1. Повик за напуштање на градовите
Опасностите на градовите
Малкумина ја сфаќаат важноста на избегнување, колку што е можно, на сите друштва кои се непријателски настроени кон религиозниот живот. При изборот на околината, малкумина го ставаат своето духовно добро на прво место. (ЖС 5.1)
Родителите доаѓаат со своите деца во градовите, затоа што сакаат полесно да добијат егзистенција таму отколку надвор од населените места. Децата, кои немаат што да прават кога не се на училиште, добиваат улично воспитување. Тие примаат порочни и расипнички навики од своите изопачени другари. Родителите го гледаат сето ова, но бидејќи за да го спречат тоа треба да поднесат жртви, остануваат таму каде што се, сѐ додека сатаната не здобие целосна контрола на нивните деца. (ЖС 5.2)
Подобро е да се жртвува секое земно добро, отколку да се доведат во опасност драгоцените души што се доверени на ваша грижа. Тие ќе бидат изложени на искушенија и треба да бидат поучени да се соочат со нив, но ваша должност е да го прекинете секое влијание, да ја искорените секоја навика, да ја прекинете секоја врска која ве спречува вие и членовите на вашите семејства од сѐ срце да се посветат на Бога. (ЖС 5.3)
Наместо пренаселени градови, побарајте некое поповлечено место во кое вашите деца ќе бидат, колку што е можно, заштитени од искушенија, и тука обучете ги и поучете ги да бидат корисни. Пророкот Езекиел вака ги набројува причините кои довеле до уништување на Содом: „Во гордост, во презаситеност, во празнина, и раката нејзина не помагаше сироти и бедни» (Езекиел 16:49). Сите што сакаат да ја избегнат судбината на Содом, мора да го избегнат патот кој ги навлекол Божјите казни врз тој безбожен град. (5. Сведоштво, 232,233) (ЖС 5.4)
Животот во градовите не е Божји план
Градовите во целиот свет стануваат легла на порокот. На секој чекор ќе ве пресретнат слики и звуци на злото. Насекаде има привлечност кон телесните уживања или сензуалноста. Плимата на корупција и криминал е во постојан раст. Секој ден носи нови извештаи за насилство, грабежи, убиства, самоубиства и злосторства. (ЖС 5.5)
Живoтoт вo грaдoвитe e лaжeн и извeштaчeн. Силнaтa стрaст зa печалење пaри, витeлoт нa тркaтa пo зaдoвoлствa и уживaњa, жeдтa зa сaмoдoкaжувaњe, луксуз и eкстрaвaгaнтнoст – сeтo тoa сe сили штo гo одвраќаат умoт нa мнoштвoтo oд вистинскaтa цeл на животот. Tиe ја oтвoрaaт врaтата зa илјадници злa, a врз млaдитe имaaт рeчиси нeoдoливa мoќ. (ЖС 6.1)
Eдно oд нajсуптилнитe и најопасни искушенија штo ги дeмнaт дeцaтa и млaдитe вo грaдoвитe e љубoвтa кoн зaдoвoлството. Вo грaдoвитe имa бeзбрojни прoслaви; игри и трки со коњи кои привлекуваат илјадници, а витeлoт нa вoзбудa и зaдoвoлствo ги oдвлeкувaaт млaдитe oд трeзвeнитe живoтни дoлжнoсти. Пaритe штo трeбaлe дa бидaт зaштeдeни зa нeштo пoдoбрo, сe фрлeни нa зaбaвa. (ЖС 6.2)
Живoтoт вo грaдoвитe стaнувa уштe пoтeжoк зaрaди рaбoтaтa нa синдикaтитe и кaкo рeзултaт нa рaбoтничкитe здружувања и штрajкoви. Прeд нaс сe сeриoзни прoблeми; и зa мнoгу сeмejствa ќe бидe нeoпхoднo дa излeзaт oд грaдoвитe. (ЖС 6.3)
Физичкaтa oкoлинa во грaдoвитe чeстoпaти e oпaснa зa здрaвjeтo. Пoстojaнaтa излoжeнoст нa бoлeсти, зaгaдeн вoздух, нeчистa вoдa и хрaнa, прeнaтрупaнитe, тeмни и нeздрaви живeaлиштa, сe eдни oд мнoгутe злa штo ќe ги срeтнeтe вo нив. (ЖС 6.4)
Нe билa Бoжja нaмeрa луѓeтo дa сe збивaaт вo грaдoви, туркajќи сe пo бaлкoни и стaнoви. Вo пoчeтoкoт, Toj ги пoстaвил нaшитe прaрoдитeли срeдe прeкрaсните глетки и звуци, вo кoи сaкa и ниe дeнeс дa уживaмe. Колку повеќе доаѓаме во хaрмoниja сo Бoжjиoт првобитен плaн, тoлку поповолна ќе биде нашата позиција да обезбедиме телесно, мeнтaлнo и духoвнo здрaвje. (Здравје и среќа, 364,365) (ЖС 6.5)
Дух на колебање
По два часот наутро, повеќе не можев да спијам. Во текот на ноќта се најдов себеси во улога на советник. Се залагав кај некои семејства да ги користат средствата кои Бог ги одредил и да излезат од градовите за да ги спасат своите деца. Некои се двоумеа, не вложувајќи одлучни напори. (ЖС 6.6)
Ангелите на милоста го побрзувале Лота, неговата сопруга и ќерките, земајќи ги за раце. Кога Лот би брзал како што Бог сакал да го стори тоа, неговата сопруга немаше да стане солен столб. Лот се колебал. Да не бидеме и ние како него. Истиот глас кој го предупредил Лота да го напушти Содом, ни налага и нам: „Затоа излезете од нивната средина и одделете се… и не допирајте се до нечисто“ (2. Коринтјаните 6:17). Оние кои ќе го послушаат ова предупредување, ќе најдат засолниште. Нека секој човек биде целосно буден и нека настојува да го спаси своето семејство. Нека се подготви за работа. Бог постепено ќе му открива што треба следно да направи. (ЖС 6.7)
Чујте го Божјиот глас преку апостол Павле: „Со страв и трепет градете го своето спасение, зашто Бог е Оној Кој во вас прави да сакате и да дејствувате според Неговата добра волја“ (Филипјаните 2:12,13). Лот слегувал по долината со неволен и лесен чекор. Тој толку долго се дружел со оние кои чинеле зло, така што не можел да ја согледа опасноста која му се заканувала, сѐ додека неговата жена не останала во рамнината засекогаш да стои како солен столб. (Review and Herald, December 11, 1900) (ЖС 7.1)
Градовите ќе бидат соочени со Божјите судови
Се ближи времето кога на големите градови ќе дојде Божјиот суд. Уште малку, овие градови ќе бидат ужасно потресени. Без оглед колку се големи и цврсти нивните градби, без разлика колку заштитни мерки против пожар се преземени во нив, ако Бог Ги допре овие градби, тие за неколку минути или за неколку часа ќе бидат во рушевини. (ЖС 7.2)
Метлата на уништување ќе ги очисти безбожните градови на нашиот свет. Во несреќите кои се случуваат денес во големите градби и големите делови на градот, Бог ни покажува што ќе се случи на целата Земја. (7. Сведоштво, 82,83) (ЖС 7.3)
Резултати од занемарување на предупредувањата
Ми беше наредено да ја објавам веста дека градовите полни со злосторства и до крајност грешни, ќе бидат уништени од земјотреси, пожари и поплави. Целиот свет ќе биде предупреден дека постои Бог кој ќе го покаже својот авторитет како Бог. Неговите невидливи сили ќе предизвикаат уништување, опустошување и смрт. Сите насобрани богатства ќе станат ништожни… (ЖС 7.4)
Ќе дојдат несреќи – најстрашни катастрофи и најмалку очекувани; овие пустошења ќе се нижат едно по друго. Ако опомените кои Бог ги дал бидат послушани, и ако црквите се покајат и се вратат кон својата верност, тогаш другите градови ќе можат да бидат поштедени уште некое време. Но, ако луѓето кои биле заведени, продолжат да одат по патот по кој оделе, непочитувајќи го Божјиот закон и изнесувајќи им заблуди на другите, Бог, за да се разбудат, ќе дозволи на нив да дојдат неволји. (ЖС 7.5)
Господ нема одеднаш да ги отфрли сите престапници, ниту ќе уништи цели народи; но Тој ќе ги казни градовите и местата во кои луѓето се предавале во власта на сатанските орудија. Господ строго ќе постапува со големите градови; сепак, на нив нема да дојде силината на Божјиот гнев, бидејќи некои души сепак ќе се оттргнат од стапицата на непријателските измами и ќе се покајат и преобратат, додека останатите ќе го натрупуваат гневот за денот на судот. (Евангелизам, 27) (ЖС 8.1)
Божјите судови доаѓаат
Постојат причини зошто не треба да градиме во градовите. На овие градови наскоро ќе се истурат Божјите судови. (Letter 158, 1902) (ЖС 8.2)
Близу е времето кога големите градови ќе бидат срамнети со земја; затоа сите тие треба да бидат предупредени за судовите што ќе дојдат. (Евангелизам, 29) (ЖС 8.3)
О, кога Божјиот народ би бил свесен за претстојното уништување на илјадници градови, кои сега речиси целосно се предадени на идолопоклонството. (Review and Herald, September 10, 1903) (ЖС 8.4)
Сцена на големо уништување
Минатиот петок наутро, пред да се разбудам, ми беше покажана мошне впечатлива сцена. Беше како да се будам од сон, но не во својот дом. Од прозорецот гледав застрашувачки пожар. Големи огнени топки паѓаа врз куќите, а од овие огнени топки огнени стрели летаа во сите насоки. Беше невозможно да се запрат пожарите што избувнаа. Цели населби беа уништени. Луѓето ги обземаше неопислив страв. (Евангелизам, 29) (ЖС 8.5)
Божјиот напор да ги пробуди луѓето
Додека бев во Лома Линда, Калифорнија, на 16. април 1906. година ми беше прикажана една величествена сцена. Во ноќно видение стоев на една височинка од која можев да видам како куќите се тресат како трска на ветрот. Зградите, големи и мали, паѓаа на земја. Јавните згради наменети за забава и уживање, театрите, хотелите и куќите на богатите се тресеа и распаѓаа на сите страни. Мнозина го изгубија животот, а воздухот беше исполнет со крици на повредените и преплашените. (ЖС 8.6)
Божјите ангели кои имаа задача да уништуваат, делуваа. Само еден допир, и градбите, чија изградба беше толку внимателно планирана, така што луѓето ги сметаа за безбедни од секаква опасност, за момент се претвораа во куп урнатини. Никаде немаш сигурност. Јас не се чувствував загрозена на ниеден начин, но не можам да најдам зборови за да ги опишам ужасите на сцените кои се одигруваа пред моите очи. Се чинеше дека Божјото трпение е исцрпено и дека дошол Судниот ден. (ЖС 9.1)
Тогаш, ангелот кој стоеше покрај мене ми објасни дека малкумина сфаќаат колку денешниот свет станал безбожен и расипан, а особено жителите на големите градови. Тој рече дека Господ одредил време кога Тој со гнев ќе ги посети престапниците кои се упорни во непочитувањето на Неговиот закон. (ЖС 9.2)
Колку и да беше страшна сцената која ми беше прикажана, најсилен впечаток врз мене остави поуката која ја добив во врска со тоа. Ангелот, кој стоеше покрај мене, рече дека над оние кои упорно одбиваат да му се покорат на Царот над царевите, мора да се открие надмоќта на Божјата врховна власт и силата и светоста на Неговиот закон. Оние што ќе изберат да останат неверни, Бог во Својата милост ќе ги посети со казни, за да се разбудат, ако е тоа можно, и да ја увидат грешноста на нивниот пат. (9. Сведоштво, 92,93) (ЖС 9.3)
Опасност за оние кои остануваат без потреба
Во согласност со светлината што ми беше дадена, ги повикувам луѓето да ги напуштат големите центри на станување. Нашите градови сѐ повеќе стануваат грешни и станува сѐ поочигледно дека оние кои немаат потреба да останат во нив, правејќи го тоа, го доведуваат во опасност спасението на своите души. (Manuscript 115, 1907) (ЖС 9.4)