9. Итно бегање во завршниот судир
Знак за бегство
Сега не е време Божјиот народ да ги сосредоточи своите чувства или да собира богатство на земјата. Не е далеку времето, кога, како првите ученици, ќе бидеме принудени да бараме засолниште во пусти и осамени места. Како што опсадата на Ерусалим од страна на римската војска им била знак за бегство на јудејските христијани, така и заканата со сила од страна на нашата нација во декретот со кој присилно се наметнува задолжително празнување на папскиот ден за одмор ќе биде предупредување за нас. Тогаш ќе биде време да ги напуштиме големите градови, подготвени да ги напуштиме и помалите, подготвувајќи се за осамените престојувалишта во осамените места меѓу планините. А сега, наместо овде да бараме скапи станови, треба да се подготвуваме за заминување во една подобра земја – небесната. Наместо да ги трошиме нашите средства за задоволување на личните желби, треба да се учиме да штедиме. (5. Сведоштво, 464) (ЖС 32.1)