8. Нашите центри треба да бидат далеку од населените области
Погодни локации за институции
И понатаму се даваат упатства: Излезете надвор од градовите. Основајте свои санаториуми, училишта и канцеларии подалеку од населените места. Сега мнозина се залагаат да останат во градовите, но ќе дојде време, кога сите, кои сакаат да ги избегнат глетките и звуците на злото, ќе се преселат во селските реони; бидејќи гревот и расипаноста ќе се зголемат до таков степен, така што самата атмосфера во градовите ќе изгледа загадена. (Letter 26, 1907) (ЖС 28.4)
Да се избегнуваат искушенијата и расипаностите
Некои се прашуваа зошто нашата канцеларија за публикации треба да се премести од Оукленд во Mountain View. Бог го повикува својот народ да ги напушти градовите. Младите кои се поврзани со нашите институции не треба да бидат изложени на искушенијата и расипаностите кои постојат во големите градови. Mountain View се чини како најповолна место за нашата печатница. (Manuscript 148, 1905) (ЖС 29.1)
Пред нас се бурни времиња
Оваа несреќа (горење на зградата Review и Herald) може да направи одлучна промена во работите. Се надевам дека нашите браќа ќе ја послушаат поуката на која Бог се обидува да ги поучи, и дека нема да ја обноват издавачката куќа во Батл Крик. Бог сака да ни каже дека не треба да се лоцираме во градовите, бидејќи пред нас се мошне бурни времиња. ( Letter 2, 1903) (ЖС 29.2)
Каде младите можат најуспешно да се поучуваат
Бог испраќаше предупредување по предупредување дека нашите училишта, издавачките куќи и санаториумите треба да се основаат надвор од градовите, на места каде младите најуспешно ќе можат да се поучат што е вистина. Никој нека не се обидува да ги користи сведоштвата за да го оправда основањето на големите бизнис интереси во градовите. Немојте да го намалите влијанието на светлината која е дадена во врска со ова прашање. (ЖС 29.3)
Луѓето ќе станат да зборуваат изопачени работи за да го осуетат извршувањето на добрите работи во кои Господ ги води своите слуги. Време е мажите и жените да размислуваат од причините до последиците. Премногу е доцна, предоцна, за основање на големи бизнис фирми во градовите – премногу е доцна да се повикуваат младите мажи и жени од селата во градовите. Во градовите се развиваат такви околности кои ќе им отежнат на оние од нашата вера да останат во нив. Затоа, би било голема грешка да се инвестираат пари во основање на големи бизнис интереси во градовите. (Manuscript 76, 1905) (ЖС 29.4)
Да се работи во градовите однадвор
Доколку е можно, нашите институции треба да се наоѓаат надвор од градовите. За овие институции треба да имаме работници, а ако тие се наоѓаат во градот, тоа значи дека семејствата на нашиот народ треба да се населат во нивна близина. Но, Божја волја не е Божјиот народ да се насели во градовите, каде што има постојани превирања и конфузија. Нивните деца треба да бидат поштедени од ова; бидејќи целото тело се расипува од брзањето и бучавата. Господ сака Неговиот народ да се пресели на места, каде може да се населат на земја и да одгледува сопствено овошје и зеленчук, и каде што нивните деца можат да бидат доведени ви директен контакт со Божјите дела во природата. Изведете ги вашите семејства подалеку од градовите, тоа е мојата порака. (ЖС 29.5)
Вистината треба да биде објавена без оглед дали луѓето ќе сакаат да ја слушнат или ќе ја избегнуваат. Градовите се полни со искушенија.= Ние треба да ја планираме нашата работа така што колку е тоа можно да ги оддалечиме нашите млади луѓе од расипаноста. (ЖС 30.1)
Во градовите треба да се работи од надворешни места. Божјиот гласник рече: „Зарем нема да бидат предупредени градовите? Да, но не од страна на Божјиот народ кој живее во нив, туку со тоа што ќе ги посетуваат, за да ги предупредат за она што доаѓа на земјата”. (Letter 182, 1902) (ЖС 30.2)
Лесен пристап до градовите
Треба да се одредат луѓе со здраво расудување, но не да ги објавуваат своите намери од страна, туку да бараат такви имоти во селски реони, со лесен пристап до градовите, погодни за мали училишта за обучување на работниците, каде би постоела можност за лекување на болните и уморните души кои не ја познаваат вистината. Барајте такви места оддалечени од големите градови, во кои можат да се обезбедат соодветни објекти, било како подарок од сопствениците или преку купување по разумна цена од подароците на нашиот народ. Не подигнувајте згради во бучните градови. (Medical Ministry, 308, 309) (ЖС 30.3)
Поуки од Енох и Лот
Ние, како Божји народ кој ги држи заповедите, мораме да ги на- пуштиме градовите. Како и Енох, и ние мораме да работиме во градовите, но не да живееме во нив. (Евангелизам, 78,79) (ЖС 30.4)
Кога некој народ ќе изобилува со беззаконие, секогаш треба да се чуе еден глас кој предупредува и советува, како што гласот на Лот се слушал во Содом. Сепак, Лот можел да го сочува своето семејство од многу зла, ако не направел свој дом во овој злобен, расипан град. Сѐ што Лот и неговото семејство направиле во Содом, можело да биде направено од нив дури и ако живееле на некое место оддалечено од градот. Енох одел со Бога, но сепак не живеел среде некој град, осквернет со секаков вид на насилство и злоба, како Лот во Содом. (Евангелизам, 79) (ЖС 30.5)
Цркви, но не и институции во градовите
Бог многукратно ни дал упатства дека треба да работиме во градовите од центрите кои се наоѓаат надвор од нив. Во овие градови треба да имаме молитвени домови, како споменици за Бога, но институциите за издавање на нашата литература, за лекување на болните и за обука на работниците треба да се основаат надвор од градовите. Особено е важно нашата младина да биде заштитена од искушенијата на градскиот живот. (ЖС 31.1)
Во согласност со ова упатство, домовите за состаноци биле купени и посветени во Вашингтон и во Нешвил, додека издавачките куќи и санаториумите во овие центри биле основани далеку од пренаселените центри во градовите, како вон градски центри. Овие
планови се почитувани и при преселувањето на другите издавачки куќи и санаториуми надвор од градските области, а сега до тоа се држат во Велика Британија во поглед на издавачката куќа во Лондон како и во тамошните училишта за обука. Сега ни се нуди можност да напредуваме во Божјите провиденија кои ни се даваат, помагајќи им на нашите браќа во овие и во многу други важни центри да го постават делото на цврста основа, како тоа би можело темелно да се спроведе. (Special Testimonies Series B, No. 8, 7,8) (ЖС 31.2)
Ние треба да бидеме мудри како змии, а безопасни како гулаби во нашите напори да обезбедиме имоти по ниска цена во природа, а од овие места треба да работиме во градовите. (Special Testimonies, Series B, No. 14, 7) (ЖС 31.3)
Порака дадена од Бога
„Излезете од градовите; излезете од градовите“, ова е пораката што Бог ми ја даде. Ќе дојдат земјотреси; ќе дојдат поплави; и ние не треба да се утврдиме во порочните градови, каде што на секој начин му се служи на непријателот, и таму каде што Бог толку често се заборава. Господ сака да имаме јасен духовен вид. Треба да бидеме брзи во распознавањето на опасностите кои ќе бидат присутни при основањето на институциите во овие злобни градови. Треба да направиме мудри планови како да ги предупредиме градовите, но во исто време да живееме таму каде што можеме да ги заштитиме нашите деца и себеси од загадувачките и разочарувачките влијанија кои преовладуваат во овие места. (Life Sketches, 409, 410) (ЖС 31.4)