СВЕШТЕНИЦИ И ЛЕВИТИ ОД ПОСЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ, КОИ СЕ ТИЕ?

Сподели го ова:

За да добиеме целосна слика за она што се случило на земјата во средината на 19. век, на крајот на најдолгиот пророчки период од 2300 години, треба да обрнеме внимание на овие текстови од книгата на пророкот Даниел:

А и видението за вечерта и утрината за кое ти се рече ќе се исполни, но ти сокри го тоа видение зашто се однесува на далечни времиња“ (Даниел 8:26).

Небесниот гласник вели дека видението за 2300 години мора да биде скриено од разбирање. Тоа се однесува на едно далечно време. Кога овие и другите виденија од книгата на Даниел ќе им се откријат на луѓето?

А ти, Данииле, сокри ги овие зборови и запечати ја оваа книга до последното време; мнозина ќе талкаат овдеонде, обидувајќи се да разберат што се случува“ (Даниел 12:4).

Тој одговори: ‘Оди си Данииле, зашто тие зборови се сокриени и запечатени до последното време’“ (Даниел 12:9).

Во минатата тема, видовме дека по завршувањето на 2300 – годишното пророштво во 1844. година на небото започнала последната служба на Христос во Светињата над Светињите —  истражниот суд. Времето на милоста се ближи кон крајот. Ова значи дека од 1844. година ние живееме во последното време, времето на истражниот суд. На крајот од овој период, на жителите на Земјата нема да им се даде повеќе време. Затоа, книгата на пророкот Даниел мора да се прочита и разбере до тоа време.  

Содржина прикажи
ПО ШЕСТАТА ТРУБА, КНИГАТА ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕНА

За да видиме дека ова навистина се случило, одиме во книгата Откровение, во десеттото поглавје. Настаните опишани во него се случуваат по шестата труба (Откровение 9:13-21).

Оваа труба ги опишува делувањето и власта на Османлиите во текот на 391. година и 15 дена, според пророштвото од книгата Откровение 9-то поглавје. Оваа власт требала да заврши на 11. август 1840. година, што беше точно исполнето и забележано на страниците на историјата. Настаните опишани во десеттото поглавје од Откровението го следат овој настан:

„И видов друг силен ангел како слегува од небото, обвиен со облак, над главата виножито, а лицето негово беше како сонце, додека нозете како огнени столбови; во раката своја тој држеше отворена книшка; и ја постави својата десна нога над морето, а левата – над земјата“ (Откровение 10:1,2).

Во раката на ангелот се наоѓа мала книшка и таа е отворена. Од овие едноставни слики, многу работи ни стануваат јасни. Небото ни открива информации од малата книшка. За да разберете за каква книшка станува збор, треба да обрнете внимание на следниве зборови:

„И ангелот, кого го видов како стои над морето и над земјата, крена рака кон небото и се заколна во Оној Кој живее во вечни векови и Кој го создал небото и сè што е на него, земјата и сè што е на неа, и морето и сè што е во него – дека не ќе има веќе време, но во деновите, кога седмиот ангел ќе се огласи и ќе затруби, тогаш ќе се изврши тајната на Бога, како што им беше објавил Тој на своите слуги – пророците“ (Откровение 10:5-7).

Тајната на Бога, која ќе се исполни со трубата на седмиот ангел, е исполнување на Божјиот план на спасението, Вечното евангелие, преку Неговиот Син Исус Христос:

„Откако ни ја откри тајната на Својата волја според Своето благоволение што го беше положил во Себе од порано во уредувањето и исполнувањето на времињата, за да соедини сè небесно и земно под една глава – во Христос“ (Ефесјаните 1:9,10).

Затруби и седмиот ангел, и по небото одекнаа силни гласови, кои викаа: ‘Царството на светот стана царство на нашиот Господ и на Неговиот Христос, и Тој ќе царува во сите векови’“ (Откровение 11:15).

АНГЕЛОТ НА ЛУЃЕТО ИМ ДОНЕЛ РАЗБИРАЊЕ НА КНИГАТА НА ДАНИЕЛ, БИДЕЈЌИ НАСТАПИЛО ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Сега ќе ги разберете зборовите на ангелот од Откровение 10. поглавје, и каква отворена мала книшка донел, и зошто. Ангелот вели: нема да има повеќе време. Ова е последно време на милост и благодат. По него е само вечното царство за спасените и светите. Видовме дека со влегувањето на Христос во последниот дел од небесното светилиште, во Светињата над Светињите, дошло последното време на милост и благодат, бидејќи започнал истражниот суд, и по него следи царството на спасените.

Исто така го констатиравме она што е кажано во самата книга на Даниел, дека видението за 2300 години било запечатено до последното време, време во кое сè уште е можно да се биде спасен. Затоа, во последното време мнозина ќе ја читаат оваа книга, односно ќе ги разберат овие Божји откровенија. Значи, не е тешко, комбинирајќи ги сите овие светилници заедно, да се разбере дека ангелот им донел разбирање на Даниеловата книга на луѓето, бидејќи настапило последното време. Уште една потврда за ова се зборовите на ангелот кажани на Јован, претставник на Божјата црква, претставник на Божјиот народ:

Тогаш отидов кај ангелот и му реков: ‘Дај ми ја книшката!’ Тој ми одговори: ‘Земи ја и изеди ја! Во стомакот твој таа ќе ти биде горчлива, но во устата ќе ти биде слатка како мед’“ (Откровение 10:9)

Во овие стихови има доста храна за размислување. Јован, како претставник на црквата, презема иницијатива и бара од ангелот да му ја даде отворената (т.е. отворена за разбирање) книшка, како што веќе разбравме – книгата на пророкот Даниел. Тој му вели: Земи ја и изеди ја – односно разбери ја:

Ги најдов зборовите Твои и ги проголтав; Твоето слово ми беше за радост и веселба на срцето мое…“ (Еремија 15:16).

НАСТАНИ КОИ УКАЖУВААТ НА ТОА ДЕКА НЕБОТО САКА ДА ИМ КАЖЕ НЕШТО МНОГУ ВАЖНО НА ЖИТЕЛИТЕ НА ЗЕМЈАТА

Да погледнеме што довело до истражување на книгата на пророкот Даниел.

Во 1755. година, на 1. ноември, се случил силен земјотрес, проследен со цунами и пожари. Епицентарот бил во Португалија. Земјотресот го добил името Лисабонски земјотрес. Го опфатил поголемиот дел од Европа, Африка и Америка. Најмалку 100.000 луѓе загинале, а луѓето мислеле дека дошол крајот на светот.

Дваесет и пет години подоцна, на 19. мај 1780. година, се случил таинствен и до сега неразјаснет феномен, мрачен ден во историјата на Северна Америка.

„Деветнаесетти мај 1780. година е познат во историјата како ‘мрачен ден’. Од времето на Мојсеј не е забележан случај на толку густа темнина, на толкаво пространство, и да траело толку долго. Описот на овој настан, како што ни го даваат очевидците, е само одглас на Господовите зборови што ги објавил пророкот Јоил две илјади и петстотини години пред да се исполнат: ‘Сонцето ќе се преобрати во темнина, а месечината – во крв, пред да настапи денот Господов, великиот и страшниот’ (Јоил 2:31).

Еден очевидец на оваа глетка кажал: ‘Не можам да се ослободам од помислата дека, кога секое светло тело во вселената би се завиткало во непробивна темнина или би престанало да постои, тогаш темнината не би можела да биде погуста’ (Letter by Dr. Samuel Tenney, of Exeter, New Hampshire, December, 1785 (in Massachusetts Historical Society Collections, 1792, 1st series, vol. 1, p. 97)). Иако месечината таа ноќ во девет часот беше полна, ‘таа не можеше ниту малку да ја растера сенката слична на смртта’. По полноќ мракот исчезна, а кога месечината се покажа, беше како крв“.

Овој феномен бил опишан во списанието „Boston Independent Kronikl“ од 22.05. 1780. година.

Оваа историска хроника бележи крваво-црвена месечина истата ноќ.

И уште еден значаен настан се случил некое време подоцна на 13. ноември 1833. година. Ѕвездопад:

,,Целиот небесен свод над Соединетите Држави со часови беше во огнено движење. Никогаш во таа земја, откако била населена, не се појавил природен феномен кој бил набљудуван со толкав восхит од едни, а во исто време со страв и возбуда од други луѓе. Мнозина уште живо се сеќаваат за таа величествена и свечена глетка… Никогаш не постоел толку густ пороен дожд каков што беше паѓањето на метеори тој ден. На исток, на запад, на север и на југ насекаде се гледаше иста слика. Со еден збор, целото небо беше во движење… Таа сцена, како што ја опишува професорот Силиман во своите весници, можеше да се види над цела Северна Америка… Почнувајќи во два часот изутрината, па сѐ до јасна дневна светлина, небото беше ведро и без облак и на него можеше да се набљудува постојана игра на блескотни тела“ (R. M. Devens, American Progress; or, The Great Events of the Greatest Century, ch. 28, pars. 1-5).

До денешен ден, нема сличен настан на овој настан. Агнес Кларк во својата книга „Историја на астрономијата во 19. век“ напишал: „Како резултат на падот на ѕвездите во 1833. година, проучувањето на метеоритите стана составен дел на астрономијата“. Собирајќи ги сите овие настани заедно, луѓето сфатиле дека небото сака да им каже нешто многу важно на жителите на Земјата.

НА ШТО УКАЖУВАЛЕ ЗНАЦИТЕ?

И бидејќи во тоа време луѓето биле верници и имале доверба во Божјата реч, почнале во неа да бараат одговор за настаните што се одвиваат:

И веднаш, по маките на тие дни, сонцето ќе потемни и месечината нема да ја дава својата светлина, и ѕвезди ќе паѓаат од небото, и силите небески ќе се разнишаат“ (Матеј 24:29) .

„И ќе има знаци на сонцето, и на месечината и на ѕвездите, а на земјата тага кај народите од неизвесноста и од бучењето на морето, и од брановите; луѓето, пак, ќе умираат од страв и од исчекување на она што ќе го снајде светот, зашто и силите небесни ќе бидат разнишани“ (Лука 21:25,26).

„И видов, кога се крена шестиот печат. И, ете, настана голем земјотрес, и сонцето стана црно како вреќа од кострет, и месечината стана како крв; ѕвездите, пак, небесни паднаа на земјата, како што смоквата лулана од силен ветар, ги исфрли пупките свои“ (Откровение 6:12,13) .

Не може да има грешка. Сите настани точно се исполниле. И по нив, пророштвото укажувало на враќањето на Синот Божји на оваа земја. Луѓето почнале марливо да ја проучуваат Библијата, особено пророштвата.

Сите тие луѓе кои ги проучувале пророштвата не можат да се набројат, и само Бог знае кои се и колку биле, но некои од нив останале на страниците на историјата.

Еден од нив е Вилијам Милер, кој многу години посветил на истражување на пророштвата на Библијата, особено книгата на Даниел. Тој разбрал дека пророчкиот период од 2300 вечери и утрини е точен и дека овој период мора да заврши во есента 1844. година. А потврда за исправноста на неговиот метод на пресметување било исполнувањето на пророштвото за падот на Отоманската империја на 11. август 1840. година, разбрано од Јосија Лич во 1838. година, во кој тој исто така го користи библискиот принцип на толкување – пророчкиот ден е буквална година. Пророштвото точно се исполнило, а Милер го користел истиот принцип ден за година при пресметувањето на периодот од 2300 вечери и утрини.

Покрај Милер, крајот на пророчкиот период бил правилно разбран и од Јосиф Волф, Евреин, кого Бог го преобратил во христијанство. И повеќе од седумстотини служители на Англиската црква. Многу методисти и христијани од други конфесии.

ПОГРЕШНО ТОЛКУВАЊЕ НА ЧИСТЕЊЕТО НА СВЕТИЛИШТЕТО

Тие точно го пресметале пророчкиот период, но, за жал, дале погрешно објаснување за тоа што требало да се случи на крајот од овој најдолг пророчки период. Според општо прифатеното мислење, за светилиште во тоа време, по престанокот на службата во земното светилиште, христијаните ја сметале самата Земја.

Ние не можеме да ги обвиниме овие луѓе за таквото разбирање, бидејќи папството во текот на долгите години на своето владеење во светот, ја предало на заборав вистината за небесното светилиште и дало повод за секакви видови на лаги. Затоа, не чуди што дури и протестантите, кои излегле од католицизмот, сè уште не биле целосно очистени од папската измама.

Другиот му рече: ‘Две илјади и триста вечери и утрини; и тогаш светилиштето ќе се очисти (ќе биде ослободено и ќе му бидат вратени неговите права)’“(Даниел 8:14).

Сфаќајќи дека под светилиште се подразбира Земја, истражувачите на Библијата, сметајќи дека овој период завршува во есента 1844. година, верувале дека станува збор за второто Христово доаѓање на оваа Земја во тоа време. И тие ревносно почнале да проповедаат за тоа по целиот свет, заборавајќи се себеси и трошејќи го целиот свој имот на проповедање. Илјадници и илјадници луѓе се обратиле кон Бога како резултат на нивните од Бога вдахновени проповеди за скорото Второ доаѓање. Овие проповедници на Второто доаѓање биле наречени „Адвентисти“, од латинскиот „Адвентус“ – појава, пристигнување, доаѓање.

ГОРЧИНАТА НА РАЗОЧАРУВАЊЕТО ЗА ОНИЕ ШТО ГО ОЧЕКУВАА ВТОРОТО ХРИСТОВО ДОАЃАЊЕ

Но во настаните опишани во 10. поглавје од книгата Откровение, се вели дека искуството на разбирање на пророштвата на книгата на Даниел, ќе биде слатко само на почетокот, додека е во устата, во проповедта, подоцна ќе предизвика горчина на разочарување:

Тогаш отидов кај ангелот и му реков: ‘Дај ми ја книшката!’ Тој ми одговори: ‘Земи ја и изеди ја! Во стомакот твој таа ќе ти биде горчлива, но во устата ќе ти биде слатка како мед’. Ја зедов книгата од рацете на ангелот, и ја изедов и во устата ми беше слатка како мед, а кога ја изедов, ми беше горчлива во стомакот“ (Откровение 10:9,10).

Веројатно, нема ништо послатко за верникот од пораката за Христовото доаѓање. Погледнете со каква радост ангелите им објавуваат на луѓето за првото Христово доаѓање:

„А ангелот им рече: ‘Не плашете се! Еве, ви навестувам голема радост, која ќе биде за сите луѓе; зашто денеска ви се роди во градот Давидов Спасител, Кој е Христос Господ; Ова ќе ви биде знак: ќе најдете повиен Младенец, кој лежи во јасли.’ И одеднаш со ангелот се јави многубројно небесно воинство, кое Го славеше Бога, велејќи: ‘Слава на Бога во висините, а на земјата мир, меѓу луѓето добра волја’“ (Лука 2:10-14).

И веројатно нема ништо потажно за верникот од тоа да пропадне неговата надеж за брзото воспоставување на Божјото царство. Како што бил случајот со Христовите следбеници при Неговото прво доаѓање:

„А ние се надевавме дека е Тој Оној што треба да го избави Израел…“ (Лука 24:21).

Горчината на разочарувањето на оние кои го чекале второто Христово доаѓање, произлегла од фактот дека по завршувањето на 2300 – годишниот пророчки период, Христос не дошол на Земјата, да Тој ниту требаше да дојде на Земјата во тоа време. Зашто во тоа време Тој влегол во Светињата над Светињите во небесното светилиште и на небото започнал истражниот суд.  

ИСКУСТВОТО НА РАЗОЧАРУВАЊЕ ИМ БИЛО ПОТРЕБНО НА ВЕРНИЦИТЕ

Ова искуство им било потребно на верниците за да откријат кој искрено го чекал Господа, а кој им се придружил на верниците под разни изговори, поради стравот од казна при Второто доаѓање. Ова искуство е опишано не само во Откровението, туку и во книгата на пророкот Даниел:

Многумина ќе се очистат (за да бидат чисти), ќе се избелат (стануваат бели) и ќе бидат искушани (за да се очистат); безбожниците ќе си останат безбожни, и никој од нив нема тоа да го разбере (разгледа, размислува, да го земе во предвид), само мудрите (разбираат, резонираат, расудуваат) ќе разберат“ (Даниел 12:10).

Од искуството на разочарување ќе произлезат две во суштина различни групи. Едните никогаш нема да разберат што се случило во 1844. година, ниту зошто Бог го создал ова движење.  

Другите ќе проникнат во словото и самите сè ќе разберат, а другите ќе бидат научени:

Разумните ќе сјаат како светила на небото, и оние што мнозина повратиле кон правда – како ѕвездите, во веки, засекогаш“ (Даниел 12:3).

ПРАВИЛНО РАЗБИРАЊЕ НА ЧИСТЕЊЕТО НА СВЕТИЛИШТЕТО

Откако почнале да го пребаруваат Светото Писмо по горчливото разочарување, оние кои му останале верни на Бога откриле дека нивното разбирање, дека под светилиште се подразбира Земјата, во корен е погрешно и е во спротивност со јасните текстови на Божјото Слово.

Зборувајќи за светилиштето, Библијата мисли или на земната скинија изградена во деновите на Мојсеј во пустината на патот кон земниот Ханан, или на небесното светилиште, според чиј образ или модел била изградена земната скинија. Бидејќи земното светилиште и службата во него со Христовата смрт, вистинската жртва, престанало да постои. Тоа Бог јасно го открил, цепејќи ја завесата, во мигот на Христовата смрт, во Светињата над Светињите во земното светилиште од горе до долу. Затоа пророштвото за завршетокот на 2300 години, кое нè води до 1844. година, според горенаведените факти, не може да се однесува на земното светилиште, туку само на небесното.  

По падот на ѕвездите во 1833. година, Вилијам Милер и сличните на него, сфаќајќи ја вистината дека пророчкиот период од 2300 години завршува во 1844. година, почнале енергично да проповедаат за претстојното Христово враќање и Божјиот суд. Истражувајќи ја Библијата, тие во неа ја пронашле последната порака за светот што пропаѓа – пораката на Трите ангели. Тие самите во потполност не ја разбирале пораката, но почнале да ја објавуваат на светот, особено во почетокот првата порака:  

„И видов друг ангел како лета среде небото, кој имаше вечно Евангелие, за да им благовести на жителите земни, на секое племе и колено, јазик и народ. Тој зборуваше со висок глас: ‘Имајте страхопочит кон Бога и подајте Му слава, зашто настапи часот на Неговиот суд, и поклонете Му се на Оној Кој ги создал небото и земјата, морето и водните извори’“ (Откровение 14:6,7)

Тие ја поврзале пораката за судот со нивното очекување на второто Христово доаѓање во 1844. година по завршетокот на пророчкиот период од 2300 години. А пораката за судот требала повеќе да биде поврзана со фактот дека во 1844. година, по завршетокот на пророчкиот период од 2300 години, на небото започнал истражниот суд, и Христос влегол во Светињата над Светињите во небесното светилиште.

ПОРАКАТА НА ИСУС ХРИСТОС ЗА ОВОЈ ПЕРИОД НА ЦРКВАТА

Христос ја видел нивната искрена желба да се сретнат со Него и да бидат во вечноста, и затоа не ги напуштил по нивното разочарување. Тој им ја открил вистината за небесното светилиште и јасното разбирање на планот на спасението, како и сите библиски пророштва во светлината на тој план. Во посланието за овој период на црквата, Христос кажува само добри работи:

„И на ангелот на Филаделфиската црква напиши му: вака вели Светиот, Вистинитиот, Оној, Кој го има клучот Давидов, Кој отвора, и никој не може да затвори, – и Кој затвора, никој не може да отвори: ги знам делата твои. Ете, ти дадов отворена врата, што никој не може да ја затвори; ти имаш мала сила и сепак го запази словото Мое, и не одречувај се од името Мое. Ете, ќе направам некои од сатанската синагога – оние што велат дека се Јудејци, а не се, туку лажат, – да дојдат и да се поклонат пред нозете твои и да познаат дека Јас те засакав. Бидејќи ти го запази словото на трпението Мое, и Јас ќе те запазам од часот на искушението кое ќе дојде над целиот свет, за да ги искуша оние што живеат на земјата. Ете, доаѓам скоро: држи што имаш, за никој да не го земе венецот твој. Оној кој победува, ќе го направам столб во храмот на Мојот Бог, и нема веќе да излезе надвор; и ќе го напишам на него името на Мојот Бог и името на градот на Мојот Бог, на новиот Ерусалим, кој слегува од небото од Мојот Бог, и Моето ново име“ (Откровение 3:7-12).

ДА ЈА АНАЛИЗИРАМЕ ПОРАКАТА НА ИСУС ХРИСТОС ДО ЦРКВАТА ВО ФИЛАДЕЛФИЈА

Да се ​​фокусираме на оваа Христова порака до верниците кои живееле во овој период. Самото име на овој период зборува сам за себе „Филаделфија“ – братска љубов.

Со овој збор Христос ја опишува состојбата на умот на оние искрени души кои го очекувале Христовото враќање во 1844. година и кои доживеале разочарување. Во духот на братска љубов, тие почнале да го проучуваат Божјото слово и да ја објавуваат пораката за истражниот суд на целиот свет. Тоа биле луѓе кои навистина биле водени од братска љубов, делејќи го последното парче леб со своите ближни. На што Христос ги повикал и ги повикува сите верници:

А вие немојте да се нарекувате ,Рави‘, зашто еден е вашиот Учител-Христос, а вие сте сите браќа… Но, најголемиот меѓу вас да ви биде слуга“ (Матеј 23:8,11).

Христос во овој период се претставува како Свет и Вистинит, затоа што, откривајќи му ја на овој народ вистината за небесното светилиште, Тој му ја открива и вистината за посветувањето и растот во познавањето на Божјата светост. За да можат верниците да станат свети во Исуса Христа.

Христос е претставен како да го има клучот на Давид. Христос е законски наследник на Давидовиот престол, симбол на Царството на сите спасени. А на оние на кои Христос им ја открил вистината за небесното светилиште, Тој им се открива како Оној што ги има клучевите на Божјото царство. Односно, спасението во овој период е директно поврзано со откриената вистина за небесното светилиште. И затоа, Тој понатаму им зборува на верниците од овој период дека Тој им ги отворил вратите.

Во контекст на времето и исполнувањето на пророштвото за 2300 години, зборуваме за вратата на небесното светилиште, особено за вистината дека Христос по завршетокот на овој период влегол во Светињата над Светињите.

ВИСТИНИ КОИ ИМ СЕ ОТКРИЕНИ НА ОНИЕ КОИ СО ВЕРА ГО СЛЕДЕЛЕ ИСУСА ХРИСТА

Следејќи го Христа со вера во Светињата над Светињите, верниците за себе и за целиот свет ја откриле вистината за Божјата светост, за Неговиот закон и саботата. Тоа станало средиште во нивната служба на Бога и нивното разбирање на планот на спасението преку Христа, Неговото посредување и посветувањето преку Него додека да се постигне Неговата светост. Во врска со постигнување на Божјата светост, Бог подоцна им ја открил вистината за чиста и нечиста храна:

„Не поганете ги душите ваши со ниедно од животните што лазат и не осквернувајте се од нив, за да не станете нечисти преку нив, зашто Јас сум Господ, вашиот Бог, осветувајте се и бидете свети, бидејќи Јас сум свет; и немојте да ги осквернувате душите ваши со какво и да е животно што лази по земјата.Бидејќи Јас сум Господ што ве изведе од земјата египетска, за да ви бидам Бог; и така – бидете свети, зашто Јас сум свет“ (Левитска 11:43-45)

Секоја наредна вистина произлегувала од претходната, продлабочувајќи ја и откривајќи ја уште повеќе. Така била откриена вистината за здравиот начин на живот. На крајот на краиштата, нашите тела се Божји храм и треба да се грижиме за нив:

Или не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој живее во вас и ни е даден од Бога и дека не припаѓате само на себе?  Зашто скапо сте платени. Затоа прославете Го Бога во своите тела и во своите души, кои се Божји“ (1 Коринтјаните 6:19,20)

Вистините биле откриени една по друга. Вистините, кои биле сквернавени од страна на папството и биле предадени на заборав, повторно блеснале. Како на пример вистината за несвесната состојба на мртвите до Второто доаѓање и уште многу други.

ОТКРИЕНИТЕ ВИСТИНИ ТРЕБА ДА СЕ ЧУВААТ, А НЕ ДА СЕ БАРА НЕШТО НОВО

Затоа, откривајќи им ја на пионерите на ова движење, во првите 50 години од нивното постоење, полнотата на вистината, Христос го рекол следново:

„Ги знам делата твои. Ете, ти дадов отворена врата, што никој не може да ја затвори; ти имаш мала сила и сепак го запази словото Мое, и не одречувај се од името Мое… Бидејќи ти го запази словото на трпението Мое, и Јас ќе те запазам од часот на искушението кое ќе дојде над целиот свет, за да ги искуша оние што живеат на земјата. Ете, доаѓам скоро: држи што имаш, за никој да не го земе венецот твој“ (Откровение 3:8,10,11).

Вистината за спасението во целост им е откриена на верниците од периодот на Филаделфија, затоа таа треба само да се чува за сатаната да не ја грабне, а не да се бара нешто ново.

ДВЕ КАТЕГОРИИ ВЕРНИЦИ

Еден многу важен момент: Христос го дели светот на верниците во овој период на две категории:

Ете, ќе направам некои од сатанската синагога – оние што велат дека се Јудејци, а не се, туку лажат, – да дојдат и да се поклонат пред нозете твои и да познаат дека Јас те засакав“ (Откровение 3:9).

Вистинските верници од овој период се Јудејците. Невистинските верници – тоа се оние кои за себе велат дека се Јудејци (Евреи), а не се, туку само лажат. Имајќи предвид дека ова е веќе 19. век, и дека Јудејците по завршетокот на 70. седмици или 490 години, отсечени за нив од периодот од 2300 години, престанале да бидат Божји избран народ под посебни услови, јасно е дека постои поинакво, не физичко, туку духовно значење:

„Обрезанието е навистина полезно, но ако го извршуваш Законот. Ако, пак, правиш престапи против Законот, обрезанието твое станува необрезание. И така, ако необрезаниот ги пази одредбите на Законот, тогаш нема ли неговото необрезание да се смета како обрезание? И необрезаниот по тело, извршувајќи го Законот, нема ли да те осуди тебе, кој и покрај Писмо и обрезание си станал престапник на Законот? Зашто не е прав Јудеец оној, кој е таков по надворешност, ниту право обрезание она, кое е надворешно, врз телото, туку оној, кој е внатрешно таков, и она обрезание, што е во срцето, по дух, а не по буква. Неговата пофалба не потекнува од луѓето, туку од Бога“ (Римјаните 2:25-29).

Забележете дека духовниот Јудеец е оној кој го држи Божјиот закон од срце. Вистинските верници од периодот на филаделфиската црква, откако од Божјата Реч го откриле небесното светилиште и Христовата служба во Светињата над Светињите во ова светилиште, природно ја откриле и вистината за Божјиот закон.

КОЈ Е ДУХОВЕН ЈУДЕЕЦ?

Бидејќи земното светилиште е копија, отпечаток на небесното светилиште, а во земното светилиште во Светињата над Светињите во ковчегот биле плочите со Божјиот закон.

Во ковчегот немаше ништо, освен двете камени плочи, кои Мојсеј ги беше положил внатре на Хорев, кога Господ склучи завет со синовите Израелови, откако тие излегоа од египетската земја“ (1 Цареви 8:9).

Јасно е дека во небесното светилиште, исто така и во Светињата над Светињите се наоѓа и мерилото на Божјата праведност, Неговиот свет Закон. За тоа, дека на небото во храмот постои ковчег, читаме:

Тогаш на небото се отвори храмот на Бога, и се јави ковчегот на заветот во Неговиот храм“ (Откровение 11:19).

Затоа, духовните Јудејци , почнувајќи од периодот на Филаделфија, кога вистината за небесното светилиште повторно му била откриена на светот, се оние кои, како и јудејскиот народ од старозаветното време, верувале во еден Бог, во Бог Отецот, кој ги извел надвор од духовниот Египет, од духовниот дом на ропството и ги води во небесниот Ханан, преку Ангелот на Своето лице, преку Христа, Кого треба да го слушаат во сè.  

Духовниот Јудеец, почнувајќи од периодот на црквата во Филаделфија, е оној кој, како и древните Јудејци, има место за вистинско поклонение на Бога, има светилиште (во овој случај тоа е небесно светилиште).

Духовниот Јудеец , почнувајќи од периодот на црквата во Филаделфија, е оној кој, како и старозаветните Јудејци, има свој Првосвештеник – посредник во светилиштето (во овој случај, Божјиот Син, Исус).

Духовниот Јудеец, почнувајќи од периодот на црквата во Филаделфија, е оној кој, како и Јудејците, не се осквернува со нечиста храна.

Духовниот Јудеец, почнувајќи од периодот на црквата во Филаделфија, е оној кој, како и Јудејците, го почитува целиот Божји закон, вклучувајќи ја и саботата.

ДАЛИ ОНА ШТО БОГ ИМ ГО ДАЛ НА ЈУДЕЈЦИТЕ (ЕВРЕИТЕ) ВО СТАРОЗАВЕТНО ВРЕМЕ БИЛО ПОГРЕШНО?

Сите останати верници, ако не го прифатат сето она што е погоре наведено, се оние кои за себе велат дека се Јудејци, а не се – тие се лажговци. И ова не е изненадувачко. Затоа што она што Бог им го дал на Јудејците во Стариот Завет не било погрешно. Нивниот став кон она што Бог  им го дал бил погрешен:

„Вака вели Господ: ‘Каква неправда најдоа во Мене татковците ваши, та се оддалечија од Мене, ја прифатија суетата и станаа суетни?… А кога ве воведов во земја плодородна, за да се храните од плодовите нејзини и од добрата нејзини, вие влеговте и ја осквернивте земјата Моја, и сопственоста Моја ја направивте гадотија. Свештениците не рекоа: каде е Господ?… И учителите на законот не Ме познаа, и пастирите се одметнаа од Мене, и пророците пророкуваа во името на Ваал и одеа по оние, кои не помагаат… Ги променил ли некој народ боговите свои, иако тие не се богови? А Мојот народ ја менуваше Славата своја за она што не помага’“ (Еремија 2:5-11).

Вашиот татко е ѓаволот; и вие сакате да ги исполнувате желбите на својот татко; тој е човекоубиец од почетокот и не стои во вистината, зашто во него нема вистина. Кога зборува лага, говори од себе, зашто е лажливец и татко на лагата“ (Јован 8:44).

Писмото учи дека самата маслинка (односно Божјата вистина) била вистинита, и дека Израел (маслиновите гранчиња) морал да се држи цврсто за таа маслинка (вистината) преку својата вера и верност кон Бога, но, за жал, тие се откинале поради неверство:

„Ако првиот дел од тестото е свет, тогаш свето е и целото тесто: и ако е коренот свет, свети се и гранките. Ако, пак, некои од гранките се скршени, а ти, кој си дива маслинка, си бил прикалемен на нивното место и си станал заедно со нив соучесник во сочниот корен на маслинката, не биди горделив пред гранките! А ако сепак, се возгордееш, треба да знаеш дека ти не го држиш коренот, туку коренот тебе​​… Зашто, ако си ти откинат од маслинка која е по природа дива, и против природата си прикалемен на питома маслинка, тогаш колку полесно ќе бидат прикалемени на својата маслинка оние кои по природа потекнуваат од неа“ (Римјаните 11:16-24).

КОГА ОНИЕ КОИ ЗА СЕБЕ ВЕЛАТ ДЕКА СЕ ЈУДЕЈЦИ, СЕ НЕЗНАБОШЦИ ЗА БОГА?

Коренот е свет. Вистината дадена на Јудејците е вистинита. Тие самите се покажале неверни кон оваа вистина и затоа биле отсечени. Денес духовен Јудеец е оној кој е накалемен на коренот на вистината на местото на отсечените неверни гранки. Затоа духовниот Јудеец почитува сè: и Божјиот закон и небесното светилиште, како центар на вистинското поклонение.

Откако била откриена вистината за небесното светилиште, Бог јасно ги поделил верниците на земјата на Свој народ, оние кои ја прифатиле оваа вистина и со вера го следат Првосвештеникот Христос во небесното светилиште. И оние, кои изјавуваат за себе дека се Јудејци, односно Божји народ. Но, ова е лага. Тие се за Бога незнабошци:

И ми се даде мерна трска слична на жезол, и ми се рече: ‘Стани и измери го Божјиот храм и жртвеникот и оние што се поклонуваат во него. А дворот пред храмот остави го и не мери го, бидејќи им е даден на незнабошците’“ (Откровение 11:1,2).

„Измери го Божјиот храм и оние што се поклонуваат во него“, односно оцени го карактерот на оние кои влегле во светилиштето, кои се стремат кон Божјата светост со силата на Христос, знаејќи за Божјиот свет Закон. Секој Божји поклоник ќе биде измерен со ова совршено мерило на Божјата праведност.

„Зашто, кој го пази целиот Закон, а згреши само во едно, виновен ќе биде за сè. Зашто Оној, Кој рекол: ‘Не прави прељуба!’, рекол и: ‘Не убивај!’ Па затоа, ако не вршиш прељуба, а убиеш, ти ќе станеш престапник на Законот. Зборувајте и постапувајте како оние што ќе бидат судени според законот на слободата“ (Јаков 2:10-12)

„Зашто Бог не е пристрасен. Оние што згрешиле без Закон, без Закон ќе загинат; а оние што згрешиле под Закон, според Законот ќе бидат и судени, бидејќи пред Бога не се праведни оние што го слушаат Законот, туку ќе се сметаат за праведни само оние што постапуваат според Законот“ (Римјаните 2:11-13).

Во надворешниот двор стоел олтар (жртвеник) кој покажувал на Голгота. Поради безбожната активност на папството, предавајќи ја во заборав вистината за небесното светилиште, кое зборува за нашето посветување, искривен бил и концептот за жртвата на Голгота. Без посветување со послушност кон вистината, за човекот, заменската жртва на Голгота станува дозвола за грев.

ВИСТИНСКОТО ЕВАНГЕЛИЕ ГО ПРЕОБРАЗУВА ГРЕШНИКОТ ВО ХРИСТОВИОТ ЛИК

Без да го промени правецот за да ја достигне Божјата светост, секој верник греши и го прикрива својот грев преку својата вера во Христа. Затоа Бог ја нарекува таквата религија паганство. Оваа религија не го менува грешникот. Вистинското Евангелие го преобразува грешникот во Христов лик:

Нека биде благословен Бог и Отецот на нашиот Господ Исус Христос, Кој нè благослови со секаков духовен благослов од небесата во Христос, така што и нè избра преку Него, уште пред светот да биде создаден, за да бидеме свети и непорочни пред Него во љубовта“ (Ефесјаните 1:3,4)

„Бидејќи Неговата божествена сила ни подари сè што е потребно за животот и побожноста, а преку познанието на Оној Кој нè повика со Својата слава и совршенство, преку кои ни се дарувани многу големи и драгоцени ветувања, та преку нив да станете учесници во Божјата природа ако се оддалечите од гнилежот на овој свет“ (2 Петрово 1:3,4).

МИСИЈАТА НА ВЕРНИОТ ОСТАТОК НЕ ЗАВРШИЛА ПО ГОЛЕМОТО РАЗОЧАРУВАЊЕ, ТУКУ САМО ШТО ЗАПОЧНАЛА

И така, на овој народ, кој ја прифатил вистината за небесното светилиште и со вера влегол таму со Христа, Бог му дава налог по разочарувањето во 1844. година.

„Ја зедов книгата од рацете на ангелот, и ја изедов и во устата ми беше слатка како мед, а кога ја изедов, ми беше горчлива во стомакот. И ми рече: ‘Треба пак да пророкуваш меѓу многу народи и племиња, јазици и цареви’“ (Откровение 10:10,11).

Мисијата на овој од Бога наречен остаток не завршила по големото разочарување, туку само што започнала. Сега вистината за небесното светилиште, кое папството ја одзело од сите жители на земјата, создавајќи свој крив пат кон Бога преку човекот на гревот, треба да им се објави на секое племе, јазик и народ. Токму тоа започнал да го прави овој верен Божји остаток по 1844. година, објавувајќи му ја на целиот свет  пораката на трите ангели. Зборовите на оваа порака укажуваат на небесното светилиште и она што се случило во 1844. година:

Тој зборуваше со висок глас: ‘Имајте страхопочит кон Бога и подајте Му слава, зашто настапи часот на Неговиот суд, и поклонете Му се на Оној Кој ги создал небото и земјата, морето и водните извори’“ (Откровение 14:7).

Времето на благодатта неумоливо се ближи кон крајот.

КОИ СЕ ЦАРСКОТО СВЕШТЕНСТВО И ЛЕВИТИТЕ ОД НОВИОТ ЗАВЕТ?

По завршувањето на пророчкиот период од 2300 години, треба да се случат два настани. Еден е на небото. Тоа е преминот на Христа во вториот дел на небесното светилиште и почеток на истражниот суд. И вториот настан е на земјата, кога Бог повторно му ја открива на светот погазената вистина за небесното светилиште, како центар на поклонение и посветување за секој верник. Тоа Бог и го направил, повикувајќи го во живот остатокот кој му бил верен во сè, врз основа на тоа што во последните денови на милоста ги читале пророштвата од книгата на Даниел и го разбрале нивното исполнување. Задачата на овој верен остаток е да ја брани вистината за небесното светилиште, како место за вистинско поклонение на секој верник кој сака да биде спасен.

Токму оние кои го чуваат небесното светилиште се царското свештенство и левитите од Новиот Завет повикани од Бога. Без светилиштето, свештенството и левитската служба се бесмислени:

Но вие сте избран род, царско свештенство, свет народ, луѓе придобиени за да ги возвестите совршенствата на Оној Кој ве повикал од темнина во Својата чудесна светлина“ (1 Петрово 2:9) .

Зашто Јас ги знам делата нивни и мислите нивни; ете, ќе дојдам да ги соберам сите народи и јазици, и тие ќе дојдат и ќе ја видат славата Моја… И од нив ќе земам свештеници и левити, вели Господ“ (Исаија 66:18,21).

Верниот Божји остаток ќе ги повика сите кои сакаат да се присоединат кон Господовата служба да ја прифатат вистината за небесното светилиште. Оние, што ќе ја отфрлат оваа вистина ќе бидат прогласени за Вавилон од страна на овие верни Божји свештеници и левити на последните денови. И ќе отфрлат сè надвор од светилиштето, како идолопоклонство.

ВИСТИНАТА ЗА НЕБЕСНОТО СВЕТИЛИШТЕ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ОТФРЛИ

Оваа вистина нема да ја прифатат оние кои остануваат под влијание на папските доктрини кои го отфрлаат небесното светилиште. Таквите верници, „што велат дека се Јудејци, а не се, туку лажат“, ќе му се поклонат на ѕверот, односно на папството, и ќе го примат неговиот белег (жиг).

За жал, дури и сега папството, преку лажни учења, ја руши Божјата војска на земјата. Многу адвентисти денес, наместо да го бранат небесното светилиште, го отфрлаат и ги сеат папските лаги насекаде. Сепак, остатокот е предупреден од Христос:

Ете, ти дадов отворена врата, што никој не може да ја затвори… Ете, доаѓам скоро: држи што имаш, за никој да не го земе венецот твој. Оној кој победува, ќе го направам столб во храмот на Мојот Бог, и нема веќе да излезе надвор; и ќе го напишам на него името на Мојот Бог и името на градот на Мојот Бог, на новиот Ерусалим, кој слегува од небото од Мојот Бог, и Моето ново име“ (Откровение 3: 8,11,12).

Многу немарни Лаодикијци не ги слушаат зборовите на Христос: „држи што имаш, за никој да не го земе венецот твој“. И тие, одречувајќи се од вистината за небесното светилиште, доброволно му го предаваат својот венец на спасението на ѓаволот. А без венецот на спасението, тие нема да бидат запишани во книгата на животот и ќе му се поклонат на ѕверот:

„И ќе му се поклонат сите земни жители, чии имиња не се запишани во книгата на животот на Јагнето заклано, од создавањето на светот. Кој има уво, нека чуе“ (Откровение 13:8,9).

СОВРЕМЕНИТЕ ЛЕВИТИ ТРЕБА ДА ГО СЛЕДАТ ПРИМЕРОТ НА ВЕРНИТЕ ЛЕВИТИ НА ПЛАНИНАТА СИНАЈ   

Во ова последно време со Божјиот народ, кој оди во небесниот Ханан, ќе се случи истото што се случило со Божјиот народ од Стариот Завет кој одел во земниот Ханан. Додека Мојсеј (прототип на Христос) бил на планината Синај (прототип на светилиштето), луѓето долу си направиле идол за поклонение. Само левитите му останале верни на својот Бог:

„Застана Мојсеј на вратата од логорот, и рече: ‘Кој е Господов, нека дојде кај мене!’ И се собраа кај него сите синови Левиеви“ (Излез 32:26).

Верноста на левитите, залагајќи се за Божјата чест за време на отпадништвото, е високо забележана од Бога во благословот на Мојсеј:

„И за Левиј рече… кој рече за татко си и за мајка си: ‘јас не ги видов’, и браќата свои не ги признава, и синовите свои не ги познава, бидејќи тие, ги почитуваат зборовите Твои и го пазат заветот Твој, го учат Јаков на законите твои, и Израел на Твоите заповеди, ставаат темјан пред лицето Твое и сепаленици на жртвеникот Твој; благослови ја, Господи, силата негова и прими ги делата на рацете негови, порази ги бедрата на непријателите негови, што стануваат против него и кои го мразат, за да не можат да се подигнат“ (Второзаконие 33:8-11).

Вистинскиот верник ќе ја објавува и брани Божјата вистина без разлика на лице, и никој нема да може да се спротивстави на оваа вистина, која Бог му ја дал. Не сите левити му останале верни на Господа во пустината, и Арон паднал пред гревот.  

Кој е сега Господов? Кој ќе биде бранител на Божјата вистина за небесното светилиште и истражниот суд во време кога мнозинството ја отфрла и исмева оваа вистина? Кој, како Ное, заради вистината е подготвен да трпи потсмев и да остане во изразито малцинство? Сè што се случувало со Израел во пустината е еден вид духовна поука и пример за нас:

„Но повеќето од нив не беа по волјата Божја, затоа загинаа во пустината. А тоа беа примери за нас… Сето тоа ним им се случуваше да служат како пример, а беше запишано нам за опомена, до кои стигна крајот на вековите“ (1 Коринтјаните 10:5,6,11).

ШТО ЌЕ НАПРАВАТ ЛАЖНИТЕ ЈУДЕЈЦИ И ВИСТИНСКИТЕ ВЕРНИЦИ НА КРАЈОТ ОД ВРЕМЕТО?

Вистински верник, кој со сето свое срце сака да биде со Бога во вечноста, ќе ги разбере во вистинска духовна светлина зборовите што сега ќе ги прочитаме:

„Исто така и левитите, кои се оддалечија од Мене во времето на Израеловото отстапништво, откако Ме оставија, блудствуваа со идолите свои, исто така тие ќе претрпат казна за гревовите свои… А заради она што им служеа пред нивните идоли и за домот на Израел беа соблазан за нечестие, Јас ја кренав раката Своја врз нив, вели Господ Бог, и тие ќе претрпат казна за гревот свој; тие нема да се приближуваат до Мене за да служат како свештеници пред Мене и да пристапуваат до сите Мои светињи, до Светињата над светињите, но ќе го носат врз себе срамот свој и гадотиите свои, што ги вршеле“ (Езекиел 44:10-13).

Погледнете ги лажните Јудејци кои ќе дојдат на денот на својот суд и ќе им се поклонат на оние што ја сочувале вистината за небесното светилиште:

Ете, ќе направам некои од сатанската синагога – оние што велат дека се Јудејци, а не се, туку лажат, – да дојдат и да се поклонат пред нозете твои и да познаат дека Јас те засакав“ (Откровение 3:9).

И еве ги вистинските свештеници и левити од последните денови кои го бранат Божјото светилиште, вистинските Јудејци:

А свештениците од коленото Левиево, синовите на Садок, кои постојано пазеа на Моето светилиште, кога синовите Израелови отстапија од Мене, ќе се приближуваат до Мене за да Ми служат и ќе се задржуваат пред лицето Мое… Тие ќе влегуваат во Моето светилиште и ќе се приближуваат до Мојата трпеза, за да ми служат и да бидат стража Моја“ (Езекиел 44:15,16).

Поради својата верност, тие ќе застанат пред Божјото лице и ќе можат да влезат во Божјото светилиште.

СПАСЕНИТЕ ЌЕ ГИ ИСПИТУВААТ ДЕЛАТА НА НЕЧЕСТИВИТЕ

Во светилиштето се случува судење. Кога, по Второто доаѓање, спасените ќе бидат на небото 1000 години, тие ќе ги испитуваат делата на нечестивите, како свештеници на Севишниот Бог. Ова е она што сега го прават во небесното светилиште 24-те старешини, испитувајќи ги делата на Божјиот народ:

И видов престоли и седнати на нив, на кои им беше дадено да судат, а и душите чии глави беа исечени поради сведоштвото Исусово и заради словото Божјо, а и оние што не му се поклонија на ѕверот ниту на неговата биста, и не примија белег на челата свои и на рацете свои и оживеаја и царуваа со Христос илјада години… Блажен и свет е оној кој има дел во првото воскресение; над нив втората смрт нема власт, а ќе бидат свештеници на Бога и ќе царуваат со него илјада години“ (Откровение 20:4,6).

Само после овој суд на нечестивите, ќе исчезне потребата од небесно светилиште, небесен храм, и затоа се вели дека нема да има храм во вечноста:

Храм, пак, не видов во него, бидејќи Господ Бог Седржителот и Јагнето се неговиот храм“ (Откровение 21:22).

Сподели го ова:

Similar Posts