Глава 8 Лекарот како воспитувач
Вистинскиот лекар е воспитувач. Тој е свесен за своите одговорности не само кон болните што се под негова директна грижа, туку и кон заедницата во која живее. Тој стои како заштитник на физичкото и моралното здравје. Тој настојува не само да ги поучува правилните методи за лекување на болните, туку и да ги поттикне здравите навики на живеење и да шири знаење за вистинските принципи.
Потреба од обучување за здравствените принципи
Едукацијата за принципите на здравјето, никогаш не била толку неопходна како денес. Без оглед на зачудувачкиот напредок во многу насоки поврзани со комфорот и удобноста на животот, здравствените прашања и лекувањето на болестите, опаѓањето на виталноста и физичката издржливост се се поалармантни. Тоа го привлекува вниманието на сите, на кои благосостојбата и среќата на ближните им лежи на срцето.
Нашата извештачена цивилизација, хранејќи го и поттикнувајќи го злото, ги поткопува начелата на здравјето. Навиките и модата водат војна со природата. Практиките во кои уживаат, попустливоста што ја негуваат, постојано ги ослабнуваат физичките и менталните сили, наметнувајќи им на луѓето неподносливо бреме. Насекаде владеат неумереност и криминал, болест и сиромаштија.
Има многу такви, кои ги престапуваат законите на здравјето од незнаење и затоа им се потребни инструкции. Но мнозинството, сепак знае што е подобро, но не се владее според здравиот разум. Во нив треба да се втисне важноста на тоа дека она што го знаат, треба да биде нивен водич низ животот. На лекарот му се укажуваат многу можности за теоретски да го пренесе знаењето за здравствените принципи и да го покаже значењето за практикување на истите. Преку правилно поучување, тој може да направи многу повеќе за искоренување на злото, кое причинува неискажлива штета.
Причината во која се крие основата на низа болести, но и уште поголеми зла е слободната употреба на лековите. Кога се болни, многу луѓе не вложуваат ниту малку труд да ја испитаат причината за својата болест; нивна главна грижа е да се ослободат од болката и непријатноста. Тие посегаат по општопознатите лекови, иако знаат толку малку за нивните вистински својства, или пак од лекарот бараат некој лек што би ги уништил ефектите на нивниот нездрав начин на живот. Доколку веднаш не дојде до очекуваното олеснување, тие тогаш прибегнуваат кон друго медицинско средство, па потоа друго и на тој начин злото само се продолжува.
Луѓето треба да бидат поучени дека лековите не ја лекуваат болеста. Вистина е дека тие некогаш овозможуваат моментално олеснување и на пациентот му се чини дека закрепнува од резултатот на нивната употреба; но тоа се случува само затоа што природата има доволно витална сила да го исфрли отровот и да ја поправи состојбата настаната како резултат на болеста. Здравјето е обновено и покрај тоа што таквиот неприроден лек е внесен во организмот; но во повеќето случаи, лековите само ја менуваат формата и локацијата на болеста. Честопати се чини дека отровот е надвладеан за некое време, но последиците од употребата на лековите остануваат во организмот и прават голема штета за некој подоцнежен период.
Со употреба на отровни лекови, многумина си навлекуваат страдања за цел живот и многу животи што можеле да бидат спасени со природни начини на лекување, сега се изгубени. Отровите содржани во многу таканаречени лекови, создаваат навики и нагони што претставуваат пропаст на душата и телото. Многу од популарните средства на прифатената медицина, па дури и оние пропишани од лекарите, создаваат основа на пијанството и лоша навика на земање опиум или морфиум, што претставува ужасно проклетство за општеството.
Единствена надеж за подобрување на состојбата е луѓето да се поучат на правилни принципи. Лекарите треба да ги поучуваат луѓето дека обновувачката сила не се состои во лековите, туку во природата. Болеста е карактеристичен напор на природата да го ослободи организмот од состојбата, која е резултат од кршењето на здравствените закони. Во случај на заболување, треба да се утврди причината за тоа. Треба да се смени нездравиот начин на живот и да се отфрлат лошите навики. Потоа треба да и се помогне на природата во нејзиниот обид да ги отфрли нечистотиите и да го обнови здравјето на организмот.
Природни лекови
Чистиот воздух, сончевата светлина, умереноста, одморот, движењето, правилната исхрана, употреба на водата и верата во Божјата сила тоа се вистинските лекови. Секој човек треба да ги знае природните средства за лекување и нивната примена.
Употребата на природните лекови бара многу грижа и труд, што многумина немаат волја да ги прифатат. Природниот процес на исцелување и закрепнување на заболениот е постепен и за оние, кои немаат трпение, може да биде многу бавен. Откажувањето од лошите навики бара жртва. Но на крајот ќе се покаже дека природата, доколку не ја попречуваме, мудро и добро ќе ја заврши својата работа. Таа ги наградува со здравје на телото и умот оние, кои истрајуваат во почитувањето на нејзините закони.
Општо земено, на зачувувањето на здравјето му се посветува премалку внимание. Многу е подобро да се спречи болеста, отколку да се знае како да се лекува, кога таа ќе се појави. Обврска на секоја личност, заради своја и ползата на оние со кои доаѓа во контакт, е да ги запознае животните закони и свесно да им се покорува. Сите треба да се запознаат со најчудесниот од сите организми, човечкото тело. Треба да ги разберат функциите на различни органи и нивната меѓусебна зависност во здравото функционирање на секој од нив. Треба да го проучуваат влијанието на умот врз телото и на телото врз умот и законите, кои владеат со целиот организам.
Подготовка за животната борба
Никогаш не можеме премногу да го нагласиме и да претераме со фактот дека здравјето не зависи од случајот, туку преставува резултат на почитување одредени закони. Тоа го потврдуваат и натпреварите во атлетика, како и разните игри во кои силата се става на испит. Тие луѓе вршат најпретпазливи подготовки, покорувајќи се на комплетен тренинг и строга дисциплина. Секоја нивна физичка навика е внимателно пропишана. Тие знаат дека небрежноста, неумереноста и негрижата, кои ослабнуваат или онеспособуваат кој било орган или функција на телото, можат да предизвикаат неуспех и пораз.
Колку повеќе е тогаш важна таквата грижа за да се обезбеди успех во животната борба. Тоа не е никаква измислена борба, туку духовна војна од чии резултати зависи нашата вечност. Ние треба да се соочиме со невидливи непријатели. Злите ангели се борат за доминација над секое човечко суштество. А сето она што го поткопува здравјето, не само што ја намалува животната сила, туку има склоност да ги ослабне и менталните и моралните сили. Попустливоста на која било нездрава навика, се повеќе го онеспособува човекот да прави разлика помеѓу доброто и злото, со што тој потешко му се спротивставува на злото, а опасноста да доживее неуспех и пораз, станува се поголема.
„Оние што се натпреваруваат на трка, трчаат сите, но само еден добива награда.“ (1. Коринтјаните 9: 24) Во војната, во која ние сме вовлечени, сите можат да победат, но победуваат само оние што ќе се дисциплинираат себеси во почитувањето на исправните принципи. Применувањето на тие принципи во секојдневниот живот, честопати се смета за неважно и обично се мисли дека тоа е прашање кое не заслужува поголемо внимание; но ако го имаме предвид резултатот од она што се ризикува, ништо од она што треба да го правиме не е за занемарување. Секоја постапка има своја тежина на вагата, која одредува победа или неуспех во нашиот живот. Во Светото Писмо ни е даден налог: „Па така трчајте и вие, за да добиете.“ (Стих 24)
Нашите прародители го изгубиле Едем заради една неумерена желба. Умереноста има многу поголемо влијание за нашето враќање во Едем, отколку што луѓето мислат.
Укажувајќи на самооткажувањето на учесниците во древните грчки игри, апостол Павле пишува: „Секој што се бори, од се се воздржува, оние, за да добијат распадлив венец, а ние не распадлив. Јас, пак, се така трчам, но не на несигурно; се борам не како оној што удира по ветар; туку го истоштувам и го поробувам телото, за да не би ненамерно, проповедајќи им на другите и сам станам негоден.“ (Стихови 25-27)
Напредувањето на реформата зависи од јасното сфаќање на основните вистини. Тесно ограничената филозофија и строгата и студена ортодоксност претставуваат опасност од една, а безгрижниот либерализам од друга страна. Темел на секоја трајна реформа е Божјиот закон. Ние треба со јасни и одредени докази да ја истакнеме потребата од покорување на тој закон. Неговите прописи мораат да бидат почитувани пред светот. Тие се вечни и непроменливи како и Самиот Бог.
Една од најжалните последици од првиот пад, била загубата на самоконтролата. Вистински напредок може да имаме единствено, доколку повторно се здобиеме со таа сила.
Единствен посредник преку кој умот и душата се развиваат во изградување на карактерот е телото. Затоа непријателот на душите ги насочува своите искушенија на телото, токму за да ги ослабне и деградира физичките сили. Доколку успее во тоа, целото битие ќе му се покори на злото. Доколку не се под контрола на повисока сила склоностите на нашата телесна природа, сигурно тие ќе придонесат за наша пропаст и смрт.
Телото треба да се потчини. Треба да владеат повисоките сили. Страстите треба да бидат под контрола на волјата, која пак треба да биде потчинета на Божјата контрола. Во нашите животи треба да преовладува царската сила на умот, посветена од Божјата благодат.
Во одаите на совеста треба да се внесат Божјите барања. Во срцата на мажите и жените треба да се разбуди свест дека се должни да владеат со себеси, да бидат чисти и да го избегнуваат секој порочен апетит и нечиста навика. Треба највпечатпиво да им се предочи фактот дека сите нивни сипи на умот и тепото се Божји дарови и како такви, треба да бидат сочувани во најдобра можна состојба за Неговата спужба.
Во старозаветната спужба, која бипа симбоп на Евангепието, пред Божјиот оптар не смеепа да се донесе жртва со недостаток. Жртвата, која го претставувапа Христа, морапа да биде беспрекорна. Божјата Реч, на ова укажува како илустрација на тоа што треба да бидат Неговите деца: „жива жртва“, „света и без мана“, „угодна пред Бога.“ (Римјаните 12:1; Ефесјаните 5:27)
Ниту една вистинска реформа не може да се изврши без Божјата сипа. Човечката одбрана против природните и наспедените скпоности, напикува на обидот да се запре поппава со насип од песок. Се додека Христовиот живот не стане животворна сипа во нашите животи, ние нема да бидеме во состојба да опстанеме под искушенијата што однадвор и однатре навапуваат на нас.
Исус дошоп на овој свет и живееп според Божјите закони, за човекот да може да се здобие со цепосна впаст над скпоностите од неговата тепесна природа, кои ја расипуваат и упропастуваат душата. Лекарот на душата и тепото и нам ни овозможува победа над сите тепесни жепби, кои војуваат со душата. Тој се погрижип за се што е потребно, за човекот да може да изгради совршен карактер.
Кога некој се предава на Христа, неговиот ум се доведува под контропа на законот; тоа е царски закон што секој заробеник го прогпасува за спободен. Човекот се оспободува станувајќи едно со Христа. Потчинувањето на Христовата волја, значи повторно воспоставување на првичното човечко совршенство.
Почитувањето на Бога, значи ослободување од ропството на гревот, ослободување од страстите и лошите навики. Човекот може да стане победник над себеси, ослободен од сопствените навики и страсти и од „управителите на темнината од овој век“ и „поднебесните духови на злобата.“ (Ефесјаните 6:12)
Никаде ваквото поучување не е повеќе потребно и никаде нема да вроди со толку голем плод, како во домот. Родителите се должни да ја положат основата на добрите навики и карактерот на своите деца. Реформаторското движење мора да започне со тоа што ќе им се презентираат принципите на Божјиот закон, како услов за телесно и морално здравје. Покажете им дека почитувањето кон Божјиот збор е наша единствена сигурност против сите зла што го туркаат светот кон пропаст. Објаснете им на родителите дека пред Бога се одговорни не само за себеси, туку и за своите деца. Тие на своите деца им даваат пример или за послушност, или пак за престапување. Тие со личен пример и поучување ја одлучуваат судбината на оние со кои живеат во домот. Децата ќе бидат она што нивните родители ќе направат од нив.
Доколку родителите би се осврнувале на последиците од своите постапки и кога би сфатиле дека со својот пример и поучувањето ја овековечуваат и зголемуваат или силата на гревот или силата на праведноста, сигурно би постапувале сосема поинаку. Многу луѓе би се одвратиле од своите традиции и навики и би ги прифатиле Божјите начела на животот.
Силата на примерот
Лекарот што им укажува помош на луѓето во нивните домови, бдее над болничката постела, ублажувајќи ги нивните болки, враќајќи ги од работ на гробот, упатувајќи им зборови на надеж на оние што се на умирање, ја задобива нивната доверба и приврзаност како никој друг. Дури и на проповедникот на Евангелието не му се укажани толку големи можности и толку далекусежно влијание.
Примерот на лекарот, како и поуките што тој ги дава, треба да претставуваат позитивна сила на страната на правдата. Делото на реформата има потреба од мажи и жени чиишто животи претставуваат практична илустрација на самоконтрола. Живот во склад со принципите што ги застапуваме, претставува она што на тие принципи им дава тежина и вредност. На светот треба практично да му се покаже што може да направи Божјата благодат, во обновување на изгубената првобитна власт над човечките битија, давајќи им сила на самоконтрола. Не постои ништо од поголема потреба за светот, како што е спознавањето на спасоносната сила на Евангелието, откриена во животот на вистинските христијани.
Лекарот е постојано доведен во контакт со оние на коишто им е потребна сила и охрабрување од вистински пример. Многумина се лишени од моралната сила. Ним им недостига самоконтрола, така што искушението лесно ги совладува. Лекарот може да им помогне на овие души единствено, доколку преку својот сопствен живот ја открие силата на принципите, кои го прават способен да триумфира над секоја лоша навика и нечиста страст. Во неговиот живот мора да се види делување на Божјата сила. Доколку доживее неуспех во тоа, без оглед колку се убедливи и силни неговите зборови, неговото влијание сепак ќе води кон зло.
Лекување или совет од лекарот бараат многумина, кои се морално пропаднати заради сопствените лоши навики. Тие се слаби и ранети и ја чувствуваат сопствената лудост и неспособност да победат. Таквите никако не треба да останат опкружени со она што постојано би ги потсетувало на причините за нивната болест и неволја. Тие треба да вдишуваат чиста атмосфера, од возвишени и благородни мисли. Колку е ужасна одговорноста, кога оние, кои треба да дадат пример со своето влијание, всушност, потпомагаат во зајакнувањето на силата на искушението.
Лекарот и делото на умереноста
Под лекарски надзор и грижа доаѓаат многу луѓе, кои ги уништиле душата и телото преку употребата на тутунот или опојните пијалоци. Лекарот што е свесен за својата одговорност, на таквите пациенти ќе им укаже на причината за нивното страдање. Но каква тежина можат да имаат неговите зборови доколку тој самиот користи тутун или алкохолни пијалоци? Свесен за својата попустливост, како ќе се осмели да им укаже на непријатната дамка во нивните животи на своите пациенти? Како може да им докаже на младите дека тие работи се штетни, кога и самиот ги употребува?
Како може лекарот да биде пример на чистота и самоконтрола во заедницата, како може да биде ефективен работник во делото на умереноста, кога и самиот им попушта на тие лоши навики? Како може да биде достоен проповедник покрај креветот на болните и на оние, кои се на умирање, кога неговиот здив е непријатен од мирисот на тутун или жесток пијалок?
Како може да се има доверба во таков човек и лекар, кога тој ги уништува своите нерви и го замрачува својот мозок со употреба на наркотични отрови? Колку е за таквиот невозможно брзо да донесува одлуки и да ги исполнува со прецизност!
Доколку тој не се осврнува на законите што управуваат со неговото битие, доколку себичното задоволување го става пред здравјето на умот и телото, зар со тоа не се прогласува самиот себеси за недостоен да му се довери одговорност за човечките животи?
Колку и да е лекарот умешен и верен, тој во своето искуство сепак ќе има многу очигледни разочарувања и неуспеси. Честопати се случува лекарот да не постигне се што би сакал. Сепак, дури и ако здравјето се врати во неговите пациенти, тој може да не биде вистински благослов и среќа како за нив, така и за општеството. Многумина, кои ќе оздрават, повторно му се враќаат на неуредниот живот, па затоа и болеста се повторува и тоа уште посилно, во зависност од тоа колку повеќе тие ќе итаат во виорот на страстите и безумието. И тогаш, работата на лекарот за нив ќе изгледа сосема залудна.
Исус го имал истото искуство, но сепак Тој не престанал да се напрега за душите што страдаат. Од десетмината лепрозни што Тој ги исчистил, само еден го вреднувал примениот дар, а тој бил туѓинец и Самарјанец. И заради тој еден, Христос ги излекувал сите десетмина. Ако денешниот лекар не постигне поголем успех од овој, нека се поучи од Големиот Лекар. За Христа стои запишано: „Нема да потклекне, ниту да се обесхрабри.“ „Ќе го види трудот на Својата душа и ќе се насити.“ (Исаија 42:4; 53:11)
Дури само една единствена душа да го прифатела Евангелието на Неговата благодат, Христос, заради спасението на таа единствена душа, сепак би го избрал истиот оној живот на напорна работа и понижување, и истата срамна смрт. Зар немаме причина да се радуваме доколку само една душа биде подигната и облагородена преку нашиот труд, удостоена да сјае во Господовите дворови?
Должностите на лекарот се тешки и напорни. За да можат најуспешно да се исполнуваат, тој мора да има силен состав на организмот и добро здравје. Немоќен или болежлив човек, нема да може да ја поднесе напорната работа, својствена за лекарскиот повик. Човек што нема доволно самоконтрола, не е способен да лекува разновидни болести.
Лекарот честопати се лишува од сон, не стасува дури ни да јаде, во голем степен е отсечен од социјалните задоволства и верските привилегии; се чини дека неговиот живот лежи во постојана сенка. Постојаното гледање на маките на кутрите смртници што преколнуваат за помош и неговиот постојан контакт со изопаченостите, задаваат длабока болка во неговото срце и речиси потполно ја уништуваат неговата доверба во човештвото.
Во борбата со болестите и смртта, сите сили на човечкото битие се напрегаат до крајност. Тие страшни напрегања го тестираат карактерот до максимум. Тогаш искушението има најголема сила. На лекарот му се потребни самоконтрола, чистота на духот и вера што се држи за небото, повеќе, отколку верата на сите други. Не само заради сопствената, туку и заради ползата на другите, тој не смее да си дозволи да ги презре здравствените закони.Непромисленост во поглед на здравствените закони, тежнее и кон непромисленост во поглед на моралот.
Единствената сигурност на лекарот е да постапува принципиелно под сите околности, да биде засилен и облагороден со цврстината на намерата, која се наоѓа единствено во Бога. Тој треба да ја достигне моралната висина на Божјиот карактер. Од ден на ден, од час во час, од миг во миг, тој треба да живее како пред лицето на невидливиот свет. Слично на Мојсеј и тој треба да истрае, „гледајќи го Оној, Кој што е невидлив.“
Праведноста има свој корен во побожноста. За човекот е невозможно постојано да живее чисто и беспрекорно пред своите ближни, доколку неговиот живот не е скриен со Христа во Бога. Колку е поголема неговата активност меѓу луѓето, толку поблиска треба да биде поврзаноста на душата со Небото.
Доколку должностите на еден лекар се поитни и одговорноста потешка, толку му е повеќе потребна Божјата сила. Мора да се оддели време од привремените нешта и да се посвети време на размислување за она што е вечно. Лекарот мора да му се спротивставува на сето она што го одделува од Изворот на силата. Тој, над сите луѓе, треба да се смести себеси под Божја заштита, преку молитва и проучување на Библијата. Треба свесно и во секој миг да живее според принципите на вистината, праведноста и милоста, кои ги откриваат Божјите карактеристики всадени во душата.
Божјата Реч ќе остави во него толкаво влијание, колку што тој ја прифаќа и слуша. Таа со својата сила ќе делува на развојот на неговиот карактер и дејствувањето. Ќе ја исчисти секоја негова мисла, ќе ја управува секоја желба. Оние, кои ги полагаат своите надежи во Божјиот збор, ќе се однесуваат како луѓе и ќе бидат силни. Тие ќе се издигнат над се што е нечисто и ниско, воздигајќи се во атмосфера ослободена од осквернетост.
Кога човекот е во заедница со Бога, тогаш непоколебливоста на цврстата намера, која ги одржала Јосиф и Даниел среде расипаноста на незнабожечките дворови, ќе го сочува и неговиот живот во неизвалкана чистота. Облеката на неговиот карактер ќе биде без дамка. Христовата светлина во неговиот живот нема да потемни. Сјајната утринска Ѕвезда, секогаш ќе блеска над него во својата непоминлива слава.
Еден таков живот ќе претставува елемент на сила во заедницата. Тој ќе биде бариера против злото, заштитник на оние, кои се искушувани и светлина водилка, до оние, кои, меѓу тешкотиите и обесхрабрувањата, го бараат вистинскиот пат.