10 ГЛАВА

Сподели го ова:

Тогаш видов како Надољуб се сврте и го здогледа Незнајко, кого тие го оставија зад нив како ги следи.

–           Види, му рече на Христијанинот колку заостанува ова момче.

–           Да, да гледам дека тој не се интересира за нашето друштво рече Христијанинот.

–           Не би било лошо да го држи чекорот заедно со нас.

–           Вистината ја кажуваш, но ми се чини дека тој мисли поинаку.

–           И мене ми се чини така. Но најпрвин да го почекаме рече Надољуб.

Така и направија. Тогаш Христијанинот повика:

–           Ајде човеку, зошто толку заостануваш?

–           Многу повеќе сакам да одам сам отколку во друштво одговори Незнајко.

Тогаш Христијанинот тивко му рече на Надољуб:

–           Зар не ти реков дека не се грижи за нашето друштво. Туку, ајде да разговараме со него, со цел побрзо да ни помине времето на ова осамено место.

Тогаш повторно му се обрати на Незнајко:

–           Како си? Каков е односот меѓу Бога и твојата душа?

–           Се надевам дека е добар! Секогаш сум исполнет со добри мисли кои ми доаѓаат на ум за да ме утешат на патот одговори Незнајко.

–           Те молам, кажи ми, какви се тие мисли?

–           Размислувам за Бога и за небото.

–           Така прават и ѓаволите и осудените души.

–           Но јас размислувам и имам една желба за нив.

–           Така прават и многумина кои никогаш нема да стигнат таму. „Душата на мрзливиот посакува, но напразно.“ (Изреки 13:4).

–           Да, но јас размислувам за нив и оставам се друго за да ги стекнам.

–           Се сомневам во тоа, бидејќи е тешко да се остават сите работи рече Христијанинот. Тоа е потешко од она што многумина помислуваат. Но, зошто И како си толку сигурен дека си ги оставил сите работи заради Бога и небото?

–           Срцето ми го зборува тоа рече Незнајко.

–           Мудрецот вели: „Кој се надева на себеси, безумен е“ (Изреки 28:26).

–           Тука се зборува за безумното срце. Моето е потполно во ред.

–           Како го докажуваш тоа?

–           Тоа ме утешува со мислите за небото.

–           Можеби те мами; бидејќи човечкото срце може да се утешува со надежите кои немаат оправдана основа.

–           Но моето срце и мојот живот целосно се согласуваат и затоа мојата надеж е добро втемелена.

–           Од каде знаеш дека срцето и животот ти се согласуваат?

–           Срцето ми го зборува тоа.

–           Тоа е слично на изреката: „Прашај го мојот другар дали сум крадец“. Срцето ти го вели тоа! Ако Божјата Реч не сведочи за тоа, другите сведоштва немаат никаква вредност.

–           Зар срцето кое има добри мисли не е добро? А што е со добриот живот кој ги почитува Божјите заповеди рече Незнајко.

–           Навистина, доброто срце има добри мисли и добар живот кој ги почитува Божјите заповеди. Но една работа е да го имаш а сосема друга да размислуваш за тоа.

–           Те молам, кажи ми што подразбираш по добри мисли и живот според Божјите заповеди?

–           Има разни видови добри мисли. Некои се однесуваат на нас, некои на Бога, некои на Христа а некои на сосема други работи рече Христијанинот.

–           Кои се добрите мисли поврзани со нас?

–           Тоа се оние кои се согласуваат со Божјата реч.

–           А кога нашите мисли не се согласуваат со Божјата Реч?

–           Христијанинот: Кога истата осуда ја изрекуваме над нас која ја прогласува и Божјата реч. Но, да ти објаснам подобро: Божјата реч луѓето ги карактеризира според нивната природна состојба: „Нема ниту еден праведен, нема ниту еден кој цини добро“ Исто така вели дека „сите мисли на нивните срца се секогаш само зли!“ И повторно „помислите на срцето човечко се зли уште од младини“ (Битие 8:12). Кога за себе размислуваме на овој начин

тогаш мислите ни се добри, бидејќи се во согласност со Божјата Реч.

–           Никогаш нема да поверувам дека моето срце е толку зло извика Незнајко.

–           Значи дека во својот живот не си имал ниедна добра мисла за себе рече Христијанинот. Но, дозволи ми да продолжам. Како што Божјата реч го осудува нашето срце, така ги осудува и нашите патишта; и кога мислите за нашето срце се согласуваат со осудата на Речта, тогаш се добри бидејќи меѓусебно се согласуваат.

–           Објасни ми го твоето мислење рече Незнајко.

–           Божјата реч вели дека човечките патишта се криви (Изреки 2:15), дека не се добри туку измамливи; вели дека тие по природа се надвор од добриот пат И дека тие не го познаваат истиот. (Псалм 125:5). Кога човекот вака размислува за своите патишта, односно кога размислува сериозно и понизно, тогаш има добри мисли за своите патишта, бидејќи неговите мисли се согласуваат со она што го вели Божјата Реч.

–           Кои мисли за Бога се добри запраша Незнајко.

–           Како што го реков она за нас, истото се однесува и на нашите мисли за Бога кои се согласуваат со она што го вели Божјата реч за Него, односно кога мислиме на Неговата личност и Неговите својства во согласност со Неговата Реч. За тоа не сакам сега пошироко да образложувам. Но, сепак ќе кажам каков е Божјиот однос кон нас. Кога ќе сфатиме дека Бог не познава подобро отколку самите себеси и го гледа гревот во нас кога самите ние не го гледаме и кога ќе сфатиме дека Тој ги знае нашите најдлабоки мисли во нашите срца кои му се секогаш отворени до најголемите длабочини и кога мислиме дека

цела наша праведност лошо мириса поради што не може да ја гледа пред Себе, тогаш имаме добри мисли за Бога.

–           Зар мислиш дека сум толку глупав и дека не знам дека Бог гледа подалеку од мене рече Незнајко. Зар мислиш дека би дошол кај Бога со некои свои заслуги?

–           На кој начин ти размислуваш за оваа тема запраша Христијанинот.

–           Јас накратко сметам дека мора да верувам во Христа заради сопствено оправдување.

–           Како може да сметаш дека треба да веруваш во Христа кога не ја согледуваш сопствената потреба за Него? Ти не ги гледаш сопствените гревови ниту своите лични недостатоци, туку мислењето за себе го изградуваш според она што го правиш, станува очигледно дека никогаш не си ја согледал својата потреба за Христовата праведност која единствена може да те оправда пред Бога. Тогаш како можеш да зборуваш „јас верувам во Христа?”

–           Јас сепак верувам во Него рече Незнајко.

–           Како веруваш во Него запраша Христијанинот.

–           Верувам дека Христос умрел за грешниците и дека ќе бидам оправдан од проклетството пред Бога, затоа што милостиво ќе ја прими мојата послушност кон Неговиот закон. Значи, Христос со своите заслуги прави моите побожни дела да бидат примени од Отецот, и така јас ќе бидам оправдан одговори Незнајко.

–           Би сакал да ти одговорам на твојата исповед на верата:

  1. Ти веруваш со некоја замислена вера која никаде не може да се пронајде во Библијата.
  1. Ти веруваш со лажна вера, бидејќи оправдувањето од Христовата лична праведност си го припишуваш себеси.
  2. Таквата вера прави Христос да ги оправдува твоите дела, а не твојата личност и прави да се оправдуваш со твоите дела. Тоа е лажна наука.
  3. Значи оваа вера е измамлива и ќе те остави под гневот на денот на Семоќниот Бог. Вистинската вера прави душата преку законот да стане свесна за својата состојба, бегајќи кај Христовата праведност. Таа Негова праведност не е дело на милоста која те оправдува и ја прави твојата послушност прифатлива за Бога, туку зависи од Неговата послушност на законот кога го претрпела она што законот го барал од нас. Вистинската вера ја прифаќа таквата праведност. Душата се сокрива под нејзините прегратки и излегува пред Бога без мана. Таа е прифатена и простена и е вината.

–           Што се изненади Незнајко. Зар да се потпрам на она што Христос го постигнал без нас? Тоа би значело испуштање на уздите на страстите и дозвола да живееме според нашите желби. Бидејќи зошто е важно како живееме, кога со вера може да се оправдаме со Христовата праведност?

–           Името ти е Незнајко и ти си како твоето име. Твојот одговор го потврдува тоа. Ти не знаеш која е праведноста која оправдува и на кој начин таа ја чува човековата душа од Божјиот лут гнев кој произлегува од неа. Ти не ги познаваш вистинските последици на спасувачката вера во Христовата праведност. Таа го привлекува срцето кон Бога во Христа и го љуби Неговото име, Неговите зборови, патишта и народ. Таа не дејствува како што замислува твоето незнаење.

–           Прашај го дали некогаш Христос му се открил од небото рече Надољуб.

–           Ти и твоите откровенија се налути Незнајко. Мене ми се чини дека она што го зборувате заедно со вашите истомисленици е плод на еден вжештен мозок.

–           Што зборуваш, човеку му се обрати Надољуб. Христос е скриен во Бога од телесниот разум така што не може никој да го познае доколку Бог, Таткото не му го открие тоа (Матеј 11:27).

–           Тоа е ваше верување, но не и мое. Јас верувам дека мојата вера е исто толку добра како вашата и дека немам чудни идеи во главата како вас.

–           Дозволи нешто да ти кажам се вмеша Христијанинот. Не би требало толку лесно да зборуваш за тоа. Јас цврсто тврдам дека, како што направи мојот добар сопатник, никој не може да го запознае Исуса Христа, доколку Отецот не му го открие тоа (Матеј 11:27). Ако верата со која душата го прифаќа Христа е вистинска, мора да прозилегува од преголемата Негова сила кон сите оние кои веруваат (Ефесјаните 1:18, 19; 1. Коринтјаните 12:3). Како што гледам кутар Незнајко, ти не си свесен за дејствувањето на оваа вера. Затоа разбуди се за да ја согледаш својата жалосна состојба и да побегнеш кон Господа Исуса Христа. Така, преку Неговата праведност, која е и Божја праведност (затоа што Тој е Бог), ти ќе бидеш избавен од осудување.

–           Вие премногу брзо одите и јас не можам да ве следам рече Незнајко. Вие одете напред а јас полека ќе одам зад вас.

Тогаш тие тргнаа и рекоа:

Зар, Незнајко и понатаму ќе бидеш будалетинка,

Да презреш добар совет, кој ти е десет пати даден?

И ако Го одбиеш, ти наскоро ќе Го дознаеш Злото од таа одлука.

Сети се човеку навреме, понизи се, не се плаши,

Добар совет прифатен спасува затоа послушај Но ако Го презреш, ти ќе бидеш Губитник Незнајко, јас ти Гарантирам.

Тогаш Христијанинот му рече на својот сопатник:

Да одиме добар Надољубе. Гледам дека повторно мора да останеме сами.

Потоа видов како побрзаа напред, додека Незнајко полека ги следеше. Тогаш Христијанинот му рече на својот другар:

–           Многу ми е жал за овој човек, бидејќи на крајот ќе помине многу лошо.

–           За жал има многу такви во нашиот град, цели семејства и улици и патници исто така како нас. Кога во нашево место има толку многу, тогаш колку ги има во местото каде што тој се родил рече Надољуб.

–           Божјата Реч вели: „Ги ослепи очите нивни, за да не гледаат.“ Но, сега, кога сме сами, што мислиш за таквите луѓе? Зар тие никогаш не биле уверени за гревот и така последишно ги фаќа страв од положбата во која се наоѓаат?

–           Подобро ти да одговориш на овие прашања бидејќи си постар рече Надољуб.

–           Мене ми се чини дека имаат страв рече Христијанинот, но бидејќи по природа се незнајковци тие не раз-

бираат дека таквото уверување води кон добро и затоа се обидуваат со своја сила да го задушат и да продолжат да си ласкаат себеси со своите сопствени патишта.

–           И јас верувам исто како тебе, односно дека стравот ги води луѓето кон добро и ги поттикнува за добро да тргнат на вакво патување се согласи Надољуб.

–           Секако, дополни Христијанинот, само доколку се работи за вистински страв, бидејќи Божјата реч вели: „Стравот Господов е почеток на мудроста“ (Изреки 9:10; Јов 28:28; Псалм 111:10)

–           Како би го опишал вистинскиот страв?

–           Вистинскиот страв се познава според следното:

  1. По својот настанок: тој е причинет од спасоносни убедувања за гревот.
  2. Заради спасението ја тера душата цврсто да се држи за Христа.
  3. Во душата буди големо почитување кон Бога, Неговата реч, Неговите патишта и ја прави чувствителна, на тој начин што не презема ниедна активност со која би го обесчестила Бога, би го нарушила внатрешниот мир и би го ожалостило Духот, така што на непријателот ќе му даде повод прекорувачки да зборува.

–           Добро рече, кажа Надољуб јас верувам дека ја зборуваш вистината. Туку, дали веќе излеговме од маѓепсаната земја?

–           Зошто? Дали ти здосади ваквиот разговор?

–           Не, туку би сакал да знам каде сме.

–           Ни остана уште малку да поминеме рече Христијанинот. Но, да се вратиме на нашата тема. Незнајковците не знаат дека ваквите убедувања, кои внесуваат страв, се

насочени кон нивното добро и затоа се обидуваат да ги задушат.

–           Како се обидуваат да го направат тоа запраша Надољуб.

Христијанинот одговори:

  1. Мислат дека тој страв доаѓа од ѓаволот (кога тој потекнува од Бога) и мислејќи така му се спротивставуваат како кон некоја работа која сака да ги уништи.
  2. Мислат дека таквите стравувања ја расипуваат нивната вера, но тие бедни луѓе воопшто ја немаат во себе и на тој начин ги затврднуваат своите срца.
  3. Сметаат дека не треба да се плашат и затоа глумат дека се полни со доверба.
  4. Гледаат дека таквите стравувања ги одвлекуваат од нивната жалосна самосветост и со сите сили им се спротивставуваат.

–           И јас знам нешто за тоа рече Надољуб бидејќи и јас правев така додека доволно не се запознав себеси.

–           Добро, да го оставиме сега нашиот сосед Незнајко и да поминеме на некој друг корисен разговор предложи Христијанинот.

–           Со драга волја, но ти почни прв.

–           Добро. започна Христијанинот. Дали пред некое време познаваше некој по име Привременко кој потекнуваше од твојот крај и имаше истакната улога во религијата?

–           Како да не! Живееше во Безблагодатник, еден град во близината на Чесност и беше сосед на некој Повратник Пишмановски одговори Надољуб.

–           Токму така. рече Христијанинот. Живееја во иста куќа. Во едно време тој се разбуди. Верувам дека

тогаш имаше некое сознание за гревот и платата која го чека грешникот.

–           И јас мислам така, бидејќи мојата куќа не беше многу далеку од неговата дополни Надољуб. Често доаѓаше кај мене и многу солзи лееше. Ми беше жал и не бев ја изгубил целосната надеж за него. Но се гледа дека не е верен секој кој вика: „Господе, Господе!”

–           Еднаш ми рече дека решил да тргне на едно патување слично на нашето. Но се запознал со некој Самоспас и тогаш ми стана странец на мене рече Христијанинот.

–           Кога веќе разговараме за него, ајде да ги видиме причините зошто тој и другите отстапуваат на ваков начин.

–           Тоа би било корисно рече Христијанинот. Сега ти прв можеш да почнеш!

–           Добро! Според мое мислење има четири причини:

  1. Иако совеста на таквите луѓе може да се разбуди, духот во нив не се менува. Значи, кога чувството за вина ќе ослаби и она што ги натерало на побожност престане, тие се враќаат на своите стари патишта, слично на кучето на кое ќе му се згади она што го изело па ќе го поврати. Тој не го прави тоа поттикнат од својата слободна волја (ако може да се каже дека кучето има слободна волја) туку заради пречките кои ги има во стомакот. Но, кога ќе му помине маката и стомакот ќе му се смири, не му се гади повторно истото да го изеде она што го повратил. Затоа пишува: „Песот се враќа на својата блујавица“ (2. Петрово 2:22). Така и овие луѓе ќе се загреат за небото само поради стравот од маките во пеколот и кога овој страв ќе олади и нивните желби за небото

и среќате ќе се оладат, тие се враќаат на своите стари патишта.

  1. Со нив господари ропскиот страв од луѓето. Зборувам за стравот кој тие го имаат од луѓето затоа што „страшливиот човек сам си подметнува стапица“ (Изреки 29:25). Изгледа дека се огнени за небото кога пламенот на пеколот се наоѓа пред нивните очи. Но, кога малку ќе помине стравот, се менуваат и нивните мисли. Мислат дека е добро да бидеш мудар, но дека не треба да се ризикува (ни самите не знаат што) се да загубат и да се доведат во непотребни неволји и затоа повторно се враќаат во светот.
  2. Им смета срамот кој ја следи верата. Тие се горделиви и арогантни, додека верата во нивните очи е ниска и презрена, така што кога ќе го изгубат чувството за пеколот и гневот кој доаѓа, повторно се враќаат на стариот пат.
  3. Тешко им е да размислуваат за својата вина и за стравот. Кога би виделе, можеби би побегнале на местото каде што бегаат праведните за да ја најдат својата сигурност. Но, бидејќи ја потиснуваат мислата за вината и ужасот, како што реков порано, кога еднаш ќе се ослободат од стравот и Божјиот гнев кој се буди во нив, нивните срца отврднуваат и тие ги избираат патиштата кои уште повеќе ќе ги закорават.

Погоди точно во мета, рече Христијанинот бидејќи главната причина е во тоа што нивните мисли и волја не се променети. Затоа тие се како крадец кој стои пред судија, целиот се тресе од страв и би рекол дека искрено се кае, но тој чувствува страв само од фактот што

би можел да оди на бесилка. Чувствува некоја одвратност кон сопственото злосторство и тоа јасно се гледа, но кога би го пуштиле, тој сепак би останал крадец. Меѓутоа, кога би се промениле неговите мисли, тој сосема поинаку би се однесувал.

–           Ете, јас ти покажав зошто отпаѓаат, а сега ти покажи ми како го прават тоа.

–           Со драга волја рече Христијанинот.

  1. Ги одвраќаат своите мисли од сеќавањето на Бога, смртта и судот кој доаѓа.
  2. Потоа постепено ги оставаат своите лични должности како што се тајната молитва, контролирањето на страстите, покајанието од гревот итн.
  3. Потоа ја избегнуваат заедницата на живите и огнени христијани.
  4. Тогаш стануваат студени кон верските должности како што се слушањето, читањето, побожните разговори итн.
  5. Почнуваат да бараат забелешки во побожните луѓе за да имаат причина да ја остават верата (бидејќи откриле некоја мана кај нив).
  6. Потоа почнуваат да се дружат со телесни и невоздржани луѓе.
  7. Тајно се впуштаат во телесни и грешни разговори и се радуваат кога ќе пронајдат такви работи во луѓето кои се сметаат за чесни, со цел да ги оправдаат сопствените дела.
  8. Потоа почнуваат отворено да прават мали гревови.
  1. Кога срцето целосно ќе им затврдне, тие го покажуваат вистинското лице. На тој начин тие се фрлени назад во бездната на жалоста и доколку не бидат спасени од чудотворната милост, засекогаш пропаѓаат во своите заблуди.
Сподели го ова:

Слични објави