Глава 39 Знаење од божјата реч

Сподели го ова:

Целата Библија е откровение на Божјата слава во Христа. Кога ќе ја примиме, кога ќе поверуваме во неа и ќе и се покориме, таа е силно орудие за преобразување на нашиот карактер. Таа е големиот поттик, силата што принудува, која ги забрзува физичките, менталните и духовните сили и го насочува живот во правилен тек.

Причината зошто младите, па дури и оние на зрела возраст толку лесно се наведуваат на грев е тоа што не ја проучуваат Божјата Реч и не размислуваат за неа како што би требале. Недостигот од цврста, одлучна сила на волјата што се огледува во животот и карактерот е последица од запоставувањето на светите упатства дадени во Божјата Реч. Тие не го насочуваат својот ум со искрени напори кон она што ќе инспирира чисти, свети мисли и не го одвратуваат од она што е нечисто и невистинито. Малкумина се оние коишто го одбираат подоброто и коишто, како Марија, седат крај Христовите нозе за да се поучат од Божјиот Учител. Малкумина ги сокриваат Неговите зборови во своето срце и ги применуваат во животот.

Доколку се прифатат, библиските вистини ќе ги воздигнат умот и душата. Кога Божјата Реч би се вреднувала како што треба и младите и старите би имале внатрешна чесност и цврсти принципи што ќе им овозможат да им се спротивстават на искушенијата.

Луѓето треба да зборуваат и пишуваат за скапоцените вистини од Светите Списи; да ги посветат своите мисли, своите способности и своите ментални сили на проучување на Божјите мисли. Не ги проучувајте човечките филозофски претпоставки, туку филозофијата на Оној, Кој е вистина. Ниту една друга литература не може да се спореди по вредност со Божјата Реч.

Земниот ум не наоѓа никакво задоволство во разгледувањето на Божјата Реч; но за умот што е обновен од Светиот Дух, од светите нејзини страници, блеска Божја убавина и Небесна светлина. Она што за земниот ум е празна пустина, за небесниот станува земја на живи извори.

Знаењето за Бога, како што е откриено во Неговата Реч е знаење што треба да им го дадеме на нашите деца. Од најраните мугри на разумот, тие треба да се запознаваат со Името и животот на Исус. Нивните први поуки треба да ги научат дека Бог е нивниот Татко. Нивната прва обука треба да биде обука на послушност и љубов. Со почитување и нежност читајте им ги и повторувајте оние делови од Божјата Реч што тие можат да ги разберат, прилагодени на нивниот интерес. И, над се, научете ги на Неговата љубов откриена во Христа и на големата поука:

„Кога така не засака Бог, и ние сме должни да се сакаме еден со друг.“ (1. Јован 4:11)

За младите, Божјата Реч треба да биде храна за умот и душата. Христовиот крст треба да биде наука на сето образование, средиште на секое поучување и проучување. Тоа треба да биде практично применето во секојдневните животни искуства. На тој начин, Спасителот за младите ќе стане секојдневен придружник и пријател. Секоја мисла ќе биде подложена и доведена во послушност на Христа. И тогаш, заедно со апостол Павле, тие ќе можат да кажат:

„Да не ми даде Господ да се фалам со нешто друго, освен со крстот на нашиот Господ Исус Христос, преку кого за мене светот е распнат, а и јас за светот.“ (Галатјаните 6:14)

Така, преку вера, тие и практично ќе го запознаат Бога. Ќе си ја докажат вистинитоста на Божјата Реч и сигурноста на Неговите ветувања. Ќе имаат пробано и ќе знаат дека Бог е добар.

Возљубениот Јован имал знаење стекнато со лично искуство. Тој можел да посведочи:

„Она, што беше од почетокот, она што го чувме, она што со свои очи го видовме, што го разгледавме и што нашите раце го опипаа, за Словото на животот и животот се јави, и видовме, и сведочиме, и ве известуваме за вечниот живот, кој беше во Отецот и нам ни се јави она што го видовме и чувме, за тоа ве известуваме, та и вие да имате општење со нас; а нашето општење е со Отецот и Неговиот Син, Исус Христос.“ (1. Јован 1:1-3)

На тој начин, секој ќе може преку своето лично искуство да го прими „Неговото сведоштво“ и да потврди „дека Бог е вистина.“ (Јован 3:33) Ќе може да сведочи за она што самиот го видел, слушнал и почувствувал за Христовата сила. Ќе може да сведочи:

„Ми требаше помош и ја најдов во Христа. Секоја потреба беше задоволена, жедта на мојата душа згасната; за мене Библијата е откровение за Христа. Јас верувам во Исуса, затоа што за мене Тој е Божји Спасител. И верувам во Библијата, затоа што открив дека таа е Божјиот глас за мојата душа.“

Оној што се здобил со знаење за Бога и Неговата Реч преку лично исксутво е подготвен да се вклучи во изучување на природната наука. За Христа е напишано: „Во Него имаше Живот и Животот им беше светлина на луѓето.“ (Јован 1:4) Пред падот во гревот, Адам и Ева во Едем биле опкружени со јасна и прекрасна светлина, светлината на Бога. Таа светлина осветлувала се до што ќе се приближеле. Ништо не ја замрачувало нивната претстава за Божјиот карактер и Неговите дела. Но кога потклекнале пред искушувачот, светлината заминала од нив. Губејќи ги нивните плаштови на светост, тие ја изгубиле светлината што ја осветлувала природата. Веќе не можеле правилно да ја прочитаат. Не можеле да го распознаат Божјиот карактер во Неговите дела. Ни денес човекот не може сам да ги прочита поуките од природата. Доколку не е воден од Божјата мудрост, тој ќе ја издигнува природата и нејзините закони над нејзиниот Бог. Затоа човечките идеи во однос на науката се толку често спротивставени со учењето на Божјата Реч. Но за оние што ја примаат Христовата животна светлина, природата е повторно осветлена. Во светлината што блеска од крстот, ние можеме правилно да ги протолкуваме поуките од природата.

Оној што стекнал знаење за Бога и Неговата Реч преку лично иксуство, има втемелена вера во Бога и Светите Списи. Тој се уверил во вистинитоста на Божјата Реч и знае дека вистината никогаш не може да биде спротивставена на себеси. Тој не ја тестира Библијата со човечките идеи за наука; туку ги подложува овие идеи на проверка на непогрешливиот стандард. Тој знае дека во вистинската наука не може да има ништо противречно со поуките од Библијата; бидејќи двете имаат ист Автор, нивното правилно разбирање ќе покаже дека се во согласност една со друга. Се што во таканаречените научни знаења е во спротивност со сведоштвото од Божјата Реч, не е ништо повеќе од обично човечко нагаѓање.

Научните истражувања ќе отворат пред ваквиот ученик широки полиња на мисли и информации. Додека ги набљудува природните појави, тој ќе стекнува ново сознание за вистината. Книгата на природата и пишаната Реч, треба да водат една кон друга. И двете ќе го запознаат ученикот подобро со Бога, покажувајќи му го Неговиот карактер и законите преку кои Тој дејствува.

Искуството на псалмистот е искуство што може да го добие секој што го прифаќа Божјиот збор преку природата и откровението. Тој вели:

„Ти ме развесели, Господи, со Твоите созданија и од делата на Твоите раце се зарадував.”

„Господи, Твојата милост е на небесата,

Твојата верност до облаците!

Твојата праведност е како Божјите Гори, а Твоите судови како Голема бездна!…

Колку е скапоцена Твојата милост, О, Боже!

Синовите човечки се засолнуваат под Твојата закрила… и од потокот на Твоите сладости ќе Ги напојуваш” „Зашто во Тебе е изворот на животот: и во твојата светлина ние Гледаме светлина.” „Блажени се непорочните во нивниот пат, кои одатспоред Господовиотзакон.

Блажени се оние, кои ги пазат Неговите сведоштва и кои од се срце Го бараат.”

„Како младичот ќе го запази во чистота својот пат? Ако ги пази Твоите зборови.”

„Го избрав патот на верноста, и пред своите очи ги ставив Твоите одлуки.”

„Ги сокрив во своето срце Твојот збор, за да не грешам пред Тебе.”

„Ќе одам слободно,

зашто ги барам Твоите повелби.”

„Отвори ги моите очи

за да ги гледам убавините на Твојот закон.”

„Твоите сведоштва се моја наслада и мои советници.”

„Помил ми е законот на Твојата уста отколку илјадници златници и сребреници.”

„Колку го засакав, Господи, Твојот закон; по цел ден размислувам за него.”

„Прекрасни се Твоите сведоштва; затоа мојата душа ги пази.”

„Твоите повелби ми беа песна во земјата низ која патувам”

„Твоето Слово е многу чисто, и затоа Твојот слуга го сака.”

„Целината на Твојот збор е вистина; и секој од Твоите праведни судови е вечен.”

„Нека живее мојата душа и ќе Те слави; и Твоите судови нека ми помоГнат”

„Голем е мирот кај оние, кои Го сакаат Твојот закон, и за нив нема соблазна.

Се надевав на Твоето, О, Господи, и Твоите заповеди Ги запазив.

Мојата душа Ги пази Твоите сведоштва, и јас мноГу Ги засакав.”

„Објавувањето на Твоите зборови просветлува,

Ги вразумува простодушните.”

„Твоите заповеди ме направија помудар од моите непријатели, зашто тие се секоГаш со мене.

Станав поразумен од сите мои учители, зашто Твоите сведоштва се моја медитација.

Поумен станав од старците, зашто Ги запазив Твоите повелби.”

„Преку Твоите повелби станав разумен; затоа Ги замразив сите лажни патишта.”

„Твоите сведоштва Ги примив како вечно наследство, зашто тие се радост за моето срце.”

(Псалм 92:4; 36:5-7; 36:7-9; 119:1, 2, 9. 30, 11, 45, 18, 24, 72, 97, 129, 54, 140, 160, 175, 165-167, 130, 98-100, 104, 111).

Појасни откровенија за Вога

Ние имаме предимство да посегаме се повисоко и повисоко кон појасни откровенија за Бога. Кога Мојсеј се молел: „Покажи ми ја Твојата слава“ Господ не го одбил, туку му ја услишил молитвата. Бог му објавил на Својот слуга: „Ќе одам пред тебе со Мојата слава, и ќе те повикам во Моето Име.“ (Излез 33:18, 19)

Гревот е тој што ги замрачува нашите умови и ја замаглува нашата свест. Кога гревот ќе биде исчистен од нашето срце, светлината на познавањето на Божјата слава во ликот на Исуса Христа, ја осветлува Неговата Реч и одблеснува од лицето на природата и се повеќе и повеќе Го објавува Оној, Кој е „штедар и милостив, долготрпелив, многумилостив и вистински.“ (Излез 34:6)

Во Неговата светлина, ние ќе видиме светлина и нашиот ум, срцето и душата ќе бидат преобразени во Неговата светост.

Чудесни можности се протегаат пред оние, кои вака се надеваат на Божјите уверувања од Божјата Реч. Пред нив лежат широки полиња на вистината, огромни извори на сила. Треба да се откријат славни нешта. Пред нив ќе се откријат предимства и можности за кои и не претпоставуваат. Сите што одат по патеката на понизна послушност исполнувајќи ја Неговата намера, ќе знаат се повеќе и повеќе за Божјите пророштва.

Ученикот треба да ја смета Библијата за водич и цврсто да застане на страната на принципите, така што ќе може да се надева на највисоки достигнувања. Сите филозофии на човечката природа во кои Бог не бил признаен како се во се, воделе до забуна и срам. Но скапоцената доверба инспирирана од Бога, втиснува сила и благородност во нашиот карактер. Ако се поучуваме од Неговата добрина, Неговата милост и Неговата љубов, спознанието за вистината ќе станува се појасно и појасно, а желбата за чисто срце и јасни мисли, поголема и посвета. Душата, која читајќи ја Библијата престојува во чистата атмосфера на светите мисли, се преобразува заради постојаната врска со Бога. Вистината е толку голема, толку далекусежна, толку длабока, толку широка, што пред неа, нашето „Јас“ се губи од видот. Срцето омекнува и им се покорува на понизноста, добрината и љубовта.

А поради светата послушност, се зголемуваат и нашите природни сили. Проучувањето на Словото на животот го проширува, издигнува и облагородува умот на ученикот. Ако е слушател и извршител на Божјата Реч како Даниел, и тој ќе може да напредува како него во сите гранки на науката. Ако има чист ум, тогаш ќе стане човек со силен ум. Сите интелектуални способности ќе се забрзаат. Тој може да се воспита и дисциплинира себеси, така што сите околу него ќе можат да видат што може човекот да биде и што може да стори, доколку е поврзан со мудриот и моќен Бог.

Образованието во вечниот живот

Нашето животно дело на оваа земја е подготовка за вечниот живот. Тука започнатото образование, нема да биде завршено во овој живот; тоа ќе продолжи низ целата вечност во постојан напредок, никогаш довршено. Се појасно и појасно ќе ги согледуваме Божјата мудрост и љубов, во планот на Откупувањето. Самиот Спасител, Кој ќе ги води Своите деца на изворите со жива вода, ќе втиснува во нив богати поучни приказни. И чудесните Божји дела, доказите за Неговата моќ на создавање и одржување на вселената, секојдневно ќе се отвораат пред умот во нова убавина. Во светлината што блеска од престолот ќе исчезнат тајните и душата ќе биде исполнета со восхит пред едноставноста на нештата што никогаш порано не биле разбрани.

Сега гледаме преку стакло, замаглено; но тогаш ќе гледаме лице в лица; сега знаеме делумно; но тогаш ќе знаеме како што сме познати.

Сподели го ова:

Слични објави