Носители на светлина

Сподели го ова:

1. НОСИТЕЛИ НА СВЕТЛИНА

Недела, 20 септември 2026

а. Според Исусовите зборови, каква одговорност имаат Неговите ученици во овој свет?

Матеј 5:13–16.

„Христијаните се поставени да бидат светлоносци на патот кон Небото. Тие треба да сјаат кон светот со светлината со која Христос ги осветлил. Тие треба да живеат таков живот и да развиваат таков карактер, така што другите гледајќи ги нив, да стекнат правилно мислење за Христа и Неговата служба.“

Извор: Патот кон Христа, стр. 115.

б. Што треба да бидат верниците за сите луѓе?

Јован 17:18,23; 2 Коринтјаните 5:20.

„Во секое свое дете Исус му праќа послание на светот. Ако сте и вие Христов следбеник, Тој во вас му праќа писмо на семејството, на местото, улицата во која живеете. Исус, кој живее во вас, сака да им проговори на срцата коишто не Го познаваат. Можеби тие не ја читаат Библијата, или не го слушаат гласот кој им зборува од нејзините страници; тие во Божјите дела не ја гледаат Неговата љубов. Но, ако сте вие вистински Исусов претставник, може да се случи преку вас да сфатат барем дел од Неговата добрина и да бидат придобиени да Го сакаат и да Му служат.“

Извор: Патот кон Христа, стр. 115.

в. Како единствено може да се исполни оваа задача?

2. Коринтјаните 3:2–5.

Сподели го ова:

Поврзани статии