ПРЕДГОВОР

Сподели го ова:

Патот на Христијанинот е една од најпрочуените алегории. Ниедна друга книга не е толку преведувана и печатена освен Библијата. Јасно е и зошто, бидејќи Џон Бањан (Јохн Бунѕан 1828-1688) котлар и проповедник на евангелието од Бедфорд, Англија, на толку прекрасен, духовен и достапен начин го опфатил патот и победата на вистинскиот верник и следбеник на Господа Исуса Христа.

Божјите патишта понекогаш се многу чудни, но сепак возвишени и полни со смисла, макар воделе и низ неочекувани ситуации и неволји. Оној што безрезервно ќе му се предаде, може со сигурност да знае дека „сите работи содејствуваат за добро на оние кои го љубат Бога…“ (Римјаните 8:28). Така било и со Џон Бањан, кој несомнено според Божјето провидение поминал дванаесет години во бедфордските затвори и таму, меѓу останатите свои дела, го напишал и ова ремек-дело на христијанската литература.

Ние сме му благодарни на Господа за овој превод на македонски јазик и наша молитва е секој оној што ги чита овие страници да се поистовети себеси со Христијанинот, со Верниот и со Надољуб и да тргне по патот кон небесниот град каде што го чекаат вечна радост и слава.

Сподели го ова:

Слични објави