7. Водени од Божјите провиденија

Сподели го ова:

Како Бог го отвора патот

            Дојдено е време, кога, како што Бог го отвора патот, семејствата треба да се иселат од градовите. Децата треба да се одведат на село. Родителите треба да најдат соодветно место колку што им дозволуваат нивните средства. Иако живеалиштето може да биде мало, сепак покрај него треба да има земја за обработка. (Manuscript 50, 1903) (ЖС 24.2)

Бог ќе му помогне на својот народ

            Родителите можат да обезбедат мали домови на село, со обработлива земја, каде што можат да имаат овоштарници и да одгледуваат зеленчук и мали плодови за да го заземат местото на месото, кое толку штетно влијае на крвта која тече низ вените. На таквите места децата нема да бидат опкружени со расипаното влијание на градскиот живот. Бог ќе му помогне на својот народ да најде такви домови надвор од градовите. (Medical Ministry, 310) (ЖС 24.3)

Помош во отворање на патот

            Сѐ повеќе и повеќе, со текот на времето, нашиот народ ќе треба да ги напушта градовите. Со години сме поучувани дека нашите браќа и сестри, а особено семејствата со деца, треба да планираат да ги напуштат градовите како што ќе се отвори патот пред нив. Мнозина ќе мора сериозно да работат за да помогнат да се отвори патот. Но, сè

додека не бидат во можност да заминат, сѐ додека остануваат, тие треба да бидат мошне активни во вршење на мисионерска работа, колку и да е ограничена нивната сфера на влијание. (Review and Herald, Sept. 27, 1906) (ЖС 24.4)

Совет и предупредување до оние кои предвремено ги напуштаат градовите

            (Известување кое е напишано на 22. декември 1893. година како одговор на писмото од водечкиот работник во Батл Крик во кое ја информира сестра Вајт, како одговор на предупредувањето дека нашиот народ треба да се исели од Батл Крик. „Помеѓу стотина и две стотини“ се подготвени да се иселат „што е можно поскоро“. – Компилатори) (ЖС 25.1)

            Твоето писмо, брате мој, ми кажува дека постојат мнозина кои се длабоко поттикнати да се иселат од Батл Крик. Постои потреба, голема потреба, да се изврши оваа работа, и тоа сега. Оние кои најпосле сфатиле дека треба да се иселат, нека тоа не го прават набрзина, во возбуда, или на начин поради кој потоа длабоко ќе се каат поради тоа што толку бргу се отселиле… (ЖС 25.2)

            Внимавајте да не направите брзи движења слушајќи го советот за преселување од Батл Крик. Не правете ништо без да барате Божја мудрост, кој ветил дека ќе им даде дарежливо на сите што бараат, и кој не укорува. Сѐ што некој може да направи е да советува и советува, а потоа да ги пушти оние кои се под должност дека под Божјо водство се селат и со своето цело срце се отворени да учат и да му бидат послушни на Бога. (ЖС 25.3)

            Јас сум вознемирена кога ќе помислам дека можеби постојат некои наши учители на кои им е потребна поголема урамнотеженост со здраво расудување. Гласниците, кои ја носат пораката на милоста на нашиот свет, кои ја имаат довербата на луѓето, ќе бидат замолени за совет. Тие луѓе, кои немаат вистинско искуство во практичниот живот, треба да покажат голема претпазливост, и ќе бидат во опасност да дадат совети, без да знаат како тие совети може да ги натераат другите да постапуваат. (ЖС 25.4)

Дар за советување

            Некои луѓе имаат увид во работите и способност да даваат совети. Тоа е Божји дар. Во моменти кога Божјото дело има потреба од зборови, јасни, важни, и сигурни, тие можат да кажат зборови кои ќе ги доведат збунетите умови кои се во мрак, да видат како молскавичниот блесок на сончевата светлина е патот кој треба да го следат, во работите кои ги исполнувале со збунетост и ги спречувале нивните умови со недели и месеци да проучуваат. Тоа претставува раздвојување и расчистување на патот пред нив, и Господ ја пуштил внатре својата сончева светлина, да видат дека на нивните молитви е одговорено, нивниот пат е јасен. Но, може да се даде некој избрзан совет – излезете од Батл Крик – и покрај тоа што воопшто не е даден јасен опис за тоа какво подобрување ќе постигнат во духовниот напредок за себе, но и за другите ако тоа го сторат. (ЖС 25.5)

Внимателно размислете за секој потег

            Нека секој одвои време внимателно да размислува; и да не биде како човекот во параболата кој започнал да ѕида, и не бил во состојба да заврши. Не треба да се направи ниеден потег, а таквото движење и сѐ што е предвидено не е грижливо разгледано, сѐ измерено… На секој човек му е дадена негова работа според неговите соодветни способности. Тогаш, нека не се движи колебливо, туку цврсто, а сепак понизно верувајќи во Бога. (ЖС 26.1)

            Може да има поединци кои ќе брзаат да направат нешто и да влезат во некој бизнис за кој не знаат ништо. Бог тоа не го бара. Мирно размислувајте во молитва, проучувајќи ја Божјата Реч со сета внимателност и молитва, со ум и срце будни да го слушнат Божјиот глас… Голема работа е да се разбере Божјата волја. (ЖС 26.2)

Потребни се добро дефинирани планови

            Упатувам зборови до црквата во Батл Крик, да се сели онака како Бог што советува. Потребно е мнозина да се иселат од Батл Крик – но исто така е потребно да имате добро дефинирани планови, за тоа што ќе направите кога ќе се иселите од Батл Крик. Немојте да одите во брзање, без да не знаете на што сте… Потребни се водачи, мудри и внимателни, добро урамнотежени луѓе, кои ќе бидат безбедни советници, кои имаат увид во човековата природа, кои знаат како да раководат и советуваат во Божји страв. (ЖС 26.3)

Опасноста го следи новото искуство

            Видов дека опасност ја следи секоја нова фаза на искуството во Црквата; затоа што некои луѓе слушаат работи со толку силен дух. Додека некои учители можат да бидат моќни и ефикасни во проучувањето во согласност со библиските учења, сите тие нема

да бидат луѓе кои имаат знаење за практичниот живот за да можат самоуверено и сигурно да ги советуваат збунетите умови. Тие не ја разбираат конфузната ситуација која нужно мора да дојде кај секое семејство кое ќе направи промена. Затоа, сите треба да бидат промислени во изјавите ако не ја знаат Божјата намера во некои работи, никогаш да не зборуваат од гледна точка на мисли или претпоставки. Ако не знаат ништо одредено, нека го кажат тоа, и нека му дозволат на поединецот целосно да се потпре на Бога. Нека се моли многу, па дури и со пост, за да никој не се пресели во темнина, туку да се пресели во светлината, како што и Бог е во светлината… (ЖС 26.4)

Преселувајте се претпазливо

            Не дозволувајте ништо да се направи во неред, бидејќи ќе има голема загуба и жртва на имотот поради страстните, импулсивни говори кои го поттикнуваат ентузијазмот кој не е според Божјата намера, за победата која треба да се извојува да не се претвори во пораз поради недостаток на урамнотежена умереност и правилно размислување, здрави принципи и цели. Затоа, во врска со ова прашање, водството нека биде мудро и сѐ да се направи под водство на мудриот, невидлив Советник, кој е Бог. Човечкиот елемент ќе се бори за надмоќ, можеби ќе биде направено и дело кое не носи Божјо одобрување. Се молам за секоја душа да не гледа премногу и со доверба на човечките советници, туку најсериозно нека гледа кон Бога, кон Оној кој е мудар во советот. Потчинете ги сите свои намери и својата волја на Божјите намери и Божјата волја. (ЖС 27.1)

Последици од брзите преселби

            Доколку некои луѓе набрзина се селат или само исчезнуваат од Батл Крик, па потоа ќе бидат обесхрабрени, ова негативно ќе влијае, не само поради нивниот недостаток на свест за преселба, туку исто така и на другите кои ќе ги обвинат дека вршеле притисок на нив. Сите нивни непријатности и порази ќе им се припишат на оние кои не треба да се обвинуваат… (ЖС 27.2)

            Сега, токму сега, е време кога опасностите од последните денови се згуснуваат околу нас, и нам ни се потребни мудри луѓе за советници, а не луѓе кои ќе сметаат дека нивна должност е да создадат возбуда и неред, но кои можеби не се во состојба да дадат мудар совет и да организираат и средат возбудата да внесе ред од хаосот, одмор и мир во потчинување на словото Господово. Нека секој човек се најде на своето вистинско место, да направи нешто за Учителот, во склад со своите способности… (ЖС 27.3)

            Како тоа треба да се направи? „Земете го Мојот јарем на себе“, вели Исус Христос, кој те откупил со својата скапоцена крв, чии слуги и сопственост сте, „и поучете се од Мене, бидејќи сум кроток и смирен по срце, и ќе најдете мир за душите ваши; Зашто јаремот Мој е благ и бремето Мое е лесно”. Ако секој кој е подготвен да учи, дојде кај Исус со понизно срце да се поучи, тогаш во таквата духовна состојба тој може да биде поучуван, и да учи од Исуса и да ги послуша Неговите наредби… (ЖС 27.4)

Изнесете го секој план пред Бога

            Сега не смееме да имаме слаба вера; не можеме да бидеме безбедни ако сме рамнодушни, несовесни и мрзливи. И најмалата способност треба да се употреби, но јасното, трезвено, длабоко размислување мора да биде поттикнато. Мудроста на некое човечко орудие во денешно време не е доволна за планирање и за негова реализација.

Изнесете го секој план пред Бога со пост и понизност на душата пред Господа Исуса и предадете ги своите патишта на Господа. Постои сигурно ветување дека Тој ќе ги насочи нашите патишта. Неговите средства се бесконечни. Светецот Израелов, кој ги нарекува небесните војски по име, и ги држи небесните ѕвезди во нивната положба, и вас ве чува подеднакво под своја заштита и грижа… (ЖС 28.1)

            Посакувам секој да разбере какви изгледи и можности постојат за сите кои Христа ќе го направат за своја доверба и доволност. Животот сокриен со Христа во Бога секогаш име засолниште и таквиот може да каже: „Сè можам преку Христа, Кој ми дава сила”. (ЖС 28.2)             Јас ви го препуштам овој проблем на вас, зашто бев загрижена и вознемирена поради опасностите кои навалуваат на сите во Батл Крик, ако невнимателно се селат и му даваат предност на непријателот. Ова не мора да биде така, бидејќи ако понизно одиме со Бога, ќе одиме безбедно. (Letter 5, 1893) (ЖС 28.3)

Сподели го ова:

Слични објави