Џон Бањан пишува во затвор — Патот на христијанинот

Патот на христијанинот

Предговор

Сподели го ова:

Патот на Христијанинот е една од најпрочуените алегории. Ниедна друга книга не е толку преведувана и печатена освен Библијата. Јасно е и зошто, бидејќи Џон Бањан (John Bunyan 1628–1688) котлар и проповедник на евангелието од Бедфорд, Англија, на толку прекрасен, духовен и достапен начин го опфатил патот и победата на вистинскиот верник и следбеник на Господа Исуса Христа.
Божјите патишта понекогаш се многу чудни, но сепак возвишени и полни со смисла, макар воделе и низ неочекувани ситуации и неволји. Оној што безрезервно ќе му се предаде, може со сигурност да знае дека „Сите работи содејствуваат за добро на оние кои го љубат Бога…“ (Римјаните 8:28). Така било и со Џон Бањан, кој несомнено според Божјето провидение поминал дванаесет години во бедфордските затвори и таму, меѓу останатите свои дела, го напишал и ова ремек-дело на христијанската литература.
Ние сме му благодарни на Господа за овој превод на македонски јазик и наша молитва е секој оној што ги чита овие страници да се поистовети себеси со Христијанинот, со Верниот и со Надољуб и да тргне по патот кон небесниот град каде што го чекаат вечна радост и слава.

Сподели го ова:

Поврзани статии

  • 10 Поглавје

    Патот на христијанинотПоглавје 10← Претходно поглавјеСите поглавјаСледно поглавје →Тогаш видов како Надољуб се сврте и го здогледа Незнајко, кого тие го оставија зад нив како ги следи. Види, – му рече на Христијанинот – колку заостанува ова момче. Да, да гледам дека тој не се интересира за нашето друштво – рече Христијанинот. Не би било…

  • 11 Поглавје

    Патот на христијанинотПоглавје 11← Претходно поглавјеСите поглавјаТогаш во сон видов дека патниците веќе ја поминаа маѓепсаната земја и влегоа во земјата Красна (Исаија 62:4), каде што воздухот беше многу сладок и пријатен. Бидејќи патот водеше преку неа, тие седнаа малку да се одморат. Тука постојано го слушаа пеењето на птиците и секој ден гледаа како…

  • 4 Поглавје

    Патот на христијанинотПоглавје 4← Претходно поглавјеСите поглавјаСледно поглавје →Но кога остана сам во Долината на понизноста, сиротиот Христијанин доживеа многу маки. Само што тргна, здогледа еден зол демон како му доаѓа в пресрет. Тоа беше Аполион (Откровение 9:11). Тогаш Христијанин се исплаши и не знаеше дали да стои во место или да се врати. Но…

  • 3 Поглавје

    Патот на христијанинотПоглавје 3← Претходно поглавјеСите поглавјаСледно поглавје →Тогаш во сон видов дека патот по кој требало да помине Христијанинот, од двете страни е ограден со ѕид кој се викаше Спасение (Исаија 26:1; 35:8; 60:18). Христијанинот со голема мака го продолжи патот поради товарот што го носеше. Така одеше сѐ додека не стигна до брегот…

  • 1 Поглавје

    Патот на христијанинотПоглавје 1← Претходно поглавјеСите поглавјаСледно поглавје → Одејќи по пустината на овој свет, дојдов до едно место каде што имаше пештера и легнав малку да одморам. Додека спиев, сонував еден сон. Во сонот видов еден човек во партали, кој стоеше на едно место со грбот свртен кон својот дом, со книга во рацете…

  • 9 Поглавје

    Патот на христијанинотПоглавје 9← Претходно поглавјеСите поглавјаСледно поглавје →Повторно заспав и сонив сон во кој ги видов двајцата патници како слегуваат низ планината кон градот. Во подножјето на овие гори, малку полево се наоѓа земјата Вообразена. Од таа земја води една тесна и крива патека до патот по кој одеа патниците. Таму сретнаа едно пргаво…