Глава 21 Хигиената меѓу израелците

Сподели го ова:

Во поуките што Бог му ги дал на Израелскиот народ, посветено е посебно внимание на зачувувањето на здравјето. Народот, кој од ропство излегол со нехигиенските и нездрави навики што ги наследил, бил подложен на најстрога вежба во пустината, пред да влезе во Ханаан. Бил поучуван на здравствените принципи, а санитарните прописи му биле наметнати со закон.

Заштита од болести

Тие морале да прават разлика меѓу она што е чисто и нечисто не само во религиозната служба, туку и во секојдневниот живот. Сите, кои дошле во допир со заразни болести, биле изолирани од логорот и не им било дозволено да се вратат без внимателно чистење на телото и облеката. Во случај на заболен од заразна болест, биле дадени следните упатства:

„Секоја постела на која ќе легне… нечиста е; и секој предмет на кој ќе седне… нечист е. И кој ќе се допре до неговата постела, да ја испере својата облека и да го измие своето тело со вода и да биде нечист до вечерта… И кој се допре до телото на овој… да ја испере својата облека и да се измие со вода и да биде нечист до вечерта. И секој, до кого ќе се допре оној… а не си ги измил своите раце, да ги испере своите алишта и да го измие своето тело со вода и нечист ќе биде до вечерта. Глинен, пак, сад до кој ќе се допре оној… да се скрши; а секој дрвен сад да се измие со вода и ќе биде чист.“ (Левит 15:4-12)

Законот за лепрозните исто така укажува на темелноста со која требале да се спроведуваат овие прописи:

„Се додека е болеста на него (лепрозниот) нека биде нечист; тој е нечист; нека живее насамо. Неговиот дом нека биде надвор од живеалиштето. Кога заразата на лепрата се појави на облеката, било на волнена било на ленена, или на основа или на потка од лен или од волна; или на кожа, или на каков и да е кожен предмет; па ако дамките на облеката или на кожата, на основата или на потка од лен или од волна; или на кожа, или на каков и да е кожен предмет;… Свештеникот, откако ќе го прегледа што е заразено… Ако заразата се проширила по облеката, по основата или потката, или по кожата, или по каков и да е кожен предмет, тоа е заразна лепра. Работата е нечиста. Таа облека било основата или потката, од волна или од лен, или некаквиот кожен предмет за кого заразата се прилепила се заразила со лепра, нека се изгори во оган.“

Исто така ако куќата давала доказ дека не била безбедна за живеење, требала да биде уништена. Свештеникот требало да ја „урне, а камењата и дрвјата и целата струганица од мачканицата на куќата да се изнесат надвор од населбата, на нечисто место. Оној што ќе влегува во таа куќа, додека е таа затворена, нечист ќе биде до вечерта; а оној што ќе спие во таа куќа, да ја испере својата облека и нечист да е до вечерта; а кој ќе јаде во таква куќа, и тој треба да ја испере својата облека и нечист ќе е до вечерта.“ (Левит 14:45-47)

Чистота

Неопходноста од лична хигиена била изнесена на највпечатлив начин. Пред да се соберат кај Синајската Гора да го слушнат Божјиот глас, Кој го објавил законот, од луѓето било побарано да се измијат и себеси и своите облеки. Оваа наредба требала да биде спроведена под закана со смртна казна. Во присуството на Бога, не може да се толерира никаква нечистотија.

За време на својот престој во пустината, Израелците речиси постојано биле на отворено, каде што нечистотиите се помалку штетни, отколку, кога се престојува во своите домови. Сепак, од нив најстрого се очекувало да одржуваат хигиена во шаторите и надвор од нив. Никакви остатоци не смееле да останат во и околу логорот. Господ вели: „Бидејќи Господ, твојот Бог, дојде во твојот логор, за да те избави и да ги предаде твоите непријатели во твои раце; затоа твојот логор треба да биде свет.“ (Второзаконие 23:14)

Исхрана

Направена е разлика помеѓу чистото и нечистото во исхраната: „Јас сум Господ, ваш Бог, Кој ве оддели од сите народи. Правете разлика меѓу чист и нечист добиток, и меѓу чистата и нечистата птица, и не ги осквернувајте своите души со добиток, и со птица и со она што лази по земјата, она што ви го одвоив како нечисто.“ (Левит 20:24, 25)

За Израелците биле забранети многу прехранбени производи, кои незнабошците околу нив, слободно ги употребувале. Тоа не било направено само за да се разликуваат од другите. Забранетите работи се нездрави. А фактот што биле прогласени за нездрави, не учи дека нечистата храна го осквернува човекот. Она што го изопачува телото, води и кон изопачување на душата. Тоа го прави човекот недостоен за заедница со Бога и возвишена и света служба.

И во Ветената земја била продолжена навиката за создавање добри навики, започнати во пустината. Луѓето не се збивале во градови, туку секое семејство имало свој имот што им ги обезбедувал сите здравствени благослови на природниот, неизвештачен живот.

Во врска со суровите порочни навики на Ханаанците, кои Израелците ги изгониле пред себе, Господ рекол:

„Не постапувајте според законите на незнабошците што ќе ги изгонам пред вас; затоа што тие сето тоа го правеа, Јас негодував против нив.“ (Стих 23) „И не ја внесувај гнасотијата во својот дом, за да не бидеш проколнат како тие.“ (Второзаконие 7:26)

За сите секојдневни работи, Израелците ја имале поуката испратена преку Светиот Дух:

„Не знаете ли вие дека сте Божји храм, и Божјиот Дух живее во вас? Ако некој го разори Божјиот храм, него Бог ќе го разори; зашто Божјиот храм е свет, а тоа сте вие.“ (1. Коринтјаните 3:16, 17)

Радост

„Веселото срце е благотворно како лек, а паднатиот дух коски суши.“ (Изреки 17:22) Благодарноста, радоста, добрата волја, верата во Божјата љубов и грижа тоа се најголемите заштитници на здравјето. Тие требале да бидат основни животни карактеристики на Израелците.

Патувањето на годишните прослави во Ерусалим три пати во годината и еднонеделниот престој во шатори за време на празникот Сеници, биле можности за дружење и рекреација на отворено. Радоста што ја овозможувале овие празници, уште повеќе се зголемувала со топлата гостољубивост кон странците, левитите и сиромашните.

„Развесели се… за сите добра, што Господ, твојот Бог, ти Ги даде тебе, ти и твојот дом, ти и левитот и придојдениот, што е кај тебе.“ (Второзаконие 26:11)

Во подоцнежните години, Божјиот закон се читал пред заробениците вратени од Вавилон, кога народот плачел заради своите престапи. Тогаш биле изговорени следните зборови:

„Не тажете и не плачете… одете јадете… мрсно и пијте слатко, и испратете им делови на оние, што немаат приготвено, зашто овој ден е свет пред нашиот Господ. Не тажете, зашто радоста пред Господа е поткрепа пред вас.“ (Неемија 8:9, 10)

А било објавено и прогласено: „Одете во гората и донесете вејки од питома маслинка, вејки од дива маслинка, миртови вејки, палмови вејки и вејки од други широколисни дрвја, за да направите сеници според запишаното. Отиде народот и донесе, та си направија сеници, секој на својот покрив и во своите дворови, и во дворовите на Божјиот дом, и на плоштадот при Водните Порти, и на плоштадот при Ефремовите Порти.“ (Стихови 15-17)

Бог им дал на Израелците упатства за сите принципи на физичкото и моралното здравје, назначувајќи им да не ги сметаат овие принципи за помалку важни од Законот:

„Овие зборови, што ти ги заповедам денес, да бидат во твоето срце и во твојата душа; и пренесувај им ги на своите деца и зборувај за нив, кога седиш дома и кога си на пат, кога си легнуваш и кога стануваш; и врзи ги на твојата рака како знак, и да ти биде тој, непоколеблив пред твоите очи, и напишете ги на надвратникот на вашите куќи и на вашите врати.“ (Второзаконие 6:6-9)

„Ако еден ден твојот син те праша, велејќи: Што значат тие заповеди, наредби и закони, кои ви ги заповеда Господ, вашиот Бог? Кажи му тогаш на твојот син: ‘… ни заповеда Господ да ги исполнуваме сите тие наредби, да се боиме од Господа, нашиот Бог, за да ни биде добро во сите денови, за да си го зачуваме својот живот, како и денес’.“ (Стихови 20-24)

Доколку Израелците ги послушале примените упатства, ползувајќи се од нивните предимства, тие би биле очигледна поука на светот за здравје и напредок. Како народ, кој живее во согласност со Божјиот план, тие би биле заштитени од болестите што ги напаѓале другите народи. Би се здобиле со физичка сила, виталност и интелект над сите други народи. Би биле најмоќната нација на Земјата. Бог вели:

„Благословен ќе бидеш повеќе од сите народи.“ (Второзаконие 7:14)

„Господ ве избра денес вие да Му бидете Негов избран народ, како што Ти рече, ако ги почитувате сите Негови заповеди, и дека Тој ќе те постави погоре од сите народи, што Ги создал, прочуен, фален и славен, и дека вие ќе Му бидете свет народ на Господа, вашиот Бог, како што беше рекол.“ (Второзаконие 26:18, 19)

„И ќе се пренесат на тебе сите овие благослови и ќе се исполнат, ако го слушаш гласот на Господа, твојот Бог. Благословен ќе бидеш во градот и благословен во полето. Благословен ќе биде плодот на твојата утроба, плодот на твојата земја, плодот на твојот добиток, плодот на твоите волови, и плодот на твоите овци. Благословени ќе бидат твоите житници и твоите амбари. Благословен ќе бидеш, кога влегуваш, и благословен кога излегуваш.“ (Второзаконие 28: 2-6)

„Господ да ти испрати благослови на твоите плодови и на секоја работа на твоите раце; и на земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава. Господ, твојот Бог, нека те постави за свој свет народ, како што Ти се беше заколнал тебе и на твоите татковци, ако ги извршуваш заповедите на Господа, твојот Бог, и одиш по Неговите патишта. И тогаш ќе видат сите народи на Земјата, дека името на Господа, твојот Бог, ти е дадено тебе, и ќе се исплашат од тебе. И Господ, твојот Бог, нека ти даде изобилство во сите блага, во плодот на твојата утроба, во плодот на твојот добиток и во плодот на твоите ниви на земјата, за кои Господ им се беше заколнал на твоите татковци дека ќе ти ги даде. И Господ нека ти го отвори Своето добро сокровиште, небото, за да дава навреме дожд на земјата и да ги благослови сите работи на твоите раце… Господ, твојот Бог, да те направи глава, а не опашка, и да бидеш само на високо, а не на ниско, ако ги пазиш заповедите на Господа, твојот Бог, кои ти Ги заповедам денес да ги почитуваш и исполнуваш.“ (Стихови 8-13)

На првосвештеникот Арон и неговите синови им биле дадени следните упатства:

„Така да Ги благословувате Израелевите синови и Говорете им: „Да те блаГоспови Господ и да те чува!

Да поГпедне мипостиво кон тебе Господ со Своето светпо пице на тебе и да те помипува;

да Го сврти Господ кон тебе Своето пице и да ти даде мир!

Така да Го спомнувате Моето Име над Израепевите синови, и Јас ќе Ги бпаГосповам.”

„Како твоите денови, ќе се зГопемува твојата сипа.

Нема друГ како возљубениот БоГ,

Кој се пронесува по небото, тебе на помош и по обпаците во Своето вепичество.

Вечниот БоГ е твое прибежиште, и ти си под сипата на НеГовите вечни мишки…

Израеп живее во безопасност, а Јакововиот извор,

во земја изобилна со жито и вино,

каде небесата дождат со роса.

Блажен си ти, Израеле!

Кој е како тебе, народ пазен од Господа,

Кој ти е штит и славодобивачки меч!?”

(Броеви 6:23; 6:24-27; Второзаконие 33:25-29)

Израелците не ја исполниле Божјата цел и затоа не ги примиле благословите што можеле да бидат нивни. Но Јосиф и Даниел, Мојсеј и Илија се благородни примери за резултатите на вистинскиот животен план. Таквата верност и денес ќе донесе исти резултати. За нас е напишано:

„Вие сте народ избран, царско свештенство, свет народ, луѓе придобиени, за да ги вознесете совршенствата на Оној, Кој ве повикал од темнина во Својата чудна светлина.“ (1. Петар 2:9)

„Благословен е оној човек, кој се надева на Господа, и кому надежта му е Господ.”

Тој ќе процвета како палма, ќе се издигне како кедар ливански.

Засадените во Господовиот дом, ќе процветаат во дворовите на нашиот Бог; тие и во староста ќе бидат плодни, помазани и ќе живеат угодно.”

„Твоето срце да ги чува Моите заповеди; зашто тие ќе ти придадат долги дни, години на живот и мир.”

„Тогаш ќе бидеш без опасност по својот пат, и твојата нога нема да се сопне.

Кога ќе легнеш да спиеш, нема да се плашиш, и кога ќе заспиеш, сонот ќе ти биде пријатен.

Нема да се исплашиш од ненадеен страв, ниту од напад, кој доаѓа од безбожниците, бидејќи Господ ќе биде на сите твои патишта и ќе ја запази твојата нога од препнување”

(Еремија 17:7; Псалм 92:12-14, 15; Изреки 3:1, 2, 23-26)

Сподели го ова:

Слични објави