5 ГЛАВА

Сподели го ова:

Кога Христијанинот го продолжи патот, дојде до едно возвишување кое беше направено со цел патниците да можат да видат што ги очекува напред. Христијанинот се искачи и кога го фрли погледот напред, пред себе го здогледа Верко на своето патување. Тогаш Христијанинот го повика:

–           Почекај малку да одиме заедно! Но, Верко му одговори:

–           Не можам. Се борам за мојот живот бидејќи осветникот оди зад мене.

–           Тоа го збуни Христијанинот, но собирајќи сила набрзо успеа да го пристигне Верко. Дури го престигна, така што од последен стана прв. Тогаш Христијанинот арогантно се насмеа што го помина својот брат. Не внимаваше каде стои, та одеднаш се сопна и падна. Не можеше да стане се додека Верко не дојде да му помогне.

Верко ги раскажува своите доживувања

Во сонот видов како одат многу мило заедно како двајца добри другари, разговарајќи за се што им се случило на патот. Христијанинот почна да раскажува:

–           Добар и почитуван мој пријателе, Верко, се радувам што те стигнав и што Бог направи ние двајца да одиме заедно по оваа убава патека.

–           Сакав, драг мој пријателу, заедно да тргнеме од нашиот град, но ти тргна пред мене, па се до тука морав сам да одам реше Верко

–           Колку долго остана во градот Пропаст, пред да решиш да тргнеш по мене на патот? запраша Христијанинот.

–           Останав колку што можев. Бидејќи, кога ти си замина, сите зборуваа за тоа како нашиот град до темел ќе изгори од огнот што ќе падне од небото.

–           Молам?! се изненади Христијанинот зар твоите соседи зборуваа за тоа?

–           Да, едно време секој само за тоа зборуваше.

–           Како? Зар не тргнаа уште луѓе за да ја избегнат пропаста?

–           Многу се зборуваше за тоа, но ми се чини дека не веруваа многу во тоа што го зборуваа. Во жив разговор твојот „очајнички пат“ (како што го нарекоа твоето патување) отворено го исмејуваа. Но, јас верував и уште верувам дека огнот од небото ќе го проголта нашиот град. Токму затоа побегнав.

–           Дали слушна дека се зборува за соседот Свитлив? запраша христијанинот.

–           Да, слушнав. Велат дека одел по тебе се додека не стигнал до мочуриштето Очај. Некои велат дека пропаднал. Не сакал да признае оти му се случила таква работа, но јас би рекол дека добро се извалкал.

–           А што му рекоа соседите?

–           Откако се врати, многу го исмејуваа, рече Верко. Му се смеат и го презираат а многумина не сакаат да имаат никаква работа со него. Сега му е седум пати полошо, отколку пред да замине на овој пат.

–           А зошто станаа против него кога и самите го презираа патот од кој се врати тој?

–           Велат дека е предавник одговори Верко. Не се држел до своето исповадање. Ми се чини дека Бог ги поттикна своите непријатели да го исмејуваат и да стане потсмев, бидејќи го остави патот по кој беше тргнал.

–           Дали разговараше со него пред поаѓањето?

–           Еднаш го сретнав на улица, но помина на другата страна, како да се срами од она што го направил. Така немав таква можност.

–           Кога заминав рече Христијанинот имав надеж за тој човек, но сега се плашам дека ќе пропадне кога градот ќе изгори. Нему му се случило она што го вели старата поговорка: „Песот се враќа на сопствената блујавица и искапената свиња во калта“ (2. Петрово 2:22).

–           Токму од тоа се плашам и јас. А кој може да го спречи она што мора да се случи? рече Верко

–           Добро, драг соседу, да го оставиме него и да разговараме за работите кое се однесуваат на нас лично. Раскажи ми што се случи на патот.

–           Би било вистинско чудо кога ништо посебно не би се случило рече Христијанинот.

–           Среќно го поминав мочуриштето Очај во кое гледам дека ти си западнал и дојдов до вратата без опасности. Тогаш ме сретна една жена која се викаше Задоволство и која сакаше да ми направи големо зло.

–           Добро е што ја избегна нејзината мрежа. И Јосиф бил во опасност поради неа, но успеал да избега како тебе. За малку не платил со својот живот (Битие 39:11-13). А што ти направи тебе?

–           Не можеш ни да замислиш, ако самиот не знаеш како може со својот јазик да маѓепсува. Навали на мене за да скршнам од патот, нудејќи ми притоа секакви уживања.

–           А дали ти нудеше да уживаш во добрата совест дополни Христијанинот.

–           Знаеш на што мислам, само телесни и поминливи уживања возврати Верко.

–           Благодарам на Бога што успеа да избегаш. Оние на кои Господ се гневи ќе паднат во нејзиниот ендек. (Изреки 22:14).

–           Но не знам дали целосно успеав да побегнам.

–           Сигурно не се согласи на нејзините понуди?

–           Не, затоа што се сетив дека пишува: „Нејзините нозе слегуваат кон пеколот“ (Изреки 5:5). Затоа ги затворив очите за да не ме маѓепса со својот поглед (Јов 31:1). Тогаш почна да ме исмева, а јас продолжив понатаму.

–           Дали имаше други неволји на патот? запраша Христијанинот.

Спасен од законот

Кога дојдов до гората Тегоба, сретнав еден многу стар човек кој ме праша кој сум и каде одам. Му реков дека сум патник и дека одам во небесниот град. Старецот потоа ми рече: „Ми се чини дека си чесен човек, дали сакаш

да останеш кај мене за платата која јас ке ти ја понудам? Јас го прашав како се вика и каде живее. Ми рече дека се вика Адам Првиот и дека живее во местото Измамливост (Ефесјаните 4:22). Го прашав што работи и колкава плата нуди. Одговори дека работата му е многу уживање, а платата е што на крајот Ке станам негов наследник. Го прашав колкава кука има и колку слуги има во неа. Ми рече дека куката е полна со сите светски удобности и дека има многу слуги кои самиот ги родил. Го прашав дали има деца. Ми рече дека има три Керки: Похотта на телото, Похотта на очите и Гордоста на животот. Ми рече дека сите би можел да ги земам за жена ако сакам. Тогаш го запрашав колку долго сака да останам кај него. Ми рече се додека е жив.

–           Па како успеавте на крајот да се договорите запраша Христијанинот.

–           Во почетокот се двоумев да тргнам по него рече Верко бидејКи ми се чинеше дека убаво зборува. Но, додека разговаравме, го погледнав на челото на кое пишуваше: „соблечете го од себе стариот човек, заедно со неговите дела“ (Ефесјаните 4:22)

–           И тогаш?

–           Тогаш неговите зборови почнаа да ме печат во душата и ми стана јасно дека, и покрај тоа што убаво зборува, кога Ке ме доведе во својата куКа, Ке ме продаде во ропство. Затоа му реков да престане со овие зборови, бидејКи нема да дојдам ни блиску до вратата на неговата куКа. Тогаш почна да ме пцуе, да ми се заканува и да ми вели дека Ке ми прати некој што Ке ми го загорчи патувањето. Се свртев да заминам, но, кога сакав да тргнам,

почувствував како ме фати за месото и толку ме стисна што ми се причини дека ми откина парче од телото (Римјаните 7:24). Извикав: „Беден човек сум јас!“ Тогаш продолжив да одам низбрдо. Кога стигнав на половина пат видов еден човек кој одеше по мене со брзина на ветер. Ме стигна каде што беше одмаралиштето.

–           Таму седнав да се одморам рече Христијанинот но ме совлада сонот, така што го испуштив свитокот од пазувите.

–           Чекај добар брате, да довршам рече Верко. Штом пристигна човекот почна да ме удира и полумртов ме собори на земјата. Кога малку се повратив го прашав зошто толку ме тепаше. „Поради твојата тајна приврзаност кон Адам Првиот и ми зададе смртоносна рана на градите. Ме собори на грб та повторно како мртов лежев пред нив. Кога се освестив, го молев да ми се смилува. Тој ми одговори: „Јас не знам за милост!“ па повторно ме кутна на земја. Сигурно би било готово со мене да не наидеше еден и да не му беше рекол да престане да ме удира.

–           Кој беше тоа? запраша Христијанинот.

–           Не можев веднаш да го препознаам, но додека приоѓаше, видов рани на Неговите раце и на бедрата. Тогаш заклучив дека тоа е нашиот Господ. Потоа се качив на ридот.

–           Тој што те стигна беше Мојсеј рече христијанинот. Тој никого не штеди, ниту знае да се смилува на оние кои го кршат неговиот закон.

–           Знам! Тоа не беше прв пат да ме сретне. Тој ми дојде уште кога бев дома и ми рече дека ќе ми ја запали куќата ако останам.

Верко поминал покрај дворецот на гората

–           Зарем не го забележа дворецот на врвот на гората каде што го сретна Мојсеја запраша Христијанинот.

–           Да, го забележав. Кога му приоѓав, ги видов и лавовите. Ми се чинеше дека спиеја, бидејќи беше пладне. Имаше уште доста пред да настапи ноќта, така што поминав покрај Портирот и слегов низ гората.

–           Тој ми рече дека те видел кога си поминувал рече Христијанинот но штета е што не си наминал во куќата, бидејќи таму би видел многу драгоцености кои до смртта не би ги заборавил. Туку, кажи ми, да не сретна некого во Долината на понизноста?

Средбата со Незадоволко

–           Сретнав еден по име Незадоволко кој сакаше да ме наговори да се вратам со него, бидејќи ми рече: „Таа долина нема никаква чест“. Додаде дека, ако одам по неа, ќе ги навредам моите пријатели Гордост, Арогантност, Вообразеност, Суета и многу други кои многу би се налутиле кога би дознале дека сум тргнал како глупак по таа долина.

–           Тогаш, што му одговори запраша Христијанинот.

–           Му реков дека и покрај тоа што сите тие што тој ги наведе можат да тврдат дека ми се роднини (и навистина тие тоа ми беа според телото), кога тргнав на патот тие се одрекоа од мене и јас од нив, така што повеќе не ги сметав за блиски. Му реков дека погрешно ја претставил долината бидејќи пред загинувањето се гордее човековото срце, а пред славата оди понизноста. Значи повеќе сакам да поминам по долината заради честа која мудрите ја ценат, отколку да ја изберам честа која тој смета дека најмногу ми годи.

Средбата со Срамко

–           Дали уште нешто ти се случи во таа долина?

–           Да, го сретнав Срамко. Од сите луѓе на кои наидов на патот, ми се чини дека нему најмалку му одговара тоа име. Други по кратко агрументирање би се откажале, но овој безобразник никако.

–           Па, што ти рече запраша Христијанинот.

–           Уште прашуваш! Ја напаѓаше верата. Рече дека за човек кој се занимава со верата, треба да се засрами. Тоа е нешто ниско и подмолно. Рече дека на мажите не им доликува да имаат чувствителна совест. Оној што го контролира својот јазик и желбите, на тој начин што се лишува од слободата на која дрските луѓе од денешново време се навикнале, ќе стане потсмев и предмет на исмевање. Ми рече дека многу малку моќни, богати или мудри луѓе се согласуваат со мене. И некои од истите кои станале такви тоа не би го направиле без да ги наговори некој да станат глупаци, и да бидат со таква нежна совест, жртвувајќи ги своите вредности за безвредни работи. Патниците по патот главно беа сиромашни луѓе со ниско потекло кои воопшто не ги разбираа природните науки. Зборуваше и за многу други работи кои не ги споменав: На пример, дека е срамно да се лелека и воздивнува додека се слуша проповед. Срамота е да се дојде дома, да се воздивнува и да се тагува, срамно е да се бара простување од ближниот за ситни работи, срамно е да се враќа украденото итн. Рече

дека верата го отуѓува човекот од големите луѓе поради некои ситни пороци (кои ги нарече со префинети имиња) и го понижува бидејќи го поистоветува со ниските луѓе кои веруваат. „Зар не е срамно да бараш братска заедница со такви луге?

–           А што му одговори? запраша Христијанинот.

–           Што му одговорив? Не знаев што да му кажам. Толку ме збуни што сета крв ми удри в лице. Срамко толку ме предизвика, што речиси целосно ме заведе. Но, после се сетив дека она што меГу луГето се смета за високо, пред Бога е гнасно (Лука 16:15). Тогаш си помислив продолжи Верко „Овој Срамко ми зборува какви се луГето, но ништо не ми кажува за Бога и за Неговата реч“. Си помислив дека на судниот ден нема да ни се суди според дрскиот дух на овој свет, туку според мудроста и законот на Семоќниот. Затоа помислив дека она што Бог ни го зборува е најдобро, без разлика дали му се противат сите луГе на светот. Бидејќи Бог бара вера и нежна совест, бидејќи најмудрите на овој свет стануваат безумни за небесното царство и сиромавиот кој го љуби Христа е побогат од најголемиот човек кој го мрази, си реков: „Срамко, оди си одовде, бидејќи си непријател на моето спасение. Зар тебе да ти служам наместо на мојот Господ! Како би му погледнал во лице кога ќе дојде?“ (Марко 8:38) Кога сега би се засрамил од неговите патишта и слуги како би можел да очекувам благослов? Овој Срамко бил навистина дрзок противник. Едвај се спасив од него. Постојано ме следеше и ми шепотеше на уво за едните или другите слабости на верата. Но, на крајот му реков дека залудно се труди да ме наговори, бидејќи тоа што го отфрла јас го прифаќам како најголема слава. Така на крајот се ослободив од него. Тогаш почнав да пеам:

Неволјите се многу и подесни на телото На оние кои се послушни на небесниот повик.

И тие повторно и повторно одново доаѓаат Да сега или другпат ние преку нив Бидеме победени и отфрлени.

О,        тогаш патниците

Нека бидат будни и машки нека се носат!

Се радувам брате мој што храбро му се спротивстави на овој измамник рече Христијанинот. И навистина не му прилега името, како што велиш. Не му е срам да не брка по улици и да не срамоти пред сите луѓе за да се срамиме од она што е добро. Не би правел така кога не би бил бесрамен. Да му се спротивставиме, бидејќи и покрај неговото фалење, тој им помага само на безумните. „Мудрите ќе ја наследат славата, а безумниците ќе го носат срамот“ (Изреки 3:35).

–           Треба да бараме помош против Срамко од Оној кој бара да бидеме храбри за вистината во светот. рече Верко.

–           Вистина велиш. Дали сретна уште некој во таа долина?

–           Не. Оттогаш цело време ми светеше сонцето, па дури и во Долината на смртната сенка.

Христијанинот раскажува за својата борба

Ти си поминал многу добро! Јас поминав многу полошо. Штом влегов во долината, морав долго и страшно да се борам со гадниот демон Аполион. Мислев дека ќе

ме убие, особено кога ме кутна и силно ме притисна. Ми се чинеше дека ќе ме смачка. Кога ме бутна на земја, ми испадна мечот од раката. Извика дека е завршено со мене. Но, воскликнав кон Бога и Тој ме послуша и ме избави од моите неволји. Тогаш влегов во Долината на смртната сенка и скоро половина пат одев по мрак. Повеќе пати помислив дека ќе загинам. Но, на крајот се раздени, сонцето изгреа и можев многу полесно да напредувам.

Потоа во сон видов како Верко здогледа еден човек по име Разговорко, кој одеше паралелно со нив, бидејќи на патот имаше доволно место за сите. Тоа беше човек со висок раст и подобро изгледаше оддалеку отколку одблизу. Верко вака му се обрати:

–           Пријателу, што имаш на ум? Дали одиш во небесната земја?

–           Токму таму одговори Разговорко.

–           Добро е! Се надевам дека може заедно да одиме.

–           Со драга волја ќе бидам ваш сопатник.

–           Тогаш да тргнеме! Така ќе може да разговараме за корисни работи.

–           Јас сакам да разговарам за добри работи, било со вас или со некој друг и се радувам што сретнав луѓе кои се наклонети кон доброто. Право да ви кажам, такви има многу малку кои патем сакаат малку да поразговараат. Повеќе сакаат да разговараат за некорисни работи, а тоа мене многу ми пречи рече Разговорко.

–           Тоа е навистина жалосно, бидејќи што е толку вредно за да се употребат јазикот и устата на луѓето на земјата, освен Божјите работи дополни Верко.

–           Баш ми се допаѓаш, бидејќи твоите зборови се полни со убедување и морам да дополнам дека е многу корисно кога се зборува за Божјите работи. Има ли нешто поубаво (ако човекот воопшто може да ужива во убавината)? Да речеме, ако човекот сака да разговара за потеклото и таинственоста на работите или за чудесните знаци, тогаш не треба да оди подалеку од Светото писмо каде што се е толку убаво запишано.

–           Вистина рече Верко. Но би требало работите за кои разговараме да ни бидат од полза.

–           Така е се согласи Разговорко многу голема полза може да се извлече од овие разговори и да се стекне големо знаење како, на пример, за суетноста на земските работи и убавината на небесните. Така воглавно, но исто така човекот може да научи за потребата на новородување и за тоа колку нашите дела се недоволни а Христовата праведност неопходна! Човекот кој разговара по патот може да научи што значи да се покаеш, да веруваш, да се молиш, да страдаш итн. За своја голема радост, човекот може да ги научи големите ветувања и утехата на евангелието. Покрај тоа може да разговара за распознавањето на лажните науки, за одбраната на вистината и за поучувањето на оние кои немаат доволно знаење.

–           Сето тоа е вистина и баш ми е мило да ги слушнат тие работи од тебе се рече Верко.

–           За жал, за ваквите работи многу малку се зборува. затоа луѓето слабо разбираат колкава е потребата за вера и делувањето на благодатта во нивните души преку кои го примаат вечниот живот. Живеат во незнаење за делата на законот преку кои никогаш не може да се придобие Небесното царство.

–           Но запознавањето на овие работи претставува Божји дар. Никој не може да ги стекне со човечки напори или разговарајќи за нив рече Верко.

–           Тоа ми е многу добро познато, бидејќи човекот не може да прими ништо, освен ако не му биде подарено од небото. Сите работи доаѓаат преку благодатта, а не преку делата. Би можел да ти наведам стотици цитати за тоа дополни Разговорко.

–           Добро, тогаш кој ќе биде предметот на нашите разговори? запраша Верко.

–           Што ќе посакаш рече Разговорко. Ќе зборувам за небесните или земските работи, за моралот или евангелието, за светите или светските работи, за минатите или идните работи, за туѓите и домашните прашања како и за важните и споредните работи, Можам за се да зборувам, само тоа да ни биде на корист.

Христијанинот го открива лицемерството на Разговорко

Сега Верко малку се зачуди, па му се доближи на Христијанинот, бидејќи овој цело време одеше малку понапред и тивко му рече:

–           Колку прекрасен сопатник најдовме. Овој сигурно ќе биде добар патник кон Божјето царство. Христијанинот малку се насмевна и рече:

–           Тој со кого разговараш со својот јазик може да заведе дваесетмина кои не го познаваат.

–           Дали го познаваш праша Верко.

–           Како да не! Го познавам подобро од самиот што се познава.

–           Па, тогаш кажи ми кој е.

–           Се вика Разговорко и живее во нашиот град. Се чудам како досега не си го запознал! Веројатно затоа што нашиот град е многу голем.

–           Чив син е и каде живее?

–           Таткото му се вика Милензбор и живее во улица Брборковска. Сите го викаат Разговорко од Брборево. И покрај тоа што има префинет јазик, сепак тој е многу беден човек.

–           Мене ми изгледа многу пријатен, рече Верко.

–           Така им изгледа на оние кои не го познаваат добро. Подобро изгледа оддалеку отколку одблизу. Кога рече дека е пријатен човек, ме потсети на работата на сликарот која е многу убава кога се гледа оддалеку, но одблизу воопшто не е така привлечна објасни Христијанинот.

–           Ти веројатно се шегуваш, бидејќи се насмевна.

–           Господ да чува. Јас никогаш не се шегувам (иако можеби се насмеав) ниту некого обвинувам. Ќе ти кажам уште нешто за него: тој се снаоѓа во секое друштво и со какви било разговори. Како што предмалку зборуваше со тебе, така може да зборува и во кафеана. Колку повеќе пијалокот му удира во глава, толку повеќе зборови му излегуваат од уста. Во неговото срце, домот и зборовите, верата не наоѓа свое место. Се што има се наоѓа во неговиот јазик и неговата религија му слузи за да прави врева со неа.

–           Ма што ми рече се изненади Верко. Тука многу се измамив.

–           Добро се насука потврди Христијанинот. Сети се што пишува: „Зборуваат а не прават“ и „Царството

Божје не е во зборовите, туку во силата“ (Матеј 23:3; 1. Коринтјаните 4:20). Тој зборува за молитвата, покајанието, верата, новородувањето, но сепак тоа е само еден празен говор. Бев во неговиот дом и го набљудував во домот и надвор од него. затоа ти велам дека она што го кажувам за него е вистина. Во неговиот дом нема никаква трага од верата, како што белката од јајцето нема никаков вкус. Кај него никој не се моли ниту се кае за гревовите. Дури и животните му служат на Бога подобро од него. Тој е дамка, укор и срам за верата и за сите оние што го познаваат (Римјаните 2:23, 24). Заради него низ целото соседство во градот каде што живее, едвај нешто добро се зборува за верата. Луѓето што го познаваат велат дека е светец надвор а ѓавол во домот. Така вели и неговото семејство, бидејќи е груб, неосетлив и толку остар кон слугите, така што не знаат како да постапат ниту пак како дам у се обратато. Тие што имаат работа со него велат дека е полесно да се излезе на крај со Турчин отколку со него, бидејќи и Турчинот е почесен од него. Разговорко веројатно и нив ги надминува во измамите и секојдневните неправди. Тој ги учи и своите синови да одат по неговите стапки и ако види во нив некоја луда плашливост (така ја нарекува појавата на чувствителна совест) тој ги нарекува глупави и будали и не сака да им довери никаква работа, ниту, пак, да ги пофали пред другите. Што се донесува до мене, јас мислам дека тој со својот лош живот соблазнил многумина, а ако Бог не го спречи тоа, ќе упропасти уште мнозина.

Добро брате, морам да ти верувам. Не само затоа што велиш дека го познаваш, туку затоа што зборуваш за луѓето како Христијанин. Не можам да замислам дека

ми зборуваш од зли намери, туку затоа што е онака како што кажуваш рече Верко.

–           Да го познавам толку малку како тебе, можеби и јас за него би имал исто мислење рече Христијанинот. Кога за него би зборувале така оние кои се против верата, би помислил дека го клеветат, бидејќи злите усни често зборуваат на овој начин за чесните луѓе. Но сето ова, а и многу други работи, може да ти го докажам од моето лично искуство. Покрај тоа и добрите луѓе се срамат од него. Не можат да го наречат ниту брат ниту пријател. Ако го познаваат, само треба да се спомене неговото име и веднаш ќе поцрвенат.

–           Сега гледам дека не е исто да се зборува и да се твори. Отсега многу повеќе ќе внимавам рече Верко.

–           Овие две работи толку се разликуваат, како што се разликуваат душата и телото, бидејќи како што телото без душа е мртов леш, така и зборовите без дела се мртви. Духот на верата е многу практичен. „Ова е чиста и неизвалкана побожност пред Бога и Таткото: да бидат посетувани сираците и вдовиците во нивните неволји и самиот да се пази себеси непорочен од светот“ (Јаков 1:22-27). Разговорко не знае за тоа. Мисли дека ако многу зборува и слуша ќе биде добар христијанин, а со тоа само ја измамува својата душа. Слушањето е сеење на Речта. Не е доволно само да се зборува за да се види дека семето навистина никнало во срцето и животот. Да бидеме сигурни дека на денот на судот на луѓето ќе им се суди според нивните дела (Матеј 13:23). Тогаш нема да се постави прашањето дали си верувал, туку дали си бил творец на зборовите или празен слушател? Нив ќе им се суди според овие мерила. Свршетокот на светот се споредува со жетва,

а на жетвата се гледа само на родот. Не дека нешто ќе биде прифатено кое што не е од вера, но ова ти го зборувам за да ти покажам колку малку во тој ден ќе вредат зборовите на Разговорко.

–           Ова ме потсетува на тоа како Мојсеј ги опишал чистите и нечистите животни (3. Мојсеева 11 и 5. Мојсеева 14 глава), забележа Верко. Чистите животни имаат раздвоени копита и ја преживаат храната, на пример, зајакот ја прежива храната, но е нечист бидејќи нема раздвоени копита. Истото се случува и со Разговорко. Тој прежива, односно бара знаење, ја прежива речта, но нема раздвоени копита, т.е. не се одвојува од патот на грешниците. Исто така и зајакот има шепа како кучето или мечката, па затоа е нечист.

–           Би рекол дека го толкуваше овој текст според неговото евангелско значење рече Христијанинот. Туку морам уште ова да го додадам: Апостол Павле ги нарекува луѓето кои многу зборуваат како „бронза што ѕвони и кимвал што ѕвечи“ (1. Коринтјаните 13:1, 3; 14:17). Тоа се нешта без живот кои даваат звук, како што тој тоа го објаснува на друго место. Работите кои немаат живот во себе, кои се без вистинска вера и благодатта на евангелието, па макар имале глас на ангел, никогаш нема да стигнат во небесното царство меѓу оние кои се деца на виделото.

–           Јас ни во почетокот не се грижев многу за неговото друштво, но сега целосно ми се згади, ја согледа Верко својата заблуда. Како ќе се ослободиме од него?

–           Послушај ме мене рече Христијанинот и ќе видиш дека и нему наскоро ќе му се згади нашето друштво, доколку Бог навистина не му го допре срцето и не се обрати кон вистината.

–           Што предлагаш да направам?

–           Оди и влези во некој сериозен разговор за силата на верата и прашај го отворено (кога ќе се согласи со тебе а тоа сигурно ќе го направи) дали тоа се наоѓа во неговото срце, во домот или неговото однесување.

Верко повторно разговара со Разговорко

Тогаш Верко му пристапи на Разговорко и му рече:

–           Како ти оди?

–           Ти благодарам, добро одговори Разговорко и рече:

–           Мислев дека досега ќе разговараме за многу работи.

–           Ако сакаш, можеме, а бидејќи остави јас да го изберам предметот на разговорот, би сакал да разговараме за Божјата спасоносна благодат и на кој начин таа се покажува во срцето на човекот.

–           Гледам дека ќе разговараме за една силна тема. Тоа е многу добро прашање и јас сум подготвен да одговорам на него. Накратко вака би одговорил: Прво, оној што ја има Божјата благодат во срцето, тој веднаш ќе почне да вика против гревот. Второ…

–           Чекај малку да ги разгледаме овие работи една по една. Ми се чини дека таа се покажува со тоа што ја наведува душата да го мрази својот грев го прекина Верко.

–           Па, каква е разликата меѓу викањето против гревот и омразата кон него?

–           Голема! Човекот може да вика против гревот од телесни побуди, но може да го мрази само ако има побожна одвратност кон него. Слушнав како многу викаат против гревот од проповедалната, но сепак го негуваат во своето

срце, во домот и во однесувањето. Жената на Јосифовиот господар гласно викала како да била многу чесна, но и покрај тоа, кога тој би се согласил, таа би направила прељуба со него (Битие 39:11-15) некои викаат против гревот како мајка која вика на детете кое лежи во нејзините прегратки, а потоа почнува да го гушка и бакнува.

–           Гледам дека ме следиш во секој збор за да ме фатиш во нешто.

–           Не. Само сакам да те поправам. Која е втората работа со која можеш да доказеш дека Божјата благодат се јавува во срцето на човекот?

–           Со длабоко познавање на тајните на евангелието брзо одговори Разговорко.

–           Најпрвин тоа требаше да го нагласиш рече Верко. Но, порано или подоцна ќе биде залудно. Можно е некој да поседува знаење за евангелските тајни, а при тоа да нема никаква благодат во себе. Кога човек би го имал сето знаење, тоа се уште не значи дека е Божје дете (1. Коринтјаните 13). Христос им рекол на своите ученици: „Кога го знаете ова, блажени сте ако го исполнувате тоа“ (Јован 13:17). Не е благословено знаењето туку извршувањето на она што го знаеме. Има знаење кое не се извршува. Постојат луѓе кои ја познаваат Господовата волја, но не ја извршуваат (Лука 12:47). Може да имаме знаење како ангелите, па сепак да не бидеме христијани. Затоа твоето мислење не е исправно. Знаењето им е драго на брбливците и фалбаџиите, а извршувањето му е мило на Бога. Па сепак срцето не може да прави добро без знаење, бидејќи без него срцето е празно. Значи има разлика меѓу одредени видови знаења, како, на пример, знаење кое пошива само на шпекулација на нештата и

знаење кое е врзано за благодатта, верата и љубовта која го поттикнува човекот од срце да ја извршува Божјата волја. Првото знаење им припаѓа на брбливците, а без второто христијанинот не е задоволен. „Научи ме да се придржувам кон Твојот Закон и ќе го чувам со сето срце“ (Псалм 119:34).

–           Повторно сакаш да ме фатиш во збор рече Разговорко. Тоа не е корисно за поправање.

–           Па, ако сакаш, кажи на кој начин се пројавува Божјата благодат во нечие срце.

–           Нема, бидејќи гледам дека нема да се согласиме.

–           Кога не сакаш, дозволи јас да кажам!

–           Како сакаш!

Тогаш Верко продолжи вака:

–           Делото на благодатта се објавува себеси во срцата каде што таа се населила, како и во срцата на оние кои се околу нив. На оној што ја поседува се согледува на тој начин што го уверува за гревот, (Јован 16:8, 9) а посебно за расипаноста на неговата природа и гревот на неверувањето (Јован 16:9), поради што му станува јасно дека ќе загине (Марко 16:16) доколку не пронајде милост од Божјата рака преку вера во Исуса Христа. Сознанието за ваквите работи во него буди жалост и срам заради гревот (Псалм 38:18; Еремија 31:9). Потоа го запознава Спасителот и сопствената итна потреба да му го предаде целиот свој живот (Галатјаните 1:15,16; Дела 4:12) и чувствува глад и жед за Него (Матеј 5:6), а за тоа постои ветување (Откровение 21:6). Во зависност од силината на неговата вера ќе има мир, радост и љубов кон светоста сразмерно со неговата желба подобро да го запознае и да му служи Нему на овој свет. Кога сето ова се случува во него, човекот ретко кога согледува дека тоа што се случува во него е дело на благодатта, бидејќи неговата грешност и поматениот разум го збунуваат, така што не може јасно да ги согледа овие факти. Затоа е потребно оној во чие срце е вселено делото на благодатта да има добро расудување за да јасно согледа дека тоа што се случува во него е дело на благодатта.

–           Кон другите благодатта се открива на следниот начин: прво, со јасно признавање на неговата вера во Христа. Второ, со животот кој е во согласност со неговото признание. Имено, животот е исполнет со светост на очистеното срце, како во внатрешниот така и во семејниот живот (се разбира ако има семејство) и во односот кон светот. Таа светост го учи во своето срце да се гади од гревот, а себеси да се одвојува од него, да го искорени од своето семејство и да промовира светост низ светот, но не само со своите зборови како лицемер и брбливец, туку преку практичната побожност со вера и љубов преку силата на Господовата Реч (Јов 42:5, 6; Псалм 50:23; Езекиел 20:43; Матеј 5:8; Јован 14:15; Римјаните 10:9; Филипјаните 1:27). Сега господине, ако имаш што да кажеш против овој краток опис на делото на благодатта и неговото откривање, слободно можеш да ми кажеш. Ако не, дозволи ми да го изнесам второто прашање.

–           Јас немам што да кажам рече Разговорко. Само ќе слушам, а ти прашувај ме.

–           Дали ти го доживеа ова за што зборуваме? Дали твојот живот и твоите зборови сведочат за тоа? Дали твојата вера се темели на речта или на јазикот а не во делатата и во вистината? Ако сакаш да ми одговориш на ова, те молам кажи го само она на кое небесиот Бог би

кажал амин, односно само она што твојата совест може да го одобри, зашто, не е достоен кој самиот се препорачува, туку оној кого Господ го препорачува. Значи, ако зборувам дека сум ова или она, кога моите дела и сите мои соседи ми велат дека лажам, претставува голема безбожност.

Разговорко поцрвене, но, кога малку се прибра, рече:

–           Сега зборуваш за искуството, совеста и Бога и се повикуваш на Него за да го потврди она што го кажа. Не очекував ваков разговор и не сум насочен да одговарам на вакви прашања, освен ако не си го зел правото на себе да бидеш учител и кога јас би се согласил на тоа, сепак нема да дозволам да ми бидеш судија. Туку, те молам да ми кажеш, зошто ми поставуваш вакви прашања?

–           Затоа што видов дека сакаш зборуваш, и заради тоа што не знаев дали поседуваш нешто друго освен тоа. Право да ти кажам, слушнав дека кај тебе верата останува само на јазик, а целото твое однесување го прави исповедањето на верата лага. Велат дека си дамка меѓу христијаните и дека правиш штета на верата со своето безбожно однесување, дека твоите зли патишта веќе соблазниле многумина и дека постојат уште многу други кои се во опасност да пропаднат. Твојата вера оди заедно со пијанството, лакомоста, нечистотијат, пцуењето, лажењето и лошото друштво. За тебе важи она што се вели: „таа е срам за секоја жена“. На тој начин и ти си срам за сите кои ја исповедаат верата.

Разговорко веќе не можеше да издржи па рече:

–           Бидејќи си подготвен да веруваш на секакви гласови и брзо да осудуваш, не можам а да не заклучам дека си

расипан брбливец со кого не вреди да се разговара. Затоа пријатно!

Христијанинот и Верко го продолжуваат разговорот

Тогаш Христијанинот му пристапи на својот брат и му рече:

–           Ти реков што ќе се случи. Твоите зборови и неговите страсти не може да се согласат. Тој попрво би те оставил отколку да го промени својот живот. Затоа си отиде токму онака како што ти реков. Нека оди! Тој ќе загуби од тоа, а не ние. Ни заштеди труд за да го не оставиме ние. Тој сигурно би ни го расипал друштвото ако продолжеше. Покрај тоа апостолот вели: „отстранувај се од ваквите!“ (2. Тимотеј 3:5)

–           Сепак, добро е што можевме малку да поразговараме со него, рече Верко. Можеби некогаш повторно ќе размислува за тоа. Со него отворено постапував и, ако пропадне, крвта негова нема да биде на мојата глава.

–           Добро е што отворено разговараше со него. Денес постои толку малку вакво верно постапување со луѓето и затоа тоа прави да религијата смрди кај многумина заради ваквите брбливи безумници, чија вера се состои само од зборување, се расипани и распуштени во своето однесување и кога ќе бидат примени меѓу побожните, тие го збунуваат светот, го валкаат христијанството и ги ожалостуваат искрените. Би сакал сите да постапуваат кон него како што ти постапи, и тие тогаш би се покориле на вистинската вера или не би можеле да го поднесуваат друштвото на верните.

Тогаш Верко запеа:

Како само Разговорко отпрво се фалеше,

Колку само гордо разговара;

како само ги понижува сите пред него.

Но тогаш кога Верко почнува да зборува за делото на благодатта во срцето,

Како и со месечината која кога станува се помала, така и со него бива,

И со секој кој не го познава делото на благодатта во срцето.

Одејќи понатаму разговарале за се што виделе по патот. Тоа им го олеснило патот кој инаку, без сомнеж, би им бил здодевен, затоа што патот сега ги водел низ пустината.

Сподели го ова:

Слични објави