Глава 18 Лекување на умот

Сподели го ова:

Помеѓу умот и телото постои многу тесна врска; кога едното од нив страда, другото сочувствува. Состојбата на умот има многу поголемо влијание врз здравјето, отколку што многумина воопшто можат да сфатат. Многу болести од кои луѓето страдаат се резултат на ментална депресија. Жалоста, загриженоста, незадоволството, грижата на совеста, чувството на вина, неверувањето сето тоа придонесува за ослабнување на животните сили и води кон уништување и смрт.

Имагинацијата на пациентот честопати ја предизвикува или многу ја влошува неговата болест. Многумина, кои можеле да се чувствуваат добро, остануваат инвалиди за цел живот, само затоа што самите се сметале за такви. Многумина си замислуваат дека секакво лесно изложување ќе предизвика болест и злото што го насетуваат и очекуваат, обично и доаѓа. Многу луѓе умираат од болести, кои се целосно измислени.

Храброста, надежта, верата, сочувството и љубовта го обновуваат здравјето и го продолжуваат животот. Задоволното срце и радосниот дух претставуваат здравје за телото и сила за душата. „Веселото срце е благотворно како лек.“ (Изреки 17:22)

При лекувањето на болниот не смее да се занемари менталното влијание дејството на мислите, кои го обземаат неговиот дух.

Правилно употребено, тоа влијание претставува едно од најефективните средства за совладување на болеста.

Контрола на умот над умот

Но постои еден начин за лекување на умот, кој е еден од најуспешните орудија на злото. Преку оваа таканаречена наука, се доведува еден ум под власта на друг, така што личноста на послабиот се стопува во онаа на посилниот. Притоа, една личност ја извршува волјата на другата личност. На таков начин се потврдува дека текот на мислите може да биде променет, така што на пациентот можат да му се даваат животворни импулси, кои му овозможуваат да се спротивстави на болеста и да ја победи.

Овој начин на лекување го применуваат личности што не ја познаваат неговата вистинска природа и тенденција и го сметаат како благотворен за болниот. Но таканаречената наука е втемелена на лажни принципи. Таа е непозната за Христовата природа и дух. Не води кон Оној, Кој е живот и спасение. Оној што ги насочува мислите на другите кон себе, ги одвојува од вистинскиот Извор на нивната сила.

Не е Божја волја кое било човечко битие својот ум и волјата да ги предаде под власта на некое друго, станувајќи пасивен инструмент во неговите раце. Никој не треба да ја соединува својата личност со личноста на некој друг, ниту во кое било човечко битие да гледа извор на спасение, туку треба да зависи само од Бога. Во достоинството на својата од Бога дадена мажевност, човекот треба да се потчинува само на Божјата власт и контрола, а не на некоја друга човечка интелигенција.

Бог копнее да ги доведе луѓето во директна врска со Себе. Во сите Свои постапки со човечките битија, Тој го признава принципот на лична одговорност. Тој се стреми да ги разбуди чувствата за нашата лична зависност и да ни ја втисне потребата од лично водство. Тој копнее да го доведе човештвото во тесна заедница со Бога, за да можат луѓето да бидат преобразени во Божјо обличје. Сатаната настојува да ја попречи таа цел. Тој настојува да ја охрабри нашата зависност од луѓето. Кога умовите се оттргнати од Бога, искушувачот може да ги доведе под своја контрола. Тој може да управува со човештвото.

Теоријата за владеењето на еден ум со друг потекнува од сатаната, бидејќи во неа тој е главниот актер, кој ја заменува Божјата мудрост со човечка филозофија. Од сите заблуди што денес наоѓаат пристап меѓу таканаречениот христијански свет, ниту една не е толку опасна и не го оддалечува човекот од Бога толку многу, како оваа измама. Без оглед колку тоа ни делува невино и нештетно, примената на овие методи, нема на пациентите да им донесе оздравување, туку пропаст. Тоа отвора врата низ која сатаната влегува да ги освои душите и на оној што настојува да владее со разумот на другите и на оние што дозволуваат други да управуваат со нивните мисли.

Силата со која злонамерните мажи и жени се здобиваат на ваков начин е страшна. Колкави можности се отвораат пред оние, кои живеат користејќи се со слабоста и болеста на несреќните луѓе! Колку многу се оние, кои во владеењето над умот на слабите и болните, наоѓаат средство за задоволување на своите нечисти страсти и апетитот за заработка!

Постои нешто далеку подобро од владеењето со мислите и умот на другите, на кое треба да се посветиме. Лекарот треба да ги одвраќа мислите на своите пациенти од она што е човечко, упатувајќи ги кон Божјото. Наместо да ги учи своите болни дека исцелувањето на душата и телото зависат од луѓе, тој треба да ги упатува кон Оној, Кој може да ги спаси сите што доаѓаат кај Него. Оној, Кој го создал човечкиот ум, знае и што е најпотребно за тој ум. Единствено Бог може да го спаси и поврати изгубеното здравје. Оние чиишто умови и тела се болни, треба да гледаат свој исцелител во Христа. „Затоа што Јас живеам, Тој вели и вие ќе живеете исто така.“ (Јован 14:19) Тоа е животот што ние треба да им го прикажуваме на болните, кажувајќи им дека ако имаат вера во Христа како обновител, ако соработуваат со Него покорувајќи им се на здравствените закони, настојувајќи да усовршат светост во Божји страв, Тој ќе им дарува од Неговиот живот. Кога им го предочуваме Христа на таков начин, нив ги правиме учесници во силата и крепоста, кои имаат вистинска вредност, затоа што доаѓаат одозгора. Тоа е вистинска премудрост наука за исцелување на телото и душата.

Сочувство

Во лекувањето на болестите предизвикани од умот е потребна голема мудрост. Ранетото и болно срце, обесхрабрениот дух, бараат нежно постапување. Честопати се случува некоја тешкотија во семејниот дом да ја нагризува душата како рак, ослабнувајќи ги животните сили. Понекогаш се случува грижата на совеста заради сторениот грев да го поткопа здравјето на целиот организам и доведе до неурамнотеженост на умот. На ваквите болни, може да им се помогне само преку нежно сочувство. Лекарот, најпрвин треба да ја придобие нивната доверба, а потоа да ги упати кон Големиот Исцелител. Ако успееме да ја насочиме нивната вера кон Вистинскиот Лекар и да ги осведочиме дека Тој навистина се зазема за нив, тоа ќе доведе до олеснување на душата, а честопати и целосно оздравување на телото.

Многу често сочувството и тактичноста претставуваат поголем благослов за болниот, отколку најстручните методи за лекување, применети на студен и рамнодушен начин. Кога лекарот приоѓа до болничката постела на невнимателен и безгрижен начин, гледајќи го немоќниот рамнодушно и оставајќи со својот став и постапка впечаток дека таквиот случај не заслужува посебно внимание, оставајќи го пациентот сам за сето тоа да размислува, тој му нанесува огромна штета. Сомнежот и обесхрабрувањето предизвикани поради неговата рамнодушност, честопати го неутрализираат ефектот на лековите, што тој може да ги пропише.

Доколку лекарите би се ставиле себеси на местото на оној чијшто дух е потиштен и чијашто волја е ослабена преку страдањето и којшто копнее за зборови на сочувство и охрабрување, тие би биле поподготвени да ги сфатат неговите чувства. Кога љубовта и сочувството што Христос ги искажувал кон болните, комбинирани со знаењето на лекарот и самото негово присуствоби ги применувал на болниот, тоа би претставувало неискажлив благослов.

Искреноста на лекарот во постапувањето со пациентот го отвора патот на довербата и претставува значајна помош во обновувањето на здравјето. Постојат лекари, кои сметаат дека е мудро да ги прикријат од пациентот природата и причината за болеста од која тој страда. Многу лекари, плашејќи се да не го вознемират или обесхрабрат пациентот, не ја кажуваат вистината, туку му влеваат лажна надеж за оздравување, а со тоа дури и дозволуваат болниот да слезе во гроб, без да го предупредат за опасноста што му се заканува. Сето тоа е неразумно. Можеби не е секогаш најпрепорачливо и најдобро на пациентот нашироко да му се објаснува степенот и тежината на опасноста што му се заканува. Тоа би можело силно да го вознемири па дури и да го успори или спречи оздравувањето. Исто така не може целосната вистина секогаш да биде кажана до оние, чиишто слабости се во голем дел умислени. Многу од овие личности се неразумни и ненавикнати на дисциплина и самосовладување. Тие имаат својствени фантазии и замислуваат многу работи, кои не одговараат на вистината во поглед на самите себеси и другите. За нив тие исти нешта се реални и оние што се залагаат за нив, треба да манифестираат постојана љубезност и неуморно трпение и тактичност. Доколку на тие пациенти им биде кажана вистината за нив, некои би можеле да бидат навредени, а други обесхрабрени. Христос еднаш им рекол на Своите ученици: „Имам уште многу да ви кажувам, но сега не можете да носите.“ (Јован 16:12) Меѓутоа, иако вистината не може да биде кажана целосно во сите прилики, никогаш не е неопходно или оправдано да се измамуваат луѓето. Никогаш лекарот или болничарите не треба да се впуштаат во извртување на вистината. Оној што така постапува, се става себеси таму, каде што Бог не може да соработува со него; и губејќи ја довербата на своите пациенти, тој во исто време ја отфрла најефективната човечка помош за нивно оздравување.

Силата на волјата не се вреднува така како што би требало. Волјата треба постојано да се поттикнува и правилно насочува, затоа што таа му дава енергија на целото битие и претставува чудотворна помош во одржувањето на здравјето. Таа исто така претставува сила и во борбата против болеста. Правилно насочена, таа ќе владее над имагинацијата и ќе претставува моќно средство во спротивставувањето и победувањето на болеста на умот и телото. Ставајќи ја силата на волјата во правилен однос кон животот, болните можат многу повеќе да придонесат кон напорите за сопствено оздравување. Постојат илјадници, кои би можеле да оздрават, само кога би имале волја за тоа. Господ не сака тие да бидат болни. Тој копнее да бидат добри и среќни и тие треба да се погрижат околу тоа. Честопати и инвалидите можат да и се спротивстават на болеста, одбивајќи да се препуштат на болката, тагата и очајувачката неактивност. Тие треба да се издигнат над сопствените болки и страдања и да се зафатат со некоја полезна работа што одговара на нивните сили. Со вакво ангажирање и со слободно користење на сончевата светлина и свежиот воздух, многу изнемоштени инвалиди повторно можат да ги повратат здравјето и силата.

БиБлиски принципи на лекување

Оние што сакаат да го повратат или сочуваат здравјето, можат да најдат поука во зборовите од Светото Писмо: „Не опивајте се со вино, од кое произлегува блуд, но исполнувајте се со Дух.“ (Ефесјаните 5:18) Вистинското оздравување и закрепнување на телото и душата не се постигнува со возбуда или разонода предизвикана од неприридни и нездрави надразнувачки средства, ниту пак со задоволување на изопачениот апетит или страстите. Меѓу болните има многу такви, кои живеат без Бога и без надеж. Тие страдаат од незадоволени желби, безвредни страсти и грижа на совеста, која ги осудува; ги губат стожерот и надежта во овој живот и немаат никаква перспектива за идниот живот. Оние што се грижат за таквите болни, не смеат да негуваат лажна надеж дека на своите пациенти им прават добро, доколку им дозволуваат суета и возбудливи задоволства. Токму тоа било проклетство за нивните животи. Душата, која е гладна и жедна, ќе продолжи да гладува и жеднее, се додека се обидува да се задоволи на таков начин. Оние што пијат од изворот на себичните задоволства, остануваат измамени. Тие ја сметаат за сила вештачки предизвиканата веселост, но кога возбудата ќе стивне, ја снемува и нивната инспирација, па така тие запаѓаат во незадоволство и малодушност.

Постои само еден Извор за траен мир и спокојство на духот. На него мислел Исус кога рекол: „Дојдете при Мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам.“ (Матеј 11:28) „Мир ви оставам; Својот мир ви го давам; Јас ви го давам не како што го дава светот.“ (Јован 14:27) Овој мир не е нешто што Исус би можел да ни го даде независно од Себе. Тој е во Христа и ние можеме да го добиеме единствено, доколку го примиме и Него.

Христос е извор на животот. Она што на многумина им треба е да имаат појасно знаење за Него; треба трпеливо и љубезно, но сепак сериозно, да бидат поучени на кој начин целото битие може да биде достапно за Небесните исцелувачки сили. Кога топлите зраци на Божјата љубов ќе ги осветлат темните одаи на душата, уморот и незадоволство ќе исчезнат, а радоста и задоволството ќе му дадат виталност на умот и здравје и енергија на телото.

Ние живееме во свет преполнет со страдања. На секој чекор од нашиот пат не чекаат тешкотии, искушенија и тага. Но, многу луѓе си го отежнуваат бремето на животот постојано предвидувајќи само неволји. Кога ќе ги снајде некоја неволја или разочарување, тие мислат дека се оди кон пропаст, дека нивната загуба е најтешка и дека сигурно ќе наидат на криза. На таков начин тие си навлекуваат беда и фрлаат сенка на се што ги опкружува. За нив животот станува тешко бреме. Но не треба да биде така. Тие ќе мораат да вложат одлучни напори да го сменат текот на мислите и таа промена може да се постигне. Нивната среќа во овој живот како и блаженството во идниот, зависи од насочувањето на сопствените мисли кон она што е убаво и пријатно. Пренасочете ги од таа мрачна слика што е плод на нивната имагинација кон благословите, кои Бог ги послал на нивниот пат, а потоа и кон она што е невидливо и вечно.

Бог обезбедил помош за секоја неволја. Кога Израелскиот народ во пустината наишол на горчливите води во Мера, Мојсеј повикал кон Бога. Бог не создал никакво ново средство за да ја подобри горчливата вода, туку го посочил вниманието кон она што веќе постоело. Во водата требало да бидат фрлени гранки од грмушката што Тој ја создал, за водата да стане чиста, слатка и питка. Кога го сториле тоа, луѓето пиеле од водата и биле освежени. Доколку Го побараме, Христос ќе ни притекне на помош во секоја неволја. Нашите очи ќе бидат отворени да ги запазиме спасоносните ветувања запишани во Неговата Реч. Светиот Дух ќе не поучи како да го примаме секој благослов што ќе претставува лек против тагата и болката. Ние ќе најдеме лек за секоја горчлива голтка што ќе биде ставена на нашите усни.

Не треба да дозволиме нашето срце да го обземе страв, колената да ни затреперат, а рацете потклекнат, додека ја набљудуваме иднината со тешките проблеми и неповолните изгледи што таа ги донесува. „Ако прибегне кон Мојата заштита“ вели Моќниот, „за да склучи мир со Мене; и тогаш нека склучи мир со Мене.“ (Исаија 27:5) Оние што ги предаваат своите животи на Неговото водство и се посветуваат на службата за Него, никогаш нема да се најдат во положба, која Тој однапред не ја предвидел. Без оглед на околностите во кои се наоѓаме, ние ќе имаме сигурен Водич, Кој ќе го управува нашиот пат, доколку сме извршители на Неговата Реч. Колку и да сме збунети, ние имаме сигурен Советник; какви и да се нашите таги, големи загубите или осаменоста, ние имаме Пријател, Кој е полн со сочувство и љубов.

Ако направиме и некој погрешен чекор во нашето незнаење, ниту тогаш Спасителот нема да не напушти и заборави. Никогаш не треба да чувствуваме дека сме сами. Ангелите се наши сопатници. Утешителот што Христос ветил дека ќе го испрати во Свое Име пребива во нас. На патот што води кон Божјиот Град, не постојат тешкотии, кои оние што веруваат во Него, нема да можат да ги победат. Не постојат опасности што тие не би можеле да ги избегнат. Не постои тага, болка, ниту човечка слабост за која Тој не предвидел соодветен лек.

Никој не треба да се препушти на обесхрабрување и очај. Сатаната може да ти пристапи и да ти дошепне: „Твојот случај е безнадежен. За тебе нема спасение.“ Но твојата надеж е во Исуса Христа. Господ не бара од нас да победуваме со своја сила. Тој не повикува одлучно да застанеме на Негова страна. Тој чека да не ослободи без оглед на тешкотиите под кои работиме, без оглед на бремето што ги притиска душата и телото.

Оној, Кој ја зел човечката природа на себе, знае како да сочувствува со луѓето што страдаат. Христос не само што ја познава секоја душа и нејзините потреби и неволји, туку и сите околности што можат да го ранат и стаписаат духот. Неговата рака е испружена до секое Божјо дете што страда, со неизмерно сочувство и нежност. Тој им укажува најголема сомилост и сочувство на оние што најмногу страдаат. Тој е трогнат од нашата немоќ и копнее да положиме пред Неговите нозе се што не збунува и обременува и да го оставиме таму.

Не е мудро да се размислува само за себе и своите емоции. Ако го правиме тоа, непријателот ќе ни ги предочи тешкотиите и искушенијата, кои ја ослабнуваат верата и уништуваат храброста. Постојаното задржување на она што не вознемирува и предизвикува излив на емоции, значи препуштање и вплеткување во нешто што го збунува духот. Наместо на себе, ние треба постојано да гледаме на Христа.

Кога искушенијата ќе навалат на вас, кога грижите, неизвесноста и темнината ќе ја опкружат вашата душа, гледајте на местото, каде што последен пат сте виделе светлина. Бидете спокојни во Христовата љубов и Неговата заштитничка грижа. Кога гревот се бори да загосподари во срцето, кога чувството на вина ја притиска душата и обременува совеста, кога неверувањето го замрачува духот, имајте во предвид дека Христовата благодат е доволна да го совладате гревот и да ја протерате темнината. Стапувајќи во тесна заедница со Спасителот, ние влегуваме во Царството на Мирот.

Бетувања за исцелување

„Господ Ги откупува душите на Своите слуГи, и никој од оние кои се надеваат на НеГо, нема да зГреши. (Псалм 34:22)

„Во стравот пред Господа има Голема надеж, и на Своите чеда, Тој им е прибежиште.”

(Изреки 14:26)

„А Сион велеше, ме остави Господ, мојот БоГ ме заборави.

Може ли жена да ја заборави својата рожба, а да не се смилува на чедото од својата утроба?

А и коГа би Го заборавила, Јас тебе нема да те заборавам. Ете, на Своите дланки сум те изрежал.”

(Исаија 49:14-16)

„Не плаши се, зашто Јас сум со тебе; не се вознемирувај, зашто Јас Сум твој БоГ;

Јас ќе те закрепам и ќе ти помоГнам,

ќе те подржам со десницата на Мојата праведност

(Исаија 41: 10)

„Вие кои ве носам од утробата, кои ве држам од раѓањето; и до вашата старост, Јас ќе бидам истиот, до вашите бели коси ќе ве носам;

Јас ве создадов и ќе ве носам, ќе ве поддржам и ќе ве избавам.”

(Исаија 46:3, 4)

Ништо не придонесува повеќе за оздравување на телото и душата од духот на благодарност и одавање слава на Бога. Исто колку што сме должни да се молиме, должни сме и да пружиме отпор на малодушноста и чувството на незадоволство. Доколку целта на нашето патување е небото, зарем да одиме таму како поворка ожалостени, која по целиот пат кон Татковата куќа само воздивнува и се жали?

Тие таканаречени христијани што постојано се жалат и кои сметаат дека е погрешно да се биде расположен и среќен, немаат вистинска вера. Оние, кои наоѓаат некое тажно задоволство во се што е меланхолично во светот на природата, кои повеќе сакаат да ги гледаат мртвите лисја, отколку да берат прекрасно свежо цвеќе, кои не гледаат никаква убавина во височината на планинските врвови и во прекрасното зеленило на долините, кои ги затвораат своите сетила за пријатниот и како музика сладок глас што зборува од природата не се во Христа. Тие прибираат мрак и темнина, иако во своето срце би можеле да се радуваат на блескавата светлина од Сонцето на Правдата и здравјето на Неговите зраци.

Умот често може да биде замрачен од болка. Тогаш не се обидувај да мислиш. Ти знаеш дека Исус те сака. Тој ја разбира твојата слабост. Можеш да ја исполниш Неговата волја со тоа што едноставно ќе се одмориш на Неговите раце.

Природен закон е нашите мисли и чувства да се охрабруваат и засилуваат, кога ги искажуваме или изразуваме на каков било начин. Како што е вистина дека мислите не можат да се изразат со зборови, вистина е и дека зборовите се производ на мислите. Кога би и давале поголем израз на нашата вера и повеќе би се радувале на благословите за кои со сигурност знаеме дека се наменети и за нас а тоа се Божјата голема љубов и милостивост би имале повеќе вера и поголема радост. Ниту еден јазик не може да ја искаже, ниту еден ограничен ум не може да ја сфати големината на благословите што се производ на Божјата добрина и љубов. Дури и на оваа земја ние можеме да имаме радост, како извор на вода што никогаш не пресушува, затоа што се храни од потоците што протекуваат од Божјиот престол.

Нашето срце и нашиот јазик треба да се навикнуваат да го фалат и слават Бога за Неговата неспоредлива љубов. Да ги привикнуваме своите души никогаш да не губат надеж и да престојуваат во светлината што блеска од Голготскиот Крст. Никогаш не треба да заборавиме дека сме деца на Небесниот Цар, синови и ќерки на Господа над војските. Предимството што секој од нас го има е да остане спокоен и сигурен во Бога.

„Нека Божјиот мир владее во вашите срца… и бидете благодарни.“ (Колосјаните 3:15) Да заборавиме на сопствените тешкотии и проблеми и да го фалиме Бога за можноста што ни ја пружил да живееме, прославувајќи го Неговото Име. Дозволете им на свежите благослови од секој нов ден да разбудат чувство на благодарност во вашите срца, за тие очевидни докази на Неговата грижлива љубов. Кога наутро ќе ги отворите очите, прво заблагодарете Му на Бога за тоа што ве чувал во текот на таа ноќ. Заблагодарете Му за Неговиот мир што го чувствувате во срцето. Нека изразите на вашата благодарност наутро, напладне и навечер се издигнуваат кон небото како сладок, мил мирис.

Кога некој ќе ве праша како сте, не обидувајте се да се присетите на нешто тажно, со цел да придобиете сочувство. Не зборувајте за својот недостиг на вера, ниту за своите неволји и страдања. Искушувачот се насладува, кога слуша такви зборови. Вие го воздигнувате него, кога зборувате за она што е полно со тегоби и мрачно. Воопшто не треба да мислиме на тоа дека сатаната има голема моќ и дека може да не надвладее. Кога зборуваме за неговата сила, ние честопати се предаваме себеси во негови раце. Наместо тоа, ајде да зборуваме за големата сила и моќта на Оној, Кој ги поврзува сите наши интереси со Своите. Да зборуваме за Христовата сила, која не може да се спореди со ништо и да ја величаме Неговата слава. Целото небо е заинтересирано за нашето спасение. Илјада илјади и десет пати по десет илјади ангели се повикани да им служат на оние, кои ќе бидат наследници на спасението. Тие не штитат од злото и ги одбиваат силите на темнината, кои се стремат да не уништат. Зар немаме доволно голема причина да бидеме благодарни во секој момент, дури и тогаш, кога на нашиот животен пат се испречуваат тешкотии?

Пофални песни

Нашите пофалби и благодарност треба да бидат искажани преку песна. Наместо да им даваме на нашите чувства да дојдат до израз, кога сме во искушение треба да се издигнеме кон Бога во жива вера и да Го величаме со песна на благодарност.

Те славиме Тебе, О Боже, за Синот на Твојата љубов, за Исуса, Кој умре и сеГа е на небесата.

Те славиме Тебе, О Боже, за Твојот Дух на светлината,

Кој ни Го покажа нашиот Спасител, и ја растера нашата темнина.

Сета слава и пофалба му припаѓа на ЈаГнето,

Кое беше поГубено,ќе Ги понесе сите наши Гревови, и ја исчисти секоја нечистотија.

Сета слава и пофалба на БоГот на сета блаГодат,

Кој не купи, Кој не бараше,

Кој Ги водеше нашите стапки.

Оживеј не повторно; исполни Го секое срце со Твојата љубов; секоја душа нека биде повторно запалена со оГан од небото.

Хор:

Алелуја! Тебе нека ти е слава! Амин.

Алелуја! Тебе нека ти е слава, оживеј не повторно.

Песната е оружје, кое во секое време можеме да го употребуваме против обесхрабрувањата. Ние ќе имаме здравје и Божји благослов, кога на таков начин го отвораме срцето за блескавите зраци на Христовото присуство.

„Славете Го Господа, зашто е добар, зашто е вечна Неговата милост!

Така да велат избавените од Господа,

оние што Тој ги избавил од раката на непријателот.”

„Славете Го и пејте Му; кажувајте ги сите Негови чудеса.

Фалете се со Неговото Свето име;

нека се весели срцето на оние, кои Го бараат Господа.”

„Зашто Тој ја насити гладната душа, и ја исполни душата гладна со добра.

Тие седеа во темнина и смртна сенка, оковани со сиромаштија и железо…

Тогаш во својата тага повикаа кон Господа, и Тој ги спаси од нивните маки;

Ги изведе од темнината и смртната сенка и Ги раскина нивните окови.

Нека Го слават Господа за НеГовата добрина и за НеГовите чудесни дела кон синовите човечки!”

„Зошто таГуваш, душо моја, и зошто ме вознемируваш?

Надевај се на БоГа,

бидејќи НеГо јас пак ќе Го прославувам,

Оној, Кој е здравје за изразот на моето лице и мој БоГ.”

(Псалм 107:1-2; 105:2-3; 107:9-15; 42:11)

„Благодарете за се; зашто таква е Божјата волја во Христа Исуса за вас.“ (1. Солунјаните 5:18) Овој налог е уверување дека дури и она што изгледа дека е против нас, сепак ќе послужи за наше добро. Бог не би барал од нас да бидеме благодарни за нешто што би било на наша штета.

„Господ е моја светлина и мое спасение; од коГо да се бојам?

Господ е крепост на мојот живот, од коГо ќе се плашам?” „Во злочест ден, Тој би ме скрил во Својата скинија, би ме скрил под покривот на Своето живеалиште… и јас ќе принесам во НеГовата скинија жртва, поради радоста; ќе пеам и ќе Го фалам Господа”

„ДолГо време чекав на Господа, и Тој се наклони над мене и Го чу мојот вик, и ме изведе од длабината на јадот и од длабоката тиња, па Ги постави моите нозе на камен и Ги зацврсти моите стапала.

И во мојата уста вложи нова песна пофалба на нашиот БоГ.”

„Господ е моја крепост и мој штит; на НеГо се надеваше моето срце и Тој ми помоГна; затоа се зарадува мноГу моето срце и со своја песна ќе Го прославувам.”

(Псалм 27:1; 27:5, 6; 40:1-3; 28:7)

Една од најголемите пречки за оздравување на болните е нивната сосредоточеност на себеси. Многу инвалиди мислат дека сите треба да сочувствуваат со нив и да им помогнат, а всушност она што им е најпотребно е да излезат од себеси и да почнат мислат и да се грижат за другите.

Честопати се упатуваат срдечни молитви за оние што се во неволја, кои се тажни и обесхрабрени; и тоа е во ред. Ние треба да се молиме Бог да испрати светлина во замрачениот ум и да го утеши ожалостеното срце. Меѓутоа, Бог одговара на молитвите на оние што се трудат и самите да бидат канали за Неговите благослови. Додека се молиме за така ожалостените души, треба да ги поттикнеме и тие од своја страна да се залагаат за оние што имаат поголема потреба од помош. Настојувајќи да им помогнат на другите, тие ќе го растераат мракот и потиштеноста и од сопственото срце. Ќе примиме благослов, доколку настојуваме да ги утешиме и другите, со утехата со која самите сме утешени.

Педесет и осмата глава од книгата на пророкот Исаија претставува рецепт за оздравување на телото и душата. Доколку копнееме за здравје и вистинска среќа во животот, ние мораме да се придржуваме кон правилата дадени во овој дел од Библијата. Еве што вели Господ за службата, која му е угодна и благословите што произлегуваат од неа:

„Раздели Го својот леб со Гладните, и скитниците сиромаси одведи Ги во својот дом; ако видиш Гол, облечи Го,

и од еднокрвниот не се криј.

ТоГаш твојата светлина ќе се јави како зора, и твоето здравје наскоро ќе процвета, твојата правда ќе оди пред тебе и Господовата слава ќе те придружува.

ТоГаш ти ќе повикаш и Господ ќе те чуе, ќе извикаш и Тој ќе рече, Еве ме.

Ако Го отстраниш од себе јаремот,

коГа ќе престанеш да пружаш прст и да зборуваш лошо,

и ако ја отвориш својата душа на Гладниот

и ја наситиш душата на страдалникот

тоГаш твојата светлина ќе изГрее во темнината,

и твојот мрак ќе биде како пладне;

и Господ секоГаш ќе ти биде водач,

и во време на суша ќе ја наситува твојата душа

и ќе Ги крепи твоите коски;

ти ќе бидеш како Градина напоена со вода

и како извор,

чии води никоГаш не пресушуваат.”

(Исаија 58:7-11)

Добрите дела претставуваат двоен благослов; тие се благотворни не само за оние за кои се наменети, туку и за оној што ги прави. Осведочувањето дека го правиме она што е исправно, претставува еден од најдобрите лекови против болестите на телото и душата. Кога духот ни е среќен и задоволен заради чувството дека сме ја исполниле нашата должност, кога сме свесни дека ги усреќуваме другите, влијанието, кое бодри и облагородува, внесува нов живот во целото битие.

Наместо постојано да бара сочувство, инвалидот треба да се потруди да сочувствува со другите. Положете го бремето на своите слабости, таги и болки на сочувствителниот Спасител. Отворете го вашето срце за Неговата љубов и дозволете преку вас таа да потече и на другите. Имајте предвид дека секој има тешкотии што мора да ги поднесува и тешки искушенија на кои треба да се спротивстави и дека вие можете нешто да сторите, со цел да го олесните нивното бреме. Изразувајте благодарност за благословите во кои уживате; покажете дека го цените вниманието што ви се укажува. Чувајте го вашето срце секогаш полно со Божјите скапоцени ветувања, за од него, како од ризница да потечат зборови што ќе претставуваат утеха и сила за другите. Тоа ќе влијае спасоносно и благотворно и на вас. Настојувајте секогаш да бидете благослов за оние што ве опкружуваат и секогаш ќе пронајдете пат и начин како да бидете од помош, како за членовите на своето семејство, така и за другите.

Кога и оние со слабо здравје би можеле да заборават на себе, интересирајќи се за другите; кога би го исполниле Божјиот налог да им служат на оние што се позагрозени од нив, тогаш би ја вкусиле вистинитоста на пророчкото ветување: „Тогаш твојата светлина ќе се јави како зора, и твоето здравје брзо ќе процвета.“

Мера и Елим

Денес е тука Елим со своите палми и извори и среќна сенка за пустинскиот патник,

А вчера беше Мера, сета камена и пуста незасенчена осаменост и таГа.

Сепак, истата пустина Ги чува двата, истите топли ветри талкаат по пустата почва; истата ниска долина Ги заштитува двата и истите планини наоколу Ги кријат.

Така е и со нас на Земјата и колку што паметам, секоГаш било така; Горчливото и слаткото, таГата и радоста, се блиску едно до друГо, оддалечени само ден.

Некогаш Бог ја претвора нашата горчина во сласт, некогаш ни дава пријатни жубори; некогаш не засенчува со столб од облак, а некогаш на благословите им носи палмови сенки.

Што е важно!? Времето нема да биде долго; и Мера и Елим ќе бидат минато; нашите пустински извори и палми ќе ги снема скоро, конечно стасавме до „Градот на нашиот Бог.”

О, среќна земја! Зад овие осамени ридови.

Каде непресушни извори жуборат, се смеат;

О, свет рају! Над овие сводови,

каде ќе заврши пустото ни патешествие.

„Хоратиус Бонар”

Благословена сигурност

Благословена сигурност, Исус е мој!

О, каков предзнак на божествена слава! Наследник на спасението, од Бога откупен. Роден од Неговиот Дух, во Негова крв измиен.

Хор:

Ова е моја приказна, песна моја,

Го славам мојот Спасител постојано;

Ова е моја приказна, песна моја,

Го славам мојот Спасител постојано.

Совршена потчинетост совршена сласт,

Визии на вознесување бликаат пред моите очи. Ангели се симнуваат и од горе носат Одеци на милост, шепот на љубов.

Совршена потчинетост, одмор од се Во Спасителот сум благословен и среќен.

Стражарам и чекам, нагоре гледам,

Полн со Негова добрина, изгубен во Неговата љубов.

„Фани Џ. Кросби”

Сподели го ова:

Слични објави