даваат форма која одговара на нивните гледишта (ставови).

Во таков случај, луѓето кои слушаат такви толкувања на Божјата реч, не ја слушаат Божјата реч, туку мислењата на луѓето кои се потпираат на библиските текстови извадени од нивниот контекст.

Ова е причината зошто има толку многу цркви со нивните контрадикторни учења, бидејќи не и дозволуваат на Библијата самата себе да се објасни. Постапувајќи на овој начин, игнорирајќи ги текстовите на Светото Писмо, кои ги разбиваат во прав и пепел нивните лажни теории, ја вршат работата на сатаната, кој манипулира со нив. Тие ги искушуваат верниците, заведувајќи ги срцата на оние кои им веруваат, исто како што сатаната го искушувал Христа во пустината. Бог строго ќе им суди на овие несреќни учители, агенти на сатаната. Затоа што тие ги опиле луѓето со виното на вавилонското блудство, и на тој начин ги замајувале верниците, уверувајќи ги дека им ја даваат водата на животот, Божјата реч.

Зар не гледате дека виденијата ви се празни и дека ви се лажни пророкувањата кога велите: ‘Господово слово!’ – а Јас не зборував. Затоа Господ, Господ, зборува вака: ‘Затоа што зборувате суетно и гледате лага, еве Ме против вас – зборува Господ Бог! Еве Ме, Мојата рака ќе биде против пророците што гледаат суетно и што пророкуваат лага: не ќе бидат веќе во собирот на Мојот народ, не ќе бидат запишани во книгата на Израелевиот дом, никогаш веќе не ќе стапат на Израелева почва! И ќе знаат дека Јас Сум, Господ Бог’“ (Езекиел 13:7-9)

ГЛАВНИОТ АРГУМЕНТ НА ОНИЕ КОИ ВЕРУВААТ ВО БЕСМРТНОСТА НА ДУШИТЕ Е ПАРАБОЛАТА ЗА БОГАТИОТ ЧОВЕК И ЛАЗАР

Со стравопочит кон Бога, имајќи страв од Него, да ги разгледаме овие сложени текстови во светлината на едноставните текстови, и да дозволиме Библијата да се објасни самата себе.

Првото нешто на кое се повикуваат оние кои се обидуваат да ја користат Библијата за да го оправдаат своето верување во бесмртноста на душата е параболата за богатиот човек и Лазар, раскажана од Исус:

Си беше еден богат човек кој се облекуваше во порфир и во свила, и секој ден живееше раскошно и се веселеше. А еден сиромав, по име Лазар, лежеше пред вратата негова сиот покриен со красти, кој сакаше да се нахрани со трошките што паѓаа од трпезата на богатиот; и кучињата доаѓаа и ги лижеа раните негови. Умре сиромавиот и ангелите го однесоа во пазувите Авраамови; умре и богатиот и го погребаа. И во пеколот, додека беше во маки, ги подигна очите свои и го виде оддалеку Авраам и Лазар во неговите пазуви. Тогаш тој извика и рече: ‘Оче Аврааме, смилувај ми се и прати го Лазар да го накваси својот прст во вода и да ми го разлади јазикот, зашто многу страдам во овој пламен!’

Но Авраам рече: ‘Синко, сети се дека ти си го добил своето добро уште додека беше жив, а Лазар злото; сега, пак, тој се утешува, а ти се мачиш. Освен тоа, меѓу вас и нас има голема провалија така што оние кои би сакале да дојдат кај вас, не можат; а исто така и оние оттаму – кај нас.’ А тој пак рече: ‘Тогаш, те молам, оче, прати го во татковата ми куќа, зашто имам петмина браќа, та да им посведочи, за да не дојдат и тие во ова место на маките!’ Авраам му рече: ‘Тие ги имаат Мојсеј и Пророците; нив нека ги слушаат!’ А тој рече: ‘Не, оче Аврааме, туку, ако некој од мртвите оди кај нив, тогаш ќе се покаат.’ Авраам му рече: ‘Штом Мојсеј и Пророците не ги слушаат, тогаш и да воскресне некој од мртвите, тие нема да му поверуваат’“ (Лука 16:19-31).

НА ПАРАБОЛАТА ЗА БОГАТИОТ И ЛАЗАР И ПРЕТХОДИ ПАРАБОЛАТА ЗА НЕВЕРНИОТ УПРАВИТЕЛ

Прво да го разгледаме контекстот на параболата. Пред оваа парабола, Исус кажал друга парабола за неверниот управител, од која извлекол заклучок:

И јас ви велам: создадете си пријатели преку неправедно богатство, па, кога тоа ќе исчезне, да ве примат во вечните живеалишта. Верниот во малку и во многу е верен, а несправедливиот и во многу и во малку е несправедлив. Па така, ако во неправедното богатство не бевте верни, кој ќе ви го довери вистинското? И ако во туѓото не бевте верни, кој ќе ви го даде вашето? Ниеден слуга не може да им служи на двајца господари; зашто, или едниот ќе го замрази, а другиот ќе го засака, или на едниот ќе му угоди, а другиот ќе го презре. Не можете да служите на Бога и на Мамон“ (Лука 16:9-13).

Во параболата за неверниот управител, Исус не поттикнал мамење, туку ја нагласил снаодливоста на неверниот управител и извлекол духовен заклучок за верниците. Ако, заради овие световни и времени богатства, неверниците се спремни да покажат проникливост за да го обезбедат своето погубно постоење, колку повеќе верниците треба да покажат проникливост кога ги користат овие расипливи богатства за спасение на луѓето, за да го добијат венецот на нераспадливоста. Зашто е невозможно да им служиш на двајца господари во исто време, на Бог и на богатството. Во срцето на човекот има место само за еден господар, а ако Мамонот седи таму, тогаш таму нема место за Бога.

ДАЛИ БОГАТСТВОТО Е ДОКАЗ ДЕКА ЧОВЕКОТ МУ Е УГОДЕН НА БОГА?

Но, кога фарисеите ја слушнале оваа парабола и заклучокот што го донел Христос, почнале да му се потсмеваат на Христа, бидејќи биле среброљупци, но во исто време на сите им ја покажале својата наводна љубов кон Бога:

Сето тоа го слушаа фарисеите, што беа среброљупци, и Му се потсмеваа“ (Лука 16:14).

Фарисеите, како и многу верници денес, верувале дека богатството е знак на Божјата милост, доказ дека одредена личност и неговиот живот му се угодни на Бога. Следствено, оној што е богат мора нужно да биде спасен. Овие верски водачи ги научиле сите верници на ова разбирање за Божјиот однос со човекот. И оваа заблуда, дека нечие богатство е доказ за Божјото одобрување и знак за нечие спасение, било толку вкоренето во свеста на Евреите од Христовото време, што кога Христос го рекол токму спротивното од нивните мисли:

А Исус им рече на учениците Свои: ‘Вистина, ви велам, богат мачно ќе влезе во царството небесно; и уште ви велам: полесно и е на камилата да мине низ иглени уши, отколку на богатиот да влезе во царството Божјо’“ (Матеј 19:23,24).

Тие биле многу изненадени од ова откровение на Божјиот Син:

Кога го чуја тоа учениците, многу се зачудија и рекоа: ‘Тогаш кој може да се спаси?’“ (Матеј 19:25).

КАКО САТАНАТА ГО ИСКРИВУВА ВИСТИНСКОТО ЗНАЧЕЊЕ НА ПАРАБОЛИТЕ НА ИСУС ХРИСТОС

Параболата за богатиот и Лазар била дадена од Христос како одговор на потсмевањето на фарисеите, кои биле многу среброљубиви, но  во исто време се претставувале дека се праведни. Но и како поука за апостолите и сите Христови следбеници, како одговор на прашањето: Тогаш кој може да се спаси, ако не богатите?

Значи, можеме да видиме дека Христос ја кажал оваа парабола токму на овој начин, а не да им всади на христијаните верување во наводната бесмртност на душата. Обратете внимание на Христовите зборови пред оваа парабола:

И им рече: ‘Вие се правите праведни пред луѓето но Бог ги знае вашите срца; зашто, она што меѓу луѓето се цени, пред Бога е одвратност’“ (Лука 16:15).

За жал, сатаната е автор на искривеното разбирање на Писмото и мајстор во вадење на Божјите зборови од контекст. Тој ја користел оваа парабола во контекст различен од оној на Христос. Ја користел за да ги убеди христијаните дека оваа парабола е библиски доказ дека душата на човекот е бесмртна, и дека оваа душа ја добива својата награда веднаш по смртта на човекот.

Во оваа парабола Христос исто така не зборува за наводна бесмртна душа, бидејќи таква душа не постои. Исто така во претходната парабола „за неверниот управител“, не вели дека верниците треба да живеат нечесно. Веќе утврдивме дека библиската позиција во прашање на наградата на луѓето е јасна и лесно разбирлива:

А ти оди кон својот крај, и отпочини. И ќе останеш да го добиеш својот дел на крајот од времето“ (Даниел 12:13).

И многумина од оние што спијат во земниот прав ќе се разбудат – едни за живот вечен, а други за вечен срам“ (Даниел 12:2).

И како што по Адам сите умираат, така и во Христос сите ќе бидат оживеани; но секој по свој ред: Христос е првиот плод; потоа, при Неговото доаѓање, ќе воскреснат сите што се Христови“ (1. Коринтјаните 15:22,23).

Врз основа на овие едноставни и недвосмислени текстови ја добиваме вистината и за состојбата на мртвите и за Божјата награда и за праведните и за злите во денот на второто Христовото доаѓање.

ШТО Е ПАРАБОЛА?

И токму во овој правилен библиски контекст треба да се разбере Христовата парабола „за богатиот и Лазар“. Имајќи предвид дека таа навидум е во спротивност со заклучоците извлечени од Божјата Реч (Библијата не противречи на самата себе), потребно е да се разбере вистинското значење на изговорените зборови, наместо да се спротивставуваат текстовите со текстовите. Ајде да го разбереме ова.

Не е толку комплицирано како што изгледа на прв поглед. Тоа беше парабола, а не учење како што е, да речеме, Проповедта на гората. И тоа прави голема разлика.

Кое е значењето на зборот Парабола?

Парабола (PAIR uh bul ) е споредба на две работи, честопати направени преку приказна која има две значења. Друго име за параболата е алегорија.

„Алегорично“ – содржи друго, скриено значење, скриено навестување.

Односно, можеме да видиме дека параболата не е кажана за да се разберат сите нејзини детали буквално. Не! Тоа е алегорија која има за цел да го разјасни она што е неразбирливо, а што е скриено од човековото разбирање.

БУКВАЛНОТО СФАЌАЊЕ НА АЛЕГОРИЈАТА ДОВЕДУВА ДО МНОГУ СИЛНИ ЗАБЛУДИ

Ако не ја разбереме оваа особеност на параболата и сè во неа сфатиме буквално, тоа ќе нѐ доведе до страшни заблуди. Еве примери за ова:

Тогаш Исус пак им рече: ‘Вистина, вистина ви велам: Јас сум вратата за овците’“ (Јован 10:7).

Јас сум вистинската лоза, Мојот Отец е лозарот“ (Јован 15:1).

Кој го јаде Моето тело и ја пие Мојата крв, има живот вечен и Јас ќе го воскреснам во последниот ден. Зашто Моето тело е вистинска храна, и Мојата крв – вистинска напивка“ (Јован 6:54,55).

Алегоријата исклучува буквално разбирање на кажаното, инаку може да се дојде и до канибализам и вампиризам. Дали саката да кажете дека така учел Христос, спротивно на забраните во Библијата? Се разбира не! И така вие се оддалечувате во овие зборови од нивното директно толкување.

Во параболата што ја кажал Јотам, еден од синовите на Гедеон, единствениот преживеан откако Авимелех, неговиот полубрат, ги убил сите свои полубраќа, се вели дека дрвјата и грмушките зборуваат. А буквалното разбирање на оваа парабола би нѐ навело да веруваме во духовите на шумата и дрвјата, односно тоа би нѐ довело до спиритизам, а со тоа и во канџите на сатаната. Затоа разбираме дека ова е алегорија.

АРГУМЕНТ ПРОТИВ БУКВАЛНОТО ТОЛКУВАЊЕ НА ПАРАБОЛАТА

Самите зборови што Христос ги кажал во параболата за богатиот и Лазар покажуваат дека Неговите зборови не треба да се толкуваат буквално. Спасените се во пазувите на Авраам, но и пред Авраам имало праведници кои умреле, па зошто токму во пазувите на Авраам, а не, да речеме, во пазувите на Авел, затоа што не Авраам, туку Авел се споменува најпрвин во хероите на верата:

Со вера Авел Му принесе на Бога подобра жртва, од Каиновата; преку неа тој доби сведоштво дека е праведен, бидејќи Бог посведочи за неговите дарови; преку неа, иако мртов, тој уште зборува“ (Евреите 11:4).

Христос ја пофалил верноста на Авел, зборувајќи за казната на оние кои ја отфрлаат вистината и ги убиваат Божјите верни деца. Покрај тоа, Тој го спомнал Авел како прв праведник:

„За да падне врз вас сета праведна крв што е пролеана на земјата, од крвта на праведниот Авел па до крвта на Захарија, синот на Варахија, кого го убивте меѓу храмот и жртвеникот“ (Матеј 23:35).

И фактот дека Авраам, а не Авел, е спомнат во параболата, покажува дека Христос именувал личност која би била разбирлива и авторитативна за фарисеите на кои им ја кажал параболата, бидејќи тие се сметале себеси за деца на Авраам:

и рекоа: ‘Наш татко е Авраам…’“ (Јован 8:39).

НА АВРААМ НЕ МУ БИЛО ДАДЕНО ПРАВОТО ДА ИМ СУДИ НА ЛУЃЕТО

Еве уште еден аргумент за тоа дека ова е парабола и не треба да се сфати буквално. Дали на Авраам му е дадено право да суди и да ја одредува вечната судбина на луѓето?

„… судот е Божји…“ (Второзаконие 1:17).

И небесата ќе ја огласат Неговата праведност, зашто Бог е судија“ (Псалм 50:6).

Боже, Господи на одмаздата, Боже на одмаздата, покажи се! Стани, Судијо на Земјава, дај им отплата на горделивите! До кога нечестивите, Господи, до кога нечестивите ќе се фалат?“  (Псалм 93:1-3).

Ова е Стариот Завет. И еве ја новата, последната книга од Библијата, Откровението, напишана уште подоцна од параболата за богатиот и Лазар:

Потоа го чув ангелот на водите како вели: ‘Праведен си, Господи, Кој си, Кој беше, Свет си, зашто така пресуди, бидејќи тие пролеаја крв на светии и пророци, и Ти им даде да пијат крв – заслужуваат!’“ (Откровение 16:5,6).

Кој нема да се уплаши од Тебе, Господи, и не ќе го прослави името Твое? Зашто само Ти си свет; зашто сите народи ќе дојдат и ќе се поклонат пред Тебе; бидејќи се појавија Твоите праведни судови!“ (Откровение 15:4).

„Бидејќи тие пролеаја крв на светии и пророци, и Ти им даде да пијат крв – заслужуваат! И чув друг како зборува од жртвеникот: ‘Да, Господи Боже Седржителе, вистинити и праведни се Твоите пресуди!’“ (Откровение 16:6,7).

Така, гледаме во светлината на Библијата дека судот не е во моќта на Авраам, што е уште еден аргумент дека ова е парабола, алегорија, а не буквален настан.

МОЖЕ ЛИ БЕСТЕЛЕСНА ДУША ДА ИМА ТЕЛО И ДА ЧУВСТВУВА ЖЕД?

Уште еден аргумент во прилог на фактот дека ова е парабола. Кога луѓето умираат, оние кои веруваат во бесмртноста на душата велат дека телото останува во гробот, а во пеколот или во рајот оди некој дух, односно бестелесна душа.

Но, бидејќи бестелесните души имаат прсти, јазик и воопшто чувство на жед, тоа е својствено за телото. Христос воскреснал во тело, и ги убедил Своите ученици во тоа барајќи храна, која ја јадел за ги убеди дека е човек во тело.

Видете ги рацете Мои и нозете Мои: Јас сум Истиот; допрете се до Мене и гледајте; зашто духот нема тело и коски, а, како што гледате, Јас имам. А кога го рече тоа, им ги покажа рацете и нозете. Но, додека тие од радост уште не веруваа и се чудеа, Тој им рече: ‘Имате ли овде нешто за јадење?’ Тие Му дадоа парче печена риба и мед со саќе. И кога зеде, јадеше пред нив“ (Лука 24:39-43).

Гледате, дека способноста за јадење и пиење не е својствена за духот, туку за човекот во телото. Христос, за да ги убеди Своите ученици дека не е дух, туку тело, зел и јадел пред нив, и тоа имало ефект, бидејќи здравиот разум вели дека бестелесните немаат потреба од телесна храна.

Мислам дека има доволно докази дека ова е парабола, алегорија, а не буквален настан. Веќе го разбравме значењето на параболите. Не се работи за буквално разбирање на сè што е кажано во неа, туку за откривање на некои духовни вистини кои не можат да се видат без алегорија.

ПАРАБОЛАТА ЗА БОГАТИОТ И ЛАЗАР ПОКАЖУВА ДЕКА НЕПРАВЕДНОТО БОГАТСТВО НЕ Е ОД БОГА

Ајде да ја дефинираме оваа парабола во однос на она што го рекол Христос. Односно, зошто ги користел овие нереални настани, што сакал да ни објасни преку нив?

Параболата за богатиот и Лазар е Исусовиот одговор на богатите и среброљубивите фарисеи, кои верувале дека нивната земна благосостојба и потекло се гаранција за спасение.

Многу корисна парабола и актуелна за последните денови, бидејќи многумина го поврзуваат својот земски просперитет со Божјите благослови, заборавајќи дека сатаната е богот на овој век, и дека на Христос му го ветил богатството на светот во замена за отстапки за прашањата на вистинското обожавање. Ако денес верникот го прекршува Божјиот закон, стекнувајќи го своето богатство, тогаш ова богатство не му го дава Бог, туку друга сила:

Колку е добар Бог кон Израел, кон оние што се со чисто срце! А нозете мои за малку не потклекнаа, за малку чекорите мои ќе станеа несигурни, – зашто им позавидев на беззакониците, гледајќи го напредокот на грешниците, зашто не страдаат, нивните тела се цврсти и јадри. Немаат маки како другите, човечки неволји не ги засегаат. Затоа горделивоста им е како веришка околу вратот, а насилството им е облека. Очите им се подуени од сало, а од срцата им се излеваат безумија, се подбиваат и злобно зборуваат, се закануваат надмено со насилство. Ја креваат устата против небото, а јазикот нивен ја обиколува земјата. Затоа народот Мој по нив се залетува, и мана не им наоѓа. И вели: ‘Како ќе дознае Бог, и има ли знаење во Севишниот?’ Ете, такви се грешниците, секогаш спокојни, богатство напластуваат“ (Псалм 73:1-12).

Асаф (кој го напишал овој псалм) зборува за богатството на злите, и дека тоа е стекнато на нечесен начин, а не преку работата што Бог ја направил како удел на луѓето по падот. И тука Асаф нагласува дека и Божјиот народ го прави тоа, сакајќи да се збогати и постапува така што нивните дела изгледаат како да велат: Дали Бог гледа сè и обрнува внимание на сè? Параболата за богатиот и Лазар е многу релевантна за таквите.

КАКОВ ЌЕ БИДЕ БОЖЈИОТ ПРАВЕДЕН СУД?

Тоа се однесува и на оние кои мислат дека се спасени благодарение на својата позиција. Фарисеите мислеле дека, бидејќи се деца на Авраам, тоа автоматски ќе ги спаси.

Многу верници денес веруваат дека самото нивно членство во Божјата црква е гаранција за нивното спасение. Со оваа парабола Христос ги отрезнува и таквите.

Заклучоците од параболата ги изведува самиот Христос. И токму овие заклучоци ни помагаат да ја разбереме суштината на параболата, нејзината цел. Од параболата следи дека луѓето овде за време на нивниот живот имаат различни начини на битисување и различни постапки, различни односи кон Бога и ближниот. Едниот живее овде на земјата по своја волја и желби, без да мисли на својот ближен, додека другиот страда во неволја. И сега нивниот живот завршил, а Божјиот суд ги сумира нивните животи и им суди на секој од нив. И каков ќе биде Божјиот праведен суд?

Синко, сети се дека ти си го добил своето добро уште додека беше жив, а Лазар злото; сега, пак, тој се утешува, а ти се мачиш. Освен тоа, меѓу вас и нас има голема провалија така што оние кои би сакале да дојдат кај вас, не можат; а исто така и оние оттаму – кај нас“ (Лука 16:25,26).

Оваа парабола совршено се вклопува со сите теми на Библијата и со концептот за Божјата праведност:

Клеветникот нема да се одржи на земјава; злото ќе го одвлече неправедниот човек во погибел. Знам дека Господ ќе покаже правда за угнетените и милост за сиромасите. Да, праведниците ќе го исповедаат името Твое, и непорочните ќе се населат пред лицето Твое“ (Псалм 140:11-13).

Но, оваа праведност ќе надвладее само при второто Христово доаѓање:

Кој чини неправда, нека чини неправда уште; и кој е осквернет, нека се осквернува уште; и кој е праведен, нека чини правда уште; и кој е свет, нека се осветува уште. И еве, ќе дојдам скоро, и платата Моја е со Мене, за да му дадам на секого според делата негови“ (Откровение 22:11,12).

ПАРАБОЛАТА ЗА БОГАТИОТ И ЛАЗАР, ИСТО ТАКА, УКАЖУВА НА ВАЖНОСТА ОД ПРОУЧУВАЊЕТО НА СВЕТОТО ПИСМО

Други важни заклучоци од оваа парабола, што треба да ги имате на ум:

А тој пак рече: ‘Тогаш, те молам, оче, прати го во татковата ми куќа, зашто имам петмина браќа, та да им посведочи, за да не дојдат и тие во ова место на маките!’ Авраам му рече: ‘Тие ги имаат Мојсеј и Пророците; нив нека ги слушаат!’ А тој рече: ‘Не, оче Аврааме, туку, ако некој од мртвите оди кај нив, тогаш ќе се покаат.’ Авраам му рече: ‘Штом Мојсеј и Пророците не ги слушаат, тогаш и да воскресне некој од мртвите, тие нема да му поверуваат’“ (Лука 16:27-31).

Христос вели дека човекот треба да го постигне спасението преку проучување на Светото Писмо, а не преку чуда. Фарисеите во Христовото време сите оделе по Него, барајќи чуда:

И излегоа фарисеите и почнаа да се препираат со Него, па искушувајќи Го, Му бараа чудесен знак од небото. А Тој воздивна длабоко и рече: ‘Зошто овој род бара чудесен знак? Вистина ви велам: нема да му се даде чудесен знак на овој род’“ (Марко 8:11,12).

Наместо тоа, Тој рекол:

Ги истражувате Писмата, зашто вие мислите дека во нив имате живот вечен; а токму тие сведочат за Мене“ (Јован 5:39).

Но Тој не им се открил на Своите ученици, кои биле на патот кон Емаус, додека не им го открил она што е кажано за Него во целото Писмо, за нивната вера да не се заснова на чуда, туку на Божјата реч. Бог го возвишил Неговото слово над сè:

„Се поклонувам пред Твојот свет Храм. Го славам Твоето име за Твојата милост и вистина, зашто го возвеличи Твоето слово, повисоко од Своето име“ (Псалм 138:2).

ЧУДАТА И НАТПРИРОДНОТО НЕМА ДА ГО СПАСАТ ЧОВЕКОТ ОД СМРТ

Несреќни се оние христијани и тажен е нивниот крај за оние кои својата вера не ја засноваат на примерот на Христос, кој ги одбил нападите на ѓаволот со зборовите „напишано е“, туку на некоја натприродна појава, заборавајќи на што предупредува Спасителот:

„И правеше големи чуда, па дури и оган симнуваше од небото на земјата пред луѓето. И ги мамеше земните жители со чудата што му беа дадени да ги врши пред ѕверот, велејќи им на земните жители да му направат биста (икона) на ѕверот, кој имаше рана од меч и остана жив“ (Откровение 13:13,14).

„Тогаш ќе се открие и беззаконикот, кого што Господ (Исус) ќе го убие со здивот на устата Своја и преку појавата на Своето доаѓање ќе го истреби. Доаѓањето на тој беззаконик ќе биде по дејство на сатаната, со секаква сила и знаци и лажни чудеса,и со секакво неправедно измамување меѓу оние кои загинуваат, затоа што не ја примиле љубовта на вистината та да би се спасиле“ (2 Солунјаните 2:8-10).

НЕШТО МОЖЕ ДА СЕ ПРОМЕНИ САМО ВО ТЕКОТ НА ЖИВОТОТ, НО НИКАКО ПОСЛЕ СМРТТА!

Во параболата за богатиот и Лазар, Христос ни покажува дека времето кога можеме да ја одредиме нашата вечна судбина е време наречено земен живот. И после смртта ништо не може да се промени:

„Зашто сите ние треба да се јавиме пред Христовиот суд. Та секој да прими што заслужил, според она што го извршил во телото свое, било добро или зло“ (2 Коринтјаните 5:10).

Ако за време на својот живот човекот не го послушал Божјиот повик да се приближи до Бога:

Зближи се со Него – и ќе бидеш спокоен; преку тоа ќе ти дојде доброто. Прими го од устата Негова законот и стави ги зборовите Негови во срцето свое“ (Јов 22:21,22).

тогаш тој се оддалечува од Бога и Неговиот народ на растојание од непремостлива бездна, името на оваа бездна е „карактерот на човекот“, во кој преовладува бунт, противење и непослушност кон Бога.

НЕПОДГОТВЕНОСТА ДА СЕ НАПРАВИ ДОБРО ДЕЛО, НЕБОТО ГО ОЦЕНУВА КАКО ЗЛО

Со оваа парабола Христос ги поттикнува луѓето да размислат за својот живот, за својот карактер, и да не прават таква грешка, како лажна самодоверба. Богатиот во параболата мислел дека тој е спасен затоа што бил богат, а ако е богат и добро живее овде, тогаш без проблеми ќе влезе во вечноста. Но со оваа парабола Христос покажува дека уредувањето на овој свет нема ништо заедничко со уредувањето на рајот, сè е поинаку таму, не е како што е овде. И немојте да мислите дека царството Божјо е продолжение на ова постоење.

Царството Божјо е каменот од второто поглавје на Даниел, кој го претворил ова суштество во прав и воспоставил сосема ново царство, нов систем на вредности.

Богатиот човек бил верник, според современите стандарди успешен верник, кој никому не прави зло. Тој е способен дури и за некое добро, со тоа што великодушно му ги подарил на просјакот Лазар остатоците од својата трпеза. Тој мислел, дека во очите на Бога тоа е доволна доблест, сразмерна на неговите можности. Но тој бил во голема заблуда. И неговата заблуда го чинела вечност. Ако веруваме дека суштината на христијанството е само да не се прави зло, тогаш на Божјиот суд ќе бидеме прогласени недостојни за вечноста.  

И така, грев е за оној кој знае да прави добро, а не го прави“ (Јаков 4:17).

Нашата рамнодушност, неподготвеност да правиме добро, што е во наша моќ, небото го оценува како зло. На некој начин, богатиот не отишол во рајот не поради она што го направил, туку поради она што не го направил, но требало да го направи. Богатиот човек имал добра репутација во општеството, но еден човек правилно забележалал кога рекол: „Не ја оценувајте големината на една личност според големината на неговата канцеларија, не е важно што мислат другите за вас, туку што вие навистина сте, зашто Бог во оваа светлина го оценува човекот“. Сетете се на Христовите зборови кажани од Него пред оваа парабола:

И им рече: ‘Вие се правите праведни, пред луѓето но Бог ги знае вашите срца; зашто, она што меѓу луѓето се цени, пред Бога е одвратност’“ (Лука 16:15).

ПРИПАДНОСТА КОН БОЖЈИОТ НАРОД ИЛИ БОЖЈАТА ЦРКВА НЕ Е ГАРАНЦИЈА ЗА СПАСЕНИЕ

Богатиот човек имал предност да го познава Бога. Иако ги имал пророчките Списи, но тој бил преокупиран со себе и со своите задоволства, мислејќи дека самата припадност на Божјиот народ е гаранција за спасение. Но, Христос постојано кажувал какво сродство со Авраам е прифатливо во очите на небото:

Исус им рече: ‘Ако бевте чеда Авраамови, вие ќе ги вршевте делата Авраамови’“ (Јован 8:39).

Знајте, пак, дека оние што се потпираат на верата, се синови Авраамови“ (Галатјаните 3:7).

И така, оние што веруваат, се благословени заедно со верниот Авраам“ (Галатјаните 3:9).

КАКО Е ПРИКАЖАН БОГАТИОТ ВО ПАРАБОЛАТА?

Богатиот човек во параболата е прикажан како човек кој самиот не ги прифатил советите од небото, но не му пречело да го советува небото за тоа што да прави за спасение на таквите како него и неговите браќа. Ова не е дух на ученик на кој му е потребен Христос, односно учител, туку дух на горд човек кој направил фатална грешка, а сепак се осмелува да поучува. Згора на тоа, богатиот дури донекаде го обвинува Бога што не направил сè за спасение на таквите, како богатиот и неговите браќа.

ИДЕЈАТА НА ПАРАБОЛАТА Е ДА СЕ ЗБОРУВА ЗА ВОСКРЕСЕНИЕТО, А НЕ ЗА БЕСМРТНАТА ДУША

Како богатиот да вели: Што ако има чудо, тоа би било поинаку, ако воскресне човек, тоа би било евангелизација. Во овие зборови на богатиот човек, гледаме дека идејата на параболата е да се зборува за воскресението, а не за бесмртната душа. Не требало душата да дојде кај неговите браќа и да им каже нешто или сонува нешто за нив, туку воскреснатиот од мртвите.

И Христос, подоцна воскреснувајќи го Лазар, ја потврдил вистинитоста на овие заклучоци, како и фактот дека дури и ова чудо нема да ги преобрати оние што живеат за себе, а не за Бога и своите ближни:

Мнозина од Јудејците разбраа дека Исус е таму, па дојдоа не само заради Исус, туку да го видат и Лазар, кого Тој го воскресна од мртвите. А првосвештениците се договорија да го убијат и Лазар, зашто мнозина од Јудејците се издвојуваа поради него и веруваа во Исус“ (Јован 12:9-11).

Значи, ако за време на благодатта човекот не го проучува Божјото слово, или го проучува без да  го промени својот живот, тогаш Бог нема да го промени на подобро со чуда, бескорисно е, тој останува во извалканата облека на својата самоправедност, и тој е осуден на Божјиот суд. Оној кој е облечен во пурпур и фин лен, на Божјиот суд ќе се најде гол.  

Ова е толку актуелно поради фактот што повеќето верници сега не сакаат да ја напуштат осудената Лаодикија. За верници од овој период Христос рекол:

Така, бидејќи си млак, а не жежок, или студен, ќе те изблујам од устата Своја! Зашто велиш: ‘Богат сум и се збогатив, и ништо не ми треба’, а не знаеш дека си беден и проколнат, сиромав, слеп и гол; те советувам да си купиш од Мене злато низ оган пречистено, за да се збогатиш; и бела облека, за да се облечеш, и да не се гледа срамот на голотијата твоја, и со очна маст намачкај ги очите твои за да гледаш. Оние што Јас ги сакам, нив ги карам и воспитувам. И така, биди искрен и покај се“ (Откровение 3:16-19).

АЈДЕ ДА ИЗВЛЕЧЕМЕ НЕКОИ ЗАКЛУЧОЦИ НА ТЕМАТА

И така, заклучоци од оваа парабола. Параболата за богатиот човек не ја кажал Христос за да го оправда вавилонското учење за бесмртноста на душата. Христос не го исповедал ова лажно учење. Параболата за богатиот и Лазар се Христови поуки во алегории. Параболата била кажана така што луѓето за време на нивниот живот да навлезат во Божјото Слово и да го усогласат својот живот со него, живеејќи не за себе, туку за Бога. И да им служат на луѓето, бидејќи после смртта ништо не може да се промени. А исто така, таа е кажана за луѓето да разберат дека богатството и просперитетот на овој свет воопшто не се доказ за Божјиот благослов и не му гарантираат автоматско спасение на човекот.

И уште една поука. Припадноста кон Божјиот народ исто така не е гаранција за спасение. Праведниот живот и само праведниот живот е она што Бог го прифаќа како знак дека тој човек е Негово дете. Погледнете што пишува во посланието до Тимотеј:

Но Божјата цврста основа стои непоколебливо, имајќи го овој печат: ‘Ги познава Господ оние кои се Негови’ и ‘Да отстапи од неправда секој што го изговара името Господово’“ (2 Тимотеј 2:19)

НАВОДНАТА ПРОТИВРЕЧНОСТ СО БОЖЈОТО СЛОВО ВО ВЕТУВАЊЕТО НА ИСУС ХРИСТОС ДО РАЗБОЈНИКОТ НА КРСТОТ

Христос не поучувал ништо што е во спротивност со Писмото. Самиот со Писмото ги одбивал нападите на ѓаволот, зашто силата Божја е во Божјото слово. Некои велат: Но, што е со Христовите зборови, кажани од Него до разбојникот кој се покајал на крстот? Зар тие нѐ зборуваат за тоа дека Христос поучувал за бесмртноста на душата?

И Му рече на Исус: ‘Сети се на мене, Господи, кога ќе дојдеш во царството Свое!’ А Исус му рече: ‘Вистина ти велам: денес ќе бидеш со Мене во рајот!’“ (Лука 23:42,43).

На прв поглед, можеби изгледа дека Исус му ветил на разбојникот дека тој ден ќе биде во рајот. Но, Самиот Исус, по Неговата смрт, не бил во рајот тој ден ниту следниот. Дури по Своето воскресение ѝ рекол на Марија:

И рече Исус: ‘Не допирај се до Мене, зашто уште не сум се вратил кај Мојот Отец; туку отиди кај браќата Мои и кажи им: се враќам кај Својот Отец и вашиот Отец, кај Својот Бог и кај вашиот Бог’“ (Јован 20:17).

За време на Својот живот, Тој постојано кажувал каде ќе биде по Неговата смрт:

„Зашто, како што Јона беше во утробата на китот три дни и три ноќи, така и Синот Човечки ќе биде во срцето на земјата три дни и три ноќи“ (Матеј 12:40).

Како треба да се разбере оваа очигледна противречност? Грчкиот текст на кој е напишано Евангелието нема интерпункциски знаци. Подоцна тие биле вметнати од преведувачи, кои, за жал, веќе биле импресионирани од вавилонското учење за бесмртноста на душата и ги ставале интерпункциските знаци соодветно на нивната заблуда.

Еве како, без да се наруши библиската вистина за состојбата на мртвите и без да противречат на Христовите зборови, требало да се стават интерпункциските знаци:

„Сега ти ја кажувам вистината, ќе бидеш со Мене во рајот“ (Лука 23:43).

Ова е хармоничната библиска вистина! Христовите зборови се вистинити и не се во спротивност со она што всушност му се случило по Неговата смрт. Во спротивно, Библијата мора да се преработи, и да падне сенка врз Христа дека го измамил разбојникот, што, се разбира, е недозволиво.

УШТЕ ЕДЕН АРГУМЕНТ НА БРАНИТЕЛИТЕ НА УЧЕЊЕТО ЗА БЕСМРТНОСТА НА ДУШАТА

Бранителите на бесмртноста на душата велат: но што е со Рахила, која умирала при породувањето, се вели дека душата ја напушташе:

А кога таа се мачеше при раѓањето, бабицата и рече: ‘Не плаши се, зашто и ова ќе ти биде син.’ А кога душата ја напушташе, бидејќи умираше, Рахила го нарече Бенони. Но таткото му даде име Венијамин“ (Создавање 35:17,18).

Со вас во последната тема  утврдивме дека зборот душа има неколку значења во Библијата, од кои две важат токму за овој случај: Тоа е крв и живот. Значи овој текст не кажува ништо за бесмртноста на душата, туку би изгледал вака:

А кога таа се мачеше при раѓањето… душата (крвта, животот) ја напушташе, бидејќи умираше…“ (Создавање 35:17,18).

Значи, Библијата не го поддржува вавилонското отровно учење за бесмртноста на душата. И оние кои се обидуваат да го оправдаат ова учење со Библијата не се потпираат на неа, туку на сопствените шпекулации и фантазии, прилагодувајќи ја Библијата на овие шпекулации.

ШТО ВЕЛАТ ЈАСНИТЕ И НЕДВОСМИСЛЕНИ ТЕКСТОВИ ОД БИБЛИЈАТА ЗА СУДБИНАТА НА САТАНАТА И ЗЛИТЕ ЛУЃЕ

И уште нешто за верувањето на многуте христијани во вечното мачење на злите, изјавувајќи дека ова е библиско учење, но дали е така? Што вели Библијата за ова?

„Зашто оние што вршат зло, ќе бидат истребени, а оние, кои се надеваат на Господ, ќе ја наследат Земјата. Уште малку, и грешникот ќе го нема; ќе го побараш местото негово и нема да го најдеш“ (Псалм 37:9,10).

„Зашто грешниците ќе загинат, и непријателите Господови ќе ги снема како полска убавина, ќе исчезнат како дим… зашто оние, кои Господ Го благословуваат, ќе ја наследат земјата, а оние што тој ги проколнува, ќе бидат истребени“ (Псалм 36:20,22).

„Зашто Господ ја сака правдата и не ги остава верниците Свои; нив вечно ќе ги чува. А беззакониците ќе бидат исфрлени и потомството на безбожниците ќе биде истребено. Праведните ќе ја наследат земјата и ќе живеат на неа вечно“ (Псалм 37:28,29)

Зашто, ете, доаѓа ден, вжарен како печка; тогаш сите горди и оние, кои постапуваат нечесно, ќе бидат како слама, и ќе ги изгори денот што иде, вели Господ Саваот; и така, нема да остане од нив ни корен, ниту гранчиња… и ќе ги газите нечестивите, како прав под стапалата на нозете ваши во тој ден, кога Јас ќе дејствувам, вели Господ Саваот“  (Малахија 4:1,3).

„Падна од Бога оган небесен и ги проголта“ (Откровение 20:9).

Морето ги поврати мртвите свои, кои беа во него; смртта и пеколот ги повратија мртвите свои, што беа во нив; и секој прими суд според делата свои. А смртта и пеколот беа фрлени во Огненото Езеро. Тоа е втората смрт“ (Откровение 20:13,14).

Односно, јасните и недвосмислени текстови сведочат за тоа дека злите ќе бидат целосно уништени, ќе станат прашина. И самиот сатана ќе биде целосно уништен.

Од убавината твоја се возгордеа срцето твое, поради богатството твое си ја загуби мудроста своја… и Јас пуштив оган пред тебе, да те проголта; и Јас те претворив во пепел на земјата пред очите на сите, што те гледаат. Сите, што те знаеја меѓу народите, се згрозуваа над тебе, ти стана за ужас и исчезна засекогаш“ (Езекиел 28:17-19).

ПРАВИЛНО РАЗБИРАЊЕ НА ЗБОРОТ „ВЕЧЕН“ ВО СВЕТОТО ПИСМО

Од каде потекнува учењето за вечното мачење на злите во огнот, кога судбината на сатаната и на злите е толку јасна? Како што веќе претпоставувате, тоа настанало под влијание на лажното учење на Вавилон и погрешното толкување на сложените текстови изолирани од јасните и недвосмислени текстови.

Тогаш ќе им каже и на оние што се од левата страна: ,Бегајте од Мене, проклети, во вечен оган, приготвен за ѓаволот и за неговите ангели“ (Матеј 25:41).

И тие ќе отидат во вечна мака, а праведниците – во живот вечен“ (Матеј 25:46).

Ајде да го разбереме ова, зашто нема и не може да има никаква противречност во Библијата.

Зборот преведен во Новиот завет како „вечен“ во врска со казнувањето на злите е старогрчкиот збор „aionios“. Библијата го применува овој збор и за Бога и за луѓето. И во зависност од тоа на кого се однесува, се менува и значењето на зборот, бидејќи зборот се разбира во зависност од контекстот.

Ако зборот „aionios“ (вечен) се користи за Бога, тогаш зборот се однесува на бесконечноста на битието што Самиот Бог ја поседува. А ако е во однос на создавањето, тогаш значењето на зборот се определува со можноста за создавање. Односно значењето на вечноста се определува од можностите на оној за кого зборува овој збор.

Како пример може да се посочи зборот „силен“. Силно бебе, силен тинејџер, силен маж, силен кревач на тегови. Кажете ми, дали истиот збор „силен“ во сите случаи има исто значење за силно бебе и силен кревач на тегови? Дали има разлика во нивната сила? Секако дека има! Зборот силен, за да се разбере за каква сила станува збор, мора да се гледа во контекст, односно за кого се вели дека е силен.

Кога зборот „aionios“ (вечен) ќе се примени на смртното и пропадливото, тогаш границите на вечноста се одредуваат според можностите на даденото суштество или предмет. Односно станува збор за век, за возраст, за животот на дадената личност или предмет.

ПРАВИЛНО РАЗБИРАЊЕ НА ВЕЧНИОТ ОГАН ВО ГОРЕЊЕТО НА СОДОМ И ГОМОРА

И еве примери од горенаведеното:

„Како што Содом и Гомора и околните градови, што блудствуваа, а на ист начин како и тие, одеа по друго тело, станаа пример со тоа што беа накажани со вечен оган“ (Јуда 1:7).

Овој стих го користи концептот на вечен оган, со кој беа уништени Содом и Гомора. И ова е пример за да се сфати уништувањето на злите после Божјиот суд. Забележете дека овие градови не горат сега, иако беа уништени од вечниот оган:

Тогаш излеа Господ врз Содом и врз Гомора дожд од сулфур и оган од небото. И ги сосипа оние градови и целата околина, и сите жители во тие градови, и сите растенија“ (Создавање 19:24,25).

А утредента рано, откако стана, Авраам отиде на местото, каде што беше стоел пред Господ; и погледна кон Содом и Гомора и на целата долина и виде: и, ете, се креваше дим од земјата како чад од силен оган“ (Создавање 19:27,28).

Апостол Петар ни кажува што се случило на крајот со овие градови:

„И градовите Содом и Гомора ги осуди на разурнување и ги претвори во пепел, оставајќи ги како пример на идните безбожници“ (2 Петрово 2:6).

НЕ Е ВЕЧНА КАЗНАТА НА ГРЕШНИЦИТЕ, ТУКУ КАЗНАТА ЌЕ БИДЕ НАВЕК

Забележете дека иако огнот се нарекува вечен, тој не гори сега, ниту горел во времето на апостол Петар, бидејќи Петар вели дека огнот претворил сè во пепел. И ова е пример за сите безбожници, за тоа каков ќе биде крајот на оние што се бунтуваат против Бога:

Зашто, ете, доаѓа ден, вжарен како печка; тогаш сите горди и оние, кои постапуваат нечесно, ќе бидат како слама, и ќе ги изгори денот што иде, вели Господ Саваот; и така, нема да остане од нив ни корен, ниту гранчиња. А за вас, кои се боите од името Мое, ќе изгрее сонцето на правдата, и исцелување ќе има во зраците негови, и вие ќе излезете и ќе потскокнувате како теленца од штала; и ќе ги газите нечестивите, како прав под стапалата на нозете ваши во тој ден, кога Јас ќе дејствувам, вели Господ Саваот“ (Малахија 4:1-3).

Сфаќајќи го ова, јасно ви е дека огнот со кој ќе бидат казнети нечестивите има свој век. Овој век го одредува времето — додека сите зли не се претворат во прав. Кога тоа ќе се случи, тој ќе престане да постои, бидејќи е завршена ерата на оние поради кои се запалил овој оган. Тоа значи дека казната нема да биде вечна, туку казната ќе биде навек, а тоа се нарекува втора смрт. Првата смрт не се нарекува вечна, туку се нарекува сон, бидејќи после неа ќе има воскресение. Но, втората смрт е вечна смрт, после која никогаш нема да има воскресение.

ПРИМЕРИ ЗА ПРАВИЛНО РАЗБИРАЊЕ НА ЗБОРОВИТЕ „ВЕЧЕН ОТКУП“ И „ВЕЧЕН СУД“

За подобро да се разбере ова, еве уште два примера:

„Ниту со крв козја и телешка, туку со Својата крв влезе во светилиштето еднаш засекогаш и изврши вечен откуп“ (Евреите 9:12).

Каков откуп извршил за нас Христос? Таков што никогаш не завршува во времето? Односно, ние не сме трајно откупени, но овој процес ќе биде за цела вечност?

Библијата вели дека процесот на откуп не трае вечно, тој има завршно значење:

„И пееја нова песна, велејќи: ‘Достоен си да ја земеш книгата и да ги скршиш нејзините печати, зашто Ти беше заклан и со Својата крв нè откупи за Бога од секое колено, јазик, народ и племе’“ (Откровение 5:9).

Значи, тоа не е дејство кое продолжува вечно, а кое се означува со зборот вечен во врска со казнувањето или откупувањето на луѓето, туку одлука која се донесува навек, засекогаш.

И уште еден сличен пример за судот, наречен вечен:

„… и вечниот суд“  (Евреите 6:2).

Ако го разберете овој збор како вечен процес, тогаш Христос никогаш нема да дојде, зашто Тој мора да дојде со одмазда за да ги награди сите според нивните дела, а ако судот никогаш нема да заврши, тогаш одлуката никогаш нема да биде донесена, тогаш Христос никогаш нема да дојде. Но, тоа е едноставно смешно. Но, ако сфатите дека станува збор за вечно решение, односно решение за цела вечност, тогаш сè си доаѓа на свое место. Божјиот суд донесува вечна одлука за секого, и таа одлука не може да се промени.

КАКО ПРАВИЛНО ДА СЕ РАЗБЕРАТ ЗБОРОВИТЕ СЛИЧНИ ПО ЗНАЧЕЊЕ НА ЗБОРОТ „ВЕЧЕН“?

А сега, во врска со зборовите од Откровението:

„Тие ќе бидат мачени дење и ноќе во векови“ (Откровение 14:11; 19:3; 20:10).

Овде важи истото како и со зборот aionios (вечен), значењето на изразот „во векови“ се определува и со значењето на зборот со кој се употребува. Во однос на Бога, ова значење е апсолутно, бидејќи Бог е бесмртен. Кога се однесува на смртни луѓе, тогаш неговото значење е ограничено. Еве примери за ова. Казната на Едом:

Зашто настапи денот за одмазда Господова, годината на отплата за Сион. И реките негови ќе се претворат во катран, а правот негов – во сулфур; и земјата негова ќе биде запален катран; нема да гасне ни дење, ни ноќе; и димот нејзин вечно ќе излегува, од род во род ќе остане запустена; никогаш нема да мине никој по неа“ (Исаија 34:8-10).

Повторно зборовите „ни дење, ни ноќе“, „вечно“, „од род во род“, но како што веќе разбравте, казната на Едом имаше свое временско ограничување и не трае до денес.

Постојат голем број други примери во Стариот завет каде зборовите „вечно“, „ни дење, ни ноќе“, „во векови“ имаат одредени граници и не подразбираат непрекинато дејство во времето:

„Но, ако робот одговарајќи, рече: ‘Го сакам господарот мој, жената моја, и децата мои; не сакам да одам и да бидам слободен.’  Тогаш таквиот неговиот господар нека го доведе пред судот Божји и нека го постави пред вратата или на прагот и таму неговиот господар да му го продупчи увото со шило, та да му остане вечен роб“ (Излез 21:5,6).

За каква вечност овде се зборува, каква што ја поседува Бог? Тогаш ќе има и ропство во вечноста. Малку преувеличувам и доведувам до апсурд: ако господарот е спасен, а робот не, како може да му биде вечен роб, или обратно, тогаш зборот вечен овде не може да се употреби, ако тоа се дејствија кои никогаш не завршуваат. А ако го ставиш во контекст на животот на робот, неговиот век, тогаш се е во ред. Роб е целиот свој живот, целиот свој век, до својата смрт, ќе му биде роб на овој господар, чиј роб сака да остане.

ЕДНА ЗАБЛУДА РАЃА ДРУГА

Погледнете го овој стих:

„Дури грешниците и да никнуваат како трева, и кренат глава оние што вршат беззаконие, тоа е за да бидат истребени засекогаш, Ти си, Господи, Севишен секогаш!“  (Псалм 92:7,8).

Злите, како тревата, ќе бидат истребени засекогаш. Тие ќе станат, како што забележавме погоре, пепел, а тоа е вечната втора смрт. Односно, Божјото Слово недвосмислено учи дека не е процесот на казнување тој што ќе биде вечен, туку дека самата казна ќе биде извршена засекогаш, еднаш засекогаш.

Учењето за вечното мачење е последица на усвојувањето на грчката филозофија од страна на христијанството за бесмртноста на душата и нема никаква врска со Божјото слово.

Откако ја прифатиле паганската ерес за бесмртноста на душата, христијаните продолжиле понатаму — во канџите на спиритизмот, бидејќи ако душата е вечна и мора да биде казнета од Бога, тогаш и казната ќе биде вечна. Така, една заблуда раѓа друга. Библијата не учи дека Бог на сите луѓе им ветил вечен живот, дури и ако се во маки, но сепак вечен живот. Библијата учи за јасна поделба — смрт за грешниците, и вечен живот за оние кои се во Христа.   

Зашто, платата, што ја дава гревот, е смрт, а подарокот од Бога е живот вечен во Христос Исус, нашиот Господ“ (Римјаните 6:23).

Кој верува во Синот, има вечен живот; а кој не верува во Синот, нема да види живот, но гневот Божји ќе биде врз него“ (Јован 3:36).

Содом и Гомора го пожнеале гневот Божји, огнот ги уништил и ги нема повеќе.

НЕМА НИШТО НОВО ПОД СОНЦЕТО

Ова е причината зошто христијаните не ја гледаат оваа вистина во Божјата реч, бидејќи тие се како Израелот од времето на Христос.

Во деновите на Христос, Израел живеел според лажната теологија на фарисеите и садукеите, кои учеле дека Месијата ќе дојде и ќе им даде на Евреите власт над целиот свет. Но, кога Христос дошол со друга цел — имено да ги ослободи грешниците од ропството на гревот, не Го прифатиле, зашто Неговото ново учење не се вклопувало во нивниот ѓаволски ум. Старите мевови не го држеле новото вино, новото учење.  

Зошто не ги разбирате Моите зборови? Затоа што не можете да ги слушате поуките Мои. Вашиот татко е ѓаволот; и вие сакате да ги исполнувате желбите на својот татко; тој е човекоубиец од почетокот и не стои во вистината, зашто во него нема вистина. Кога зборува лага, говори од себе, зашто е лажливец и татко на лагата. А бидејќи Јас вистината ви ја кажувам, не Ми верувате. Кој од Вас може да Ме обвини за неправда? Ако ли, пак, вистина зборувам, тогаш зошто не Ми верувате? Кој е од Бога, тој ги слуша Божјите зборови. А вие не ги слушате, зашто не сте од Бога“ (Јован 8:43-47).

И денес, исто како и во тие денови, мнозина веруваат во бесмртноста на душата без воопшто да го постават прашањето дали Библијата го учи тоа. Тие ревносно ги бранат традициите на своите цркви, додека Божјото Слово останува занемарено за нив.  

Кога Бог, кој е богат со Својата милост, во Својата реч ќе им покаже дека тие залутале, тогаш тие почнуваат да се плашат — што ќе се случи сега, ако го прифатам ова, тогаш ќе бидам исфрлен од мојата црква — и затоа тие молчат, заглушувајќи го гласот на Светиот Дух. Сѐ се повторува. Зашто нема ништо ново под сонцето:

Но, и од началниците мнозина поверуваа, само заради фарисеите не признаваа за да не бидат исклучени од синагогата; зашто им беше помила човечката слава отколку славата Божја“ (Јован 12:42,43).

ИЗБОРОТ ЌЕ БИДЕ ПРЕД СЕКОЈ ЧОВЕК БЕЗ ИСКЛУЧОК

Но, никој нема да избега од донесување одлука, или да живее според Божјата реч и да ја отфрли сатанската лага за бесмртноста на душата, која се протега од Еден и првото искушение на Адам и Ева. Или ја отфрла вистината на Божјата реч и живее со вера во лажното и небиблиско учење за вечното мачење, но јас на таквите не им завидувам. Библијата предупредува против таквите безумници:

„Та да бидат осудени сите кои не поверуваа во вистината, а ја засакаа неправдата“ (2 Солунјаните 2:12).

По уништувањето на злите, ништо повеќе нема да ве потсетува на гревот:

Зашто, ете, Јас создавам ново небо и нова земја, а поранешните нема повеќе да се спомнуваат, ниту на ум ќе доаѓаат“ (Исаија 65:17).

ВО ШТО ГО ПРЕТВОРААТ БОГА ОНИЕ ВЕРНИЦИ КОИ БУКВАЛНО ЈА СФАЌААТ ПАРАБОЛАТА ЗА БОГАТИОТ И ЛАЗАР?

Како што можете да видите, невозможно е да се разбере Христовата парабола за богатиот и Лазар како буквален настан, туку како алегорија. Дали е можно да се заборави минатото во рајот, ако тоа извикува кон тебе од пеколниот оган и бара да пие и дава совети?

И чув висок глас од небото како зборува: ‘Ете го светиот шатор, светилиштето на Бога меѓу луѓето, и Тој ќе живее со нив; тие ќе бидат Негов народ, а Сам Бог ќе биде со нив – нивниот Бог. И ќе ја избрише Бог секоја солза од очите нивни, и смрт нема да има веќе; ни плач, ни пискот, ниту болка нема да има веќе, бидејќи поранешното помина.’ И Седнатиот на престолот рече: ‘Ете, сè ново создавам.’ И ми рече: ’Напиши, зашто овие зборови се вистинити и верни’“ (Откровение 21:3-5).

Христос рекол за оние кои ќе одат во пеколниот оган:

Ќе испрати Синот Човечки Свои ангели и ќе ги соберат сите причинители на гревот од Неговото царство, и оние што вршат незаконски дела,и ќе ги фрлат во вжарена печка; таму ќе има плач и крцкање со заби“ (Матеј 13:41,42).

И ако ја разбереме Христовата парабола не како алегорија, туку буквално, ќе видиме дека богатиот човек го слушнал од пламенот праведниот Авраам. Така, плачот и крцкањето со заби ќе го слушнат и праведниците. Каква вечност!

Ова е Бог, кој им ветил на Своите деца да слушаат плач и крцкање со заби во цела вечност… Дали Бог ги измамил сите со тоа што рекол дека нема да има плач? Не!!! Господ рекол дека нема да има плач и минатото нема да им дојде на ум!!! И така и ќе биде. Зашто злото и сите што биле поврзани со него ќе бидат уништени засекогаш. Платата за гревот е смртта, а кој не е запишан во книгата на Животот (забележете како се нарекува — книгата на Животот) ќе биде фрлен во огненото езеро. Тоа е втората смрт:

Ќе се вратат избавените од Господ, ќе дојдат на Сион со радосни извици; и вечна радост ќе биде над нивната глава; тие ќе најдат радост и веселба, а жалоста и воздишката ќе си заминат“ (Исаија 35:10).

БИБЛИЈАТА СЕКОГАШ СЕ ОБЈАСНУВА САМАТА СЕБЕ

И така! Словото Божјо е чекан што ја крши секоја карпа на заблудата. Со него ги уништуваме плановите на сатаната и извојуваме победа над него, исто како што направил Христос во пустината, кога ги одбил нападите на сатаната со зборовите „НАПИШАНО Е“. Словото Божјо е убава слика на вистината, хармонична слика.

Во Библијата, еден текст произлегува од друг и го појаснува без да им противречи на другите текстови на Светото Писмо. Светото Писмо не ја поддржува вавилонската ерес за наводната бесмртност на човечката душа и вечното мачење во пеколот. Затоа, сакам да ги предупредам оние кои се обидуваат да го направат Божјото Слово соучесник на Вавилон, да не го прават тоа.

Сподели го ова:

Слични објави