3 ГЛАВА

Сподели го ова:

Тогаш во сон видов дека патот по кој требало да помине Христијанинот од двете страни е ограден со ѕид кој се викаше Спасение (Исаија 26:1; 35:8; 60:18). Христијанинот со голема мака го продолжи патот поради товарот кој го носеше. Така одеше се додека не стигна до брегот каде што патот почна да се искачува. Тука се наоѓаше крстот, а малку подолу од него имаше гроб. Во сон видов како Христијанинот му пристапува на крстот. Бидејќи погледна во него, товарот од неговите плеќи падна и се стркала до гробот. Тука исчезна и повеќе не го видов. (1. Петрово 2:24, Римјаните 8:2; Галатјаните 2:20).

Тогаш Христијанинот се израдува, бидејќи му олесна и со весело срце изговори: „Со својата мака ми даде спокој а со Својата смрт ми даде живот“. Потоа застана да го разгледа местото и да размислува, бидејќи многу се зачуди што товарот му исчезна кога го погледна крстот. Така гледаше, се додека солзи не потекоа низ неговото лице. (Захарија 12:10)

Тројца Свети

Додека стоеше и плачеше ми пријдоа три Блескави личности и го поздравија со зборовите „Мир со тебе.“ Првиот му рече: Гревовите ти се простуваат (Марко 2:5; Лука 7:48). Другиот му ги симна парталите и го облече во нова облека. Третиот му стави белег на челото (Откровение 7:3; Ефесјаните 1:13) и му даде запечатен свиткан лист хартија (2. Коринтјаните 3:3; 1:22) кажувајќи му да гледа во него додека трча и да го предаде кај небесната врата. Потоа тие си заминаа. Тогаш Христијанинот три пати потскокна од радост и тргна со песна во усните:

До овдека дојдов отоварен со својот грев Не можев да најдам олеснување за жалта која ја имав, Додека не дојдов до ова место; какво ли е само ова место! Дали овде е почетокот на мојата голема радост?

Дали овде бремето падна од мојот грб?

Дали овдека се скинаа врвките кои ме врзуваа? Благословен крст! Благословен гроб! Но блаѓословен Да е човекот кој таму беше изложен на срам заради мене!

Простиот, Мрзливецот и Самоуверениот

Тогаш во сон го видов Христијанинот како весело слезе од брдото и покрај патот забележа тројца луѓе кои цврсто спиеја и чии нозе беа оковани со синџири. Едниот се викаше Прост, другиот Мрзливец а третиот Самоуверен. Гледајќи ги како лежат спокојно, тој им пријде да ги разбуди и извика:

–           Вие сте како Оној кој спие на врвот на јарболот (Изреки 23:34), бидејќи под вас се наоѓа длабоко море. Тоа е бездна без дно. Пробудете се и тргнете по мене и јас ќе ви помогнам да ги симнете оковите! Потоа додаде: Ако наиде оној кој рика како лав, сигурно ќе станете плен на неговата уста (1. Петрово 5:8).

Тогаш го погледнаа и му одговорија на следниот начин:

–           Јас не гледам никаква опасност кажа Простиот

–           Пушти не да спиеме уште малку, дополни Мрзливецот.

–           Секој е ковач на својата среќа. Што уште може да дополнам? заврши Самоуверениот.

Потоа се завртија и продолжија да спијат. Христијанинот го продолжи својот пат. Му беше чудно што луѓето во таква опасност не се грижеа за љубезноста која сакал мислостиво да им ја покаже. Ги разбудил и ги посоветувал. сакал да им помогне да ги симнат оковите, но тие сепак го одбиле.

Формалист и Лицемер

Додека беше вознемирен заради тоа, ги здогледа овие луѓе како го прескокнуваат ѕидот од левата страна на тесниот пат и побрзаа да го стигнат. Едниот се викаше Формалист а другиот Лицемер. Како што реков, му се приближија и го започнаа следниот разговор:

–           Господа, од каде доаѓате и каде одите? запраша Христијанинот.

–           Родени сме во земјата Суета и одиме на гората Сион за да постигнеме слава му одговорија Формалистот и Лицемерот.

–           А зошто не влеговте низ вратата која е на почетокот на патот? Зар не гледате дека пишува: „Кој не влегува низ вратата а прескокнува од друга страна, тој е крадец и разбојник“ (Јован 10:1) рече Христијанинот.

–           Сите наши сонародници зборуваат дека таа врата е многу далеку. Затоа одат попреку и прескокнуваат преку Ѕидот.

–           Зар тоа не е престап против Господарот на градот во кој одиме, за така да ја прекршуваме Неговата објавена волја?

–           Не оптоварувај се со тоа. Нашите одамна го прескокнуваат ѕидот на тој начин, продолжија Формалистот и Лицемерот. Тоа го прават повеќе од илјада години.

–           Дали овој наш обичај може да се одржи на судот? повторно запраша Христијанинот.

–           Бидејќи овој обичај постои повеќе од илјада години, сигурно ќе биде признат како законски пред непристрасниот Судија рекоа Формалистот и Лицемерот. Покрај тоа сега сме на патот и не е важно како сме дошле на него. Најважно е дека ние сме на добар пат. Ти си на патот затоа што влезе преку таа врата, исто како нас кои прескокнавме преку ѕидот. Тогаш, во што си подобар од нас?

–           Јас одам според одредбите на мојот Господар, а вие се управувате според вашите измамливи желби. Господарот на патот веќе ве смета за крадци и не верувам дека ќе бидете прогласени за праведници кога ќе стигнете до самиот крај. Вие влеговте сами без Неговото упатство и самите себеси без Неговата милост ќе се исфрлите рече Христијанинот. На тоа кратко му одговорија да си ја гледа својата работа. Без многу разговор секој си го продолжил својот пат, освен забелешката на двајцата кон Христијанинот во поглед на законските одредби, дека тие совесно ќе ги исполнат како и самиот тој.

–           Не гледаме по што се разликуваш од нас, освен по облеката која ја носиш и која сигурно ти ја дале некој од твоите соседи за да ја покриеш сопствената голотија рекоа Формалист и Лицемер.

–           Според законските одредби нема да бидете спасени, бидејќи вие не влеговте низ вратата (Галатите 2:16) одговори Христијанинот. А што се однесува до облеката што ја носам, неа ми ја даде Господарот на местото во кое одам за да ја покријам сопствената голотија. Ја примив како доказ на Неговата милост кон мене. Порано носев само партали. Покрај тоа се утешувам и со следната мисла: Кога ќе дојдам до вратата на градот, Господ сигурно ќе ме препознае според оваа облека, бидејќи Тој ми ја подари во оној ден кога од мене ги слече парталите. Веројатно не забележавте дека имам и знак на челото кој ми го даде еден од најблиските Господови слуги во оној ден кога товарот ми падна од плеќите. Покрај тоа, ми беше даден и еден запечатен свиток за да ме утешува додека патем го читам. Ми беше речено да го предадам кај небесната врата како знак дека сум примен. Вам сигурно ви недостасуваат овие работи бидејќи не влеговте низ вратата.

На ова не можеа ништо да му одговорат, туку само се погледнаа и се насмеаја. Потоа видов како го продолжуваат патот. Христијанинот постојано одеше пред нив. Повеќе не разговараше со нив, туку самиот со себе. Се радуваше, се утешуваше и воздивнуваше. Често го читаше свитканиот лист хартија што му го дадоа ангелите. Тоа го освежуваше.

На гората Тегоба

Тогаш сите заедно стигнаа до гората која се викаше Тегоба и во чие подножје се наоѓаше еден извор. Покрај оној што водеше право до вратата, тука се наоѓаа уште две патеки. Едната водеше налево, а другата десно околу брдото, додека тесниот пат одеше низбрдо, се до гората Тегоба. Христијанинот отиде до изворот, се напи и се освежи, (Псалм 36:91; Јоил 3:18; Исаија 49:10) и потпевнувајќи почна да се качува:

На високата гора сакам да одам,

Покрај сите тешкотии на врвот на стигнам,

Бидејќи гледам, патот во живот ме води,

Охрабри се и без страв оди,

Подобро со мака на гората да се дојде,

Отколку без мака во погибел да се појде.

Пропаста на Формалист и Лицемер

И овие двајца стигнаа до подножјето на брдото. Но, кога видоа колку е стрмно и високо, а згора на тоа постојат уште две патеки, претпоставувајќи дека тие ќе се сретнат со патот по кој одел Христијанинот од другата страна на гората, решија да тргнат по овие патишта. Едниот пат се викаше Опасност а другиот Пропаст. Значи, едниот тргна по патот на опасноста и наскоро стигнал до една густа шума. Другиот тргна по патот на пропаста што го одвел до едно место полно со дупки каде што се сопнал и паднал во неповрат.

Христијанинот закрепнал, а потоа бил совладан од сон

Гледав како Христијанинот се качува низбрдо и согледав дека престана да трча. Почна да оди со обичен чекор, а потоа четвороношки, бидејќи патот беше многу стрмен. Некаде на половина пат се наоѓаше едно убаво одморалиште кое господарот на таа гора го направил за освежување на уморните патници. Христијанинот сврати и седна да се одмори. Го извади превитканиот лист од пазувите и почна да чита и да се утешува. Ја погледна облеката што ја прими пред крстот и во неа најде големо задоволство, а на крајот заспа со тврд сон и ноќта полека се спушти. Додека спиеше, свитканиот лист му падна од раката. Тогаш го разбуди еден човек и му рече:

„Оди при мравката, о мрзливецу набљудувај ги нејзините патишта и биди мудар“. (Изреки 6:6; Јона 1:6)

Христијанинот брзо стана, забрза на својот пат и стигна на врвот на гората.

Плашливко и Недоверко

Кога стигна на врвот на гората, кон него дотрчаа двајца луѓе. Едниот се викаше Плашливко а другиот Недоверко.

Христијанинот ги праша:

–           Што правите кога трчате во погрешен правец? Плашливко му раскажа дека оделе во градот Сион кога стигнале на ова опасно место. Тој дополнил:

–           Колку подалеку одиме, толку патот станува поопасен. Затоа се свртевме и се враќаме назад.

–           Така е, додаде Недоверко, бидејќи малку понапред на патот се наоѓаат два лава. Не знаеме дали спијат или се

будни, но сигурни сме дека би не растргнале кога би им се приближиле.

Вие мене ме заплашивте рече Христијанинот но каде да бегам? Не можам да се вратам во својата земја, бидејќи нејзе и е судено да изгори во оган и сулфур. Таму сигурно би пропаднал. Сакам да дојдам во небесниот град! Знам дека таму ќе бидам надвор од секаква опасност. Морам да одам напред! Да се вратам назад би значело сигурна смрт. Напред има опасност од смртта, а потоа вечен живот. Сепак ќе одам напред.

Во потрага по загубениот свиток

Така Плашливко и Недоверко потрчаа низ брдото, а Христијанинот насамо го продолжи патот. Но размислувајќи за она што му го рекоа овие двајца, ја вовлече раката во пазувите за да го извади свитканиот лист но не го најде. Поради тоа Христијанинот многу се вознемири и не знаеше што да прави. Му недостасуваше свитокот кој го утешуваше и поради кој требаше да биде примен во небесниот град. Многу се збуни и не знаеше што да прави. Конечно се потсети дека спиеше во одмаралиштето покрај патот. Падна на колена и го замоли Бога да му ја прости оваа невнимателност, а потоа се врати да го пронајде свитокот. Кој може да ја опише тагата во миговите кога се враќаше назад. Во еден момент воздивнуваше, во друг момент плачеше и се укоруваше себеси што како безумник заспал на местото кое било наменето само за мало освежување. Се враќаше внимателно гледајќи на двете страни со надеж дека ќе го најде свитканиот лист кој многу пати го утешуваше на неговиот пат. Така одеше додека не го здогледа одмаралиштето во кое застана и заспа. Но, штом го забележа, уште повеќе се вознемири заради својот голем пропуст. (1. Солунјаните 5:4-8). Одеше и го оплакуваше својот грешен сон: „Ах, колку сум беден. Успеав да заспијам среде бел ден! Зошто заспав среде тешкотиите? Зошто толку му попуштив на своето тело и барав олеснување во тоа одмаралиште кое Господарот на гората го изградил само за освежување на духот на патниците! Колку пат поминав без потреба! Тоа им се случило и на Израеловите деца поради гревовите што ги сториле. Тие морале да се враќаат преку Црвеното море. И јас сега со тага морам да одам на патот по кој требаше да одам со радост, кога не би заспал. Колку далеку ќе бев сега! Но, сега морам три пати да одам по истиот пат, иако можев да поминам само еднаш. Ноќта ќе ме фати, бидејќи денот скоро изминува. О, да не бев заспал!”

Така стигна повторно до одмаралиштето каде што малку поседе и заплака. Конечно жалосно погледна под клупата и го здогледа својот свиток, го зеде во трепет и набрзина и го врати во своите пазуви. Кој би можел да опише колку се израдува кога го пронајде? Тој свиток му беше уверување за живот и прифатеност за влегување во пристаништето што го посакуваше. Затоа го стави во пазувитете, му заблагодари на Бога што му ги насочи очите на вистинското место и со солзи радосници продолжи понатаму. Колку брзо се качи на гората! Но, сонцето веќе беше зајдено, а тој се уште не беше искачен на врвот. Повторно се потсети колку невнимателно заспал и почна да се јадосува: „Заради грешното спиење, ме затекна ноќ на патот. Ќе морам да одам без сончевата светлина. Мрак ќе ја обвие мојата патека, а викотницата на опасните ѕверови морам постојано да ја слушам. Само поради грешниот сон што ме зафати“. Тогаш се потсети што му рекоа Плашливко и Недоверко, односно како тие се уплашиле од лавовите. Затоа Христијанинот си рече самиот на себе: „Овие ѕверови навечер бараат плен и ако ме сретнат во мракот, не знам како би можел да им се спротивставам. Како да побегнам без да ме растргнат?“ Така тажен одејќи по патот и оплакувајќи ја својата зла судбина, ги подигна очите и пред себе здогледа еден прекрасен дворец што се викаше Прекрасен и беше изграден покрај самиот пат.

Лавови

Во сон видов како побрза за ако е можно таму да си најде преноќиште. Не се оддалечи многу, кога се најде во еден многу тесен премин кој во последните двесте метри водеше до капијата. Погледна и забележа два лава на патот. „Сега гледам,“ извика Христијанинот „Тоа е опасноста што ги одвратила Плашливко и Недоверко. (Лавовите беа врзани со синџир, но тој не го забележа тоа). Страшно се исплаши и помисли дека би било најдобро самиот да се врати, бидејќи му се причинуваше дека го чека сигурна смрт. Но чуварот на портите, Бдејко, виде како Христијанинот застана со намера да се врати и затоа му довикна:

Зар твојата сила е толку мала? Не се плаши од лавовите. Тие се врзани, за да се испита кој има вера а кој не. Држи се до средината на патот и ништо нема да ти се случи.

Тогаш го видов како оди тресејќи се од лавовите, но добро внимавајќи на советите на чуварот. Слушна рикање на лавови, но тие ништо не му направија. Тогаш плесна со рацете и дојде до самата порта каде што беше портирот. Тогаш Христијанинот му рече на портирот:

„Господине, каква е оваа куКа и дали може овде да пренокевам?

–           КуКата ја изградил Господарот на гората за одмор и безбедност на патниците одговори чуварот и потоа го запраша од каде доаѓа и каде оди.

–           Доаѓам од градот Пропаст кон гората Сион одговори Христијанинот но бидејКи сонцето веКе зајде, сакам, ако е можно, овде да пренокевам.

–           Како ти е името?

–           Јас се викам Христијанин, но порано бев без Божјата милост. Јас сум од родот на Јафет кого Бог Ке го убеди да живее во Симовите шатори. (Битие 9:27).

–           А зошто толку доцна стигнуваш? запраша чуварот, сонцето е веКе зајдено.

–           Ќе стигнев и порано, но заспав во одмаралиштето кое се наоѓа на другата страна на брдото. Но и покрај тоа, Ке стигнев порано да не го изгубев свитокот. Кога тоа го забележав, веКе бев на врвот на гората и кога го побарав и не го најдов бев приморан со голема болка во срцето да се вратам на местото каде што заспав, така што се вратив и конечно го пронајдов. И сега сум тука.

–           Добро рече чуварот Ке повикам една девојка од ова место која, ако и се допаѓа тоа што Ке го кажеш, Ке те запознае со домашните, бидејКи тоа го налагаат правилата на оваа куКа.

–           Веднаш потоа Бдејко, портарот заѕвони на вратата каде што се појави една сериозна и прекрасна девојка по име Разумност, која запраша зошто ја викаат. Чуварот амп; одговори:

–           Овој човек доаѓа од градот пропаст кон гората Сион, но бидејКи се изморил и ноКта го зафатила, прашу-

ва дали може да преноќева на ова место. Му реков дека ќе те повикам малку да поразговараш со него, а ти направи онака како што ти изгледа угодно, според правилата на оваа куќа.

Тогаш таа го запраша Христијанинот од каде доаѓа и каде оди, на што тој амп; одговори. Го праша и како дошол на овој пат, а тој амп; раскажа. Потоа го праша што видел и што доживеал на патот, а тој се амп; опиша. Таа на крајот го праша како се вика.

–           Се викам Христијанин и имам голема желба да преноќам на ова место. Гледам дека го изградил Господарот на гората за одмор и сигурност на патниците.

Таа се насмевна, а очите и се наполнија со солзи. По краткиот молк, таа рече:

–           Ќе повикам уште две-три свои роднини!

Потоа истрча до вратата и ги повика Мудрост, По-

божност и Љубов кои, по краток разговор, го внесоа во куќата. На прагот го дочекаа и многу други со зборовите:

–           Влези, благословен од Господа, оваа куќа ја изгради Господарот на брдото за да ги прими патниците како тебе. Тој се поклони и влезе со нив.

Христијанинот раскажува за своите доживувања

Кога влезе и седна, му дадоа нешто да се напие и започнаа разговор за да го користат времето на најдобар начин, додека не се подготви вечерата. Мудрост, Побожност и Љубов разговараа со него. Нивниот разговор течеше вака:

–           Ајде, добар Христијанину, почна Побожност кога веќе ние бевме толку мили кон тебе и те примивме

во оваа куќа, да поразговараме за она што го доживеа на патот, зашто можеби и ние ќе научиме нешто корисно.

–           Со драга волја! Се радувам што вака ме примивте рече Христијанинот.

–           Што те поттикна да тргнеш на овој пат? праша Побожност.

–           Јас заминав од своето родно место заради ужасиот звук кој беше во моите уши, со други зборови тоа неизбежно уништување постојано ме пратеше, доколку останев во местото каде живеев.

–           Но како се случи да одиш по овој пат од твоето место?

–           Бог го направи тоа одговори христијанинот бидејќи, кога се исплашив дека ќе пропаднам, не знаев каде да тргнам. Но, додека треперев и се плашев, наиде еден човек по име Евангелист, кој ме упати кон малата врата која инаку никогаш не би ја нашол. Тој ме испрати на патот кој ме доведе токму до оваа куќа.

–           Зар не помина покрај куќата на Толкувачот? запраша Побожност.

–           Поминав и видов некои работи кои додека сум жив нема да ги заборавам, посебно три нешта. Прво, како Христос, и покрај противењето на сатаната, го одржува делото на благодатта во срцето; второ, како еден човек преку грешење скоро целосно загубил надеж за Божјата милост и трето, како еден човек сонувал дека дошол судниот ден.

–           А дали го слушна како го раскажува својот сон?

–           Да, слушнав колку страшни работи видел. Срцето ме болеше додека ми раскажуваше, но сепак ми е мило што го слушнав рече Христијанинот.

–           Дали тоа беше се што виде во куќата на Толкувачот? запраша Побожност.

–           Не, одговори Христијанинот ме одведе да ми покаже еден прекрасен дворец. Луѓето во него беа облечени во злато. Тогаш дојде еден смел човек и се проби меѓу наоружаните чувари што стоеја пред вратата и како беше повикан да влезе и да се здобие со вечна слава. Срцето ми заигра од радост и посакав да останам една година во таа куќа, но знаев дека треба уште многу да патувам.

–           Што уште виде на патот?

–           Што уште видов? рече Христијанинот. Само што тргнав, здогледав еден крвав човек како виси на крст. Штом го погледнав, ми падна товарот од плеќите (до тогаш се мачев под едно тешко бреме). Ми беше многу чудно, бидејќи такво нешто никогаш не сум видел. Додека гледав нагоре, (затоа што не можев да ги тргнам очите од Него) се појавија три светли суштества. Едното ми рече дека гревовите ми се простени, другото ми ги симна парталите и ми даде везена облека што сега ја гледаш и третото суштество ми го стави овој знак на челото и ми даде еден запечатен свиток. (Кога го рече тоа, го извади свитокот од пазувите).

–           Сигурно си видел и нешто друго додаде Побожност.

–           Тоа беше најубавото рече Христијанинот но видов и многу други работи. Имено, тројца луѓе: Прост, Мрзливец и Самоуверен како спијат покрај патот со оковани нозе. Никако не можев да ги разбудам! Го видов и Формалист и Лицемер како прескокнуваат преку ѕидот за да одат на Сион, но набргу се изгубија. Најтешко ми беше да се качам на оваа гора и да поминам покрај лавовите. Дане беше оној добар чувар, Портирот, кој стои при портата, веројатно би се вратил. Но, сега му благодарам на Бога што дојдов овде и ви благодарам и вам што ме примивте.

Потоа Мудрост одлучи да постави неколку прашања:

–           Дали понекогаш размислуваш за земјата од која доаѓаш?

–           Помислувам, но со многу срам и одвратност. Кога не би ја заборавил земјата од која доаѓам, сега веќе би се вратил, бидејќи имав многу можности за тоа; но сега копнеам за подобра, односно небесна татковина (Евреите 11:15, 16).

–           Дали со себе се уште носиш некои од работите што ги имаше таму?

–           Да, но без своја волја. Особено мислам на внатрешните, телесни размислувања во кои уживавме заедно со моите сограѓани. Но сега тие работи ги мразам и кога би можел слободно да избирам, повеќе никогаш не би размилувал за нив. Кога сакам да правам добро, гледам дека злото се наоѓа во мене (Римјаните 7:15-23).

–           Дали некогаш ти се чини дека некои работи што ти се искушение, како да не постојат во одредени моменти запраша Мудрост.

–           Да, но ретко одговори Христијанинот. Кога тоа се случува тогаш ги доживувам моите златни часови.

–           Дали се сеќаваш на кој начин тие искушенија како да се победени во одредени моменти?

–           На пример: Секогаш кога ќе размислувам на она што го видов на крстот и кога ќе ја погледнам својата облека и свитокот што го носам во пазувите и кога срцето ми заигрува при помислата на онаа земја рече Христијанинот.

–           А зошто толку сакаш да отидеш на гората Сион запраша Мудроста.

–           Се надевам дека таму ќе го видам Оној кој висеше мртов на крстот и дека ќе ме ослободи од сето она што ми е пречка до овој ден. Велат дека таму нема смрт (Откровение 21:4) и дека таму ќе можам да престојувам со друштво какво највеќе посакувам. Затоа, право да ти кажам, рече христијанинот јас го сакам Оној кој го симна мојот товар. Јас сум уморен од борбата со искушенијата. Посакувам да бидам таму каде што никогаш нема да умрам и со оние кои вечно воскликнуваат: „Свет, Свет, Свет!”

Тогаш Љубов го запраша Христијанинот:

–           Дали имаш семејство? Дали си оженет?

–           Имам жена и четири деца.

–           Зошто и нив не ги поведе со себе?

Христијанинот се расплака и рече:

–           Со драга волја би го направил тоа, но сите тие беа целосно против моето патување.

–           Требаше да им кажеш и да се обидеш да им објасниш дека е многу опасно да останат на тоа место.

–           Им реков, рече Христијанинот. Им зборував за пропаста на градот која Бог ми ја покажа. А нив им се стори дека се шегувам и не ми поверуваа (Битие 19:14).

–           Дали се молеше Бог да ги благослови твоите зборови?

–           Да, многу огнено; мора да знаеш дека мојата сопруга и сироти деца ми се многу драги.

–           Дали им рече за својата сопствена мака и страв од уништувањето, бидејќи претпоставувам дека тоа уништување ти беше доволно видливо?

–           Тоа постојано им го повторував. По моето лице и солзите на него можеа да видат колку се плашам од судот што доаѓа. Но, тоа сепак не беше доволно за да ги убедам да тргнат со мене.

–           Дали ти рекоа зошто не сакаат да појдат со тебе?

–           Мојата жена не сакаше да го остави овој свет, а децата ги привлекуваат лудите задоволства на младоста. Така еден заради една работа а друг заради друга, ме оставија самиот да патувам.

–           Можеби со својот невнимателен живот си го расипал сето она што си сакал да го постигнеш со зборовите додаде Љубов.

–           Па, не можам многу да се фалам со својот живот, бидејќи знам дека имам многу недостатоци. Знам дека човекот може многу лесно да го разурне преку своето однесување сето она што сакал со своите зборови да им го докаже на другите за нивно добро. Но, сепак можам да ти кажам дека се чував со некоја своја непримерна постапка да не им дадам изговор да не тргнат по мене. Токму заради тоа ми зборуваа дека сум ситничар и дека заради нив се откажувам од работите во кои тие не гледаат никакво зло. Можам да кажам дека, ако во мене видеа нешто што би ги одбило, тоа било мојата чувствителна совест да не згрешам против Бога или да направам какво и да е зло против својот ближен.

–           Каин го мразел својот брат затоа што неговите дела биле зли, а делата на неговиот брат праведни (1. Јованово 3:12). Ако твојата жена и децата биле против тебе заради тоа, со тоа покажале дека не се грижат за доброто. Ти ја сочува својата душа од нивната крв рече Љубов (Езекиел 3:19).

На Господовата вечера

Потоа во сон видов дека седеа и разговараа до вечерата. И потоа седнаа да јадат. Трпезата беше поставена со мрсни нешта и месо и вино без талог (Исаија 25:6). Цело време разговараа за Господарот на гората, за тоа што го направил и од кои причини го направил тоа и зошто ја изградил таа куќа. Од она што зборуваа, дознав дека бил голем воин кој се борел и го победил оној што ја има власта над силата на смртта (Евреите 2:14, 15), со голема опасност за себеси, поради што многу повеќе го засакав. Како што рекоа, и како што јас верувам, тоа го чинеше многу пролеана крв. Но, круна на Неговата голема слава беше дека тој тоа дело го направи од чиста љубов кон оваа земја. Покрај тоа, во куќата имаше некои што тврдеа дека го видоа и разговараа со Него по неговата смрт на крстот. Тие сведочат дека самиот им рекол дека неговата љубов кон сиромашните патници не може да се спореди со ниедна друга на земјата. Дадоа потврда за она што го видоа, бидејќи велат дека ја оставил својата слава за да го направи тоа за сиромашните. Го слушнале како зборува и потврдува дека нема самиот да живее на гората Сион. Велат дека направил принцеви од многу патници, кои биле родени како просјаци на буниште (1. Самоилова 2:8; Псалм 113:7, 8).

Одмор

Така разговараа до доцна во ноќта и кога му се предале на Господа да ги чува, заминаа на спиење. Го одвеле патникот во една пространа соба на катот каде што прозорците гледале кон изгрејсонцето. Собата се викала Мир. Христијанинот спиел до зори, а кога се разбудил ја запеал следната песна:

Каде сум? Зар толкава грижа и љубов Исус има Кон браќата тие што патници станаа,

Така да се погрижи за мене да ми биде простено И да веќе пребивам како да сум близу до рајот.

Знаменитостите на куќата

Изутрината сите станаа и му одреден разговор му рекоа да не продолжува понатаму додека не му ги покажат знаменитостите на тоа место. Најрпвин го одведоа во собата за проучување, каде што му ги покажаа записи од прастари времиња. Во една од книгите му го покажаа родословот на Господарот на гората каде што може да се види дека е Син на Оној што отсекогаш постои (Даниел 7:3) и дека има вечно потекло. Тука беа поцелосно запишани сите Негови дела како и имињата на многу стотици луѓе кои ги примил во своја служба. Подоцна нив ги сместил во живеалишта коишто не можат да бидат поткопани од забот на времето ниту од каков било трулеж. Потоа му ги читаа делата што ги направиле некои од Неговите слуги. Како тие победиле царства; постапиле праведно, се здобиле со ветувања, затвориле лавовски усти, пламени јазици згаснуваа, од меч се избавуваа, иако беа немоќни, добиваа сила и моќ во битка и пред кои бегаа непријателските војски“.

Потоа му читаа од други записи на куќата каде што пишуваше дека нивниот Господар во својата милост сака сите да ги прими, иако во минатото можеби тие нанесувале навреди на Неговата личност и на Неговото дело. Имало записи и за други познати работи. Сето тоа му го покажале на Христијанинот, но и многу други стари и нови работи, пророштва и претскажувања за она што

сигурно ќе се случи за вчудоневидување и застрашување на непријателите, но за утеха и задоволство на патниците.

Утредента го однеле во ризницата на оружјето, каде што му покажале разно оружје кое Господ го подготвил за патниците. Тука имало мечеви, штитови, шлемови, градници, молитви и облеки кои никогаш нема да изветват (Ефесјаните 6:13-18). Имало толку доволно од сите работи да бидат наметнати толку многу луќе за слуќбан а Нивниот Господ колку ѕвездите на небото.

Му ги покажале и средствата со кои некои од слугите направиле чудесни дела. Му ја покажале Мојсеевата палка, чеканот и колецот со кој Јаила го убила Сисара; роговите, врчвите и трубите со кои Гедеон ја избркал Мадијанската војска. Тогаш му покажале еден воловски остен со кој Самегар убил шестотини луѓе (Судии 3:31). Му ја покажале и вилицата со која Самсон направил славни дела (Судии 15:15, 16). Му ја покажале и прачката и каменот со кој Давид го убил Голијат од Гат (1. Самоилова 17:49, 50) и мечот со кој Господ ќе го убие човекот на беззаконието (2. Солунјаните 2:8) во денот на судот. Му покажаа и многу други прекрасни работи со кој Христијанинот многу се израдувал. Потоа повторно отидоа на ноќна почивка.

Во сон видов како Христијанинот утрото стана со намера да продолжи понатаму. Меѓутоа, тие го задржуваа да остане уште еден ден. Му рекоа дека ќе му ги покажат Горите на задоволството кои уште повеќе ќе го утешат, бидејќи се наоѓаат во правец на засолништето кое го бара. Затоа се согласи да остане.

Кога утрото повторно се појави, го однесоа на врвот на куќата и му рекоа да погледне кон југ. Во далечината виде еден многу убав ридест предел (Исаија 33:16, 17) кој беше покриен со шуми, лозја, овоштарници, цвеќиња,

извори и водопади. Беше прекрасно да се набљудува оваа сцена. Запраша како се вика таа земја. Му одговорија дека тоа е Емануиловата држава која исто како и оваа гора е отворена за сите кои сакаат да се поклонат пред Него. И кога ќе стигнеш таму, ќе ја видиш вратата на небесниот град што ќе ти ја покажат пастирите кои живеат таму.

Наоружан за пат

Сега посакал да тргне понатаму, а тие се согласиле.

–           Да појдеме најпрвин до ризницата му рекоа. Кога влегоа, му навлекоа оклоп од глава до петици во случај некој да го нападне на патот (Ефесјаните 6:10-18). Така подготвен, со своите пријатели тргна кон портата, каде што го праша Портирот дали поминал уште некој патник од ова место. Портирот одговори потврдно.

–           Дали го познаваш запраша христијанинот.

–           Го прашав за името и ми рече дека се вика Верко одговори Портирот.

–           О, го познавам! воскликна Христијанинот. Тој е од моето соседство, од моето родно место. Колку многу се оддалечи?

–           Сигурно веќе стигнал во долината.

–           Добро, драг пријателу, Господ нека е со тебе и нека ти ги умножи благословите заради љубезноста која ми ја укажа.

Испраќање

Тогаш тргна понатаму, но Разумност, Богољупка и Љубов сакаа да го испратат до подножјето. Тргнаа заедно повторувајќи го она за што порано зборуваа, се додека не

стигнаа до подножјето на гората. Тогаш Христијанинот изговори:

–           Како што беше тешко да се качувам по оваа гора, исто толку е опасно и симнувањето по неа.

–           Навистина рече Разумност тоа е поради фактот што човекот многу тешко може да слезе во Долината на Понизноста, како што тоа го правиш ти сега а при тоа да не се лизне. Затоа тргнавме да те испратиме до подножјето.

–           Потоа Христијанинот почна да слегува многу внимателно, ни и покрај тоа дватри пати се лизна.

Потоа во сон видов како овие добри сопатнички, кога стигнаа до подножјето на Христијанинот му дадоа една векна леб, матарка со вино и суво грозје. Потоа тој го продолжи патот.

Сподели го ова:

Слични објави