5. Подготовка за кризата предизвикана со Неделниот закон
Пред нас се бурни времиња
Ние не треба да се населиме таму каде што ќе бидеме принудени да одржуваме блиски врски со оние кои не го почитуваат Бога… Кризата наскоро ќе дојде во врска со почитувањето на неделата… (ЖС 20.2)
Поддржувачите на неделата зајакнуваат во своите лажни тврдења, а тоа значи угнетување на оние кои одлучиле да ја празнуваат Господовата сабота. Ние треба да се населиме таму каде ќе можеме во целост да ја спроведеме заповедта за саботата. „Шест дена работи“, вели Господ, „и врши ги во нив сите свои работи; а седмиот ден е сабота Господова, ден на твојот Бог; тогаш немој да вршиш никаква работа”. Ние треба да бидеме внимателни да не се населиме таму каде што ќе ни биде тешко и нам и на нашите деца да ја празнуваме саботата. (ЖС 20.3)
Ако според Божјо провидение можеме да обезбедиме станови подалеку од градовите; Господ би сакал да го сториме тоа… Пред нас се бурни времиња. (Manuscript 99, 1908) (ЖС 20.4)
Побрзајте да се подготвите
Кога моќта подарена на царевите ќе се соедини со добрината, тоа е затоа што оној кој е одговорен е под Божја управа. Кога моќта ќе се здружи со злото, тогаш таа е здружена со сатанските орудија, и ќе работи на уништување на оние кои се Божја сопственост. Протестантскиот свет поставил идол – ден на одмор, на местото каде што треба да биде Божјата сабота, и тој чекори по стапките на папството. Поради оваа причина гледам потреба Божјиот народ да се исели од градовите во повлечените селски места, каде може да обработува земја и да одгледува сопствени производи. На тој начин тие можат да ги воспитуваат своите деца со едноставни, здрави навики… Чувствувам потреба од брзање за да бидат подготвени сите работи за кризата. (Letter 90, 1897) (ЖС 21.1)