6. Населување во институционалните центри
Не треба да создаваме колонии
Господ и денес сака Неговиот народ да се разотиде по целата земја. Тие не треба да формираат колонии, со тоа што ќе се населуваат на едно место. Исус рекол: „Одете по сиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание“ (Марко 16:15). Кога учениците, поведувајќи се според своите склоности, почнале во голем број да остануваат во Ерусалим, било допуштено да бидат прогонувани, и така се распрснале по сите делови на дотогаш населениот свет. (ЖС 21.2)
На нашиот народ со години му доаѓаа опомени и молби да тргне во големото Господово поле за жетва и несебично да работи за душите. (8. Сведоштво, 215) (ЖС 21.3)
Раширете се по места до кои не допрело предупредувањето
Многу членови на нашите големи цркви не работат релативно ништо. Тие би можеле да извршат добра работа ако, наместо да се групираат на едно место, би се разотишле на места во кои сè уште32 не се чуло за вистината. Дрвјата кои премногу густо се насадени не можат да напредуваат. Затоа градинарот ги пресадува, за да можат да се развиваат во слободниот простор и да не останат слаби и неразвиени. Тоа правило добро би функционирало и во нашите големи цркви. Многу членови духовно умираат токму затоа што не се работи така. Тие стануваат слаби и неефикасни. Кога би биле расадени, би имале простор да се развиваат и да зајакнат. (ЖС 21.4)
Божја намера не е Неговиот народ да формира населби или мнозина да се населуваат во исто место. Христовите ученици се Негови претставници на земјата и Бог сака тие да се расеат по целата земја, по градовите и селата, како светилки среде темнината на овој свет. Тие треба да бидат мисионери за Бога и со својата вера и своите дела треба да сведочат за близината на доаѓањето на Спасителот. (ЖС 22.1)
Таму каде што постојат добри изгледи за заработка
Верниците во нашата црква (лаиците) можат да извршат едно дело кое одвај е започнато. Никој не треба да се сели во некое ново место само заради световна корист; но ако некаде се пружи прилика за пристоен живот, таму нека одат семејства кои се добро утврдени во верата, и тоа едно или две семејства во едно место, и таму нека работат како мисионери. Тие мораат да имаат љубов кон душите и да чувствуваат должност да работат за нив, размислувајќи за тоа како да ги доведат до вистината. Можат да делат наши публикации, да одржуваат состаноци во своите домови, да се запознаваат со соседите и да ги повикуваат да дојдат на тие состаноци. Така нивната светлина ќе свети преку добрите дела. (8. Сведоштво, 244,245) (ЖС 22.2)
Нека не ве привлече шармот на институциите
Оние кои сакаат да се населат во близина на нашите издавачки куќи или нашиот санаториум и училиште во Такома Паркот, треба да бараат совет пред да се преселат. (ЖС 22.3)
Оние кои размислуваат за Mountain View како поволно место за живеење, затоа што тука ќе биде основан Пацифичкиот печат, би им кажала: „Погледнете кон другите делови од светот на кои им е потребна светлина која сте ја добиле во доверба. Имајте на ум дека Бог на секој човек му дал своја работа. Изберете некое место каде што ќе имате можност да дозволите вашата светлина да засвети среде моралната темнина”. (ЖС 22.4)
Кога во некое место ќе се основа некоја институција, има многу семејства кои сакаат да се населат во нејзина близина. Така беше и во Батл Крик и во Оукленд, и во извесна мера во речиси секое место каде што имаме училиште или санаториум. (Fundamentals of Christian Education, 494,495) (ЖС 22.5)
Немојте да воспоставувате центри каков што бил Ерусалим
Нашиот народ… не треба да го смета како – Ерусалимски центар. Нека не мислат дека, затоа што голем број на нашите браќа и сестри се повикани овде да се поврзат со нашата издавачка дејност, дека ова е место на кое ќе се населат голем број на наши луѓе со своите семејства. И секој кој е поврзан со канцеларијата нека биде подготвен да замине, ако Бог го повика, на некое ново место. (Manuscript 148, 1905) (ЖС 23.1)
Немојте да се собирате на едно место, правејќи ја истата грешка која е направена во Батл Крик. Постојат стотици места на кои им е потребна светлината што ви ја дал Бог. (Fundamentals of Christian Education, 495) (ЖС 23.2)
Останете во помалите цркви – Започнете со нови училишта
Многу семејства, кои, со цел да ги едуцираат своите деца, се селат во места каде што се наоѓаат нашите големи училишта, многу подобро би му служеле на Учителот со тоа што ќе останат таму каде што се. Тие треба да ја поттикнат црквата во која тие членуваат, да основаат црковно училиште, во кое што децата во рамките на нивните можности можат да добијат сеопфатно, практично христијанско образование. Тоа би било многу подобро за нивните деца, за самите нив и за Божјото дело, ако останат во помалите цркви, каде што е потребна нивната помош, наместо да одат во поголемите цркви, каде што, бидејќи тие се непотребни, постои постојано искушение да западнат во духовна неактивност. (ЖС 23.3)
Каде и да има неколку почитувачи на саботата, родителите треба да се обединат за да обезбедат место за целодневно училиште, во кое нивните деца и млади ќе учат. Тие треба да вработат еден христијански учител, кој како посветен мисионер ќе ги едуцира децата на таков начин што ќе ги наведат да станат мисионери. (Counsels to Teachers 173,174) (ЖС 23.4)
Како се чувствуваат ангелите
Да размислуваме за тоа како се чувствуваат ангелите кога гледаат дека крајот се приближува, а оние кои тврдат дека го познаваат Бога и Исуса Христа кого го испратил, како се збиваат заедно, колонизираат, присуствуваат на состаноци и се чувствуваат обесхрабрени и незадоволни ако нема многу проповедање кои би им користело на нивните души и да ја зајакнат црквата, додека тие не прават буквално ништо. (Letter 16e, 1892) (ЖС 23.5)
Зголемете се и проширите се – но не во центрите
Луѓето се охрабруваат да се концентрираат во Батл Крик и тие го даваат својот десеток и го вложуваат своето влијание во градење на модерен Ерусалим, што не е по наредба на Бога. Со ваква работа, другите места се отсечени од објектите кои би требало да ги имаат. Зголемете се, ширете се, но не на едно место. Излезете и воспоставувајте центри на влијание на оние места каде ништо не е направено. Растерајте ја зацврстената толпа; растурете ги зраците на светлината и истурете светлина во помрачните делови на Земјата. (Testimonies to Ministers and Gospel Workers, 254, 255) (ЖС 24.1)