Награда за упорниот труд

Сподели го ова:

По осумнаесет месеци непрекината соработка со Бога во обид да се врати здравјето на мојот сопруг, се вратив дома со него. Доведувајќи го пред неговите родители, реков: „Татко, мајко, еве го вашиот син.“

„Елена“, рече неговата мајка, „за оваа прекрасно закрепнување, заслужни сте само Бог и ти. Ова го направија вашите сили.“

По неговото закрепнување, мојот сопруг живееше многу години, за време на кои ги постигна најдобрите достигнувања во неговиот живот. Зарем не ми се вратија овие додатни години на корисност многукратно за осумнаесетте месеци на макотрпни грижи?

Ви ја раскажав оваа кратка приказна од лично искуство за да ви покажам дека некои работи ми се познати во врска со употребата на природни средства за исцелување на болните. Бог ќе направи чудо за секој од нас ако работиме со вера, дејствувајќи како да веруваме, така што кога соработуваме со Него, Тој може да го направи својот дел од работата. Моја желба е да направам сѐ што можам за да им помогнам на моите браќа да усвојат разумен начин на дејствување, кој ќе  им донесе најголем успех во нивните напори. Мнозина од оние што слегоа во гроб можеа да живеат денес кога би соработувале со Бога. Ајде да бидеме мудри мажи и жени во врска со овие прашања. (Ракопис 50, 1902; Одбрани пораки 2, 306-308)

Сподели го ова:

Слични објави