Ум, карактер и личност

Мрзливост

Сподели го ова:

Обврска за развој на интелектот до неговиот максимум. – Бог бара обука на менталните способности. Тој има намера Неговите слуги да поседуваат повеќе интелигенција и појасно запазување од световните луѓе, а Тој е незадоволен со оние кои се премногу безгрижни или индолентни да бидат корисни, добро информирани работници. Господ ни заповедува да го љубиме со сето свое срце, со својата душа, со сета сила и со сиот ум. Ова не обврзува на развој на интелектот до неговиот полн капацитет, како би можеле со сиот свој ум да го сакаме и познаваме нашиот Создател. —Христовите очигледни поуки, 333 (1900). {2УКЛ 602.1}

Човекот наоѓа среќа во  работата. – Адам имал теми за размислување во Божјите дела во Едемската градина, која претставувала небо во минијатура. Бог не го создал човекот само за да размислува за Неговите славни дела; поради тоа, му дал раце да работи како и ум и срце за да размислува. Доколку човековата среќа се состоела во неработење, Создателот не би му дал одредена задача на Адам. Човекот требало да најде среќа во работењето како и во размислувањето.—The Review and Herald, February 24, 1874. (The S.D.A. Bible Commentary 1:1082.) {2УКЛ 602.2}

Мрзливоста е најголемо проклетство. – Библијата не ја одобрува мрзливоста. Тоа е  најголемо проклетство кое донесува несреќа во нашиот свет.—Христовите очигледни поуки, 343 (1900). {2УКЛ 603.1}

Верно извршени секојдневни задачи. – Некои мислат дека богатството и неработењето се вистински благослови; меѓутоа оние кои се секогаш зафатени и кои бодро ги извршуваат своите секојдневни задачи се најсреќни и уживаат најдобро здравје. Здравиот замор кој произлегува од умерената работа им осигурува благодети на освежувачкиот сон. Пресудата дека човекот мора да работи за својот секојдневен леб и ветувањето за идната среќа и слава  двете доаѓаат од истиот престол и двете се благослов.—The Youth’s Instructor, December 5, 1901. (Мојот живот денес, 168.) {2УКЛ 603.2}

Среќа во  исполнување на одредените должности. – Вистинската среќа се наоѓа само во доброто и правењето на добро. Најчиста и најголема радост доаѓа на оние кои верно ги исполнуваат своите одредени должности.—The Youth’s Instructor, December 5, 1901. (Мојот живот денес, 168.) {2УКЛ 603.3}

Незафатеноста може да одведе до потиштеност. – Чувството на потиштеност честопати е последица на претераната незафатеност. Мрзливоста дава време за размислување на замислена жалост. Мнозина кои немаат вистински искушенија или потешкотии во сегашноста ги позајмуваат од иднината. Кога овие личности би се обиделе да го олеснат бремето на другите, би заборавиле на сопствените. Енергичната работа која би ги повикала во акција менталната и физичката моќ би се покажала како непроценлив благослов за умот и телото.—The Signs of the Times, June 15, 1882. {2УКЛ 603.4}

Развој на карактерот. – Запаметете на каква и положба да служите вие откривате побуди, развивате карактер. Било што да правите, правете го тоа прецизно и вредно; надвладејте ја особината за барање на полесна задача.—Здравје и среќа, 499 (1905). {2УКЛ 603.5}

Умот мора да се воспита да не гледа на себе. – Умот мора да се воспита да не гледа на себе, туку да се занимава со теми кои возвишуваат и облагородуваат. Нека драгоцените часови од животот не се трошат во мечтаење за некое големо дело кое ќе се изврши во иднина, додека малите сегашни должности се занемаруваат.—The Signs of the Times, June 15, 1882. {2УКЛ 604.1}

Неактивноста е штетна по здравјето. – Инвалидите не смеат да си допуштат себе си да потонат во состојба на неактивност која е  многу штетна по здравјето. Моќта на волјата мора да се потврди; аверзијата кон активните вежби и стравот од целокупната одговорности мора да се победат. Тие никогаш нема да го повратат здравјето доколку не се ослободат од оваа апатично, заспана состојба на умот и се придвижат на акција.—The Signs of the Times, June 15, 1882. {2УКЛ 604.2}

Премногу мрзливост за користење на способностите. – Оние кои се премногу мрзливи за да ја разберат својата одговорност и да ги користат своите способности ќе пропуштат да ги примат Божјите благослови, а талентите кои им се дадени ќе бидат одземени од нив и предадени на активните, ревни работници кои ќе ги умножат преку постојана употреба.—4. Сведоштво за црквата, 458, 459 (1880). {2УКЛ 604.3}

Осмислената работа е битна за успех. – Некои млади луѓе мислат дека кога би можеле да го поминат животот не правејќи ништо корисно би биле неизмерно среќни. Тие негуваат омраза кон корисната работа. Тие им завидуваат на синовите на задоволствата кои своите животи ги посветуваат на забава и разонода… Несреќа и тага е  резултат од таквото размислување и однесување. Неработењето многу млади луѓе ги турнало во пропаст. {2УКЛ 604.4}

Осмислената работа е битен услов за успех на секоја млада личност. Бог не би можел да фрли поголемо проклетство на мажите и жените отколку да живеат живот на неактивност. Безделничењето ја уништува душата и телото. Срцето, моралниот карактер и физичката енергија слабеат. Разумот страда, а срцето е отворено за искушенијата како широк булевар за да потоне во секој порок. Мрзливиот човек го искушува ѓаволот за да го искуша него—Manuscript 2, 1871. (HC 222.) {2УКЛ 604.5}

Пустош на индолентните навики (совет на родителите). – Вие сте биле слепи во однос на силата која непријателот ја имал над вашите деца. Работата во домот, дури до замор, не би им наштетила ниту еден петнаесетти дел од тоа колку што направиле индолентните навики. Тие би одбегнале многу опасности кога во пораниот период би биле насочени да го поминат своето време во корисна работа. Не би стекнале така не спокојна диспозиција, таква желба за промена и да одат во општеството. Би одбегнале толку многубројни искушенија на суетност и на учество во бескорисни забави, површно читање, празни разговори и бесмислици. Времето би им поминувало повеќе на нивно задоволство и без толку многу големо искушение да барат друштво од спротивниот пол и да се оправдуваат себеси на злиот пат. Суетноста и болната љубов, бескорисноста и извесниот грев, биле последица на оваа индолентност.—4. Сведоштво за црквата, 97, 98 (1876). {2УКЛ 605.1}

Да се напрегне секој мускул. – На човекот му е доделена улога во оваа голема борба за вечен живот; тој мора да одговори на работата на Светиот Дух. Пробивот низ силата на темнината бара борба, а Духот работи во него на извршување на оваа задача. Но човекот не е  пасивно суштество, да се спаси во неактивност од својата страна. Тој се повикува да го напрегне секој мускул и да користи секоја способност во борбата за бесмртност; но сепак Бог е тој кој обезбедува делотворност. {2УКЛ 605.2}

Ниту едно човечко суштество не може да е во неактивност од своја страна. Господ ни заповедал: „Влезете низ тесната врата, оти широки се вратите и широк е патот што води кон пропаст, и мнозина минуваат низ нив; а тесни се вратите и тесен е патот што води кон живот, и малцина го наоѓаат“ (Матеј 7:13, 14).—Manuscript 16, 1896. {2УКЛ 605.3}

Сподели го ова:

Поврзани статии

  • Божја љубов

    Ум, карактер и личностБожја љубов← Претходно поглавјеСите поглавјаСледно поглавје →Бог е љубов. – „Бог е љубов“ (1. Јованово 4:16). Љубовта е суштина на Божјото битие и Негов закон. Така било секогаш и секогаш ќе биде така. „Севишниот и Возвишениот, кој владее вечно“ (Исаија 57:15), Оној чиишто „патишта се вечни“ (Авакум 3:6), не се менува. Кај…

  • Фанатичен ум

    Ум, карактер и личностФанатичен ум← Претходно поглавјеСите поглавјаСледно поглавје →Фанатиците и фанатизмот ќе притискаат. – Живееме во време кога буквално секаков вид на фанатизам ќе притиска за свое место помеѓу верните и неверните. Сатаната ќе дојде и лицемерно ќе зборува лаги. Ќе биде предочено сето она што тој може да го измисли за да ги…

  • Закони кои управуваат со умот

    Ум, карактер и личностЗакони кои управуваат со умот← Претходно поглавјеСите поглавјаСледно поглавје →Човекот бил создаден со совршено урамнотежен ум. – Господ го создал човекот праведен во почетокот. Тој бил создаден со совршено урамнотежен ум; големината и силата на сите негови органи биле совршено развиени. Адам бил совршен тип на човек. Секоја умствена особина била сразмерна,…

  • Совеста

    Ум, карактер и личностСовеста← Претходно поглавјеСите поглавјаСледно поглавје →Воздигнете ја совеста до нејзиното вистинско место на авторитет. – Бог на луѓето им дава повеќе од обичен животински живот. Тој „толку го возљуби светот што го даде Синот Свој единороден, та секој кој ќе поверува во Него да не загине туку да има живот вечен”. Тој…

  • Рамнотежа во образованието

    Ум, карактер и личностРамнотежа во образованието← Претходно поглавјеСите поглавјаСледно поглавје →Образованието има вечна импликација. – Образованието е дело чиишто резултати ќе се манифестираат низ бескрајните векови на вечноста.—6. Сведоштво за црквата, 154 (1900). {1УКЛ 359.1} Обновување на складот кај суштеството. – Вистинската цел на образованието е во човековата душа да се обнови Божјиот лик. Во почетокот…

  • Навики

    Ум, карактер и личностНавики← Претходно поглавјеСите поглавјаСледно поглавје →Библијата дава начела. – Божјата Реч изобилува со општи начела за формирање на правилни навики за живеење, а сведоштвата, општи и лични, пресметани се да насочат… на посебно внимание на овие начела. —5. Сведоштво за црквата, 663, 664 (1889). {2УКЛ 596.1} Како челична мрежа. – Еднаш оформена, навиката…