Глава 43 Повозвишено искуство

Сподели го ова:

Нам ни е постојано потребно свежо откровение за Христа и секојдневно искуство во согласност со Неговите учења. На дофат ни стојат возвишени и свети спознанија. Божја цел за нас е постојан напредок во знаењето и доблеста. Неговиот закон е одек на Неговиот глас, Кој сите ги поканува: „Дојди повисоко. Биди свет и секогаш посвет.“ Ние можеме секој ден да напредуваме во совршеноста на христијанскиот карактер.
На оние што се вклучени во службата за Господарот, им треба многу повозвишено, подлабоко и пошироко искуство, отколку што многумина мислат дека имаат. Многумина што веќе се членови на големото Божјо семејство, знаат малку за тоа што значи да се набљудува Неговата слава и да се биде преобразен од слава во слава. Многу луѓе имаат слаба претстава за Христовата исклучителност и нивните срца треперат од радост. Тие копнеат за поцелосно, подлабоко чувство за љубовта на Спасителот. Нека ваквите ја негуваат секоја желба на срцето за Бога. Светиот Дух работи со оние што сакаат да бидат обработени, Ги обликува оние што сакаат да бидат обликувани, и Ги учи оние што сакаат да бидат поучени. Овозможете си негување на духовни мисли и свети разговори со Бога. Вие сте ги виделе само првите зраци од раната мугра на Неговата слава. Ако продолжите да го запознавате Господа, ќе откриете дека „патеката на праведните е како блескава светлина, која свети се повеќе и повеќе, дури не настане ден.“ (Изреки 4:18)
„Ова ви го реков, “ рекол Исус „за да остане Мојата радост во вас и вашата радост да биде полна.“ (Јован 15:11)
Христос секогаш го имал на ум резултатот на Својата мисија. Неговиот живот на земјата бил толку полн со тешка работа и самопожртвуваност, што го разведрувала само помислата дека не се мачи толку за ништо. Давајќи го Својот живот за животите на луѓето, Тој требал да го обнови Божјиот лик во човештвото. Требал да не издигне од правот, да го преобрази карактерот според образецот на Својот карактер и да го разубави со Сопствената слава.
Христос го видел измачувањето на Својата душа и бил задоволен. Ја опфатил широчината на вечноста со поглед и ја видел среќата на оние што преку Неговото понижување ќе добијат простување и вечен живот. Тој бил ранет за нивните гревови, мачен за нивните беззаконија. Врз Него паднала казната за нивниот мир и тие биле излекувани со Неговите рани. Го слушнал воскликот на откупените. Ги слушнал откупените како ја пеат песната на Мојсеј и на Јагнето. Иако морал прво да прими крваво крштевање, иако гревовите на светот морале да паднат на Неговата невина душа, иако врз него лежела сенка на неискажлива мака, но сепак, поради радоста што ја гледал пред Себе, Тој одлучил да го поднесе крстот и да го презре срамот.
Сите Негови следбеници треба да ја делат таа радост. Колку и да е славна и голема нашата иднина, ние нема да ја примиме целата награда, туку ќе ја примиме дури во времето на конечното избавување. Со вера ние уште тука треба да влеземе во радоста на Спасителот. Како Мојсеј и ние треба да истраеме, како да го гледаме Невидливиот.
Црквата е сега во војна. Ние сега сме во судир со светот што е во темнина и речиси целосно оддаден на идолопоклонство.
Господовата Радост
Деведесет и девет безбедно лежеле
во засолништето на Господа;
но една била надвор во далечните ридови
далеку од златните порти далеку на планините диви и пусти, далеку од нежната Грижа на Пастирот.
„Господи, ти тука имаш деведест и девет; зар тие не ти се доволни?
Но Пастирот одГовори:
‘Една од Моите заскитала од Мене, и покрај тоа што патот е рапав и тесен,
Јас ќе одам да ја најдам Мојата овцаУ’
Но никој од откупените никоГаш не дозна
колку биле длабоки водите што Ги минал,
колку била темна ноќта низ која нашиот Господ поминал
пред да ја најде изГубената овца.
Далеку во пустината Го слушнал нејзиниот плач исцрпена и беспомошна, подГотвена да умре.
„Господи, какви се овие крвави капки, кои ја обележуваат планинската патека?”
„Тие бие пролеани за онаа што заскита, за да може Пастирот да ја врати назад.”
„Господи, зошто се Твоите раце толку изГребани и со лузни?”
„Избодени беа во ноќва од мноГу трња.”
„Но преку планините и Грмотевиците. високо во стрмните карпи, се подиГна Глас кон небесните порти,
‘Радувајте се, ја најдов Мојата овца!’
И анГелите пеат околу престолот,
‘Радувајте се, Господ Го врати она што е НеГово!’”
Елизабет К. Клефан
Но доаѓа ден кога битката ќе биде извојувана и победата здобиена. Божјата волја ќе биде на Земјата, како што е на Небото. Спасените народи нема да познаваат друг закон освен Небесниот. Сите ќе бидат едно среќно, обединето семејство, облечени во наметки на пофалба и благодарност облека на Христовата праведност. Целата природа, во својата ненадминлива убавина ќе му оддава на Бога пофалба и обожување. Светот ќе се капе во Небесна светлина. Месечевата светлина ќе биде како онаа на сонцето, а сончевата светлина ќе биде седум пати посилна од сегашната. Годините ќе поминуваат во задоволство. Над оваа сцена, утринските ѕвезди заедно ќе пеат, а Божјите синови ќе воскликнуваат од радост, додека Бог и Христос заедно објавуваат: „Нема да има веќе грев, ниту пак ќе има смрт.“
Овие визии на идната слава, сцени насликани со Божјата рака, треба да им бидат мили на Неговите деца.
Застанете на прагот на вечноста и слушнете го прекрасното добредојде упатено до оние што во овој живот соработувале со Христа и страдањето за Него го сметале за предимство и чест. Заедно со ангелите, тие ги положуваат своите круни пред нозете на Откупителот, воскликнувајќи: „Достојно е закланото Јагне да ги прими силата и богатството, премудроста и моќта, честа, славата и благословот!… На Оној, Кој седи на престолот и Јагнето благослов и чест, слава и владеење во сите векови.“ (Откровение 5:12, 13) Таму откупените ги поздравуваат оние, кои ги упатиле кон вознесениот Спасител. Тие заедно го слават Оној, Кој умрел, за да можат човечките суштества да имаат живот, кој според должината може да се спореди со Божјиот живот. Борбата е завршена. Сите маки и судири се зад нив. Песни на победа го исполнуваат целото Небо, додека откупените стојат околу Божјиот престол. Сите со радост пеат: „Достојно е Јагнето што беше заклано“ и не откупи за Бога.
„Потоа видов, и ете, големо мноштво народ, коешто никој не можеше да го преброи од сите племиња и колена, народи и јазици; тие стоеја пред престолот и пред Јагнето, облечени во бели облеки и со палмови гранчиња во рацете. и воскликнуваа со висок глас, велејќи: За спасението, наша слава на нашиот Бог, Кој седи на престолот и Јагнето!“ (Откровение 7:9, 10)
„Тие се што дојдоа од големи маки; тие ги испраа своите облеки и ги избелија со крвта на Јагнето. Затоа се пред престолот на Бога, Кому му служат во Неговиот храм и дење и ноќе; и Оној, Кој седи на престолот, ќе се всели во нив; и нема веќе да огладнат, ниту, пак, да ожеднат; нив нема да ги пече сонцето, и никаква горештина; бидејќи Јагнето, Кое е среде престолот, ќе ги пасе и води на живи водни извори, и Бог ќе им ја избрише секоја солза од нивните очи.“ „И ќе ја избрише Бог секоја солза од нивните очи, и смрт нема да има веќе, ни плач, ни пискот, ниту болка нема да има веќе, бидејќи поранешното помина.“ (Стихови 14-17; 21:4)
Секогаш треба да ја имаме пред нас визијата за невидливите нешта. Само така ќе можеме вистински да ги вреднуваме вечните и распадливите нешта. Тоа ќе ни даде сила да влијаеме на другите за повозвишен живот.
На гората со Вога
„Качете се кај Мене на гората“ ни наложува Бог. Пред да стане Божјо орудие за избавување на Израелскиот народ, на Мојсеј му биле назначени четириесет години дружење со Него во осаменоста на планината. Пред да ја однесе Божјата порака на Фараонот, тој зборувал со ангел во разгорената грмушка. Пред да го прими Божјиот закон како претставник на својот народ, тој бил повикан на гората и ја видел Неговата слава. Пред да ги казни идолопоклониците, тој бил сокриен во процепот од една карпа и Господ му рекол: „Ќе те повикам во Моето Име.“ „…штедар и милостив, долготрпелив, многумилостив и вистински… Кој виновни не очистува.“ (Излез 33:19; 34:6, 7) Пред да умре и да се ослободи од бремето на Израелскиот народ, Бог го повикал на врвот на Фазга и му ја покажал славата на Ветената Земја.
Пред апостолите да заминат на својата мисија, тие биле повикани да се искачат на гората со Исус. Пред силата и славата на Педесетница, тие поминале ноќ на заедништво со Спасителот, средба на гората во Галилеја, разделбата на Маслинската Гора со ветувањето на ангелот и денови на молитва и заедништво во горната соба.
Кога се подготвувал за некоја голема проба или тешка задача, Исус се повлекувал во осаменоста на планините и ја поминувал ноќта во молитва кон Својот Татко. На ракоположувањето на апостолите и проповедта на Гората на преобразувањето, на агонијата, на судењето и смртта и на славата на воскресението, секогаш им претходела ноќ помината во молитва.
Предимството на молитвата
И ние, исто така, мораме да имаме време издвоено за размислување и молитва, во кое ќе примиме духовно освежување. Ние не ја вреднуваме силата и ефикасноста на молитвата колку што би требало. Молитвата и верата ќе го сторат она што никаква земна сила не може да го постигне. Во сите аспекти на животот, ние ретко се наоѓаме два пати во иста положба. Постојано треба да поминеме низ нови настани и нови проби во кои минатите исксутва не можат да ни бидат доволен водич. Мораме да ја имаме непрекинатата светлина што доаѓа од Исуса.
Христос постојано им праќа пораки на оние, кои Го слушаат Неговиот глас. Во ноќта помината во агонија, на гората во Гетсиманија, заспаните ученици не го слушале Христовиот глас. Тие имале нејасна претстава за присуството на ангелите, но ја пропуштиле славата и силата на оваа сцена. Поради својата сонливост и зашеметеност, тие не успеале да ги примат доказите што ќе ги зајакнеле нивните души за страшните настани што ги очекувале. На истиот начин и денес, токму оние на кои им се најмногу потребнни Божји упатства, често не успеваат да ги добијат, затоа што не се ставаат себеси во заедница со Небото.
Искушенијата на кои сме секојдневно изложени, ја прават молитвата неопходна. На секој наш пат се испречуваат опасности. Оние што сакаат да ги спасат другите од пороци и уништување се особено изложени на искушенија. Во постојаниот допир со злото ним им е потребна силна врска со Бога, доколку не сакаат и самите да станат расипани. Брзи и заводливи се чекорите што го одвлекуваат човекот од возвишената и света почва, кон пониски нивоа. Одлуката што ќе ја запечати за вечност судбината на човекот, може да биде донесена во еден миг. Еден непобеден недостаток ја остава душата без заштита. Една лоша навика, доколку цврсто не и се спротивставиме, ќе се зајакне во челично јаже, кое го врзува целиот човек.
Причината зошто има толку многу души што се оставени сами пред искушенијата е тоа што не го гледаат Бога постојано пред себе. Кога ќе дозволиме нашата врска со Бога да биде премината, нашата одбрана исчезнува. Сите ваши добри намери и цели нема да ве оспособат да му се спротивставите на злото. Морате да бидете мажи и жени на молитва. Вашите молби не смеат да бидат бледи, повремени и грчевити, туку искрени, истрајни и постојани. Не треба секогаш да клекнеме на колена за да се помолиме. Негувајте навика да разговарате со Спасителот кога сте сами, кога шетате и кога сте зафатени со секојдневните работи. Нека вашето срце се издигне во безгласна молба за помош, светлина, сила и знаење. Секој ваш здив нека биде молитва.
Како Божји работници ние мораме да допреме до луѓето онаму каде што се, опколени со темнина, потонати во порок и извалкани од гревот. Но ако ги задржиме нашите мисли дадени од Оној, Кој е наше сонце и заштита, злото што не опружува, нема да направи ниту една дамка на нашите облеки. Додека работиме за спасување на душите што пропаѓаат, нема да бидеме посрамени, доколку се надеваме на Бога. Христос во срцето, Христос во животот тоа е нашата сигурност. Атмосферата на Неговото присуство ќе ја исполни душата со гадење кон се што е лошо. Нашиот дух може да биде толку изедначен со Неговиот, што ќе бидеме едно со Него во мислите и намерите.
Преку вера и молитва, Јаков, од слаб и грешен човек станал победник пред Бога. На истиот начин и вие можете да станете мажи и жени, кои под никакви услови нема да бидете поколебани од вистината, правдата и праведноста. Сите не притискаат неодложни проблеми, товари и должности, но колку е понеиздржлива вашата положба и потешко бремето, толку е поголема вашата потреба од Исуса.
Да се запостави јавното богослужение е сериозна грешка. Не треба да се потценуваат предимствата на божествената служба. Оние што се грижат за болните, често не се во состојба да си ги дозволат овие предимства, но треба да внимаваат да не отсуствуваат непотребно од домот за служба.
Во негата на болните, повеќе од која било друга светска професија, успехот зависи од посветениот дух и самопожртвуваноста со која се извршува службата. Оние што имаат ваква одговорност, мораат да се стават себеси онаму, каде што ќе бидат длабоко трогнати од Божјиот Дух. Колку е повисока, подоверлива и поодговорна вашата положба, толку повеќе треба да барате помош од Светиот Дух и знаење за Бога.
Во нашата служба ништо не ни е потребно повеќе од практичните резултати на нашата заедница со Бога. Нашиот секојдневен живот треба да покажува дека имаме мир и спокој во Спасителот. Неговиот мир во нашето срце ќе го осветлува нашиот лик. На нашиот глас ќе му даде моќ на убедување. Заедницата со Бога ќе ги облагороди и карактерот и животот. Луѓето ќе знаат за нас, како за првите ученици, дека сме биле со Христа. Тоа во работникот ќе вгради сила, која ништо друго не може да ја даде. Тој не смее да си дозволи да биде лишен од оваа сила.
Ние мораме да живееме двоен живот живот на размислување и дејствување, на нема молитва и сериозна работа. Силата добиена од заедницата со Бога, обединета со сериозни напори за обучување на умот за внимателност и грижливост го подготвува човекот за секојдневните обврски и го одржува духот мирен во сите околности, без оглед колку се тешки.
Божјиот Советник
Кога се во неволја, многу луѓе мислат дека мораат да се обратат на некој добар пријател, кажувајќи му ги своите тешкотии и барајќи помош од него. Во ваквите околности, нивните срца ги исполнува неверување и патот им изгледа темен. А за сето тоа време, покрај нив стои моќниот Советник на сите времиња, повикувајќи ги да имаат доверба во Него. Исус, големиот Носач на бреме, вели: „Дојдете кај Мене и Јас ќе ви дадам одмор.“ Треба ли да се одвратиме од Него кон несигурните човечки суштества, кои се зависни од Бога исто колку и ние?
Можеби ќе чувстувате дека вашиот карактер не е достоен, а вашите способности премногу мали во споредба со големината на работата. „Без Мене не можете да направите ништо!“ вели нашиот Спасител. (Јован 15:5) Резултатите од се што правиме се во Божји раце. На што и да се нафатите, држете се за него со цврста и истрајна доверба.
Во деловните односи, во дружењата во слободно време и во родниниските и брачните врски сите ваши дружења нека се темелат на сериозна, понизна молитва. На тој начин ќе покажете дека Го почитувате Бога и Бог ќе ве почитува вас. Молете се кога сте малодушни. Кога сте очајни, цврсто затворете ги вашите усни пред луѓето; не фрлајте сенка на патот на другите; кажете му се на Исуса. Подадете ги рацете нагоре за помош. Во вашата слабост, потпрете се на Бесконечната сила. Барајте понизност, мудрост, храброст, зголемување на верата, за да можете да видите светлина во Божјата светлина и да се радувате во Неговата љубов.
Посветеност вера
Кога сме понизни и скрушени, ние стоиме онаму, каде што Бог може и сака да ни се покаже. Тој е многу задоволен, кога се повикуваме на благословите и милоста од минатото, како причина зошто би требало Тој да ни подари уште поголеми благослови. Тој ќе направи повеќе, отколку само да ги исполни очекувањата на оние, кои потполно веруваат во Него. Господ Исус точно знае што им треба на Неговите деца и колку од Божјата сила ќе употребат за благослов на човештвото; И ни го дава сето она, што можеме да го употребиме за благослов на другите и за облагородување на нашите души.
Треба да имаме помалку вера во она што можеме да го направиме сами, а повеќе во она што Господ може да го направи за нас и преку нас. Делото во кое сте вклучени не е ваше; вие работите во Божјото дело. Предајте Му ги вашата волја и вашите патишта. Не задржувајте ништо за себе; не правете ниту еден компромис со вашето „Јас“. Дознајте што значи да се биде слободен во Христа.
Самото слушање проповеди од сабота во сабота, повторно и повторно читање на Библијата или нејзино објаснување стих по стих, нема да имаат никаква полза ниту за нас, ниту за оние што не слушаат, освен ако ги внесеме библиските вистини во нашето лично искуство. Нашиот разум, волјата, наклоностите, мораат да бидат подложени на Божјата Реч. Тогаш, под влијание на Светиот Дух, исполнувањето на Словото ќе стане принцип на нашиот живот.
Додека барате помош од Бога, почитувајте Го вашиот Спасител, така што ќе верувате дека ќе го примите Неговиот благослов. Сета моќ и сета мудрост ни стојат на дофат. Треба само да побараме.
Чекорете постојано во Божјата светлина. Деноноќно размислувајте за Неговиот карактер. Тогаш, ќе ја видите Неговата убавина и ќе се радувате во Неговата добрина. Вашето срце ќе гори, чувствувајќи ја Неговата љубов. Ќе бидете издигнати како да ве носат Вечните раце. Со силата и светлината што Бог ги втиснува во вас, ќе можете да разберете повеќе и да постигнете повеќе, отколку што некогаш сте се надевале.
Бидете во Мене
Христос не обврзува: „Бидете во Мене, и Јас ќе бидам во вас. Како што прачката не може да роди плод сама од себе, ако не е на лозата, така и вие, ако не бидете во Мене… и кој е во Мене, и Јас во него, тој ќе даде многу плод; зашто без Мене не можете да направите ништо… Ако останете во Мене, и Моите зборови во вас, тогаш, што и да посакате, барајте, и ќе ви биде. Со тоа ќе се прослави Мојот Отец, ако вие принесувате многу плод, и ако бидете Мои ученици.“
„Како што Ме возљуби Отецот, и Јас ве возљубив вас; бидете во Мојата љубов!“
„Вие не ме избравте мене, но Јас ве избрав вас и ве поставив да одите и да донесувате плод, и вашиот плод да остане, та, што и да посакате од Отецот во Мое Име, да ви даде.“ (Јован 15:4-16)
„Ете, стојам пред вратата и чукам. Ако некој го чуе Мојот глас и ја отвори вратата, ќе влезам при него и ќе вечерам со него, и тој со мене.“ (Откровение 3:20)
„На оној, што победува, ќе му дадам да јаде од скриената мана, и ќе му дадам бело камче, и на камчето напишано, ново име, што никој не го знае, освен оној, што го добива.“ (Откровение 2:17)
И кој победува… нему ќе му ја дадам ѕвездата Деница“ „и ќе го напишам над него името на Мојот Бог… и Моето ново Име.“ (Стихови 26-28; 3:12)
Едно правам
Оние што се надеваат на Бога, ќе можат да кажат заедно со Павле: Се можам преку Исуса Христа, Кој ме крепи.“ (Филипјаните 4:13) Какви и да се нашите грешки и неуспеси во минатото, ние, со Божја помош, можеме да се издигнеме над нив. Заедно со апостолот и ние можеме да кажеме: „Едно правам; го заборавам она што е зад мене, а се стремам кон она што е пред мене, трчам кон целта кон наградата на горното призвание од Бога во Исуса Христа.“ Амин! (Филипјаните 3:13, 14)

Сподели го ова:

Слични објави