Глава 11 Работа за неумерените
Секоја вистинска реформа, која има цел да ја воздигне душата и да ја разбуди во нов и поблагороден живот, има свое место во делото на Евангелието. Особено реформата во поглед на умереноста, бара поддршка од христијанските работници. Тие треба да го свртат вниманието на народот кон тоа дело и да работат на заживување на истото. Насекаде треба да им ги презентираат на луѓето принципите на вистинската умереност и да ги повикуваат луѓето на завет за умереност. Треба да се вложи сериозен напор за луѓето, кои се врзани во прангите на лошите навики.
Делото што треба да се изврши за паднатите заради неумереност, не очекува насекаде. Во црквите, верските институции и во семејствата на таканаречените христијани има многу млади, кои го избираат патот на пропаста. Тие си навлекуваат болест со својата неумереност во животните навики; а се оддаваат на нечесност, со алчност за стекнување пари со кои ќе ги задоволат своите грешни желби. Така се уништува и здравјето и карактерот. Одвоени од Бога, отфрлени од општеството, овие кутри души чувствуваат дека се без надеж како за овој, така и за идниот живот. Срцата на родителите се скршени. Луѓето ги гледаат овие заблудени како безнадежни; но Бог не ги смета за такви. Тој ги познава сите околности што ги направиле такви и гледа на нив со сожалување. На таквите им е неопходна рака за помош. Никогаш не им давајте можност да речат: „Никој не се грижи за мојата душа.“
Меѓу жртвите на неумереноста, среќаваме луѓе од сите класи и од сите професии. Луѓе на висока позиција, со истакнати таленти и големи достигнувања му попуштаат на задоволувањето на апетитот, се додека не станат беспомошни да му се спротивстават на искушението. Некои од нив, кои некогаш биле богати, остануваат без дом, без пријатели, во мака, беда, болест и пониженост. Тие ја изгубиле силата да владеат со себеси. Тие ќе тонат се подлабоко и подлабоко, се додека не им се подаде рака за помош. Попуштањето на страстите го наведува човекот не само на морален грев, туку и во телесна болест.
При помагањето на неумерените, честопати, како што и Христос правел и ние мораме прво да посветиме внимание на нивното телесно здравје. Тие имаат потреба од здрава храна што не надразнува, здрав пијалок, чиста облека и можност да го одржуваат своето тело во чистота. Тие треба да бидат опкружени со атмосфера на облагородувачки христијански пример. Во секој град би требало да се обезбеди место, каде што робовите на лошите навики ќе можат да најдат помош да ги раскинат синџирите со кои се врзани. Многумина ги сметаат алкохолните и жестоките пијалоци за единствена утеха во неволјите; но тоа не би требало да биде така ниту би било така, кога сите христијани би постапувале како милостивиот Самарјанец, а не како Свештеникот и Левитот.
Залагајќи се за жртвите на неумереноста, ние мораме да имаме предвид дека имаме работа со душевно неурамнотежени луѓе, кои веќе долго време се наоѓаат под власта на демоните. Бидете трпеливи и воздржани кон нив. Не мислете на нивната одвратна непривлечна појава, туку на скапоцената душа за чие искупување умрел Христос. Кога пијаницата ќе се разбуди и ќе стане свесен за својата деградација, тогаш сторете се што можете, за да покажете дека сте му пријател. Не изговарајте зборови на укор. Со ниту една постапка или поглед не изразувајте прекор или гадење. Многу веројатно е дека таа кутра душа се проколнува самата себеси. Помогнете и да се подигне. Зборувајте и зборови, кои ќе ја охрабрат и ќе ја поттикнат верата во него. Настојувајте да ја зајакнете секоја добра црта на нејзиниот карактер. Поучувајте ја како да се подигне. Покажете и дека за неа е можно да живее на начин, кој ќе го придобие почитувањето на ближните. Помогнете и да ја види вредноста на талентите со кои Бог ја обдарил, а кои таа занемарила да ги умножи.
Иако волјата е изопачена и ослабена, сепак во Христа постои надеж за него. Тој ќе ги разбуди во неговото срце повозвишените импулси и посветите желби. Охрабри го да се фати за надежта што му ја нуди Евангелието. Отвори ја Библијата пред душата, која очајнички се бори со искушението, и повторно и повторно читајте ги Божјите ветувања. Тие ветувања за неа ќе бидат како лисја од дрвото на животот. Продолжи трпеливо со напорите, се додека растреперената рака на овој човек не се фати со благодарна радост за надежта на спасението, понудена преку Христа.
Морате цврсто да ги држите оние на кои сакате да им помогнете, инаку нема никогаш да победите. Тие постојано ќе бидат искушувани и наведувани на зло. Повторно и повторно можат да се сопнат, но немојте да престанете со вашите напори поради тоа.
Тие донеле одлука да се обидат да живеат за Христа; но силата на волјата им е ослабена, така што треба внимателно да бидат чувани од страна на оние, кои се повикани да бдеат над душите и кои мораат да дадат одговор за тоа. Тие мораат повторно да ја повратат својата изгубена мажевност. Многумина мораат да се борат против силните наследени склоности кон злото. Неприродните апетити и чувствителните импулси, коишто се наследни, им се својствени уште од нивното раѓање. Внатре, во личноста и надвор од неа, на нејзиното битие, доброто и злото се борат за превласт. Оние, кои никогаш не поминале низ слични искуства, не можат да ја разберат надмоќната сила на апетитот, ниту пак немилосрдноста на борбата меѓу навиките за попуштање на страстите и решеноста да се биде умерен во сите нешта. Таа борба мора да се води непрекинато.
Многумина од оние, кои се привлечени кон Христа, немаат морална храброст да ја продолжат борбата против апетитот и страстите. Но работникот што се залага за таквите, не треба да биде обесхрабрен од тоа. Зарем нема други, кои се веќе спасени од најниските длабочини на назадувањето?
Имајте предвид дека не работите сами. Ангелите, пратени од небото се соединуваат во службата со секое вистинско и искрено Божјо дете. А Христос, како обновител на здравјето и животот, како Голем Лекар, лично стои покрај секој Свој верен работник, обраќајќи и се на секоја покајничка душа: „Синко, ти се простуват твоите гревови.“ (Марко 2:5)
Многумина презрени и отфрлени ќе ја прифатат надежта што им се дава во Евангелието и ќе влезат во Небесното Царство, додека други, кои биле благословени со голема светлина и многу неискористени предимства, ќе бидат оставени во целосна темнина.
Кај жртвите на лошите навики мора да се разбуди свеста од неопходност да вложат напори за самите себеси. Други можат да вложуваат најсериозни напори да ги подигнат, а Божјата благодат може да им биде богато понудена. Христос може да се моли и да се залага кај Отецот за нив, Неговите ангели можат да ја вршат својата служба штитејќи ги, но сето тоа ќе биде напразно, доколку самите не се разбудат и не поведат борба со себеси.
Последните зборови на Давид упатени до Соломон, кој како млад човек наскоро требал да ја преземе круната на Израел, биле: „Биди храбар… и покажи се човек.“ (1. Цареви 2:2) До секое дете на човештвото, кое има право на бесмртната и непоминлива круна се упатени следните вдахновени зборови: „Биди храбар и покажи се човек.“
Сите што имаат склоности кон попуштање на апетитот, мораат да бидат наведени да ја воочат неопходноста од големо морално обновување, доколку сакаат да бидат луѓе. Бог ги повикува да се разбудат и со Христовата сила, повторно да ја стекнат својата од Бога дадена мажевност, која ја жртвувале на грешните попуштања.
Чувствувајќи ја ужасната сила на искушението, неодоливата привлечност на желбата, која бара да биде задоволена, многу луѓе извикуват во очај: „Јас не можам да се спротивставам на злото.“ Кажете му дека може и мора да му се спротивстави. Може да се случи да биде повторно и повторно совладан, но не мора секогаш да биде така. Неговата морална сила е слаба, контролирана од навиките на животот во грев. Неговите ветувања и расудувања се како јаже од песок. Свеста за неисполнетите ветувања и прекршените завети ја ослабнува неговата доверба во својата сопствена искреност и заради тоа, тој чувствува дека Бог не може да го прифати, ниту да ги потпомогне неговите напори. Но тој не треба да очајува.
Оние, кои ќе ја положат својата надеж во Христа, не треба да бидат робови ниту на наследените, ниту на стекнатите навики и склоности кон злото. Наместо да и робуваат на ниската природа, тие треба да господарат со апетитите и страстите. Бог не не остава сами во борбата против злото, да се бориме со нашата ограничена човечка сила. Какви и да се нашите наследени или стекнати тенденции кон злото, ние можеме да ги победиме преку силата што Тој е подготвен да ни ја даде.
Моќта на волјата
Оние, кои се наоѓаат во искушение, мораат да ја запознаат вистинската сила на волјата. Таа владее со природата на човекот таа е сила, која одлучува и избира. Се зависи од правилната насоченост на волјата. Да се копнее за добрина и чистота е добро, но ако застанеме само на тоа, нема да има никаква полза. Многумина ќе отидат во пропаст, заедно со своите убави желби во поглед на совладувањето на злите тенденции. Тие својата волја не ја подредуваат на Божјата; не избираат да му служат Нему.
Бог ни дал слобода на избор, а наше е да избереме. Ние не можеме да ги смениме нашите срца, не можеме да ги контролираме нашите мисли, побуди и склоности. Ние не можеме самите себеси да се исчистиме, ниту да се удостоиме за Божјата служба. Но затоа, можеме да избереме да Му служиме на Бога и да Му ја дадеме нашата волја; и тогаш Тој ќе делува во нас, за да можеме да го правиме тоа што е угодно пред Него. На тој начин целата наша природа ќе биде потчинета на Христовата волја и Тој ќе управува со неа.
Со правилно вежбање на волјата во нашиот живот, може да биде остварена целосна промена. Кога му ја предаваме нашата волја на Христа, ние се поврзуваме со Божјата сила. Примаме сила одозгора, која не одржува цврсти. Чистиот и благороден, победоносен живот над апетитот и страстите, е возможен за секој што ќе ја соедини својата слаба, колеблива човечка волја, со непроменливата и непоколеблива Божја волја.
Оние, кои се борат против силата на апетитот, треба да бидат поучени за принципите на здравиот начин на живеење. Треба да им се укаже дека престапувањето на здравствените закони, создава болежлива состојба и неприродни желби, поттикнати од опака страст и поставува темел на пијанството. Единствено, живеејќи во послушност на здравствените принципи, тие може да се надеваат на ослободување од желбите за неприродни надразнувачки средства. И додека се надеваат на Божјата сила со цел да им помогне во раскинувањето на оковите од апетитот, истовремено треба да соработуваат со Бога, покорувајќи им се на Неговите физички и морални закони.
На оние што настојуваат да се реформираат, треба да им се обезбеди вработување. Ниту еден, кој е способен да работи, не треба да биде поучуван да очекува дека храната, облеката и станот ќе му бидат дадени бесплатно. За нивно, но и за доброто на другите, треба да бидат пронајдени начини на кои еднакво би вратиле за она што го примаат. Охрабрете ги во напорите да се издржуваат самите себеси. Тоа ќе придонесе за нивната самопочит и благородната независност. Освен тоа, вработеноста на телото и умот претставува успешна ограда против искушението.
Разочарувања и опасности
Оние што работат за паднатите, ќе бидат разочарани од многумина, кои ветиле дека ќе се реформираат. Многу луѓе, ќе направат само надворешни промени во навиките и животот. Тие се под влијание на моментално восхитување и некое време може да изгледа дека се реформирани, но кај нив не постои вистинска промена на срцето. Тие и понатаму го негуваат истото самољубие, ги имаат истите силни желби за безумни уживања, истиот копнеж за самопопустливоста. Тие немаат познавање на делото за изградба на карактерот и на нив не можеме да се потпреме како на принципиелни луѓе. Нивните ментални и духовни сили се понижени, поради угодување на апетитот и страстите и тоа ги прави слаби. Тие се нестабилни, променливи и склони кон телесни уживања. Овие луѓе често се извор на опасност за другите. Гпедајќи на нив како на реформирани мажи и жени, ним им се доверуваат одговорности и се поставуваат на места, на кои нивното влијание само ги расипува невините.
Дури ниту оние што искрено настојуваат да се реформираат, не се надвор од опасноста да паднат. Кон нив треба да се постапува со голема мудрост и нежност. Навиката на ласкање и воздигнувањето на оние, кои се спасени од најголемите длабочини, понекогаш, значи придонес за нивната пропаст. Обичајот да се повикуваат мажи и жени јавно да изнесуваат искуства од својот грешен живот е многу опасен како за оние што зборуваат, така и за оние што слушаат. Потсетувањето на сцените на злото е разорно и за умот и за душата. Исто така и пренагласеното истакнување на новообратените може да биде штетно. Тие се наведени на помисла дека нивниот грешен живот им донел извесни предности и охрабрени во својата желба да бидат познати, тие стануваат самоуверени; а тоа може да биде погубно за душата. Тие ќе се одржат, само, доколку не негуваат дух на самоувереност и доколку целосно се потпрат на Христа.
Сите што покажуваат знаци на вистинско обратување, треба да бидат охрабрени да работат за другите. Никој нека не ја одвраќа душата, која престанала да му служи на сатаната, со намера да Му служи на Христа. Кога некој со својот живот докажува дека во него работи Господовиот Дух, охрабрете го да пристапи во Господовата служба. „И така, разликувајќи ги, едни милувајте.“ (Јуда 22) Оние што имаат мудрост, која доаѓа од Бога, ќе ги препознаат душите на кои им е потребна помош, кои искрено се каат, но кои, без охрабрување, тешко можат да се осмелат да ја прифатат котвата на надежта. Господ ќе делува во срцата на Своите слуги и тие топло ќе ги пречекаат овие растреперени покајнички души во нивната сакана заедница. Какви и да биле нивните омилени гревови, колку длабоко да биле паднати, Христос ќе ги прифати, кога во покајание ќе дојдат кај него. Тогаш дајте им нешто да сторат за Него. Доколку копнеат да работат за извлекување на другите од јамата на уништувањето од која самите се избавени, дајте им можност за тоа. Доведете ги во врска со искусните христијани, за да се здобијат со духовна сила. Исполнете ги нивните срца и раце со работа за Учителот.
Кога светлината ќе засветли во душата, некои луѓе, кои целосно биле предадени на гревот, ќе станат успешни работници за Христа во спасувањето на токму таквите грешници, какви што и самите некогаш биле. Преку верата во Христа, некои ќе се издигнат на високи позиции и ќе бидат во состојба да преземат одговорности во делото за спасување на душите. Тие гледаат каде лежеле нивните сопствени слабости, ја познаваат изопаченоста на нивната природа. Согледуваат каде лежела нивната сопствена слабост, ја сфаќаат изопаченоста на сопствената природа, силата на гревот и моќта на злите навики. Ја согледуваат својата неспособност да победат без Христовата помош и заради тоа, постојано извикуваат: „Господи, Тебе ти ја предавам својата беспомошна душа.“
Тие можат да им помогнат на другите. Човекот што бил искушуван и речиси ја изгубил надежта, но бил спасен одговарајќи на повикот на љубовта, умее да ја разбере вештината на спасувањето на душите. Оној, чие срце е исполнето со љубов за Христа и кој знае колку самиот бил баран од Спасителот и донесен назад во стадото, и самиот ќе знае како да ги бара изгубените. Тој може да ги упати грешниците кон Божјото Јагне, бидејќи и самиот целосно се предал на Бога и бил прифатен од Возљубениот. Тој ја прифатил раката за помош, која му била подадена во слабоста. Со залагањето на таквите, многу изгубени синови и ќерки ќе бидат вратени кон Небесниот Татко.
За секоја душа, која се бори за да се подигне од животот во грев кон чистотата, голем извор на сила се наоѓа во единственото „Име под небото дадено меѓу луѓето, со кое ние можеме да бидеме спасени.“ (Дела 4:12) „Доколку некој е жеден“ за надеж, спокој и ослободување од грешните склоности, Христос му вели: „нека дојде кај Мене, и нека се напие.“ (Јован 7:37) Единствен лек против порокот се Христовата благодат и сила.
Добрите одлуки, донесени со сопствена сила немаат никаква полза. Сите можни завети во светот, исто така, не би можеле да ја скршат силата на лошите навики. Луѓето нема никогаш да успеат да применуваат умереност во сите нешта, се додека нивните срца не се обновени од Божјата благодат. Ние во ниту еден миг не можеме самите да се чуваме себеси од грев. Зависни сме од Бога во секој миг.
Вистинската реформа, започнува со чистење на душата. Нашата работа за паднатите ќе постигне вистински успех, единствено доколку Христовата благодат го преобрази карактерот и ја доведе душата во тесна врска со Живиот Бог.
Христос живеел живот во совршена послушност на Божјиот закон; и во тоа оставил пример за секое човечко суштество. Животот што Тој го живеел на оваа Земја, ние треба да го живееме преку Неговата сила и под Негово водство.
Барањата на Божјиот закон и потребата од лојалност кон Него, треба да бидат втиснати во нашите умови и срца, додека работи-
ме за паднатите. Никогаш не пропуштајте ја можноста да укажете на сосема јасната разлика меѓу оние, кои Му служат на Бога и оние, кои не Му служат. Бог е љубов, но Тој не може да го оправда намерното непочитување на Неговите заповеди. Уредбите на Неговото владеење се такви, што луѓето не можат да ги избегнат последиците од непослушноста. Тој ги почитува само оние, кои Него го почитуваат. Однесувањето на човекот во овој свет ја одредува неговата вечна судбина. Тој ќе го жнее она што го посеал. Се што правиме, има свои последици.
Ништо помалку од совршена послушност не може да ги задоволи стандардите на Божјите барања. Божјите барања се потполно одредени. Тој го бара само она што е неопходно, за да го донесе човекот во хармонија со Него. На грешниците треба да им укажуваме на Христовиот идеален карактер и да ги водиме кон Него, преку чија благодат единствено може да се постигне тој идеал.
Спасителот ги зел на Себе сите човечки слабости и живеел безгрешен живот; и затоа, луѓето не треба да се плашат дека не се во состојба да победат, само заради слабостите на човечката природа. Христос дошол да направи од нас „соучесници во Божјата природа“ и Неговиот живот ни сведочи дека човечкото, во комбинација со Божјото, не мора да греши.
Спасителот победил, за да му покаже на човекот како и тој, во комбинација со Неговата помош може да победи. Христос ги пречекал сите искушенија на сатаната со Божјата Реч. Надевајќи се во Божјите ветувања, Тој примил сила да ги почитува Божјите заповеди и искушувачот не можел да постигне успех кај Него. Неговиот одговор на секое искушение бил: „Пишано е!“ Бог и нам ни ја дал Неговата Реч со чија помош ние можеме да се спротивставуваме на злото. Дадените ветувања се извонредно големи и скапоцени; преку нив ние стануваме „учесници во Божјата природа, ако се оддалечиме од гнилежните похоти на овој свет.“ (2. Петар 1:4)
Кажи им на оние што се искушувани да не гледаат ниту на околностите, ниту на сопствената слабост, ниту на силината на искушението, туку во силата на Божјата Реч. Сета нејзина сила ни припаѓа и нам. „Твојот збор“ вели псалмистот, „го сокрив во своето срце за да не грешам пред Тебе.“ „Поради зборовите на Твојата уста, чекорев по тешките патишта.“ (Псалм 119:11; 17:4)
Влевајте храброст во срцата на луѓето; издигнете ги кон Бога во молитва. Многумина, кои потклекнале пред искушението, поради тоа се чувствуваат толку понижени и мислат дека нивните напори повторно да се приближат кон Бога ќе бидат залудни, но таа мисла е шепот на непријателот. Доколку згрешиле и чувствуваат дека не можат да се молат, кажи им дека токму тогаш е време за молитва. Можеби тие ќе бидат засрамени и длабоко потиштени; но доколку ги признаат своите гревови, Оној, Кој е верен и праведен, ќе им ги прости и ќе ги исчисти од секоја неправда.
Ништо не е навидум толку немоќно, а всушност толку непобедливо, како душата што ја чувствува својата ништожност и целосно се потпира на заслугите на Спасителот. Преку молитва и проучување на Неговиот збор, преку вера во Неговата постојана присутност, и најслабите човечки битија можат да живеат во постојана врска со живиот Спасител. Тогаш, Тој цврсто ќе ја држи душата со Својата десница и никогаш нема да ја остави.
Секоја душа, која престојува во Христа, може и самата да ги изговори овие драгоцени зборови:
„Јас ќе погледнам кон Господа; за моето спасение ќе се надевам на Бога; мојот БоГ ќе ме чуе.
Не радувај се за мене, непријателко моја!
Ако паднам, јас ќе станам; ако седам во темнина,
Господ ќе биде мојата светлина.”
(Михеј 7:7, 8)
„Тој пак ќе се смилува над нас и ќе Ги избрише нашите беззаконија.
Тој ќе Ги фрли сите наши Гревови во морските длабочини! (Михеј 7:19)
Господ ветил:
„Ќе направам човекот да биде поскап од чисто злато, повеќе од офирско злато.”
(Исаија 13:12)
„Ако заспиете во вашите предели, ќе станете како гулаби со сребрени крилја, со перја од чисто злато.”
(Псалм 68:13)
Оние на кои Христос најмногу им простил, најмогу и ќе Го сакаат. Тие се оние, кои во последниот ден ќе застанат најблиску до Неговиот престол.
„Тие ќе го гледаат Неговото лице, а Неговото Име ќе им биде на нивните чела(Откровение 22:4)