Глава 36 Опасност од шпекулативни знаења

Сподели го ова:

Едно од најголемите зла што ја следат потрагата по знаење и истражувањето на науката е склоноста да се издигнува човечкиот ум над неговата вистинска вредност и над неговата вистинска улога. Многумина се обидуваат да судат за Создателот и Неговите дела според нивното несовршено познавање на науката. Тие настојуваат да ја спознаат природата, својствата и правата на Бога и се впуштаат во сомнителни теории во однос на Вечниот. Оние што се впуштаат во вакви проучувања, стапнуваат на недозволена почва. Нивното истражување нема да донесе никакви вредни резултати и може да биде проследено само со уништување на душата.
Нашите прародители биле наведени на грев поради желбата да го дознаат она што Бог го сочувал од луѓето. Сакајќи да го здобијат тоа познавање, тие изгубиле се што е вредно да се има. Ако Адам и Ева не го допреле забранетото дрво, Бог во нив ќе втиснел знаење знаење врз кое не почива клетвата на гревот, знаење, кое би им донело вечна радост. Се што добиле слушајќи го искушувачот, било познавање на гревот и неговите последици. Со својата непослушност, човештвото било отуѓено од Бога и земјата разделена од небото.
Оваа поука е за нас. Полето на кое сатаната ги навел нашите прародители е истото кон кое ги намамува луѓето денес. Тој го преплавува светот со привлечни измислици. Со сите сили што му се покоруваат, тој сака да ги наведе луѓето на шпекулации во врска со Бога. На тој начин се обидува да ги спречи да го добијат она знаење за Бога, кое донесува спасение.
Пантеисгички теории
Во денешните образовни институции и цркви навлегуваат спиритистички учења што ја поткопуваат верата во Бога и Неговата Реч. Теоријата дека Бог е суштина, која проткајува се што е во природата е прифатена од многумина што тврдат дека веруваат во Писмото; но, без оглед на тоа колку е убаво спакувана, оваа теорија е најопасна заблуда. Таа погрешно Го претставува Бога и ги обесчестува Неговата големина и возвишеност. И сигурно сака не само да ги заведе туку и да ги понижи луѓето. Нејзината суштина е темнина, а телесните уживања нејзина надлежност. Последицата од нејзиното прифаќање е одвојување од Бога. А за паднатата човечка природа тоа значи уништување.
Нашата состојба по гревот е неприродна, па силата што не обновува мора да биде натприродна, инаку ќе нема никаква вредност. Постои само една сила, која може да ја скрши власта на злото во срцето на луѓето, а тоа е силата на Бога во Исуса Христа. Само во крвта на Распнатиот има очистување од гревот. Само Неговата милост може да не оспособи да им се спротивставиме и да ги потчиниме склоностите на нашата падната природа. Спиритистичките теории во врска со Бога го уништуваат дејството на Неговата милост. Кога Бог би бил суштина проткаена во природата, тогаш Тој би престојувал во сите луѓе; и за да постигне светост, човекот би требало само да ги развива силите што се во него.
Овие теории, проследени со своите логични заклучоци ја бришат целата Христијанска наука. Тие ја исклучуваат неопходноста од очистување и прават од човекот свој спасител.
Овие теории за Бога ја поништуваат Божјата Реч и оние, кои ги прифаќаат, се во голема опасност на крајот да бидат заведени да гледаат на целата Библија како на измислица. Тие можеби ќе сметаат дека доблеста е подобра од порокот; но, со тоа што Го отстраниле Бога од сувереното место што Му припраѓа, тие ги полагаат своите надежи во човечка сила, која без Бога е безвредна. Непотпомогната, човечката волја нема вистинска сила да му се спротивстави и да го победи злото. Одбраната на душата е скршена. Човекот нема ограда против злото. Кога еднаш ќе ги отфрлиме ограничувањата на Божјата Реч и Неговиот Дух, не знаеме колку длабоко можеме да потонеме.
„Секој збор од БоГа е чист;
Тој му е штит на оној, што се надева на НеГо.
Не додавај кон НеГовите зборови,
за да не те разобличи, и да не излезеш лажливец”
„Беззаконикот Го фаќаат неГовите сопствени беззаконија, и врските на неГовиот Грев Го држат”
(Изреки 30:5, 6; 5:22)
Истражување на Вожјите тајни
„Она што е тајно, му припаѓа на Господа, нашиот Бог, а она што е јавно нам и на сите наши синови довека.“ (Второзаконие 29:29) Откровението што Бог ни го дал за Себе во Неговата Реч е за наше проучување. За тоа можеме да бараме од Него мудрост, со цел да го разбереме. Но не смееме да навлегуваме подалеку од тоа. И најголемиот ум може да се напрега до истоштеност во претпоставки за Божјата природа, но овој напор нема да донесе плод. Нам не ни е дадено да го решиме овој проблем. Ниту еден човечки ум не може да Го разбере Бога. Никој не смее да се впушта во шпекулации во врска со Неговата природа. Така, најдобро е да молчиме, а молчењето е елоквентност. Оној, Кој знае се е над секоја дискусија.
Дури ни на ангелите не им било дозволено да учествуваат во советувањата помеѓу Таткото и Синот, кога бил создаван планот на спасението. Ни човечките битија не смеат недозволено да навлегуваат во тајните на Највозвишениот. Ние, за Бога не знаеме повеќе отколку малите деца; но, како малите деца и ние можеме да Го сакаме и да Му се покоруваме. Наместо да се впуштаме во сомнителни теории во врска со Неговата природа и особености, треба да обрнеме внимание на зборовите што Тој ги изговорил:
„Можеш ли во Божјите длабочини да проникнеш? Можеш ли да Го достиГнеш совршенството на Седржителот? Тој е повисок од небесата што можеш да направиш? Подлабок е од пеколот што можеш да дознаеш? НеГовата мерка е подолГа од земјата и поширока од морето.”
„Но каде се наоѓа мудроста, и каде е местото на разумот?
Човекот не ја знае нејзината цена, ниту се наоѓа по земјата на живите.
Бездната вели: не е во мене таа; и морето вели: не е кај мене.
Таа не се дава за злато и не се добива за измерено сребро; таа не се оценува со офирско злато, ниту со скапоцен оникс, ниту со сафир; не се споредува со неа злато и кристал; нема да ја замениш со садови од чисто злато.
А за корал и бисер нема ни што да се споменува, зашто мудроста чини повеќе од рубините.
Со неа не се изедначува етиопскиот топаз; со чисто злато таа не се оценува.
Од каде, всушност, излеГува мудроста?
Каде е местото на разумот?…
ПоГубноста и смртта велат:
о своите уши чувме за нејзината слава.
БоГ Го знае нејзиниот пат;
Тој Го познава нејзиното место”
„Зашто Тој Гледа до крајот на земјата и Гледа под целото небо…
КоГа му даваше наредби на дождот и пат на Грмоносната молња, тоГаш Тој ја виде и ја објави, ја приГотви и уште ја испита.
А на човекот му рече:
‘Ете, Господовиот страв, тоа е мудрост, а отстранувањето од зло е разумот “
(Јов 11:7-9; 28:12-28)
Ниту со истражување на земните длабочини, ниту со залудни напори да се навлезе во мистериите на Божјото битие, не може да се најде мудроста. Напротив, таа ќе биде најдена во понизното прифаќање на Откровението што Тој ни го дал и во уредувањето на животот според Неговата волја.
Ни луѓето со најголема интелигенција не можат да ги откријат тајните за Јехова, преку она што ни е откриено во природата. Божјата инспирација поставува многу прашања на кои ни најголемите научници не можат да одговорат. Тие прашања не се поставени за ние да одговориме на нив, туку за да го привлечат нашето внимание на длабоките Божји тајни и да не научат дека нашата мудрост е ограничена; дека во нашето секојдневно опкружување има многу нешта што смртните човечки суштества не можат да ги разберат.
Скептиците одбиваат да веруваат во Бога, бидејќи не можат да ја разберат Бескрајната сила со која Тој ни се открива. Но Бог треба да се почитува и од она што не ни Го открил за Себеси, исто колку и од она што е отворено за нашиот ограничен разум. И во
Божјото откровение и во природата, Бог оставил тајни што од нас бараат вера. Мора да биде така. Можеме постојано да истражуваме, постојано да откриваме, постојано да учиме, а сепак зад сето тоа ќе стои само бесконечност.
„Кој Ги измерил водите во својата дланка, и со педа Го измерил небото, и со мерка Го измерил земниот прав, кој Ги измерил на терезија планините и ридовите на течилка?
Кој Го управувал Духот на Господа, и Му бил Нему советник и Го учел?…
Ете, народите се како капка од ведро, и се сметаат како прашинка на терезија.
Ете, островите Тој Ги подиГна како прашинки.
Ни Ливан не стиГнува за жртвен оГан, ни животните по неГо за сепаленица.
Сите народи пред НеГо се како ништо –
за неГо се помалку од ништо и помалку од суетата.
И така, со коГо ќе Го споредите БоГа, и каква подобност ќе Му најдете?…
Зар не знаете?
Зар не сте слушале?
Зар не ви е зборувано во почетокот?
Зар не сте Го разбрале тоа по основите на земјата?
Тој е Оној, Кој седи на круГот на земјата, а оние, што живеат на неа, се како скакулци пред НеГо; Тој Ги распослал небесата како тенко платно и Ги распнал како шатор за живеење…
Со коГо ќе Ме споредите?… вели Светецот.
Кренете Ги своите очи кон небесните висини и поГледнете, кој Ги создал?
Кој Го пресметал бројот на нивната војска?
Тој сите нив Ги нарекува по име;
поради Големата моќ и Големата сила во НеГо
ништо не недостиГа.
А како зборуваш ти, Јакове, и велиш, Израеле:
Патот ми е скриен од Господа,
моето дело е заборавено пред мојот БоГ?
Зар не знаеш?
Зар не си слушнал? дека вечниот Господ БоГ,
Кој Ги создал краиштата на земјата, не се изморува и не изнемоштува;
НеГовиот разум е неиспитлив.”
(Исаија 40:12-28)
Да учиме за големината на нашиот Бог од она што Светиот Дух му го открил на Неговите пророци; пророкот Исаија пишува:
„Во годината кога умре цар Озија, јас Го видов Господа, седнат на престолот висок и издигнат, а политената Негова одежда го исполнија целиот храм. Околу Него стоеја серафими; секој од нив имаше по шест крилја: со две секој го криеше своето лице, со две други ги криеше своите нозе, а со две леташе. И викаа еден кон друг и велеа: Свет, свет, свет е Господ Саваот! Целата земја е полна со Неговата слава! И се разниша, горништето на вратите од гласот на оние што викаа, а домот се исполни со дим.
И реков: ‘Тешко мене, зашто сум човек со нечиста уста и живеам среде народ исто така со нечиста уста а моите очи Го видоа Царот, Господа Саваот!’
Тогаш долета до мене еден од серафимите со разгорен јаглен во раката што го беше зел со клешти од жртвеникот, се допре до
мојата уста и ми рече: ‘Ете, тоа се допре до твојата уста и твоето беззаконие се оттргна од тебе, твојот грев се исчисти’.“ (Исаија 6:1-7)
„Нема сличен на Тебе, Господи!
Ти си велик и Твоето Име е велико со твојата моќ.
Кој не се бои од Тебе, Царе над народите”
„Господи, Ти си ме испитал и ме знаеш.
и знаеш коГа седнувам и коГа станувам;
и оддалеку Ги разбираш моите мисли.
Дали одам или лечам, Ти Гледаш се; сите мои патишта ти се познати.
Уште моите зборови не ми дошле до мојот јазик,
Ти, Господи, веќе Ги знаеш; се што било и се што ќе биде. Ти си пред мене и зад мене и си ја положил Својата рака врз мене.
Тоа знаење е пречудно за мене,
тоа е превисоко, не можам да му пријдамТ‘
(Еремија 10:6, 7; Псалм 139:1-6)
„Велик е Господ наш и голема е Неговата сила, а Неговата мудрост неизмерлива е.“ (Псалм 147:5)
„Патиштата на човекот се пред очите на Господа, и Тој ги гледа сите негови патеки.“ (Изреки 5:21)
„Тој открива што е длабоко и скриено, знае што има во темнината и светлината живее со Него.“ (Даниел 2:22)
„Познати Му се на Бога сите Негови дела од создавањето на светот.“ „Зашто, кој ја позна мислата на Господа? Или, кој Му бил советник? Или, кој однапред Му дал нешто, та Тој да му возврати? Зашто, се е од Него, преку Него и во Него. Нему слава во вечни векови.“ (Дела 15:18; Римјаните 11:34-36)
„На Царот на вековите, на Нераспадливиот, на Невидливиот,“ „Кој е единствен бесмртен и живее во непристапна светлина, Кого
никој од луѓето не Го видел, ниту може да Го види. Нему нека Му е чест и сила во сите векови.“ (1. Тимотеј 1:17; 6:16)
„Зар НеГовата Големина не ве плаши, и страв од НеГо не ве обзема ли?”
„БоГ не е ли повисоко од небесата?
ПоГледни Ги Горе ѕвездите, колку се високо тие!“
„Имаат ли број НеГовите војски”
врз коГо не изГрева НеГовата светлина?”
Врши Големи дела, за нас недостижни.
Зашто Тој му вели на снеГот:
‘паѓај на земјата; и ситниот и крупниот дожд се во НеГова власт.
Тој става печат врз раката на секој човек, за да Ги знаат сите луѓе НеГовите дела…
Облаците почнуваат да светкаат со молњи, и тие се движат по целата Земја според НеГовата волја, за да Го извршат она што им Го заповедал Тој, на лицето на целиот земен круГ,
Тој им заповеда да отидат или за казна, или за блаГоволение, или за помилување.
Вслушај се во ова…
Стој и Гледај Ги чудесните Божји дела.
Знаеш ли како БоГ Ги распоредува и како и заповеда на светлината да болска од НеГовиот облак?
Ја разбираш ли рамнотежата на облаците, чудното дело на Најсовршениот во секое знаење?…
Со Него ли го распна небото,
кое стои толку цврсто, како излеано огледало?
Научи не што да Му кажеме.
Во овој мрак не се снаоѓаме…
И така, кој може да гледа во светлината на небесата што свети со болскот,
Кога ветриштата ги растеруваат облаците.
Од север светнува како злато;
Бог се облече со страшно величество!”
„Но ќе дувне ветер и ќе ги расчисти.
Убавото време доаѓа од север, но во Бога убавината е преголема.
Да, не можеме да го достигнеме Седржителот,
неизмерлив е во Својата сила,
по судот и по во совршенството на правдата…
Затоа нека се бојат сите луѓе од Него.”
„Кој е како Господ, нашиот Бог, Кој живее во висините, и ги гледа одозгора небото и земјата”
„Господовиот пат е во виор и бура, а облаците се прав под Неговите нозе.”
„Велик е Господ и достоен за голема пофалба и Неговото величие нема крај.
Од род во род ќе се фалат Твоите дела и за Твојата сила ќе се прикажува;
за велелепната слава на Твоето величие ќе зборуваат и за Твоите чудеса ќе известуваат. Ќе зборуваат за силата на Твоите страшни дела, а ќе прикажуваат и за Твоето величие.
Ќе Ги помнат мноГуте Твои добрини, и ќе се радуваат на Твојата правда…
Нека Те прославуваат, Господи, сите Твои дела, и нека Те блаГословуваат Твоите свети, и нека зборуваат за славата на Твоето Царство, и да прикажуваат за Твојата сила.
За да им се кажува на човечките синови за Твоите силни дела
и за велелепната слава на Твоето Царство.
Твоето Царство е вечно царство, а Твоето владеење над сите поколенија…
Мојата уста ќе искаже фалба на Господа;
секое тело нека Го блаГословува НеГовото Свето Име, секо-Гаш и довека.”
(Јов 13:11; 22:12; 25:3; 37:5-24; Псалм 113:5, 6; Наум 1:3; Псалм 145:3-21)
Додека учиме се повеќе и повеќе што е Бог и што сме ние во Неговите очи, треба да се плашиме и да трепериме пред Него. Денешните луѓе треба да бидат предупредени од оние, кои во древни времиња се дрзнале да се однесуваат слободно со она што Бог го прогласил за свето. Кога Израелците се осмелиле да го отворат ковчегот на заветот при неговото враќање од Филистејците, нивното дрско непочитување било страшно казнето.
Исто така, просудете за казната што го нашла Уза. Кога, за време на владеењето на Давид ковчегот се пренесувал во Ерусалим, Уза ја протегнал раката за да го задржи. Тој бил покосен со моментална смрт, заради тоа што се обидел да го допре симболот на Божјото присуство.
Кога Мојсеј, не препознавајќи го Божјото присуство кај грмушката што горела, се свртел да ја види прекрасната глетка, му било наложено:
„Не приоаѓај ваму. Собуј ги твоите обувки од нозете, зашто ова место, на кое стоиш, е света земја… А Мојсеј го сврти своето лице, зашто се плашеше да погледне во Бога.“ (Излез 3:5, 6)
„Јаков пак, ја напушти Вирсавија и отиде во Харан, па најде едно место, и таму преноќева, бидејќи сонцето беше зашло. И зеде еден камен од тоа место, и си го стави под главата, па заспа на тоа место.
И виде сон: Ете, скала стои на земјата, а со врвот допира до небото, и Божји ангели се качуваа по неа и слегуваа. А ете, Господ стоеше на неа, Кој му рече:…“
„…Јас Сум Господ Бог на твојот татко Авраам и Бог Исаков, не плаши се. Оваа земја, на која спиеш, тебе ќе ти ја дадам и на твоето потомство; а твоето потомство ќе биде колку песокта на земјата; ти ќе се рашириш на запад и на исток, и на север и на југ, и сите племиња на земјата ќе бидат благословени преку тебе и твоето потомство. И еве, Јас сум со тебе, и ќе те пазам секогаш каде и да појдеш, и ќе те вратам во оваа земја, и нема да те оставам се додека не Го извршам она што сум ти го рекол.“
А кога се разбуди Јаков од сонот, си рече: ‘Сигурно е Господ на ова место, а јас не знаев!’ Се исплаши и рече: ‘Колку е страшно ова место! Не е друго, туку е Божји дом, ова е небесната врата’!“ (Битие 28:10-17)
Во светилиштата, прво во шаторот во пустината, а потоа и во храмот, кои биле симболи на Божјото престојувалиште, една просторија била света, која служела за Божјото присуство. Завесата извезена со херувими што стоела на нејзиниот влез, смеела да ја подигне само една рака. Подигнувањето на таа завеса и недозволеното влегување во светата таинственост на Светињата над светињите, значело сигурна смрт. Бидејќи таму, над престолот на милоста престојувала славата на Најсветиот слава, која ниеден човек не може да ја види и да остане жив. Во текот на еден ден во годината што бил одреден за служба во Светињата над светињите, првосвештеникот треперејќи влегувал кај Божјото присуство, додека облаци темјан ја криеле славата од Неговиот поглед. Сите звуци низ дворовите на храмот замирале. Свештениците не служеле кај жртвениците. Мноштвото обожаватели, длабоко наведнати во тивко стравопочитување, ги упатувале своите молитви за Божја милост.
„Сето тоа стануваше, та да служат како пример, а беше напишано за поука за нас, до кои стигна крајот на вековите.“ (1. Коринтјаните 10:11)
„Господ е во Својот свет храм;
нека молчи целата земја пред НеГовото лицеГ
„Господ царува; нека треперат народите.
Тој седи помеѓу херувими; нека се затресе земјата.
Велик е Господ на Сион и возвишен е Тој над сите народи.
Нека Го слават Твоето Име, Величествен; зашто тоа е страшно и свето”
„Господовиот престол е на небото;
НеГовите очи Гледаат,
НеГовите веѓи Ги испитуваат човечките синови.”
„Зашто се јави од Својата света височина,
Господ од небесата поГледна на земјата, “
„од престолот, на кој седи,
поГледна на сите, кои живеат по земјата:
Тој, Кој на сите ним им Ги создал срцата,
Ги знае сите нивни дела.
Нека се бои од Господа целата земја;
нека треперат пред НеГо сите жители во вселената.”
(Авакум 2:29; Псалм 99:1-3; 11:4; 102:19; 33:14, 15, 8)
Истражувајќи, човекот не може да Го најде Бога. Никој нека не се осмелува да се обиде го подигне велот што ја сокрива Неговата слава. „Колку се неиспитливи Неговите судови и неиспитливи Неговите патишта!“ (Римјаните 11:33) Тоа што Тој ја сокрива Својата моќ е доказ за Неговата милост; зашто, да се подигне велот, што ја сокрива Неговата Божествена присутност, значи смрт. Ниту еден смртен ум не може да навлезе во таинственоста во која Семоќниот престојува и делува. Ние можеме да спознаеме за него само она што Тој увидел дека е соодветно да ни Го открие. Разумот мора да признае авторитет поголем од неговиот. Срцето, како и интелектот мораат да се поклонат пред големиот „ЈАС СУМ.“

Сподели го ова:

Similar Posts