Глава 35 Вистинското знаење за Бога

Сподели го ова:

Како и нашиот Спасител, и ние сме на овој свет да извршуваме служба за Бога. Сите ние треба да станеме како Бога во карактерот и животот посветен на служба за откривање на Бога во светот. За да бидеме Божји соработници, за да бидеме како Него и да го откриваме Неговиот карактер, ние мораме вистински да Го познаваме. Мораме да Го познаваме онака, како што Тој се открива.

Познавањето на Бога е основа на секое вистинско обучување и секоја вистинска служба. Тоа е единствениот сигурен штит против искушенијата. Единствено тоа може да не направи како Него во карактерот.

Тоа е знаење што им е потребно на сите што работат за издигнување на своите ближни. Преобразувањето на карактерот, чистотата на животот, успехот во службата, верноста на вистинските принципи, сето тоа зависи од вистинското познавање на Бога. Ова познавање е најдобрата подготовка за овој и за животот што доаѓа.

„….познавањето на Светиот е разум.“ (Изреки 9:10)

Преку знаењето за него, нам ни е дадено „се, што е потребно за животот и побожноста.“ (2. Петрово 1:3)

„А вечниот живот е тоа, да Те познаат тебе, Единствениот вистински Бог, и испратениот од Тебе, Исуса Христа.“ (Јован 17:3)

„Така вели Господ:

мудриот да не се фали со својата мудрост, силниот да не се фали со својата сила, богатиот да не се фали со своето богатство.

А кој се фали, нека се фали со тоа, дека Ме разбира и познава Мене дека Јас сум Господ, Кој покажува милост, суд и правда на земјата; зашто тоа ми е мило, вели Господ.”

(Еремија 9:23, 24)

Ние треба да ги проучуваме откровенијата што Бог ни ги дал за Себе.

„Зближи се со Него и ќе бидеш спокоен; преку тоа ќе ти дојде доброто; прими Го од Неговата уста законот и стави ги Неговите зборови во своето срце… и Семоќниот ќе биде твое богатство…

ТоГаш ќе се радуваш за Седржителот, ќе Го кренеш своето лице кон БоГа. ќе Му се молиш, и Тој ќе те чуе, и ти ќе ги исполниш своите завети.

Ќе наумиш Нешто, и тоа ќе се исполни, над твоите патишта ќе свети светлина.

Кога некој ќе биде понизен, ќе речеш: ‘Нагоре!’

и Тој ќе го спаси оној со наведнато лице.”

(Јов 22:21-29)

„Зашто она, што е во Него невидливо, односно Неговата вечна сила и Божество, се гледа уште од создавањето на светот, гледано според нивните дела.“ (Римјаните 1:20)

Природните нешта, кои сега ги гледаме, ни даваат само нејасна слика за Неговата слава. Гревот ја расипал убавината на Земјата; на сите нешта можат да се видат траги од злото. Сепак, останале многу убавини. Природата ни сведочи дека Оној со бескрајна моќ, голема добрина, милост и љубов ја создал Земјата и ја исполнил со живот и убавина. Дури и во оваа нарушена состојба, сите нешта ја откриваат работата на рацете од Големиот Уметник. Каде и да се свртиме, можеме да го слушнеме Божјиот глас и да видиме докази за Неговата добрина.

Од свечениот татнеж на силните громови и постојаното фучење на древниот океан, до убавите песни со кои одекнуваат шумите, десетиците илјади гласови на природата зборуваат за Неговата слава. На земјата, на небото и во морето, со своите чудесни бои и нијанси што варираат од величествен контраст до нежна хармонија, ние ја гледаме Неговата слава. Вечните ридови ни зборуваат за неговата моќ. Дрвјата што ги веат своите зелени знамиња под сончевата светлина и световите во својата нежна убавина, укажуваат на својот Создател. Животворното зеленило што ја покрива кафената земја, зборува за Божјата грижа и за најскромните Негови созданија. Морските пештери и земните длабочини ги откриваат Неговите богатства. Оној, Кој го ставил бисерот во океанот, а аметистот и хрисолитот меѓу карпите ја сака убавината. Сонцето што изгрева на небото е претставник на Оној, Кој е живот и светлина на се што создал. Сета светлина и убавина што ја красат земјата и ги осветлуваат небесата, зборуваат за Бога.

„Неговата слава ја покри небесата.”

„Земјата е полна со Твоите блага”

„Ден на денот објавува, и ноќ на ноќта знаење открива.

Нема јазик, ниту пак, Говор, во кој не се слуша нивниот Глас.

Нивниот звук се разнесува по целата земја, а нивните зборови до краиштата на вселената”

(Авакум 3:3; Псалм 104:24; 19:2-4)

Сите нешта зборуваат за Неговата нежна, татковска грижа и за неговата желба да ги усреќи Своите деца.

Моќната сила, која работи преку целата природа и одржува се, не е, како што претставуваат некои научници, само некаков принцип, кој преовладува насекаде, или некаква движечка енергија. Бог е Дух; а сепак е Личност; затоа што така ни се открил Себеси:

„Господ е вистинскиот Бог,

Тој е жив Бог и вечен Цар…

Боговите што не Ги создале небото и земјата, ќе исчезнат од земјата и под небесата”

„Делот на Јакова не е како нивниот; бидејќи Неговиот Бог е создател на се.”

„Тој ја создаде земјата со Својата сила, ја утврди вселената со Својата мудрост и со Својот разум Ги распростре небесата.”

(Еремија 10:10, 11, 16, 12)

Природата не е Бог

Делата на Божјите раце во природата, не се самиот Бог во природата. Природните нешта се израз на Божјиот карактер и моќ; но ние не треба да ја сметаме природата за Бог. Уметничките способности на луѓето произведуваат мошне убави дела, дела што се уживање за очите и кои ни откриваат дел од мислите на нивниот креатор; но изработеното дело не е креаторот. И почеста не му се оддава на делото, туку на оној што го изработил. Така, иако природата е израз на Божјата мисла, не треба таа, туку нејзиниот Бог треба да биде величен.

„Дојдете, да Му се поклониме и да паднеме ничкум пред Господа.”

„Во Неговите раце се земните длабочини, и горските височини се исто така Негови.

Негово е морето, и Тој Го создаде, а НеГовите раце Го создадоа и копното.”

(Псалм 95:6; 95:4, 5)

„Кој Го создал седмоѕвездието и Орион, и ја претвора смртната сенка во јасно утро, а денот Го прави темен како ноќ.”

„Зашто, ете, Оној е, Кој образува Гори и создава ветар му Ги објавува Своите замисли на човекот”

„Тој Ги изГради Своите Горни дворци на небесата и Својот свод Го зацврсти на земјата”

„Тој Ги повика морските води и Ги излеа по земјата; Јехова е НеГовото Име.”

(Амос 5:8; 4:13; 9:6)

Создавањето на Земјата

Делото на создавањето не може научно да се објасни. Која наука може да ја објасни мистеријата на животот?

„Преку верата разбираме дека вековите се установени со

Божји Збор и дека од невидливото произлегло видливото.”

(Евреите 11:3)

„Јас ја создавам светлината и ја правам темнината …

Јас, Господ, го вршам сето тоа…

Јас ја создадов земјата

и Го создадов на неа човекот;

Јас Моите раце Ги спростреа небесата;

и им заповедувам на сите нивни воинства.”

„КоГа ќе Ги повикам тие ќе застанат заедно.”

(Исаија 45:7-12; 48:13)

При создавањето на Земјата, Бог не зависел од претходно постоечка материја. „Тој рече и тие настанаа; заповеда и се создадоа.“ (Псалм 33: 9) Сите нешта, материјални и духовни, се појавувале по заповед на Господовиот глас; Јехова и биле создадени според Негова замисла. Небесата и сето нивно мноштво, Земјата и се што е на неа, настанале од здивот на Неговата уста.

Самиот Бог, лично земал учество при создавањето на човекот. Кога Бог го создал човекот според Своето обличје, човечката форма била совршена во се, но немала живот. Тогаш Бог, личност, која постои сама по себе, вдахнал во таа форма животен здив и човекот станал живо, интелигентно суштество. Сите делови на човечкиот организам почнале да работат. Срцето, артериите, вените, јазикот, рацете, стапалата, сетилата, умствените способности сите почнале да ја извршуваат својата работа и сите биле потчинети на закон. Човекот станал жива душа. Преку Христос Речта, Бог, Кој е личност, го создал човекот и го надарил со разум и сила.

Нашата телесна градба иако за нас претставува тајна, не е скриена од Него; Неговите очи го гледале нашето тело уште додека не било завршено и во Неговата книга биле запишани сите наши членови уште додека не постоел ниту еден од нив.

Над сите пониски животни видови, Бог одредил дека човекот, круната на Неговото создавање, треба да ги одразува Неговите мисли и да ја открива Неговата слава. Но човекот не треба да се воздигнува себеси како Бог.

„Воскликни Му на Господа… служете Му на Господа со радост; излегувајте пред Него со восклик!

Знајте дека е Господ, дека Тој е наш БоГ,

дека Тој не создаде нас, а не ние самите;

неГови сме НеГов народ и овци на НеГовото пасиште.

ВлеГувајте низ НеГовите порти со блаГодарност,

во НеГовите дворови со песна;

славете Го, фалете Го НеГовото Име”

„Возвишувајте Го Господа, нашиот БоГ, и поклонувајте се пред НеГовата света Гора, зашто свет е Господ, нашиот БоГ.”

(Псалм 100:1-4; 99:9)

Бог е постојано ангажиран околу воздигнувањето на Своите дела и нивната употреба како Свои слуги. Тој работи преку законите на природата, употребувајќи ги како Свои орудија. Тие не работат сами од себе. Природата со својата работа сведочи за интелигентното присуство и активното застапување на Битието, Кое придвижува се според Неговата волја.

„Твоето слово, Господи, е засекоГаш утврдено на небото; Твојата верност е од род во род.

Ти си ја поставил земјата, и таа стои. Стојат засекоГаш според Твоите закони, Зашто се ти служи тебе”

„Се што посака Господ, создаде

на небото и на земјата, во морињата и во сите бездни”

„Зашто тој заповеда и се создаде,

Ги постави засекогаш и довека, според закон што нема да помине.”

(Псалм 119:89-91; 135:6; 148:5, 6)

Земјата не дава родни плодови од година во година со својата сопствена сила, ниту го продолжува своето постојано вртење околу сонцето. Раката на Вечниот постојано работи и управува со оваа планета. Постојаното делување на Божјата сила, ја одржува оваа планета во својата ротација. Бог го овозможува изгрејсонцето на небесата. Тој ги отвора прозорците на небото и дава дожд.

„Тој дава снег како волна; сипува магла како пепел;” „Од Неговиот Глас, шумат небесните води, и Тој Ги крева облаците од земните краишта; му создава молња на дождот и Го изведува ветрот од Своето живеалиште.”

(Псалм 147:16; Еремија 10:13)

Неговата сила прави растенијата да растат, да се појави секое ливче, да расцвета секој цвет, да се развие секој плод.

Механизмот на човечкото тело не може да се разбере во потполност; во него се кријат тајни, кои ги збунуваат и најинтелигентните. Кога еднаш ќе се стави во погон, нашиот организам не продолжува да работи, пулсот да отчукува или градите да дишат по некој механизам. Ние живееме, се движиме и постоиме во Бога. Срцето што отчукува, пулсот што бие, секој нерв и мускул во живиот организам се одржува во ред и активност, со силата на секогаш присутниот Бог.

Библијата ни Го покажува Бога на Неговото возвишено и свето место, не во состојба на неактивност, не во тишина и осаменост, туку опколен со илјада илјади и десетици илјади свети суштества што чекаат да ја исполнат Неговата волја. Преку овие гласници, Тој е во активна врска со секој дел од Своето Царство. Тој е присутен насекаде со неговиот Дух. Тој им помага на човечките деца преку застапништвото на Светиот Дух и Неговите ангели.

Тој седи востоличен над пореметувањата на Земјата; Се е отворено пред Неговиот Божествен надзор; и од Својата прекрасна и мирна вечност го наложува она што Неговото провидение го смета за најдобро.

„Патот на човекот не зависи од неГо, и не е во власта на оној, кој оди, да Ги исправи своите стапки”

„Надевај се на Господа со сето свое срце… по сите твои патишта размислувај за НеГо, и Тој ќе Ги насочи твоите патеки.”

Но, ете, Господовите очи се врз оние, кои се бојат од НеГо и кои се надеваат на НеГовата милост, дека ќе ја спаси нивната душа од смрт и во време на Глад ќе Ги прехрани.”

„Колку е скапоцена Твојата милост, Боже!

Синовите човечки се засолнуваат под сенката на Твојата закрила.”

„Блажен е оној, кому му е помошник Јакововиот БоГ и чија надеж е во Господа, неГовиот БоГ.”

„Со Твојата милост, Господи, земјата е полна”

Ти ја сакаш „праведноста и правдата.”

Ти си „надеж на сите земни краишта и на оние што се далеку преку морето.

Ти, Кој Горите си Ги поставил со Својата сила и со моќ си се препашал;

Ги скротуваш; шумот на морето… и вревата на народите.”

„Ти Ги полниш со радост утрата и вечерите.” „Ја овенчуваш Годината со твојата добрина и Твоите полиња се полни со зГоен добиток.”

Господ Ги придржува сите што паѓаат и Ги подиГа наведнатите.

Очите на сите се насочени кон Тебе, и Ти им ја даваш нивната храна навреме.

Ти ја отвори Твојата рака и ја наситуваш желбата на се што е живо”

(Еремија 10:23; Изреки 3:5, 6; Псалм 33:18, 19; 36:7; 146:5; 119:64; 33:5; 65:5-7; 65:8, 11; 145:14-16)

Вожјата личност откриена во Христа

Бог се открил Себеси како личност во Својот Син. Светлината на Татковата слава и „обличје на Неговото суштество“, Исус, како личен Спасител, дошол на светот. Тој се вознел во височините како личен Спасител. Како личен Спасител посредува во Небесните дворови. Пред Божјиот престол во наша полза се застапува „еден, сличен на Синот Човечки.“ (Евреите 1:3; Откровение 1:13)

Христос, Светлината на светот, го прекрил величествениот сјај на Својата Божја природа и дошол да живее како човек меѓу луѓето, за да можат тие да се запознаат со својот Творец без да бидат уништени. Откако гревот ги разделил човекот и неговиот

Создател, ниту еден човек никогаш не го видел Бога, освен онака, како што се покажал преку Христа.

„Јас и Мојот Отец сме едно, “ објавил Христос. „Никој не Го познава Синот, освен Отецот; ниту Отецот Го познава некој освен Синот, и кому што сака Синот да Го открие.“ (Јован 10:30; Матеј 11:27)

Христос дошол да ги научи луѓето на она што Бог сакал да го знаат. На небесата над нас, на земјата, во широките води на океанот, ние ги гледаме делата на Божјите раце. Се што е создадено сведочи за Неговата моќ, Неговата мудрост, Неговата љубов. Сепак, ниту во ѕвездите, ниту во океанот или водопадот не можеме да научиме за Божјата личност онака, како што била откриена во Христа.

Бог увидел дека е потребно појасно откровение да ни ги предочи Неговата личност и Неговиот карактер. Тој Го испратил Својот Син во овој свет, за да ја покаже, колку што може да се види со човечко око, природата и својствата на невидливиот Бог.

Откриен на учениците

Да ги проучуваме зборовите што Христос ги изговорил во горната соба, ноќта пред Неговото распнување. Се приближувало времето на Неговиот испит и Тој сакал да ги утеши Своите ученици, кои ги очекувало тешко искушение и испит.

„Да не се плаши вашето срце“ рекол Тој. „Верувајте во Бога и во мене верувајте. Во домот на Мојот Отец има многу места за живеење. А да немаше, Јас ќе ви кажев. Туку одам да ви приготвам место…

Тома Му рече: ‘Господи, не знаеме каде одиш; и како можеме патот да го знаеме? Исус му рече: ‘Јас сум патот, вистината и животот; никој не доаѓа при Отецот, освен преку Мене. Ако Мене ме познавте, ќе Го познаете и Мојот Отец. А отсега Го познавате и сте Го виделе.’

Филип Му рече: ‘Господи, покажи ни го Отецот, и доста ни е!’ Му одговори Исус: ‘Толку време сум со вас, и не си ли Ме познал, Филипе? Кој Ме видел Мене, Го видел Отецот, и како ти велиш, Покажи ни го Отецот? Не верувате ли дека Јас сум во Отецот, и дека Отецот е во Мене? Зборовите што ви ги кажувам, од Себе не ги зборувам; а Отецот, Кој е секогаш во Мене, Тој ги врши делата’.“ (Јован 14: 1-10)

Учениците се уште не ги разбирале Христовите зборови во врска со Неговата врска со Бога. Многу од неговото учење се уште им било нејасно. Христос сакал тие да имаат појасно, одредено знаење за Бога.

„Ова во параболи ви го кажував“ рекол Тој. „Но ќе дојде час, кога нема веќе во параболи да ви зборувам, туку откриено ќе ве известам за Отецот.“ (Јован 16:25)

Кога Светиот Дух се излеал над учениците на денот Педесетница, тие појасно ја разбрале вистината што Христос им ја кажувал во параболи. Голем дел од учењето што за нив било тајна, сега станало јасно. Но дури ни тогаш учениците не го примиле целосното исполнување на Христовото ветување. Тие го примиле сето знаење за Бога што можеле да го разберат, но потполното исполнување на ветувањето дека Христос јасно ќе им Го покаже Отецот, допрва требало да се случи. Така е и денес. Нашето знаење за Бога е делумно и несовршено. Кога борбата ќе заврши и Божјиот Син, Кој дошол на земјата како човек, Исус Христос ќе ги признае пред Отецот Своите верни работници што ги пренесувале сведоштвата за Него во грешниот свет, тие јасно ќе го разберат она што сега за нив е тајна.

Христос ја понел со Себе во Небесните дворови Својата славна човечност. На оние што ќе Го примат, Тој им дава сила да станат Божји синови, за да може Бог конечно да ги признае како Свои, да бидат со Него низ целата вечност. Ако Му бидат верни на Бога во текот на овој живот, на крајот тие „ќе Го гледаат Неговото лице, а Неговото Име ќе им биде напишано на нивните чела.“ (Откровение 22:4) А што е Небесната среќа, ако не Го гледаме Бога? Што може за грешникот спасен со Христовата милост да биде поголема радост, отколку да Го гледа Божјото лице и да Го познава како Татко?

Писмото јасно ја прикажува врската помеѓу Бога и Христа и јасно ја прикажува индивидуалноста и личноста на секого од Нив.

„Бог, Кој во старо време, откако многупати и на многу начини им зборуваше на нашите татковци преку пророците, во последните дни ни зборува преку Синот… Кој, бидејќи е светлост на славата и обличје на Неговото суштетсво, и држејќи се со Своето Моќно Слово, откако преку Себе ги исчисти нашите гревови, седна од десната страна на престолот на Величието во висините и стана толку погорен од ангелите, колку што пославно Име наследи од нив. Зашто, кој од ангелите му рекол некогаш:

Ти си Мој Син, Јас Те родив денес.’

И пак: ‘Јас ќе Му бидам Татко, а Тој ќе ми биде Син.“

(Евреите 1:1-5)

Личноста на Таткото и на Синот како и заедницата што постои меѓу Нив, се претставени во седумнаесеттата глава од евангелието според Јован, во Христовата молитва за Своите ученици:

„Не се молам само за нив, туку и за оние, што по нивните зборови ќе поверуваат во Мене, за да бидат сите едно, како што си Ти, Оче во Мене, и Јас во Тебе; па така и тие да бидат во Нас едно, и да поверува светот дека Ти си Ме пратил.“ (Јован 17:20, 21)

Единството што постои меѓу Христа и Неговите ученици не ја уништува ниту Христовата личност, ниту таа на ученикот. Тие се едно во намерите, во размислувањата, во карактерот, но не и една личност. На истиот начин Бог и Христос се едно.

Божјиот карактер откриен во Христа

Кога го земал човечкото врз Себе, Христос дошол да биде едно со луѓето и во исто време да им Го открие Небесниот Татко на грешните луѓе. Единствено Тој, Кој бил во присуството на Таткото од самиот почеток, Тој, Кој бил одраз на ликот на Невидливиот Бог, можел да им го открие на луѓето карактерот на Бога. Тој бил во се како Неговите браќа. Бил телесен како нас. Бил гладен и жеден и загрижен. Се поткрепувал со храна и освежувал со сон. Ја делел судбината на луѓето; а сепак, бил безгрешен Божји Син. Бил странец и сопатник на Земјата во светот, но не од светот; искушуван и испитуван како што се искушувани и испитувани и денешените мажи и жени, а сепак живеел живот без грев. Нежен, сочувствителен, наклонет и секогаш загрижен за другите, Тој го претставувал Божјиот карактер и бил постојано вклучен во слубата за Бога и луѓето.

„Господ Ме помаза, ” Тој рече,

„за да им блаГовестувам на бедните,

Ме испрати да лекувам скрушени по срце, да им објавам слобода на заробените.”

„И проГледување на слепите;”

„Да ја проповедам блаГопријатната Господова Година… и да Ги утешам сите што таГуваат”

(Исаија 61:1; Лука 4:18; Исаија 61:2)

„Љубете ги своите непријатели“ не обврзува Тој, „благословувајте ги оние што ве колнат, правете им добро на оние што ве мразат и молете се за оние што ве навредуваат и гонат, за да бидете синови на вашиот Небесен Отец.“ „Зашто, и Тој е добар кон неблагодарните и кон лошите.“ „Тој го става Своето сонце да грее и над лошите и над добрите, и праќа дожд на праведните и на грешните.“ „И така, бидете милостиви како што е милостив вашиот Отец.“ (Матеј 5:44, 45; Лука 6:35; Матеј 5:45; Лука 6:36)

„Заради Големата милост на нашиот БоГ;… не посети Зората од висините, за да Ги просветли оние, што седат во темнина и смртна сенка,

и да Ги упати нашите нозе на патот на мирот.” (Лука 1:78, 79)

Славата на крстот

Откровението на Божјата љубов кон човекот има свое средиште во крстот. Човечките зборови не можат да го опишат, перото да го наслика, човечкиот ум не може да го разбере неговото потполно значење. Додека гледаме на Голготскиот Крст, ние единствено можеме да кажеме: „Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него, да не загине, туку да има живот вечен.“ (Јован 3:16)

Христос распнат на крстот, Христос воскреснат од мртвите, Христос вознесен на небото тоа е науката за спасението што ние треба да ја научиме и да ја пренесуваме.

Тоа 6ил Христос

„Кој, иако беше во Божјо обличје, сепак не држеше многу до тоа што е еднаков со Бога; но Сам Себе се понизи, откако зеде обличје на слуга и се изедначи со луѓето; и по вид се покажа како човек; Сам се смири, откако стана послушен дури до самата смрт, и тоа смрт на крст.“ (Филипјаните 2:6-8)

„Христос… Исус, Кој умре, но уште и воскресна, Кој е од десната страна на Бога.“ „Затоа Тој и може за вечност да ги спаси оние, што преку Него доаѓаат кон Бога, бидејќи е секогаш жив за да се моли за нив.“ (Римјаните 8:34; Евреите 7:25)

„Ние немаме таков Првосвештеник, што не може да соучествува во нашите слабости, туку таков, Кој искусил се како и ние, освен грев.“ (Евреите 4:15)

Преку дарот што го имаме во Христа, ние можеме да го примиме секој благослов. Преку тој дар, нам секојдневно ни доаѓа непресушната река на добрината од Јехова. Секој цвет, со своите нежни шари и мирис е даден за наше уживање преку овој Дар. Тој ги создал сонцето и месечината. Не постои ѕвезда, која ги разубавува небесата што не ја создал Тој. Секоја капка дожд што паѓа на земјата, секој зрак светлина што се излева на овој неблагодарен свет, сведочи за Божјата љубов во Христа. Нам ни е овозможено се преку тој еден неискажлив Дар, Божјиот Единороден Син. Тој бил закован на крстот, за да можат сите овие изобилства да потечат кон човекот, кој е дело на Божјите раце.

„Гледајте каква љубов ни дал Отецот да се наречеме Божји чеда.”

(1. Јован 3:1)

„Не се чуло од дамни векови, ниедно уво не чу, и никое око не виде друг БоГ, освен Тебе,

Кој направил толку мноГу за оние, кои на НеГо се надеваат.” (Исаија 64:4)

Знаењето што преобразува

Познавањето на Бога, какво што е откриено во Христа е познавање што мораат да го имаат сите спасени. Тоа познавање го преобразува карактерот. Ова познавање, кога ќе го примиме, ќе ја обнови душата според Божјото обличје. Во целото битие ќе втисне Божја духовна сила.

„Ние, пак, сите со откриено лице, гледајќи ја Господовата слава, се преобразуваме во ист образ, од слава во слава.“ (2. Коринтјаните 3:18)

Христос за Својот живот рекол: „Јас ги запазив заповедите на Мојот Отец.“ (Јован 15:10) „Отецот не Ме остави Сам, зашто секогаш го вршам она што Му е угодно.“ (Јован 8:29) Бог сака Неговите следбеници да бидат онакви, каков што бил Христос кога живеел на Земјата во човечка природа. Со Неговата сила, ние треба да живееме чист и благороден живот, каков што живеел Спасителот.

„Затоа“ рекол Павле, „ги преклонувам своите колена пред Отецот на нашиот Господ Исус Христос, од Кого се именува секој род на небесата и на земјата, да ви даде, според богатството на Својата слава, сила да се утврдите преку неговиот Дух во внатрешниот човек, и преку верата Христос да се всели во вашите срца, та вкоренети и утврдени во љубовта, да можете да разбирате со сите свети, што е ширина и должина, што е длабочина и височина, и да ја дознаете Христовата љубов, што го надминува секое знаење, за да се исполните со сета Божја полнота.“ (Ефесјаните 3:14-19)

Ние; „… Вие не престанувате да се молите и да сакате да се исполните со познавање на Неговата волја во секоја мудрост и духовно разбирање, та да постапувате достојно за Бога, угодувајќи Му во се, принесувајќи плод во секое добро дело и да растете во познавањето на Бога, укрепувајќи се со секаква сила преку Неговата славна моќ за секаква непоколебливост и трпение, со радост…“ (Колосјаните 1:9-11)

Тоа е познавањето што Бог не повикува да го добиеме и покрај кое се друго е суета и ништожност.

Сподели го ова:

Слични објави