Глава 34 Вистинското образование, обучување за служба

Сподели го ова:

Воспитувањето е обучување за служба. Секој Божји син и ќерка е повикан да биде мисионер; повикани сме да Му служиме на Бога и нашите ближни; и целта на нашето воспитување треба да биде пракса, која ќе не оспособи за оваа служба.

Обунување за служба

Христијанските родители и наставници секогаш треба да ја имаат предвид оваа цел. Ние не знаеме во која област можат да служат нашите деца. Можеби ќе ги поминат своите животи во домашниот круг; можеби ќе бидат вклучени во вообичаените животни професии, или ќе работат како учители на Евангелието во незнабожечки земји; но сите се повикани да бидат Божји мисионери, служители донесувачи на милоста во светот.

Бог ги сака децата и младите со нивните свежи таленти, енергија и храброст, со својата брза проникливост и копнее да ги доведе во согласност со Божјите застапници. Тие треба да добијат воспитание, кое ќе им помогне да застанат покрај Христа во несебична служба.

За сите Свои деца до крајот на времето, не помалку отколку за првите ученици, Христос рекол: „Како Ти Мене што Ме прати во светот, и Јас ги испратив во светот“ (Јован 17:18), да бидат Божји претставници, да го откријат Неговиот Дух, да го покажуваат Неговиот карактер и да ја работат Неговата работа.

Нашите деца како да стојат на крстопат. Заводниците на саможивоста и саморазузданоста, стојат на секој чекор и ги одвлекуваат децата од патеката зацртана за откупените од Бога. Од одлуките што ќе ги донесат, зависи дали нивниот живот ќе биде благослов или проклетство. Полни со енергија, желни да ги испробаат своите неизморени способности, тие мораат да најдат некој вентил за силата што е во нив. Мораат да бидат активни, за добро или за зло.

Божјата Реч не ја осудува активноста, туку ја насочува. Бог не бара од младите да имаат помалку амбиции. Карактерните црти, кои му донесуваат на човекот вистински успех и чест меѓу луѓето незадржливата желба за подобро, непопустливата волја, трудољубивата работа, неуморната издржливост не треба да се обесхрабруваат. Со Божја милост тие треба да се насочат кон постигнување на оние нешта, кои се толку повисоки од себичните и светски интереси, како што е небото повисоко од Земјата.

На нас како родители и христијани стои да ги упатиме нашите деца во вистинска насока. Треба внимателно, мудро и нежно да ги водиме кон патеките на службата за Христа. Ние сме под свет завет со Бога да ги одгледаме нашите деца за Негова служба. Наша прва должност е да ги опкружиме со влијанија што ќе ги наведат да изберат живот на служба и да им го дадеме вистинското воспитување.

„Господ толку го возљуби… што Го даде“, „Го даде Својот единороден Син“, за ние да не пропаднеме, туку да имаме вечен живот. „Христос не засака и Себеси за нас се предаде.“ Ако сакаме, ние ќе даваме. „Не за да Му служат, туку за да служи“ е големата поука што треба да ја научиме и да ја пренесуваме на другите. (Јован 3:16; Ефесјаните 5:2; Матеј 20:28)

Во младите треба да биде втисната мислата дека не се свои. Тие Му припаѓаат на Христа. Тие се измиените во Христовата крв, залог на Неговата љубов. Тие живеат, затоа што Тој, со Својата моќ ги одржува во живот. Нивното време, нивната сила, нивните способности се Негови и треба да бидат развиени, обучени и употребени за Него.

Веднаш по ангелите, човечкото семејство создадено според Божјиот образ е најблагородно од Неговите создадени дела. Бог посакува тие да станат се што Тој им овозможил да бидат и да ги искористат силите што им ги дал на најдобар можен начин.

Животот е таинствен и свет. Тој е манифестација на самиот Бог, извор на сиот живот. Неговите можности се скапоцени и треба сериозно да ги подобруваме. Еднаш пропуштени, тие ќе бидат засекогаш изгубени.

Бог пред нас ја поставува вечноста со нејзината свечена слава и ни дава да вкусиме од она што е бесмртно и непропадливо. Ни ја претставува вредната, благородна вистина, за да можеме да напредуваме по сигурна и безбедна патека во нашата потрага до целта, која ги заслужува сите наши способности.

Бог погледнува на малото семе што самиот го создал и во него гледа заробен прекрасен цвет, грмушка или достоинствено, разгрането дрво. На истиот начин ги гледа способностите на секое човечко суштество. Бог ни го дал Неговиот план за нашиот живот и сака да го достигнеме највисокиот степен на развој.

Тој сака постојано да растеме во светоста, среќата и полезноста. Сите имаме способности што треба да ги сметаме за свет дар, да ги цениме како дар од Бога и правилно да ги употребиме. Тој сака младите да ги развиваат сите свои сили и да ги активираат сите свои способности. Бог сака тие да уживаат во се што е корисно и вредно во овој живот, да бидат добри и да прават добро, спечалувајќи богатство на Небото, богатство за идниот живот.

Нивна амбиција треба да биде: „Да бидат извонредни во се што е несебично, возвишено и благородно.“ Нека гледат на Христа како на модел, според кој треба да се обликуваат. Нека ја негуваат онаа света амбиција што Тој ја открил во Својот живот амбиција светот да го направат подобар за оние што живеат во него. Тоа е работата на која се повикани.

Сигурен темел

Највисока од сите науки е науката за спасение на душата. Највозвишената работа во која можат да учествуваат човечките суштества е работата, која ги оттргнува луѓето од гревот и ги води во светост. Но, за постигнување на оваа работа мора да се постави сигурен темел. Потребно е обемно обучување обучување, кое од родителите и наставниците ќе бара повеќе рамислување и напори, отколку поучувањето на училишните науки. За ова е потребно нешто повеќе од интелектуална култура. Оваа обука не може да биде целосна доколку не ги опфаќа подеднакво телото, умот и срцето на ученикот. На карактерот му е потребна соодветна дисциплина, за да може најдлабоко и највозвишено да се развие. Сите умствени и телесни способности треба да се развиваат и правилно да се обучуваат. Ние сме должни да ги негуваме и развиваме сите сили, кои од нас ќе направат поефикасни работници за Бога.

Вистинското воспитување го опфаќа целото битие. Тоа учи како правилно да се употребиме себеси. Ни овозможува да ги искористиме мозокот, коските и мускулите на телото, умот и срцето на најдобар начин. Умствените способности, како повисоки сили, треба да управуваат со царството на телото. Природните апетити и страсти треба да бидат доведени под контрола на совеста и љубовта кон духовното. Христос е главата на човештвото, Негова цел е да не води, преку службата за Него по возвишените и свети патеки на чистотата. Ние треба да станеме целосни во Него, преку чудесното дело на Неговата милост.

Своето воспитување Исус го примил во домот. Неговата мајка била Негов прв човечки учител. Тој за небесните нешта научил од нејзините усни и од пророчките свитоци. Живеел во селски дом и внимателно и бодро го носел својот дел од домашниот товар. Тој, Кој бил заповедник на Небото, станал доброволен слуга, нежен и послушен син. Научил занает и со сопствени раце работел во столарската работилницана со Јосиф. Во обична работничка облека, чекорел по улиците на малиот град, секојдневно одејќи и враќајќи се од својата скромна работа.

Тогашните луѓе ја проценувале вредноста на нештата според нивниот надворешен изглед. Како што опаѓала моќта на религијата, се зголемувал нејзиниот раскош. Тогашните законици настојувале да наметнат почитување со привиден раскош. Исусовиот живот претставувал јасна спротивност на сето ова. Неговиот живот ја покажал безвредноста на нештата, кои луѓето ги сметаат за најголеми достигнувања. Тој не се стремел кон тогашните училишта кои го зголемувале ситното, а ги понижувале големите нешта. Тој, Своето образование го добил на изворите одредени од Небото, од полезната работа, проучување на Писмото, од природата и од животното искуство со еден збор; Божјите учебници, кои се преполни со упатства за сите што кон нив доброволно подаваат рака, отворени очи и срце што разбира.

„А Младенецот растеше и крепнеше со духот; исполнувајќи се со премудрост; и Божјата благодат беше врз Него.“ (Лука 2:40)

Вака подготвен, Христос тргнал во извршувањето на Својата мисија во која постојано бил во допир со луѓе врз кои ги покажал Своето благотворно влијание и моќ да преобразува, моќи, какви што светот никогаш не видел.

Домашното поучување

Домот е прво училиште на детето и тука треба да се постават темелите за живот посветен на служба. Овие принципи не треба да се учат само теоретски. Тие треба да го обликуваат целиот живот и воспитувањето.

Детето треба многу рано да се научи да помага. Штом силата и разумот бидат доволно развиени, треба да му бидат одредени домашни обрвски што треба да ги извршува. Треба да се охрабруваат неговите обиди да им помогне на таткото и мајката, да се откажува и контролира себеси, да ги стави среќата и удобноста на другите на прво место, да не пропушта можности да ги развесели и да им помогне на браќата, сестрите и другарите во игра и да биде љубезен кон старите, болните и несреќните. Колку поцелосно е проткаен духот на вистинската служба во домот, толку повеќе ќе се развие во животите на децата. Тие ќе научат да најдат задоволство во службата и пожртвуваноста за доброто на другите.

Задача на училиштето

Домашното воспитување треба да биде надоврзано со работата на училиштето. Постојано треба да се има предвид развојот на целото битие физичкиот, менталниот и духовниот, како и поучувањето за служба и пожртвуваност.

Служењето за Христа во малите секојдневни нешта, повеќе од се друго, има моќ да го образува карактерот и да го насочи животот кон патот на несебичната служба. Работата на родителите и наставниците е да го разбудат овој дух, да го охрабрат и правилно да го насочат. Не постои поважна работа, која би можела да им биде доверена. Духот на служба е дух на небото и ангелите ќе соработуваат во секој наш напор да го развиеме и поттикнеме.

Ваквото воспитување мора да биде втемелено на Божјата Реч. Само во неа неговите принципи се дадени во потполност. Библијата треба да биде темел на проучувањето и поучувањето. Најсуштествено знаење е знаењето за Бога и за Оној што Тој Го испратил.

Секое дете и секој младинец треба да се познава себеси. Треба да го разбира физичкото престојувалиште што Бог му го дал и законите со кои тоа се одржува здраво. Сите мораат да имаат цврста основа во вообичаените гранки од образованието. И треба да имаат стручно образование, кое од нив ќе направи мажи и жени со практични способности, способни за секојдневните животни обврски. Кон ова, треба да се придодадат образованието и практичната обука од различни области на мисионерската работа.

Учење преку поунување

Младите треба да напредуваат колку што можат и до каде можат во стекнување на знаењето. Полето на нивното проучување треба да биде онолку широко, колку што нивните сили можат да опфатат. И, додека учат, треба да го пренесуваат своето знаење. На тој начин нивните умови ќе се здобијат со дисциплина и сила. Вредноста на нивното образование се одредува според употребата на стекнатото знаење. Се покажало дека долгогодишното учење без никаков напор за пренесување на наученото, честопати е пречка, а не помош во развојот. Ученикот треба да се труди да осознае како да учи и како да го пренесува своето знаење во училиштето и домот. Без оглед на неговата професија, тој треба да биде и ученик и учител, се до крајот на животот. На тој начин ќе може постојано да напредува, ќе ја вложи својата доверба во Бога, ќе се приклони кон Оној, чија мудрост е бескрајна, Кој може да открие со векови скриени тајни и Кој, за умовите што веруваат во Него, може да ги реши најтешките проблеми.

Божјата Реч става силен акцент во влијанието на друштвото, дури и за возрасните мажи и жени. Колку е поголема неговата сила на се уште неразвиениот ум и карактерот на децата и младите! Друштвото што ќе го изберат, принципите што ќе ги усвојат, навиките што ќе ги создадат, ќе одлучат за нивната полезност тука, и за нивните идни вечни интереси.

Ужасен е фактот од кој треперат срцата на родителите, дека во толку многу училишта и факултети во кои ги праќаме младите да се здобијат со ментална култура и дисциплина, преовладуваат влијанија што го изобличуваат карактерот, го одвратуваат умот од животните цели и го поткопуваат моралот. Во допир со нерелигиозни врсници, љубители на задовлства и разврат, многу, многу млади ги губат едноставноста и чистотата, верата во Бога и духот на самопожртвуваност што нивните христијански родители го негувале со вимателни поуки и штителе со искрена молитва.

Многумина од оние што тргнуваат на училиште со цел да се образуваат за некоја област на несебичната служба, стануваат впиени од световните проучувања. Кај нив се буди амбиција да добијат специфични знаења и да се здобијат со положба и чест во светот. Намерата, поради која тргнале на училиште се губи од нивниот вид и живот, па затоа тој се предава на себични и светски интереси. А често се создаваат и навики што го уништуваат животот како за овој, така и за светот што доаѓа.

По правило, мажите и жените со сестрани идеи, несебични и благородни цели, се луѓе во кои овие карактеристики биле вградени преку друштвото од раните години. Во сите поуки дадени на Израелците, Бог настојувал да им предочи колку е важно да внимаваат на друштвото што го избираат нивните деца. Севкупното уредување на нивниот граѓански, религиозен и општествен живот, имало за цел да ги сочува нивните деца од штетни дружења и уште од најрано детство да ги запознае со принципите на Божјиот закон. Очевидната поука дадена на Израелскиот народ при самото негово раѓање имала таква природа, што морала да се втисне во срцата. Пред Египќаните да ги погоди последната и најстрашна казна смртта на првенците Бог му наредил на Својот народ да ги собере своите деца во нивните домови. Надвратниците на секоја куќа биле обележани со крв и сите морале да останат под заштитата што овој симбол им ја обезбедувал. Така и денес, родителите што Го љубат Бога и стравуваат да не Го навредат, треба да ги држат своите деца во „заветна врска“ под заштита на светите влијанија, кои ни се овозможени единствено благодарение на Христовата крв, која откупува.

Христос за Своите ученици рекол: „Јас им го предадов Твоето Слово, и… тие не се од светот, како и Јас што не сум од него.“ (Јован 17:14)

„И не управувајте се според овој век“ не обврзува Бог, „туку преобразете се преку вашиот обновен ум.“ (Римјаните 12:2)

„Не впрегнувајте се заедно со неверниците; зашто, какво општење постои меѓу правдата и беззаконието? Што воопшто има меѓу светлината и темнината?… Каква сличност има Божјиот храм со идолите? Вие сте храм на живиот Бог, како што рекол Бог: ‘Ќе се вселам во нив и ќе одам меѓу нив; ќе им бидам Бог, а тие ќе бидат Мој народ.’ Затоа,

излезете од нивната средина и одделете се… и не допирајте се до нечисто и Јас ќе ве примам!

И Јас ќе ви бидам Татко, а вие ќе Ми бидете синови и ќерки, вели Господ Седржителот.”

(2. Коринтјаните 6:14-18)

„Соберете Ги децата.” „Поучете Ги на Божјите уредби и закони.” (Јоил 2:16; №лез 18:16)

„Така, да Го спомнувате Моето Име меѓу Израелевите синови, и Јас, Господ, ќе Ги благословам.” (Броеви 6:27)

„И тоГаш ќе видат сите народи на Земјата, дека името на Господа, твојот БоГ, ти е дадено тебе, и ќе се исплашат од тебе.” (Второзаконие 28:10)

„А остатокот од Јакова, меѓу мноГуте народи ќе биде како роса од Господа, како ситен дожд по трева.

Тој нема да зависи од човек и нема да се потпира на Адамовите синови.”

(Михеј 5:7)

Ние сме вброени во Израелот. Сите упатства дадени на Израелците во врска со воспитувањето и обучувањето на нивните деца, сите ветувања за благослов преку послушноста се за нас.

Божјиот збор до нас е: „Ќе те благословам… и ти ќе бидеш благословен.“ (Битие 12:2)

За своите први ученици и за сите, кои ќе веруваат во Него преку она што тие го запишале, Христос рекол: „Славата што си Ми ја дал, ним им ја дадов, за да бидат едно, како што сме Ние. Јас сум во нив и тие се во Мене, каде што сум Јас, за да ја гледаат Мојата слава што си Ми ја дал, зашто Ме возљуби уште пред да се создаде светот.“ (Јован 17:22, 23)

Прекрасни, прекрасни зборови, речиси над границите на верувањето! Создателот на сите светови ги сака оние што се предаваат во службата за Него, со истата љубов со која Го сака Својот Син. Дури и тука, и сега Неговата милостива наклонетост се протега над нас до овие чудесни граници. Тој ни го дал Оној, Кој е Светлина и Величество на небото и со тоа ни ги дал сите Небесни богатства. Исто колку што ни ветил за животот што ќе дојде, Тој ни дава чудесни дарови и во овој живот. Како поданици на Неговата милост, Тој сака да уживаме во се што ги облагородува, развива и воздига нашите карактери. Тој чека да ги вдахне младите со сила одозгора, за да можат да застанат под Христовото знаме извалкано со крв, да работат како што работел Тој, да упатуваат души на сигурни патеки, да ги постават нозете на многумина врз Вечната карпа.

Сите што сакаат да работат во согласност со Божјиот план за воспитување, ќе ги имаат Неговата милост и одобрување, Неговото постојано присуство, Неговата моќ, која одржува. Тој на сите им вели:

„Биди цврст и храбар, не плаши се и не се ужаснувај; зашто Господ, твојот Бог, е заедно со тебе.” „Нема да те оставам и ниту ќе те презрам.” (Исус Навин 1:9, 5)

„Како што дождот и снегот паѓаат од небото и таму не се враќаат,

туку ја напојуваат земјата и ја прават способна да раѓа и да зеленее,

за да му дава семе на оној, што сее и леб на оној, кој јаде,

така и Моето Слово, што излеГува од Мојата уста,

не се враќа кон Мене празно,

туку Го исполнува она, што Ми е угодно,

и Го прави она за што сум Го испратил Јас.

И така, вие ќе излезете со веселба и ќе бидете испратени со мир;

Горите и ридовите ќе пеат песна пред вас, и сите дрвја во полето ќе ракоплескаат.

Наместо трн, ќе израсне кипарис; наместо коприва, ќе израсне мирта; и тоа ќе биде за слава на Господа, за вечен знак, неразрушлив.”

(Исаија 55:10-13)

Секаде во светот општествата се во неред и потребна им е темелна трансформација. Воспитувањето што ќе им го дадеме на младите, ќе го образува ликот на целото општество.

„Тие повторно ќе ги изградат старите урнатини, ќе ги подигнат пак запустените места и ќе подноват разурнати градови, запустени од дамнешни родови.”

Луѓето ќе ги нарекуваат „Господови служители… вечна веселба ќе има кај нив.

Зашто Јас, Јехова, ја сакам правдата.”

„Јас ќе ја управувам нивната работа според вистината и ќе направам со нив вечен завет.”

„Нивното семе ќе биде познато меѓу народите, и нивното потомство меѓу племињата; сите што ќе ги видат, ќе познаат дека тие се семе благословено од Господа…

Зашто како што земјата ги произведува своите растенија, и како што во градината расте се што ќе се посее, така Господ Бог ќе направи да никне правда и слава пред сите народи.”

(Исаија 61:4, 6-8; 61:8; 61:9. 11)

Сподели го ова:

Слични објави